D
Администратор
Во последните три дена, откако се оправи Cloudflare и успешно се справуваше со директните DDoS напади врз IT.mk, напаѓачот презеде дополнителни активности врз други ресурси кои влијаат на нормалното функционирање на сајтов - детали во оваа фаза нема да споделуваме.
1. На Cloudflare плаќаме Business план $200/месец.
2. Точно, за жал не успеавме целосно да се справиме со нападот без да има привремен downtime. За тоа постојат многу причини.
Дел е поради обемот на нападот (1.15B requests до сега), неговата конзистентност (секојдневно 1 месец - има разлика во справување со краторочни напади vs долгорочни), непостојаното функционирање на сервисите од кои што зависиме (Cloudflare), одбивањето да идеме на целосен блок (поради штетата којашто ќе ја претрпиме од тоа на долг рок - 51% од сообраќајот е од organic traffic), ограничените ресурси на проектов и слични работи - ќе се обидеме да ги сумираме во една читлива варијанта кога се ова ќе заврши. Дел од работите се наша вина, дел не се, ама тоа е природата на работата.
DDoS-ирање е генерално кукавички начин да причиниш штета на некој. Ама тоа е, некој се решил и си тера. Во позадина напорно се работи на тоа да случајов види светлина и служи како пример како не треба.
Маиците се направени исклучиво за забава. Од маиците имаме ќар по 100 денари на продадена маица кога ќе се вклучи доставата. До сега се продадени 11 маици, можда ќе се продадат уште 4-5. Воопшто не е фокус комерцијализација на настанов - туку е за кревање на свесност и поттикнување на дискусија.
Од овој еден месец напади заклучив:
- Cloudflare не успеа успешно да си ја заврши работата, можеби не се фокусираат многу на Free корисници.
- ИТ форумов не успеа успешно да ги ублажи овие напади без downtime скоро 1 месец.
1. На Cloudflare плаќаме Business план $200/месец.
2. Точно, за жал не успеавме целосно да се справиме со нападот без да има привремен downtime. За тоа постојат многу причини.
Дел е поради обемот на нападот (1.15B requests до сега), неговата конзистентност (секојдневно 1 месец - има разлика во справување со краторочни напади vs долгорочни), непостојаното функционирање на сервисите од кои што зависиме (Cloudflare), одбивањето да идеме на целосен блок (поради штетата којашто ќе ја претрпиме од тоа на долг рок - 51% од сообраќајот е од organic traffic), ограничените ресурси на проектов и слични работи - ќе се обидеме да ги сумираме во една читлива варијанта кога се ова ќе заврши. Дел од работите се наша вина, дел не се, ама тоа е природата на работата.
DDoS-ирање е генерално кукавички начин да причиниш штета на некој. Ама тоа е, некој се решил и си тера. Во позадина напорно се работи на тоа да случајов види светлина и служи како пример како не треба.
Мора малку внимание. Маициве да добијат на значај и да стекнат популарност![]()