Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Машинка за кратење на коса

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.072
14.170
Во ова време невреме почнав да разгледувам машинки за шишање/стрижење.

Читам дека Wahl се најизвикани т.е. професионални. Меѓутоа не сум сигурен дека ми треба нешто толку скапо за неколку пати користење (се надевам).

Ако има некој искуство нека сподели.
 

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.588
6.028
Битола
Хаха немој пријателе, следно со апчиња ќе почниш, така функционира карантинот xD. Инаку ако ти е за квалитет Philips ете имам ме тера долги години без мака никаква, ама поскапички се. SETEC и TEHNOMARKET имаат добар избор на Philips:

Машинки за потстрижување
Техномаркет - МАШИНКИ ЗА ПОТСТРИЖУВАЊЕ

Wahl можеби кренаа во последно не ги пратам, ама знам дека БУЏЕТ машинки се FUEGO ама за издржливост не можам да зборувам. Повели идеа за откако ќе ја земиш, јас со број 6 поминав:

EVtrpffXsAA4iER
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.072
14.170
Купено philips HC-3535 од техномаркет. Ги има во Сетек, Нептун и Техномаркет. Има три модели, само со кабел, со кабел и батерија, и третиот модел од серијата 3000 е со батерија, ножички и несесерче за носење/складирање. Најисплатлив е моделот во Сетек од 1800 денари кој е со жица и батерија.

Се испробав на полето на фризерај и со мала помош од друго лице испадна супер. Само следете кратки видеа на јутуб како да го подесите комбот т.е. чешелот. Се разбира дека не е секогаш лесно зависно од фризурата.
 

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.588
6.028
Битола
Купено philips HC-3535 од техномаркет. Ги има во Сетек, Нептун и Техномаркет. Има три модели, само со кабел, со кабел и батерија, и третиот модел од серијата 3000 е со батерија, ножички и несесерче за носење/складирање. Најисплатлив е моделот во Сетек од 1800 денари кој е со жица и батерија.

Се испробав на полето на фризерај и со мала помош од друго лице испадна супер. Само следете кратки видеа на јутуб како да го подесите комбот т.е. чешелот. Се разбира дека не е секогаш лесно зафисно од фризурата.
И на женска глава фаќа ама после шамар добиваш. Испробано.

Со здравје да ја користиш.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.072
14.170
И на женска глава фаќа ама после шамар добиваш. Испробано.

Со здравје да ја користиш.

Ха, ха. Зезај се ти ама залихите на машинки за шишање во голем дел од продавниците кај нас и во светот се намалуваат со огромно темпо.
 

goce03

user
20 јануари 2015
1.599
3.203
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
INNO3D RTX 2060 SUPER
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Вчера ја земав оваа REMINGTON PG6150
Pros :
-цена
-доаѓа со цел сет на ножиња,
-релативно е моќна,
-мала и практична
-гаранцина 3 години.
Cons :
-мало е ножето за шишање коса, за се друго е ок,
-не е професионално моќна,
-не сум убеден во квалитет на изработка.
Сепак за тие пари all in one, за повремено користење не е воопшто лоша вредност за парите.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.072
14.170
Вчера ја земав оваа REMINGTON PG6150
Pros :
-цена
-доаѓа со цел сет на ножиња,
-релативно е моќна,
-мала и практична
-гаранцина 3 години.
Cons :
-мало е ножето за шишање коса, за се друго е ок,
-не е професионално моќна,
-не сум убеден во квалитет на изработка.
Сепак за тие пари all in one, за повремено користење не е воопшто лоша вредност за парите.

Фала што сподели.

Ножето и моторот се битни. Ама па ти нема да шишаш 50 особи на ден во салон туку по дома еднаш до два пати месечно. Со карантинов никаде не се брзаме! Имаш цирка 60 минути со едно полнење па како и да е ќе завршиш работа да скратиш фризура дури и да немаш штекер во непосредна близина.

Со здравје да те служи.
 

Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.165
3.215
Струмица
Мој предлог: Philips Norelco MG7750/49 Multigroom Series 7000

Дечкото направил нова рецензија:

https://www.amazon.com/dp/B07145GM4B/

Ја користам од Ноември 2018 2-3 пати месечно, особено летото од горе до доле, значи една сесија може да трае пола до еден час, и досега ја имам полнето само 3 пати. Изненаден сум колку само трае батеријата, а се полни 2-3 часа.
За чистење под воден млаз, без подмачкување со масло и разни тракатанци. Машинкава е феноменална за парите, 60 зелени. Ми ја донесоа од САД, ако може да се порача од кај нас нема да зажалите.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.072
14.170
Мој предлог: Philips Norelco MG7750/49 Multigroom Series 7000

Дечкото направил нова рецензија:

https://www.amazon.com/dp/B07145GM4B/

Ја користам од Ноември 2018 2-3 пати месечно, особено летото од горе до доле, значи една сесија може да трае пола до еден час, и досега ја имам полнето само 3 пати. Изненаден сум колку само трае батеријата, а се полни 2-3 часа.
За чистење под воден млаз, без подмачкување со масло и разни тракатанци. Машинкава е феноменална за парите, 60 зелени. Ми ја донесоа од САД, ако може да се порача од кај нас нема да зажалите.

Супер убаво што сподели. Има во техномаркет ама дупло поскап:

Техномаркет - PHILIPS MG7745/15 МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН ТРИМЕР

Само што јас гледав чисто машинка за шишање. Тримерот е повеќе-наменски и мислам дека не би ги користел сите фичрс.

Инаку може да се купи и машинка од седмица серија на филипс:

Техномаркет - PHILIPS HC7460/15 МАШ. ЗА ПОТСТРИЖУВАЊЕ

Треба да има подобар / помоќен мотор во однос на триилјадарката. И пак е поефтина од Wahl безжичната.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Нешто вакво повеќе би одбрал за парите, отколку Филипс лотарија. Некои Филипс уреди ми испаднале добри додека други биле тешко ѓубре, само цената секогаш била премиум.

Ова изгледа пристојно: Moser 1400 Professional Black — RERA
Нормално, ако производот е оригинал што би требало да биде според податокот дека Рера се листани како регистриран дилер на официјалниот сајт: 1400., Professional Mains-Operated Hair Clipper 1400-0050

upload_2020-4-20_9-11-8.png

Индиецов овде споредува фејк и оригинал moser 1400.

Инаку дома подолго време без проблеми користам рандом ноунејм кинез купен од медиамаркт во Германија. Имам и еден СТ од Сетек за евтини пари, работи и тој.

Би земал и Мосер, изгледа квалитетно за парите. Единствен проблем е што далеку ми се Рера, никогаш не идам накај Сингелиќ. Можеби ќе им поминам. :)

За размислувањето дали машинка на батерија, или со кабел... Јас не гледам потреба од компликации со батерија, освен за некој што иде по неколку недели на кампинг со шатор или така нешто.


едит, коментар на едно од видео ривјуата што ги глеав (за Мосер 1400): „Moser1400 is the Nokia 3310 of hairclippers“ :hay:
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.072
14.170
RERA ги побарав на телефон во петокот кога купував. Беа затвориле заради празникот порано. Сакав да ја земам Wahl безжичната. На телефон (на мобилен го добив човекот) ми кажаа цена од 5,500 ден.

Инаку ако добро се сеќавам се наоѓаат во чаир / топанско близу принц маркетот.

Безжична сакав заради слободата. Да не влечкаш продолжни кабли по дома или да си приморан да бидеш до штекер. Но ако ова не е проблем, тогаш сигурно жичана е добра и можеби поефтина опција.
 

riki_staff

hello world
28 ноември 2015
480
202
Дома ја имаме оваа од Филипс,стара можеви 4-5 години,лесна е,компактна,лесно се чисти,не се подмачкува,не куби,стариот ја зема околу 30€ од Германија,дајте некој туртуал од јутуб правилно се потстрижува
Buy the Philips family hair clipper QC5115/15 family hair clipper

Sent from my BLN-L21 using Tapatalk
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Тоа жичано-безжично се изгледа лични преферирања. :)

Мене размислувањето ми е следново: каблите знаат да сметаат, тоа точно, но внимавање на полнење батерии мене лично повеќе ми смета. Понатами жичана машинка нема да ме остави на пола шишање, а можеби немам време да чекам да се наполни, итн. Моќноста исто така е на страна на жичаните модели (не дека е од суштинско значење во случајов).

На крај, батериите имаат значително пократок животен век од самите уреди. Таа машинката од Германија ја имам повеќе од 10 години, нема шанси дека уште ќе ја користев да беше на батерија.

Но сето ова донекаде е ситничарење, не се ова толку скапи уреди па дека мораме да ги користиме многу години. Едноставно не сакам да се замарам со наведените моменти.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.072
14.170
Техномаркет - PHILIPS HC7460/15 МАШ. ЗА ПОТСТРИЖУВАЊЕ

Ганѕ нова од Техномаркет со гаранција. Последна, отпакувана за да биде изложена во продавница позади стакло. Со оригинално пакување.

Серија седум е со појак мотор (турбо мод), со литиумска батерија која се полни брзо и со електронски мотор за чешел кој оди од 0.5 до 42мм во чекори од 0.2мм.

Ако некој е заинтересиран можам да му ја дадам за 2,500 денари.

Јас веќе имам од серија 3000 која ја употребив па нема смисла да ја продавам три илјадарката.

EDIT: решив да ја задржам машинкава. Се повлекува од продажба.
 
Последна промена:
28 јануари 2017
2.056
4.719
Ресен
Како некој со прилично густа коса и брада, се стрижам сам 2-3 пати месечно нула и едно и друго, последниве 10тина години на прсти бројам колку пати сум бил на бербер.

До сега сум користел Philips разни серии, со батерија и кабел, сите ми траеаја доста ама се спори и немаат сила за мојава ограда. Сакав да купам нешто поквалитетно/појако од Wahl или Moser ама колега по фризура ми ја предложи Rowenta TN1350 (perfect line) од Нептун, ја немаат моментално на страната, до сега имам 3 купено, 1 за мене и 2 поклон, од 2000-2400 денари, последната пред месец дена.
Скептичен бев бидејќи првата машинка Rowenta беше најлошата што сум ја имал до сега, не сакав да ја земам али ме убеди, имав поени па ми дојде 1300-400 денари, си реков ќе ја пробам пред да земам поскапа.

Машинкава е ѕвер, по перформансите радо би ја платил 3000-4000 денари за разлика од тие што ги имам користено, има AC мотор и е доста силна, со минатите што сум ги имал, на одредени делови од брадава морам да успорам за да не се мачат и општо губев повеќе време со нив. Има додатоци еден куп, минимум оди на 0.6мм и е на кабел.
 
Последна промена:

mdeni

senior
24 септември 2012
6.064
5.998
Дали сте сретнале масло за подмачкување на Moser 1400 и Wahl некаде околу центаров на Скопје?

Инаку најважниот дел кај машините е да не се со мотор туку магнетни. Моторот "мора" да заврти за да продолжи со работа. И знае да bog down, односно да запиња. Башка се бучни и спори. Магнетните се скоро бесшумни (мосер 1400) сечат без престан, нема запнување итн.


View: https://youtu.be/ZxljwzYBzWo
 

acikaaa

user
22 октомври 2018
1.193
1.198
Скопје
Дали сте сретнале масло за подмачкување на Moser 1400 и Wahl некаде околу центаров на Скопје?

Инаку најважниот дел кај машините е да не се со мотор туку магнетни. Моторот "мора" да заврти за да продолжи со работа. И знае да bog down, односно да запиња. Башка се бучни и спори. Магнетните се скоро бесшумни (мосер 1400) сечат без престан, нема запнување итн.


View: https://youtu.be/ZxljwzYBzWo
на официјалната страна на Мосер во делот каде да се купи Мосер машинка стои некоја фирма MG ReRa (ul. Jajce 14 MK - 8404 Skopije Phone: 00389 75242001) па прашај таму, а сега ме заинтересира за купување на таква машинка :)
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.064
5.998
И сеа што да се земе Moser 1400 цена 1600 ден или Philips HC7460/15 2759 денари. Битно ми е да има безжична употреба што во овој случај дава предност на Филипсот, додека Мосерот го нема, а нема потреба и од подмачкување и овде плус за Филипсот.
Како да ти објаснам, едново е багер натоварувач, другово е лопата. Мислам дека најсоодветно доловив. Лопатата е безжична и не и треба уље.

Воопшто нема простор за споредба. Си видел некаде во фризерница или бербер да користат комерцијални машинки?

(Уљето си доаѓа до машинката и е околу 3-4 секунди работа еднаш на неколку месеци)
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Како да ти објаснам, едново е багер натоварувач, другово е лопата. Мислам дека најсоодветно доловив.
Едното е нормално ауто со голем резервоар, другото е целосно електрично ауто со мал „резервоар“.
Првото може да извози илјадници километри со еден резервоар (едно полнење, и секаде има бензински пумпи за да го наполниш), а второво собира гориво/енергија како за стотина километри и мора да го полниш пред секое (или после секое) користење.

Првото си бара повеќе одржување, а второто ни блиску толку. Но за некоја година првото сеуште ќе работи како што треба, а второто порано или подоцна еднаш ќе започне да му снемува сила на пола шишање. На крај нови батерии ќе коштаат колку или блиску колку и нов уред, и веројатно ќе се фрли за да биде заменето со ново.

Затоа постои избор. Секому неговото.
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.493
2.945
И сеа што да се земе Moser 1400 цена 1600 ден или Philips HC7460/15 2759 денари. Битно ми е да има безжична употреба што во овој случај дава предност на Филипсот, додека Мосерот го нема, а нема потреба и од подмачкување и овде плус за Филипсот.
Земи го филипсо.
Со оглед на тоа дека поддржва и ЖИЧНА, покрај безжична работа, ко ќе рикни батеријата, за едно 3-4 години (можда и покасно), ќе го користиш жично.

Испратено од телефоно.
 

bakigvg

hello world
28 јуни 2016
233
132
Како да ти објаснам, едново е багер натоварувач, другово е лопата. Мислам дека најсоодветно доловив. Лопатата е безжична и не и треба уље.

Воопшто нема простор за споредба. Си видел некаде во фризерница или бербер да користат комерцијални машинки?

(Уљето си доаѓа до машинката и е околу 3-4 секунди работа еднаш на неколку месеци)

Одлично објаснето, но во овој случај кај мене ќе се користи еднаш месечно, можеби и два пати, за домашна употреба не за фризерница. Најчесто надвор во двор, или купатило кај што во близина нема штекер па ќе треба продолжен кабел. Што доколку не и ставам уље ? И дали постои можеби Мoser безжична тогаш тоа дефинитивно би бил правилниот избор.
 

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно