1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Intel vs AMD

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од tomi, 19 Април 2012.

Кога би купиле процесор, би зеле

Анкета затворена (на) 26 Февруари 2018.
  1. Intel

    38.4%
  2. AMD

    50.7%
  3. Intel само ради игрите

    9.4%
  4. AMD само ради игрите

    1.4%
  1. Cyb3rAng3l

    Cyb3rAng3l
    Intern

    36
    38
    16 oктомври 2016
    Машко
    Сеуште не ми е јасно дали Zen 2 ќе работат на B350 матични плочи, некои велат ДА некои НЕ, со рајзен 1300x сум моментално и планирам апгрејд на рајзен 3600... GB AB350 Gaming 3 имам матична.
     
  2. ChemicalAngel

    ChemicalAngel
    Gaining Experience

    785
    198
    24 ноември 2008
    можностите на Х86 архитектурата е при крај, можностите на силициумот како материјал се при крај
    Тоа што е како иднина е некој нов материјал и RISC базирана архитектура (поради помала потрошувачка), дали RISC-V или ARM
    и во секој случај тоа нема да биде иновација од Интел, пошто размислувањето кај интел е
    1. 64битни, зошто ти се терај на 32битни
    2. зошто ти се повеќе од 4 јадра, терај со нив 10 години.
    Во следните 10тина години, ќе биде намалување на процесот до 3nm или додека дозволува физиката и плус 3д stacking.
    Универзитети имаат дизајнирано процесори со друга легура од метали и вози до 48GHz.
    Рајзен е всушност истражувачки проект од некој универзитет т.е теоријата претворена во пракса. Истиот човек што им помогна на Амд сега е во Интел и сигурно ќе направи подобар процесор од Рајзен, бидејќи ќе има неограничен буџет со една цел, најдобри перформанси, но тоа не е иновација туку борба со конкуренцијата.
    Иновација би било кога Интел за 5-6 години направи нова линија процесори, барем за серверите, што ќе бидат RISC-V и ќе возат барем 15-20 GHz заради нов материјал и ќе трошат половина од тоа денес и ова не е некој влажен сон, туку треба да биде реалност до сега, знаејќи колкав буџет има Интел за развој.
     
    itstheigyg, ТАТА_МАТА и на Rukfash им се допаѓа ова.
  3. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,862
    3,792
    18 Септември 2013
    Машко
    Само на некои. Асус веќе имаат објавено апдејти за биос за некои од 3ХХ серијата плочи, но треба рецензии да видиш и тестови некој да направи за да кажат дали има негативни аспекти на користење на 3ХХ серија плочи со Рајзен 3000.

    Иначе за рам, се гледа од скриншотот дека латенцијата е одлична и на 3200 рам плочки, така шо не би се секирал уопште за рам. 3700 фреквенција е само "sweet spot" за тие шо сакаат ептен максимум да вадат.

    И пак ќе кажам чекајте рецензии пошо ништо од ова не е тестирано од обични смртници. Треба да се тестира и на 4ХХ плочи да се споредат перформансите наспроти 5ХХ плочи со разни рамови итн.

    Вака само нагаѓаме.
     
    На Rukfash му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    498
    513
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Најверојатно ќе ја скокнам Зен2 генерацијата, мислам нема да ми се исплати да менувам 3 x 2700x секоја генерација, планирам тоа да го направам за Зен2+. До тогаш очекувам 7нм да созрее малку и се надевам дека ќе видиме барем 10% подобрување како што имаше од Зен до Зен+. Може ќе се излажам за главниот компјутер да ставам 12 јадрен но ќе почекам рецензии да видам како ќе се понаша со x470.
     
  5. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,862
    3,792
    18 Септември 2013
    Машко
  6. toplel

    toplel
    On your way to fame

    524
    511
    18 Август 2016
    Машко
    Нема генерален одговор на прашањево. Индивидуално зависи доколку производителот на конкретниот модел одлучи да пушти BIOS со поддршка за Zen 2. Истото важи за X370.
     
  7. Rukfash

    Rukfash
    Gaining Experience

    339
    165
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    Пред нова година ја бев решен да се подновам со Ryzen 5 2400G. Па локалнио дилер ми рече поарно да си зеам некоја графичка. Земав GTX 750ka и запрв пат искусив вистинска графичка шо дава над 4000 бода на passmark. Па после појачав на G4560 ребрендирана i-3ка и уз пат и GTX 1060ка со кои се вадат стварно пристојни фрејмови на игриците на 1080p, па сеа веке искрено и неам баш реална потреба од менување систем. Ryzen 5 2400G го сакав ради моментално сеуште најјаката интегрирана графика за десктоп која е повеке од дупло појака од сегашната UHD 630 на интел, ама чим еднаш ке пробаш дедикејтед графичка веке не ти паѓа на ум да се враќаш на интегрирана. Сепак Vega 11 на АМД стварно не е за потценување. Другар ми ја има и на минимум сетинзи сепак се игра. Иначе мене заболела ме патка и за интел и за амд, ни едните ни другите не ми се братучеди да навивам. У принпиц како и у спортот навивам за послабите и така навивав за амд да се стане конкурент на интел. Пошо како шо вика дедо @Astro, досадна е доминацијата на интел. Затоа и цените ги дигнаа нагло за едно 50 %. И сега покрај Ryzen цените сеуште не се симнаа на ниво како пред да рипнат, баш коа го меркав i3-8100 беше околу 6200-6300 ден, па рипна на 10500 или чак 10800 ден мислам дека беше максимум! Од конкуретноста на Ryzen јас очекувам (посакувам) цените да паднат пониско од оние 6200, ама сеуште ги држат. Па баш ме занима како ке биде откако ке стигне Zen2 кај нас. Арно се сетив за пентијумите G5500 и G5600 како мислат да продадат нешто коа се над над 6000 ден а се 2/4?
    Како и да е мене следното апгрејднување ке ми биде на поефтината опција, price perfomance ratio.
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  8. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,269
    10,632
    23 Јануари 2008
    Манга
    Толку глупости во еден пост одамна не сум прочитал.
     
  9. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    498
    513
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Мислам дека ова веќе е потврдено дека сите ќе пуштат соодветни апдејти на биосот. Aко не се лажам нема да препорачуваат над 8 јадра на B350 што е разумно. Двa 2700X ги работам на B350 Tomahawk и горе долу нема разлика со третиот што е на X470. 3600X e 6 јадрен и не би требало да има ама баш никаков проблем на било која B350 матична се додека не прави рачен оверклок.
     
    На Rukfash и toshex им се допаѓа ова.
  10. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,827
    5,006
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Ајде една кратка дедукција направи на неговиот пост, мисла по мисла :)
     
  11. ChemicalAngel

    ChemicalAngel
    Gaining Experience

    785
    198
    24 ноември 2008
    Кој ти е крив што не си ги читаш твоите постови
     
  12. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,269
    10,632
    23 Јануари 2008
    Манга
    @prichina

    Не само што не е при крај туку сеуште е во поддем. Oд нејзиното појавување пред 40 и кусур години па се до ден денес бројот на најупотребувани апликации и игри од страна на човештвото е на x86 и постојано расте. Intel е најголема компанија за развој и производство на хардвер во IT светот и се додека x86 jа има неговата потдршка ќе е без конкуренција.

    Не се ни на почеток. Intel и други истражувачки центри веќе подолго време развиваат технологија за производство на квантни процесори кои ќе се произведуаат врз база на веќе развиените технологии за производство на процесори од силициум, и најбитно, ќе можат да работат на „собна“ температура. Квантните процесори ќе донесат драматично(многу цифрен број пати) подобри перформанси од перформансите денешните бинарни процесори.

    Иднина е се од сега па до безкрај. Секако дека во иднина ќе се користат други, пософистицирани материјали, но ние нема да бидеме сведоци на такво нешто. Материјалите за кои во моментов постои знаење за да се развие технологија за масовно производство како галиум арсенид, галиум нитрид и слично, се прескапи за да бидат масовно произведени и се многу токсични за домашна употреба. Да не зборам за тоа колку време и пари ќе треба за да се развие како технологија.

    1) Потрошувачката во моментов не е буквално никаков проблем. Најголем дел од енергијата кај сите дивајси за кои енергетската ефикасност е круцијална се троши на дисплејот.
    2) Најголем дел од софтверот кој се користи од страна на човештвото е направен за x86 архитектура. За да се префрли од x86 CISC на RISC е неопходно тој цел софтвер да се прекодира за RISC.

    Колку „битен“ е процесорот и колку јадра има не значи буквално ништо. Се додека нема софтвер кој ќе може да ги употреби и исползува ресурсите бадијала се катаљарда јадра и катаљон битно адресирање.

    Фрекфенцијата на процесорите зависи од два фактори: процесот на производство и архитектурата. Овој податок за 48GHz не сум го проверил, но е тотално небитен. Одамна има процесори за телекомуникација изработени од галиум арсенид и галиум нитрид кои оперираат на над 30GHz. Нивната архитектура и функција е многу проста и е неспоредлива со архитектурата од било кој CPU, а не пак со комплицирана архитектура каква што имаат х86 процесорите.

