Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Купување на странски акции\хартии

budba

read-only
22 септември 2023
2
2
Не најдов оваква тема овдека во скоро време па се решив та прашам пак.

Кој е наједноставниот начин за купување, главно сакам да инвестирам во ETFs како SMP500 и да ми стојат подолг период со надеж дека ќе пораснат ,досега единствен начин што го најдов е преки Wise да ставам и да извадам пари на InteractiveBrokers.

Дали има нешто подобро од ова какви се провизиите и условите ме интересира.

Фала фи однапред.
 
Solution
Како што пишав во Wise темата. Ова е најдобар начин за купување акции, поготово ако се работи за помали инвестиции, затоа што Interactive Brokers дозволуваат да купуваш фракции од акции и од ETFs.

Од неколку обиди и варијанти што ги направив преку Wise. Најисплатливо е да купиш долари со ЕВРА преку Gpay (Си бираш ова на deposit делот).
За да добиеш $100.00 на Wise треба да депонираш 94.44EUR ($101.04)
Провизијата e 1.04%.

Потоа се поврзува Wise акаунтот директно преку Interactive Brokers и ги префрлаш парите таму. Се плаќа уште $0.39 провизии за овој трансфер што тоталот доаѓа $1.43. Oва трае 1 до 2 дена. :)

Првичната идеја ми беше преку SEPA или Wiretransfer да префрлам пари директно на Interactive Brokers, но таков трансфер кошта...

Cypher

hello world
29 јули 2012
291
128
Можеш да направиш SWIFT трансфер директно од IBKR на твоја банкарска сметка.

На тема, јас користам IBKR како платформа и строго купувам Index Funds. Зависно од толеранција на ризик, добар избор би бил S&P 500, VTI, VT (подредени по опаѓачки ризик).

За трансфер на помали суми користам Wise, а за поголеми директен SWIFT трансфер од девизна сметка. Данок се плаќа на профит, по продажба на акциите. Ако акциите се држат повеќе од 2 години тогаш нема данок.
за ова дека ако ги имаш над 2 години сум слушнал но ме интересира пример дали кога ќе ги повлечеш мораш на УЈП да им докажеш дека ги имаш над 2 години или не се замараш и само тие ако прашаат тогаш им доставувас документи?
 
Filipovski

read-only
8 април 2018
41
46
за ова дека ако ги имаш над 2 години сум слушнал но ме интересира пример дали кога ќе ги повлечеш мораш на УЈП да им докажеш дека ги имаш над 2 години или не се замараш и само тие ако прашаат тогаш им доставувас документи?
Наводно не треба да се плаќа данок, па според тоа нема потреба ни од пријавување. Прашањето има смисла и најверојатно би требало да се приложи доказ доколку УЈП побара. Токму поради ова прашање преферирам да правам SWIFT трансфер преку банка каде дополнително водат евиденција дека трансферот е направен на платформа за тргување со хартии од вредност и ти бараат документи за да го потврдиш истото пред да ти го одобрат трансферот. Немам правно искуство, така да не сум некој веродостоен извор.

Референца до закон за личен дохот каде во член 12, (1), 39а е дефинирано дека не треба да се плаќа данок за акции кои се продадени 2 години по датумот на купување. Дечките од Сојузен комитет на инвеститори на Република Македонија најверојатно знаат повеќе, баш скоро имало дискусија на темава.
 
Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.588
6.028
Битола
Ќе почнам од некаде, дечки. Фала за одговорите. Работата е што никогаш не сум се занимавал со ова па наместо под перница (што се вели) да седат парите, треба да вртат и да прават пари. Затоа малку на почеток барам нешто со помал ризик но посигурна добивка. 5% до 7% годишно пример.
 
GoranMak

hello world
13 февруари 2020
253
242
За околу 5% поврат купи си акции од Македонски Телеком нема потреба по странски пазари да се експериментира. МТ редовно исплаќа денда и дивидентниот принос и е стално околу 5%.
 
Magical

hello world
15 август 2008
434
453

Колку исплатија дивиденда годинава и минатата година?
 
Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.171
18.785
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS

Безмалку, 20 денари по акција последните две години, а за 2023та ќе исплаќаат во Август/Септември. Акцијата на телеком е околу 420 денари. Значи ако вложиш 10к евра, т.е. грубо околу 600.000 денари, ќе купиш околу 1400 акции и ако ги држиш до денот на одлука за делење дивиденда, ќе ти исплатат дивиденда од околу 400 евра. Груби се бројкиве, ама чиста како инфо.
 
Благодарам Октар
 
GoranMak

hello world
13 февруари 2020
253
242
23,1 денар по акција нето ќе исплатат годинава МТ за 2023та. Негде 5,5% иди повратот. На 1400 акции од денда заработката е нешто над 500 евра. Септември негде ќе биди исплатат па има уште цело лето за купување со право на денда.

НЛБ и со моментална цена од 39к за акција поврарот од денда е 6%, ќе исплата некогаш Јули месец
 
TouchIT

lurker
9 јули 2018
901
643
Здраво, почнав да инвестирам на Trading212 (во S&P 500 засега) ме интересира како е со плаќањето на данок, ако добро разбрав данок се плаќа само ако ги извадам средствата пример по 20 години и се плаќа на целосната сума а не на разликата помеѓу вложените средства и добиените бидејќи незнам како би се докажало? И дали годишно се пријавува во ујп и дали се пријавува за исплатена дивиденда или за годишна добивка од S&P 500?
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје

Се пријавуваат сите трансакции кога продаваш акции, пример купуваш денес 10 акции, за 5 месеци ги продаваш и тој месец кога си ги продал треба да ја пријавиш трансакцијата односно продажбата. Околу плаќањето мислам беше разликата од продажната цена минус куповната, односно профитот, со тоа што доставуваш листа со продажба на сите акции а ги собираш само профитите, не ги одземаш губитоците. Пример си инвестирал во Тесла и Ејпл, си ги продал акциите, од Тесла си добил 500 евра, од Ејпл си изгубил 1500 евра, си плаќаш за тие 500 евра.
Провери си во банка дали ќе ти дозволат да вадиш пари од Trading212, за разлика од IB со кои многу наши банки работат, за trading212 бараат некои дополнителни документи за кои треба да се замараш повеќе.

Горе доле мислам дека вака беше.
 
Благодарам, само не ми е јасно дали пријавувам кога ќе продадам акција или само ако withdraw направам?
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Благодарам, само не ми е јасно дали пријавувам кога ќе продадам акција или само ако withdraw направам?
Кога продаваш, можеш да си ги повлечеш кога сакаш. Фактички пријавата за продажба ти дава доказ за кога ќе ги повлечеш ако бараат докази да им приложиш дека си вложил Х, си продал на тој и тој датум, си заработил Y и си платил на разликата.
Мислењето е автоматски споено:

Исто доколку ги држиш акциите минимум 2 години без да ги продадеш, не плаќаш данок, само пријавуваш кога ќе ги продадеш за да имаш доказен материјал.
 
Фала на објаснувањето, инаку штом пријавам во ујп дали одма треба да платам данок иако не сум ги повлекол парите на мк сметка?
 
Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.171
18.785
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Ок, си напрајвте муабет, ама нема врска скоро ништо од тоа. Приход од капитални добивки се даночни со 10% како данок на добивка и се даночи баш тоа... добивката. Ако вложи 1000 евра и после Х месеци и невиден успех со тргување на средствата, повлечеш 1500 евра, тогаш плаќаш данок на разликата од 500 евра, односно, 50 евра. Дивидентата исто така се даночи со 10%. Ама не ја повлекувај, купи пак акции.

Таман работа секој месец и секоја трансакција и купување и продавање на акции да го пријавуваш...
Дополнително, не се плаќа данок на добивка на акции кои ги поседувате подолго од 24 месеци, пошто ТачИТ спомна дека ќе ги вадел после 20 години, али дотогаш ќе се смени законот и сигурно ќе се плаќа.

Значи релативно едноставно, ставаш пари на трејдинг и гледај да не вадиш, нема поента иначе, и кога ќе вадиш, приложуваш трансакции колку си уплатил, колку си повлекол и плаќаш на разликата само. Не се гледа посебна акција, дали била кај епл или кај шел, битна е разликата во внесот и изнесот на пари.

Иначе сп трејдин212 е поедноставно одколку со интерактив, се можеш да правиш со дебитна картичка, со дебитна ставаш пари, на дебитна можеш да вадиш, ни банкарски трансакции ни свифт ни шалтери ни бутур, само мн е битно да го правиш тоа со една картичка пошто ако ставаш од една а вадип на друга тоа е индикација за перење на пари.
 
ова е супер информација, и јас донекаде го знаев ова само незнаев колку е точно.

Имам уште едно дополнително прашање - еве да речеме ги држам 2 години и потоа ги повлечам на сметка.
Дали веднаш пријавувам во УЈП за дека сум ги чувал 2 години, или само доколку ми побараат доказ тогаш да доставам?
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Ок, си напрајвте муабет, ама нема врска скоро ништо од тоа. Приход од капитални добивки се даночни со 10% како данок на добивка и се даночи баш тоа... добивката. Ако вложи 1000 евра и после Х месеци и невиден успех со тргување на средствата, повлечеш 1500 евра, тогаш плаќаш данок на разликата од 500 евра, односно, 50 евра. Дивидентата исто така се даночи со 10%. Ама не ја повлекувај, купи пак акции.

