Мислам дека го открив натрапникот.Прв атомизер на кој за два дена имам направено десетина билда. Последен ми е 3.0, 28 AW, со количина на памук спротивно на секоја логика. Го терам првиот тенк и сега за сега е ОК, но проблемите обично почнуваат со вториот, односно третиот ако полнам оддоле.
Мислам дека во оваа верзија проблем се каналите кои се комплетно отворени оддоле, за разлика од оргиналниот берсеркер. Едноставно, премногу течност. Од друга страна со премногу памук, се прави компромис со арома и е на граница на dry hit. Ќе терам утре вака, па ќе пишам како сум поминал.
Памуков пренесува течност најмалце дупло побрзо и повеќе од Кох Ген До, кој го нарачував претходно од ФТ. Одлично се покажа на КФ Прајм, Сирен 2 и Доги, нема никаков вкус и многу краток (речиси воопшто нема) период на прилагодување.
Како и да е, последниот билд (кој знае кој по ред) на берсеркер 1.5 мини го направив со КГД (последното парче во залихи) и еве веќе возам трет тенк без полава, прскање и преголемо викување. Билдот најнормален со нормална количина памук, 28 aw, 2,5 дијаметар, раздвоено, некаде околу 1,1 ома... и сето тоа со полнење од горе.
Ќе видам како ќе се покаже до вечер, ама сега за сега ветува.
Течноста која ја користам е 50/50 PG/VG, со тоа што кога ќе стигнат залихите ќе пробам и 30/70 PG/VG со памуков, би требало да биде ОК.