    Ryzen е производ на AMD, а неговата архитектура е развивана во тајност и затворен круг од R&D тимот на AMD.

    Тоа би било тотална глупсот бидејќи софтверот кој го користат серверите работи на x86

    Ова како Мали Џокица го замислува производството на процесори, плукни залепи со материјалите, додај 3 од карти, 5 од ракав и уште 4 од Дедо Мраз и ете ти 15-20GHz.

    @ChemicalAngel
    [​IMG]
     
    На zipi123, Abovelife, Astro и уште 4 други им се допаѓа ова.
  13. toplel

    toplel
    On your way to fame

    524
    511
    18 Август 2016
    Машко
    Ко шо кажав, нема сите производители да пуштат надоградби за сите матични. Сѐ зависи од производителот. Кај прочита дека сите ќе пуштат надоградби? Мислам дека MSI и AsRock ќе имаат надоградби за B350/X370. Од ова шо го знам, цитирам:

    Извор.
     
  14. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    498
    513
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Саме Gigabyte нема дадено конфирмација за Зен2 компатибилност, главна причина е што работат на голем биос редизајн (конечно). Додека сите други ги објавија листите пред неколку недели.

    MSI won’t be blocking Ryzen 3000 support on all older motherboards after all | PC Gamer

    Asus Updates 35 Motherboards for Ryzen 3000, A-Series Conspicuously Absent

    AMD Ryzen 3000 Series CPU Backwards Compatibility Confirmed on All Current AM4 Boards

    BIOSTAR Confirms AMD Ryzen 3000 Support On 300 & 400 Series

    Сите имаат поддршка од B350 нагоре, а некои дури имаат поддршка и за А320. Е сега, прашањето е дали ќе може да се стави било кој Зен2 процесор во било која од овие матични и одговорот е не, но тоа ќе важи за појаките процесори што е сосем логично. Лесно може да се предвиди дека би било глупо некој да става над 6 јадра на А320, над 8 јадра на B350, над 12 јадра на B450 и најверојатно и матичните нема да добијат соодветни биос апдејти за процесори кои нема смисла да се ставаат во нив.
     
    Последна промена: 18 Јуни 2019
    На goce03 и toplel им се допаѓа ова.
  15. Arkturus

    Arkturus
    Gaining Experience

    213
    92
    17 Јануари 2013
    Машко
    Твое мислење е дека 12 јадрен ќе може да се вози на b450 или прочита некаде?


    Sent from my T10(E3C6) using Tapatalk
     
  16. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,269
    10,632
    23 Јануари 2008
    Манга
    Ако може да се вози на x470 ќе може и на b450. Во секој случај ќе ви кажам другата недела од прва рака. ;)
     
  17. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    498
    513
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Моја претпоставка е, но убеден сум дека ќе бидам 100% во право зошто B450-ките се со ист квалитет со послабите X470-ки. Дали секоја B450 ќе биде добра за 12 јадрен? Би требало, но не е разумно да се очекува ист преформанс од долна категорија на B450 и горна категорија на B450. Што ќе биде оптимално останува да се види кога ќе излезат рецензиите.
     
  18. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,862
    3,792
    18 Септември 2013
    Машко
    Ќе имаш зен2 пред да бидат официјално пуштени?
     
  19. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,269
    10,632
    23 Јануари 2008
    Манга
    Мхм...така некако :p
     
    На Dave1 и toshex им се допаѓа ова.
  20. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,862
    3,792
    18 Септември 2013
    Машко
    Пиши ПП ако не ти е проблем да елаборираш и ако сакаш да направиме рецензија објавена на јутуб. Чисто за да се сподели рано инфо нема ја да мешам мислење уопште.

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
    На Arabian му/ѝ се допаѓа ова.
  21. DarthJe5us

    DarthJe5us
    On your way to fame

    1,162
    946
    2 Јануари 2012
    Машко
    Со што ќе го споредуваш во рецензијата и на каков хардвер?
     
  22. StefAngel

    StefAngel
    Gaining Experience

    836
    493
    28 ноември 2015
    Машко
    Тој има 9900к подобар процесор во моментот нема на пазарот ако буџетот не е мерило :)
     
  23. ChemicalAngel

    ChemicalAngel
    Gaining Experience

    785
    198
    24 ноември 2008
    Ова е точно, ама да сме 90тите

    На пример, графитот за кој што МИТ прв направи процес на ефтино масовно производство. А не е само МИТ.

    Потрошувачката е многу битна работа, посебно со за дата-центрите, најголемиот потрошувач на процесори. За тоа во последните 15-тина години главниот акцент на продажбата кај секој нов процесор е троши помалку. А ти како Интел фан, ако не ти е битна потрошувачката на времето ќе купуваше Амд, а не Интел.

    Точно, ако сме 90-тите. Денес најголемиот дел од софтверот е веб и тоа што е десктоп е напишано во програмски јазици што обезбедуваат или виртуелка или компајлер за било која платформа. Плус, најголемиот дел од софтверот има автоматизирани тестови и префрлањето од ЦИСК на РИСК ќе биде многу полесна работа отколку ти што мислиш. Работи што требаат, оперативен систем за Риск, компајлери и виртуелки за програмските јазици.
    Ако се земе предвид дека РИСК-В може да донесе многу поголема конкуренција кај процесорите, како на пример во 80 и 90тите, ко на пример Apple, NVidia, Microsoft и ред други компании и те како е подобро да се префрлиме на РИСК.
    Тоа што ЦИСК е толку доминантен, беше точно за 90тите, бидејќи сите придобивки и оптимизации што ги прави РИСК во однос на перформансите, Интел и Амд со нов процес ги стигаа и ги надминуваа и тоа во рок од 2 години и да не го заборавиме пријателството Интел Микрософт.
    Додека денес (т.е последните 5-6 години) колку што гледаш, перформансите се мали што би се рекло не се ни видливи, а потрошувачката е огромна, за разлика од РИСК (АРМ), ко што може да најдеш за новиот процесор на Qualcomm во iPhone има слични перформанси ко десктоп процесорите на интел за дупла помала потрошувачка.

    Тоа се оправдувањата што ги дава Интел, кога има монопол и го мрзи да иновира.

    Знаеш дека линукс може да се бутира и од компир, а не пак да работи на РИСК. Сигурно знаеш дека Андроидот работи на РИСК, пошто овие од Интел ги мрзи да иновираат, па не им текнало да направат процесор што нема да грее.
    Најлесно се иновира кај серверите, бидејќи се е виртуелно и многу заради добрата апстракција најлесно може да се мигрира и нормално има фирми што трошат брдо пари, за да го имаат "најдобро"

    Добар си за рокер, но треба да се updatираш, 90тите се одамна поминати, како и она што може Интел да го продаде како најдобро е одамна поминато, посебно што денес изобилството на информации и пропаганда е многу поголемо.
     
    На Astro и Costigan_Jr им се допаѓа ова.
  24. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    498
    513
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    20 години читаме дека на силиконот му доаѓа крајот, ако не и подолго. Ништо чудно уште толку време да читаме за истото. Не дека не е точно дека си има лимит, туку проблемот е да се развијат технологии што ќе го заменат, да бидат подобри и нудат подалечни стази за напредок и сето тоа да биде економски исплатливо. Штом нема извадено вакви технологии до сега, значи не се исплатливи во овој момент, меѓутоа не значи дека никогаш нема да стапат на сцена. Може да си играме Баба Ванѓа до утре сабајле но никој овде неможе да направи подобра проценка од некој друг и кога точно ќе му дојде крајот на силиконот. Но едно е сигурно, нема да се случи во наредната декада зошто сите големи играчи на пазарот се инвестирани во чиплети и 3Д стакинг, што значи наредните 5-6 генерации минимум само тоа ќе го гледаме, ако не и подолго.

    И да има поефикасни материјали, ако се скапи за производство останува опцијата да намалиш трошок за потрошувачка но да го замениш за друг потенцијално поголем трошок, како набавка на тој производ на пример. Вака не се оди напред.

    Имаме илјада вакви примери насекаде околу нас, дали било за производство на електрична енергија, дали за нафтени деривати и се поврзано околу нив, автомобили итн итн. Работите не се менуваат преку ноќ. За силиконот да се замени потполно, ќе треба пред се софтверот да напредне до таа мерка што ќе го искористува максимално денешниот хардвер, а гледаме дека тоа воопшто не се случува, што значи денешната технологија и те како има простор за да оди напред. А ние веќе летнавме во иднината каде што не само цел софтвер е заменет туку и максимално ја искористуваа таа нова технологија ... некако фалат чекори во секвенцијата по која ти се одвиваат работите.
     
    Krkac, gOJDO и на Chicco69 им се допаѓа ова.
  25. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,862
    3,792
    18 Септември 2013
    Машко

Сподели

Вчитување...