l1d0v1c
lurker
- 10 март 2011
- 700
- 1.596
Мој предлог, доколку имаш оптика доведено до дома/во зграда да си земеш Неотел, само интернет. На промоција им се моментално пакетите со договор за 2 години. 50/50 ти е 890 денари. За една година е 1290 денари а на неопределено е 1390 денари плус инсталација.И сега, кој е најбоље интермец обезбедувач во ШК? Јас сум на Телеком оптика без договор со 50/50 и 600gb лимит месечно....таман ми е ама па во Магента ми е со ТВ и статичен тел и 2 мобилни со по 15гб = 3000ден/месечно.
ТВ не гледам со години, на статичниот само од ТОП ШОП ми вртат чат пат и ми треба нов мобилен, па се мислам да шибнам само статичен интернет (50/50 ми е доволно за курцање и работа од дома ама БИТНО е да биде стабилен) и евентуално да потпишам во А1 за две мобилни линии со по 100гб месечно, како бекап, иако мобилен интермец мнооогу малце трошам....чисто би зел 100че ради бекап ако нешто рикне на статичниот.
Јас веќе 2 години сум со нив и дефинитивно ќе го продолжам договорот на уште две. Тогаш начекав промо за 1400 денари 300/300 пакет и најискрено само еднаш во овие две години ги исконтактирав од техничка подршка. Интернетот си е одличен 99.99% од времето. Брзината е секогаш максималната, 300/300.
Претходно 10тина години бев со Телеком и бев ултра задоволен и од нив и од нивната техничката подршка. Но нивните цени и лимитираниот трафик беа пресудни да ги сменам. Можеби имаат далеку подобра подршка од Неотел, но фактот дека воопшто не ги ни контактирам Неотел за помош ми е далеку поважен. Едноставно, нашки кажано, интернето си фуче