gokica
Модератор
- 13 јуни 2009
- 10.055
- 14.134
@gokica Уште еден совет за подолго да ти трае, што секогаш го кажувам кај новиве кајфуни.
Погледнете го атачментот 63679
Ишмирглај ги навоите на комората со многу лесен притисок и со извадена гумичка. Кецот можеби и не мора, или помалку. Двојката е од внатре и тоа е главното. Тој дел нон-стоп се отвора и затвора и ако има и најмала несовршеност, ќе ја кине гумичката. Можеби досега се научиле да ги прават добро, но не би имал доверба во кинеската прецизност.
Немој да земаш многу материјал, само израмни ги. Или барем провери ги со прст.
Со тек на време навоите сами ќе се разработат, но дотогаш може да искинат повеќе гумички.
Вечер кога ќе ја досркам манџава ќе го видам ова и ќе пробам да го средам. Ќе рапортирам како е на допир. Вака на прв поглед едноставно е се совршено. Најситните детали се перфекција. Дупчињата кои ги има на претек се еднакви и без никакви нерамнини. Се чудам како може ова за 14 долари да се продава.
Инаку @Astraion беше во право. Сега кога се намачка горното капаче се затвора како во мед.