xenon
░1+1=1░
Тема наменета за вашите искуства со играње игри на далечина - односно системи во кои главното процесирање се случува на Х уред а приказот е на Y уред.
Би било добро да се дискутира затоа што т.н. remote play веќе станува сериозен феномен.
- Nvidia го нуди сервисот GeforceNow базиран на 3 ценовни категории,
- Sony излезе со Playstation Portal уредот со кој беше можно да се игра доколку се поседува PS5 конзола - иако сега се во најава да се прошири овој сервис со Cloud Gaming опција за оние кои имаат активна претплата на нивниот PS Now Cloud. Сони инаку како андроид апликација (а најверојатно и iOS) одамна нуди можност за RemotePlay бесплатно на сопствениците на конзолите.
- Steam нуди стриминг такуѓере. Лично го користам за играње со Lenovo LegionGO уред, работи без поголеми проблеми.
- Микрософт со Xbox нуди стриминг/remote play.
- Амазон го нуди Луна сервисот.
Дали користите некои од овие сервиси, каков е вашиот аранжман (хардвер/софтвер), преку кои мрежи најчесто играте (wifi/5g..), кои провајдери, каква латенција, која претплата, итн. итн. Препораки за контролери, адаптери и чудесии поврзани со оваа проблематика.