1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Електронски цигари втор дел

Дискусија во форумот 'Електронски цигари' започната од Metuzalem, 9 Април 2019.

  1. Chaeld10_8

    Chaeld10_8
    On your way to fame

    868
    682
    29 Март 2011
    Поголеми ќе си направат навој помали само ќе пропаднат во дупките :)
    Испратено од Redmi 7 преку IT.mk форум апликација
     
  2. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,305
    11,421
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    ^ Но можат и да го пукнат материјалот. И еве, пукал. И не би лепел (за случај да треба во иднина да го отворам)...

    Не знам, немам големо искуство со вакви ситуации.

    Јас би прашал овде (која димензија се шрафовите или би ја опишал ситуацијата и би прашал како да ја поправам). Ако сакаш, јас ќе прашам.

    А шрафчињата ќе се најдат на Али ако се знае димензијата.
     
  3. Chaeld10_8

    Chaeld10_8
    On your way to fame

    868
    682
    29 Март 2011
    Е па да то е 3то :( :) сепак е Дна :) не гледам некоја опција да се појача од внатрешна страна или да се сменат навој
    Испратено од Redmi 7 преку IT.mk форум апликација
     
  4. krema

    krema
    Professor

    9,489
    9,194
    24 Јуни 2009
    Машко
    Се заинатив и чекав да видам колку ќе трае набавката на еден производ, сакав да видам дали ќе ја поделат нарачката на два дела ама и тоа не се случи (порано ги делеа без проблем - циции) :) Конечно денес се комплетира и вероватно утре ќе ја шипнат.
    Скоро 2 месеца чекање од датумот на нарачката до денес. :D

    Screenshot from 2019-10-25 21-34-29.png
     
  5. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,305
    11,421
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Друга работа (но слична таква), си нарачувам нормално со кинеска пошта, демек тргнува и си свиркам...

    Кога ми викаат: „ни го вратија од царина. Сакаш да ти го препратиме со Сингапурска?“ Си викам, ај, чим частат... Ама тоа требало да чекаат да им стигне вратката, па дури денеска наводно го пуштија... Јас не ни проверував многу на тракинг, односно не ни видов ништо сомнително.

    Clipboard02.png
     
    На krema му/ѝ се допаѓа ова.
  6. krema

    krema
    Professor

    9,489
    9,194
    24 Јуни 2009
    Машко
    Е ова ми се бендисва. :)
     
  7. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    345
    181
    2 Април 2014
    Другари, го имам ова на сликиве, ке може некој да ми прати некое видео за неписмени како мене како да направи грејач (или како и да се вика) бидејки немам поима, а неколкуте видеа што ги пробав некако не ми испаднаа успешни. Моментално користам енура и ова го купив пред што знам може 7-8 месеци али никогаш не го искористив, али осекам дека е време да отидеме напред.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  8. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,305
    11,421
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Модот е добар, пробај да ја ставиш Ендурата на него и да ја возиш на 14 вати (плус минус 2-3 вати во зависност од расположение), а атомизерот е за дробно, и тоа dual coil, и тоа релативно комплициран за билдање, и тоа за него ти треба МНОГУ послаба течност од таа што ја користиш во Ендурата... Дури и да го избилдаш совршено, ќе ти биде жешко и јако додека да се привикнеш (ако сакаш да се привикнуваш), а многу е веројатно дека ќе ти тече и ќе те нервира...

    Вака, ќе ти кажев да го билдаш според ова видео, но малку чудно ми го става памукот (одоздола):



    Подобро би било според ова видео, но многу гњави, па можеш се` според првото видео, а само памукот според второто:



    Дополнително, намотките ми изгледаат несоодветни (мали), но пробај. Центрирај ги над дупките. Почни од 15 вати па качувај. Тоа памукче ти е доволно за едно билдање (едвај). :)

    Главно кај овој атомизер е памукот да биде притиснат до дупките од внатрешна страна и во него да нема дупче од каде што би можела да влезе течноста. Но не набиен. И МОРА послаба течност (со помалку никотин) иначе ќе те здрви.
     
    На crcic му/ѝ се допаѓа ова.
  9. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    345
    181
    2 Април 2014
    ок, видеата се супер, јасно ми е што треба да правам.

    што значи тоа послаба течност? имам едно 10-15 видови на различни течности, имам купечки од продавница имам и од тука што нарачував од еден дечко од Ресен (му го заборавив никот) али знаете верувам кој е, познат е тука.
     
  10. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,305
    11,421
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    За Ендурата најчесто се користи 6ка никотин (6mg/ml), или 9ка, а овде 2јка. Може да ги разредиш тие што ги имаш со ВГ, ама ќе изгубиш на арома.

    Тоа важи особено за купечките, тие веројатно се со повеќе ПГ во нив одошто ВГ, па мора да се додаде ВГ за да се згуснат, инаку ќе протече што и да му правиш (дури и да е совршено билднат), а и ќе реже/љути на вкус.
     
    Последна промена: 29 oктомври 2019
  11. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    1,031
    2,304
    28 Јануари 2017
    Машко
    Тој е дечкото :hay:
    Послаба во смисла помалку никотин како што кажа Метузалем. Кога веќе преминуваш на нешто “понапредно“ или менуваш стил на вејпање од МТЛ во ДТЛ, препорачливо е тенк со готови греачи, ако те бендиса тогаш да продолжиш на билдање, вака сопка имаш уште од старт.
     
  12. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    345
    181
    2 Април 2014
    Ке ти пишам за некој ден што да ми пратиш, малку да поекспериментирам со ова што го имам сега. Ме немаше бидејки се вратив пак на обични цигари, од невнимание, ми снема грејачи за ендурата (не размислував дека треба да ги имам секогаш на лагер бидејки нема да се купат од продавница) модот што ми стигна многу ми се виде комплициран итн... и едно цигарче, па уште едно и тргна арботата.... али сега сум спремен, имам резерви од се и сешто, овој пат ке ги баталам засекогаш (се надевам).

    Eve sega vidov, od kaj Sharlovski sum naracuval. Ако му кажам на него за каков уред станува збор ваљда ке може да ми направи прописно.
     
  13. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    1,031
    2,304
    28 Јануари 2017
    Машко
    Требаше за греачите да пишиш на форумов, јас имам скоро секогаш 20-30 на лагер. Бидна то ама, како да ти се пушеше по малце а, а? :hay:
     
  14. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    345
    181
    2 Април 2014
    По малку да, признавам, ама овој пат скроз ги баталив. Дома што имав цигари фрлив, зипото го испразнив и нов бензин не купувам, еве денес прв ден немам запалено. Требаше да ми биде втор ама вчера само што стигнав на работа ми рикна грејачот, а резервата цела дома. Е денес и во ранец ставив се, течности, резервен уред, полначи за нив, грејачи, така да артилерија не ме руши.
     
    На krema му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nikola230

    Nikola230
    Intern

    6
    7
    28 Август 2019
    Машко
    Здраво дечки, ме интересира сакам сега да нарачам течности од Fasttech па ако може некоја препорака што вреди да се проба, дали овие Black Note вредат за парите или некои други предлози. Позз
     
    На Metuzalem и crcic им се допаѓа ова.
  16. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    345
    181
    2 Април 2014
    Не знам дали си нов или стар, али ја ко гуштер ке ти кажам од Sharlovski да си нарачаш, ке ти погоди човекот се како што треба без да ризикуваш квалитетно и домаќински.

     
    На Sharlovski му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,305
    11,421
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    @Nikola230 Црните ноти не вредат за парите, односно ептен вредат ако еднаш сакаш да се почастиш, но ретко кој може финансиски да издржи цело време да ги вејпа само нив. Тоа се NET (naturally extracted tobacco) течности, значи најблиску до аналогна што може.

    Јас не би можел да се натерам себеси да купам некоја кога знам дека за тие пари можам да си направам ептен многу повеќе течност. :) Но и онака немаат многу ривјуа, изгледа луѓе не ги купувале, биле прескапи и за Американци и Европејци. :hay: Укинати (потрошени) им се сите освен овие две, кои мислам дека не вредат (нула никотин и ментол ќе ги поништат „придобивките“ на NET-овите). Интересно, приближно иста цена се на матичниот сајт, а во други продавници можат да се најдат поевтино. Но не знам како стои со шипинг од тие места и дали воопшто праќаат до кај нас.

    Од Фастек за други течности што сум земал ти пишав, но беше одамна и веќе сум ги заборавил, а не следам и не знам други...

    Општо, јас мислам дека на долг рок течности не се исплати да м`кнеш од странство цело време (да плаќаш поштарина одново и одново, а тежината веќе оди накај голема). Но кога ќе ги видам цените и квалитетот во единствената продавница кај нас, по малку се предомислувам. :hay: А останува она дека домашно готвена манџа секогаш е најдобра. :hay:
     
  18. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,305
    11,421
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Купонот на Фастек работи. Лупајте брзо за да бидете први на ред за праќање. :) Јас веќе си завршив работа. :innocent:
     
    Saso Trpenoski, fis1976 и на krema им се допаѓа ова.
  19. krema

    krema
    Professor

    9,489
    9,194
    24 Јуни 2009
    Машко
    Со лесно нека е. :)
     
    На Saso Trpenoski и Metuzalem им се допаѓа ова.
  20. VapeS

    VapeS
    Gaining Experience

    172
    229
    12 Август 2016
    Машко
    Прашано, чекам некој да одговори... Да не има некое пакетче со разни големини на мали штрафчиња на Али Експрес??
     
  21. VapeS

    VapeS
    Gaining Experience

    172
    229
    12 Август 2016
    Машко
    Другари, температурнава контрола многу слабо ја користам. Се си терам на кантал, 14 вати МТЛ, 1 до 1,10 ома жицата, 26 гејџ.
    Имам 24 гејџ стејнлес стил, сакам да ја истрошам...да ми препорачате сетап за температурна контрола.. 0,4 ома ми излезе коилов, со колку ференхајт да терам, со колку вати да ја грее.. имајќи предвид дека е тро подебела жица од оваа навикнатава?
     
  22. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,305
    11,421
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    За таа жица треба ептен да зголемиш снага или да дадеш preheat. Температурна контрола ако е правилно наместена би требало да се вози на најголема снага, а само регулираш со температурата, но кај кинеските модови има разлика, а јас и кај ДНА не возам така, заборавив поради што, можеби за да ги поштедам батериите. Јас би почнал со дупло вати од тие што би ти биле потребни за таков грејач во вати, со тоа што колку подебела жица толку поголем preheat, за оваа жица релативно голем. Ако си на ДНА е лесно, го поврзеш на компјутер и во Escibe гледаш колку вати ти троши грејачот при пафкање, па ставаш на нешто повеќе од тоа (а потоа го решаваш preheat-от). Дури не ни мора да го решаваш, јас еве не ни знам да ги објаснам што се тие поимите punch и слично на ДНА, оставив на default вредности или само благо ги прилагодив. Мене ми е важно во графиконот брзо да реагира и да не надминува скоро ич температурата.

    За грејачот нема никакви посебни барања, каков грејач направиш таков (освен ако не е ептен премала отпорност под 0,1 ом па модот/батериите да се мачат да го возат). Но затоа што SS има мал TCR, би било добро да биде со што поголема отпорност (најмалку 0,3 оми) за да може модот да ги детектира промените во отпорноста, а со тоа и во температурата. Јас за мене на ДНА ги правам скоро исти грејачи за усно и за дробно (освен што за дробно е малку поголем дијаметар) и општо, гледам грејачот да биде според атомизерот (да одговара на дупката за воздух, комората и потребите од памук), а не на модот (се разбира, почитувајќи го тоа да нема премала отпорност).

    Сите конекции мора да бидат бетон цврсти, на ДНА НЕ заклучуваш отпор, на сите други заклучуваш на ладен грејач. Можеби и на Арктик Фокс поновите верзии не треба да се заклучува. Се разбира, модот ти е наместен е на TC SS. Многу е подобро грејач со раздвоени намотки, но понекогаш може и со споени (слепени) намотки.

    Секогаш возам во целзиусови, кај скоро сите модови можеш да смениш (освен веројатно оние најстарите). Возиш фаренхајти до крај нагоре или надолу и ќе смени во целзиусови. Мене обично ми годи да парам на 200-230 степени Ц, а многу често (но не секогаш) на нов грејач треба да почнам од 180 степени додека не се „разработи“ па постепено да кревам (за да се одржи истото „чувство“). Не знам зошто е тоа така, но во секој случај, температуриве никогаш не се 100% точни поради различни фактори (надворешни температури, загореност на грејачот...), но се доволно блиску.

    TLDR: Грејачот ти е добар, намести на дупло вати одошто би го возел (60?), почни од 180 целзиусови и понатаму штелувај според вкус. :)
     
    gokica, Chicco69, fis1976 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  23. VapeS

    VapeS
    Gaining Experience

    172
    229
    12 Август 2016
    Машко
    Temperature protection константно...

    користам ДНА, го кладов на 180 целзиусови, напрајв со 20 вати да загрева, па со 25... цело време протекција...
     
  24. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,305
    11,421
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Не е грешка, само ти кажува дека работи. Кај ДНА може и да се исклучи да не го гледаш. Важно е тебе дали ти е добро, да не осеќаш сецкање.

    За таа жица мислам дека треба повеќе вати за да биде добро (да не се мачи и да не сецка). Јас би почнал со 60, можеби и 40 ќе помине. ДНА не надминува зададена температура дури и во preheat.

    Едит: Еве пример (а и да се пофалам). :)

    Clipboard01.png

    Многу се гордеам со температурата (црвената линија), оди право нагоре и веднаш застанува на другата црвена линија (саканата температура) и не мрда (на средниот пуф при крајот прекинував и пак почнував со влечење, точно е онака како што беше, што се гледа и по горните графикони на батериите и зелениот на ватите).

    Во првиот момент кога ќе се допрат двете црвени линии (посакуваната и моменталната температура), модот ќе исфрли порака TEMPERATURE PROTECTION, што не е грешка, туку он сака да си се пофали дека работи добро. :hay: Кај мене е исклучено тоа.

    Сега гледам дека имам многу голем preheat, го бев намалил на другиот мод, а на овој изгледа не, па тоа веројатно е причината што црвената линија е толку стрмна.

    Еве за евиденција како се сетинзите:

    Clipboard02.png

    Сега намалив на Power 30 W и Preheat Power 60 W и графиконот е скоро ист (да не ставам уште една огромна слика сега).

    Друга работа што се гледа од графиконот е дека во суштина најголемиот дел од парењето ми се одвива на 7 вати (зелената линија). :hay: А не е намерно, не сум местел така. AWG 26 жица е.

    И трета работа што ме нервира, две од батериите ми се трошат побрзо од третата и секогаш се со пониска волтажа, тоа е од старост (многу се изнаработени). Тоа се најгорните линии. Уште малку да стане разликата поголема и ќе треба да ги разведувам. :oops:

    Само, му имам правено термално калибрирање на модот и мерење на интерната отпорност, а и користам пресет за SS од корисникот Jaquith (гуглај jaquith SS profiles), имаше различни верзии од 3 нагоре (и во децимали), овој е верзија 3,25 што мене најмногу ми одговара, мислам дека колку е повисока верзија толку „поостро“ е, но можеби се лажам. У ствари, ај да ги прикачам профилите што сум ги собрал, нека се најдат. Повеќето ги немам ни пробувано многу (или ич :hay:).
     

    Прикачени датотеки:

    gokica, Chicco69 и на fis1976 им се допаѓа ова.
  25. fis1976

    fis1976
    On your way to fame

    458
    874
    15 Март 2016
    Машко
    Порачав од Али, стигна за 15 дена, проверено scratch and check, автентичен е.

    ПС
    Многу креативни Кинезите, ме изнасмејаа (фото 2)[​IMG][​IMG]

    Sent from my Mi A2 Lite using Tapatalk
     
    На gokica, krema, Chicco69 и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...