JasSum
poweruser
- 8 мај 2007
- 2.622
- 3.169
Купи го тој со кој имаш искуство. Тоа што на многу им одговара некој стол, не значи дека и на тебе ќе ти одговара. Затоа има толку многу избор. Пиши ни што фирма/модел е тој што тебе ти одговара, како препорака барем за и други да знаатЗдраво на сите, видов многу добри предлози низ пораките на нишкава, но сепак не можам да одлучам за што точно да земам.
Конкретно го сретнав Brado Kind 203 како е спомнат повеќе пати (исто така која е разликата помеѓу овој што го пишав и овој). Имам добро искуство со столевите од работа, но едниот не можам нигде да го најдам (не е во продажба мислам веќе) а другиот е 400 € (малце над мој буџет е) и е екстремно многу удобен. Дали воопшто да ризикувам со зимање на некој што не знам како би било ако седам долго време на него, или дали само да го земам овој што веќе имам искуство со него.
Мојот буџет моментално е 300 € (ако фермате дека ако дадам 400 € би добил стол што е многу подобар тогаш би дал и толку), препорачајте, мислења ако може и слично. Отворен сум за се, не ни мора „канцелариско“ може и „гејмерско“, само да е удобно и да не седам на дрвен стол што е за на трпезарија.