Таман работа секој месец и секоја трансакција и купување и продавање на акции да го пријавуваш...
Дополнително, не се плаќа данок на добивка на акции кои ги поседувате подолго од 24 месеци, пошто ТачИТ спомна дека ќе ги вадел после 20 години, али дотогаш ќе се смени законот и сигурно ќе се плаќа.

Значи релативно едноставно, ставаш пари на трејдинг и гледај да не вадиш, нема поента иначе, и кога ќе вадиш, приложуваш трансакции колку си уплатил, колку си повлекол и плаќаш на разликата само. Не се гледа посебна акција, дали била кај епл или кај шел, битна е разликата во внесот и изнесот на пари.

Иначе сп трејдин212 е поедноставно одколку со интерактив, се можеш да правиш со дебитна картичка, со дебитна ставаш пари, на дебитна можеш да вадиш, ни банкарски трансакции ни свифт ни шалтери ни бутур, само мн е битно да го правиш тоа со една картичка пошто ако ставаш од една а вадип на друга тоа е индикација за перење на пари.
Пред се да напоменам дека информациите што ги споделувам ми се добиени од контакт со УЈП вработен за тргување со хартии од вредност, ако ме информирал погрешно, и јас ве информирам погрешно.

1. Секоја затворена продажба на акции се пријавува, дали имаш загубено пари или добиено ти добиваш на крајот на секој месец извештај од брокерот со сите трансакции, при што го аплаудираш тој извештај а пријавуваш само добивка доколку истата е остварена. Значи најважната поента е се пријавува секоја продажба на акции за месецот кога е остварена продажбата, а не кога се вадат парите

2. Трејдинг212 мене ми дозволи да повлечам на дебитна само толку колку што сум уплатил, секое евро што е дополнително заработено од трејдање, мора да се повлече на девизна сметка. Значи ако оствариш 5000 евра, а си уплатил 2000, 2000 на картичка, 3000 на сметка.

Пак ќе кажам, инфото ми е од УЈП од пред неколку месеци, да се сменило нешто не верувам, но ќе го советувам членот да не ми верува ниту мене ниту на Октар, туку да се јави во УЈП кај задолжен за девизен прилив и тргување со хартии од вредност и да си се консултира со нив з најточни информации. Дечките секогаш објаснуват убаво но некогаш е потешко да се најдат па мора да вртиш по неколку пати.

Додатно има група на ФБ за тргување каде се споделуваат искуства.
 
Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.171
18.785
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Пред се да напоменам дека информациите што ги споделувам ми се добиени од контакт со УЈП вработен за тргување со хартии од вредност, ако ме информирал погрешно, и јас ве информирам погрешно.

1. Секоја затворена продажба на акции се пријавува, дали имаш загубено пари или добиено ти добиваш на крајот на секој месец извештај од брокерот со сите трансакции, при што го аплаудираш тој извештај а пријавуваш само добивка доколку истата е остварена. Значи најважната поента е се пријавува секоја продажба на акции за месецот кога е остварена продажбата, а не кога се вадат парите
Ок ова е валидно за тргување преку македонска брокерска куќа или на Македонска берза. Таму тргувањето е секако... споро. На МК берза јас би купил акции од КБ и би ги оставил да дремат и само си зимаш дивиденда.

Преку трејдинг212 кајшто може да направиш и 500 трејдови во месецот... тешко е да доставуваш детален извештај а искрено и не верувам дека ни тие во УЈП ги интересира да им отвориш толку работа, затоа прилично просто е кога ке решиш да вадиш пари, да извадиш извештај колку си уплатил и да извадиш колку повлекуваш и да ги пријавиш како капитална добивка од тргување со акции.

Секако и се сложувам со цхрут, не ме слушајте мене, како викаат овие трејдериве на инстаграм, not a financial advice :)

P.S. УЈП е луда куќа како и секоја државна институција, мене ми стигна да платам данок од 10 денари, отидов, прашував по шалтери и таа ми реше, дечко треба да уплатиш, ама секако нема да те гониме за 10 денари. И викам, значи да не плаќам, вика, не можам да ти кажам јас да не плаќаш данок, треба да платиш... викам значи да платам, ми вика, абе како сакаш... закључок... растеглива интерпретација има на законите и нивната имплементација.
 
Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.171
18.785
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS

Riki123

read-only
16 јули 2024
2
0
Здраво, може ли да ми кажете платформата fortraider како апликација на телефон дали за верување т.е. ако направам профит дали ќе можам да ги повлечам. Или апликација платформа што работи во Македонија
 
7 февруари 2013
950
1.088
Здраво дечки, да споделите совет или искуство..

Почнав со Trading212, понатаму цел ми е IKBR, редовно месечно да уплаќам средства, и чат пат да ги повлекувам ( односно продавам и купувам акции ).
Викам да тестирам со Trading212, уплатив средства со картичка, повлеков средства со wiretransfer, легнаа парите во Комерцијална во Нераспределени,
е сега за да ги распределам, ми бараат шифра, одбрав некоја шифра што ми делува дека е тоа тоа, и сега ми бараат документи од Традинг212 за договор со нив и документ што ќе ја потврди оваа трансакција, овој првиов го најдов имаат дел документи, симнав пдф, овој вториов некако немаат, на маил само праќаат очекувајте ги средствата и толку.
Споделете како правите? Која шифра ја користите за повлекување, која банка ви е најлесно да ги повлечете, најмалце ве замараат? ( тоа со данок на добивка ми е отпосле, уште не сум добил профит )

Дополнителни прашања,
Trading212 за над 2000 еур зима провизија 0.7, Комерцијална прашав, 25-30 еур/долари е едно испраќање пари WireTransfer,
како да инвестирам месечно пример на ИКБР ( кој нема како традинг со картичка ) за да ги избегнам овие фиксни месечни давачки, а сепак да инвестирам некоја мала сума од плата секој месец?
 
eX3v1l

user
2 мај 2011
1.367
1.232
eX3v1l's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 5 5600X
Motherboard
ASRock Fatal1ty X470 Gaming K4
Storage
Samsung 970 EVO 500GB
PSU
Cooler Master MWE 750w
RAM
32GB 3200MHz G.Skill Trident Z
Video card
RTX 3070 EAGLE
Case
Cooler Master K380
Mouse
G502
Keyboard
RIPJAWS KM570 MX-Brown
Monitor
Dell S2721DGF
OS
Windows 10
За мала сума подобро во овие нашиве фондови Генерали и WVP. Зимаат 5% провозија, прва година нема заработка, после тоа би требало да почне да иде нагоре.
 
eX3v1l

user
2 мај 2011
1.367
1.232
eX3v1l's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 5 5600X
Motherboard
ASRock Fatal1ty X470 Gaming K4
Storage
Samsung 970 EVO 500GB
PSU
Cooler Master MWE 750w
RAM
32GB 3200MHz G.Skill Trident Z
Video card
RTX 3070 EAGLE
Case
Cooler Master K380
Mouse
G502
Keyboard
RIPJAWS KM570 MX-Brown
Monitor
Dell S2721DGF
OS
Windows 10
Здраво дечки, да споделите совет или искуство..

Почнав со Trading212, понатаму цел ми е IKBR, редовно месечно да уплаќам средства, и чат пат да ги повлекувам ( односно продавам и купувам акции ).
Викам да тестирам со Trading212, уплатив средства со картичка, повлеков средства со wiretransfer, легнаа парите во Комерцијална во Нераспределени,
е сега за да ги распределам, ми бараат шифра, одбрав некоја шифра што ми делува дека е тоа тоа, и сега ми бараат документи од Традинг212 за договор со нив и документ што ќе ја потврди оваа трансакција, овој првиов го најдов имаат дел документи, симнав пдф, овој вториов некако немаат, на маил само праќаат очекувајте ги средствата и толку.
Споделете како правите? Која шифра ја користите за повлекување, која банка ви е најлесно да ги повлечете, најмалце ве замараат? ( тоа со данок на добивка ми е отпосле, уште не сум добил профит )

Дополнителни прашања,
Trading212 за над 2000 еур зима провизија 0.7, Комерцијална прашав, 25-30 еур/долари е едно испраќање пари WireTransfer,
како да инвестирам месечно пример на ИКБР ( кој нема како традинг со картичка ) за да ги избегнам овие фиксни месечни давачки, а сепак да инвестирам некоја мала сума од плата секој месец?

Што направи, ги извади парите? Се регистрирав и ја на Т212 и ставив 100$ да се играм малце. Гледам имаат и многу добри % за чување на неинвестирани пари 4%-5%.

Некој друг повеќе време што ја користи со поголеми суми да сподели искуство со нашиве банки?

Кај мене Шпаркасе не ми дозволува, со Халк работи за уплати.
 
sime333

read-only
26 јуни 2011
6
0
Дали кога продаваме акции и купуваме други треба да се пријави нешто во ујп ?
значи не ги вадам парите само едни продавам други купувам.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв