Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Рецензија [Екстензија] time.mk RSS Feed

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.781
33.884
roka.mk
Здраво,


Пред некое време си направив мала Chrome екстензија за лична употреба, сакав да добивам известувања за нови вести на time.mk без постојано да го отворам сајтот. Но, пошто sharing is caring, решив да ја споделам и со другите.


Што прави?


Екстензијата се поврзува со RSS фидот на time.mk и ве известува веднаш штом ќе се појави нова вест во категориите кои вие ги избравте. Нема потреба рачно да го проверувате сајтот, екстензијата тоа го прави наместо вас.


Главни функции:


  • Избирате до 5 категории кои ве интересираат (Македонија, Свет, Спорт, Технологија и др.)
  • Автоматско освежување на секоја минута, или на интервал кој сами ќе го поставите
  • Push нотификации во браузерот за секоја нова вест
  • Можност да ги вклучите/исклучите нотификациите кога ви одговара
  • Со еден клик на нотификацијата директно отворате ја веста
  • Додека е отворен прелистувачот, екстензијата работи, без разлика дали е idle или не.

Како се користи?


  1. Ја инсталирате екстензијата од Chrome Web Store
  2. Ја отворате и избирате до 5 категории кои ве интересираат (можете и само една).
  3. Готово! екстензијата работи во позадина и ве известува само за она шо ве интересира.

Екстензијата е целосно на македонски, бесплатна е и не собира никакви ваши податоци.


time.mk RSS Feed – Chrome Web Store


Ако имате прашања, предлози или забелешки, слободно пишете да ја направиме да биде подобра и пофункионална.

П.М.С пуштена е и за Mozilla но чека одобрување сеуште, чим ја пуштат ќе пучтам линк и од таму.
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.781
33.884
roka.mk

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.477
2.924

Ете го и на мозила го одобрија.
Фала ти, баш ќе прашвав за нас, мозилашите дали ќе има.
Супер, ќе го пробам сега.
 

Steff_92

hello world
28 јули 2017
293
210
Куманово
Почнав да го користам и ми се допаѓа.

Забелешка и прашање:
- Екстензијата ми е пинувана и си го користам приказот за читање на новите вести што ги нашол како нови, но доколку наидам на нешто интересно што сакам да го прочитам, не можам со middle клик, не можам со десен клик туку морам со лев клик да го отворам линкот, а во тој момент сите останати ми ги означува како прочитани (не се new).
Е сега не сум сигурен дали во листава остануваат само тие што биле нови непрочитани (пример 33) и да се вратам да ги дочитам, или има одреден број на приказ во листата 50, па 33 се новите и 17 остатокот.

1777533693424.png
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно