Побарај позлатен конектор од брендот Tasker во Логинг, потполно исто вака изгледа како на твојата слика со една плава лента на металниот дел. Имам таков ставено на продолжеток од кабел за слушалки, купен и кабелот од кај нив и не ми наплатија за залемувањето. До ден денешен функционира беспрекорно а купен е одприлика пред 6-7 години.Ми се зафркна USB кабелот на слушалките вчера, за моја среќа кај 3.5мм конекторот што иде во слушалките. И реков наместо да нарачам заменски кабел од Алиекспрес одма, да пробам да го поправам конекторот (нема што повеќе да го сјебам either-way, а за слушалкиве веќе има диајграм за жичките на нет). Така да ми треба 3.5мм џек. Освен во Логинг, дали може и во друго место да најдам вакво?
Погледнете го атачментот 102657
Колку се доплаќа за таа услуга?
Прашав неколку страни поназад и никој не ми одговори. Ај да пробам пак...што може кај нас да се најде солидно до кај 2000-2500 ден безжични слушаки, преферирам over ear, пошто носам наочари и сакам да ми бидат покомотни. Да може без проблем да се поврзат на тв, со претпоставка дека имаат онакво bluetooth usb стикче за поврзување. Или пак, попаметно би било ear buds, така ќе можам и надвор да ги користам со телефонот. Сигурно за истата цена и поквалитетни ear buds може да се најдат отколку стандардни over ear слушалки.
Едноставно многу рамно звучат.
Преслаби се.
Се слушаат перфектно чисто, ама немаат никаков удар, вибрација... едноставно само се слушаат, а не се чувствуваат.
Topping L30 не е ни оддалеку "доволен" засилувач за слушалки со таа звучничка единица. Бараат повеќе струен капацитет, и многумина се разочаруваат во можностите на слушалките во ситуација во која немаат доволно струја.
Така треба - не е тоа bass shaker.
Дизајнот на K712Pro не дозволува директен тактилен фидбек како што тоа го имаат, да речеме, слушалките од Sennheiser HD5xx/HD6xx серијата - не ни очекувај body slam од слушалка.
Можеби имаат многу помоќен звук што не го добивам со ова појачало.
посебно субфреквенциите не се комплетни без сензацијата што ја предизвикуваат.
Тоа е посебна карактеристика што треба да ја има слушалката за таков ефект или?
- Преслаби се. И покрај Topping L30 појачалото (за кое од членови овде, а и на други форуми добив потврда дека е доволно за овие слушалки) никако не може да се постигне задоволувачка моќност, колку и да појачувам на појачалото. Звукот е квалитетен и чист, ама нема никаков жар, посебно на драматични делови во игри или кулминативни делчиња во рок музика. Едноставно многу рамно звучат.
Beyerdynamic DT 770 Pro
Ти веќе си го искусил стандардниот карактер на слушалките, и тој нема драстично да се смени со друг засилувач. Тоа се студиски слушалки, и малку е нефер кон нивната конструкција да се очекува да се покажат во извонредно светло како гејминг слушалки - затоа постојат гејминг слушалки оптимизирани за таква околина (преку фрекфентен опсег, конструкција, и потенцијал за засилување).
Но тоа не можеш да го очекуваш со слушалки, освен во специфични услови, и дури и тогаш е многу ограничено и во основа, преку "финта". Сензацијата е секогаш пропорционална на големината на звучниот извор и неговата јачина. Ако го намалиш звучниот извор, можеш да ја зголемуваш јачината, но само до одреден степен - не сакаш да ти експлодираат звучнички единици кои стојат на 10мм од ушните школки.
Слушните сензации се комбинација од конвекција (воздушно спроведување) и кондукција (коскено спроведување). Кондукцијата е одговорна за " резонирањето во гради". Со слушалки, кондукција е мисловна именка, освен ако се лажира делумно преку конструкцискиот дизајн. Затоа ги споменав HD5xx/HD6xx, кои користат комбинација од две работи (1) поголемо налегање на главата и (2) директен притисок на мастоидниот израсток позади ушната школка да симулираат кондукција.
А што користеше како извор (DAC)? Многу од денешните дакови имаат preamp секција, случајно гласноста на дакот да не ти беше намалена? Чисто ме интересира ова, затоа што јас користам JDS Atom засилувач и никогаш не оскеќам дека AKG K702 (иако hungry for power) дека се тивки или дека им фали power.
Барем DT770 Pro можеш да појдеш со твојот засилувач, DAC и лаптоп и да си ги пробаш во Vision за игри и музика.
Иако, не заборавај дека DT770 Pro се студиска алатка и не се баш најпријатни за носење подолго време. Еве ги мене ми дремат во фиока веќе неколку месеци од кога купив отворени слушалки, ептен ретко ги користам кога гледам филмови на таблетот/лаптопот.
И јас исто ги имам и Bayerdinamic DT770 Pro само 250 Ohm-те, не е толку проблем кабелот, посилен притисок ствараат на главата и побрзо се поти увото по подолги сесии на користење. Дека се од затворен тип имаат малку „подлабок“ бас али за мене таа разликата не е толку битна особено не за игри, каде за некои FPS игри практикувам преку EQ APO и HeSuVi плагин-от да ги намалам бас фреквенциите и да ги појачам високите фреквенции за покристално одредување на насока. Рачунај и на DT770 250 Ohm им треба солидна снага за да ги придвижи, ако се одлучуваш за нив за гејминг подобро решение ќе ти биде 80 Ohm варијанта која секако нема coiled кабел, за жал кај нас а ни на Thomman.de мислам дека ги нема на понуда Beyerdynamic Tygr 300 R кои се солидни Allrounder слушалки. Tygr 300 R се дефакто DT880 Pro само со поефикасни драјвери 32 Ohm наместо 250 Ohm или 600 Ohm кај DT880Pro/EDITION (600 OHMS).Технички, гејминг слушалки се само слушалки со додаден микрофон и не значи дека гејминг слушалки даваат подобра репродукција на звук во игри од студиски/аудиофилски. Да, некои повеќе одговараат за гејминг, но не мора да се „гејминг“ слушалки.
Многу интересна работа ова. Ми појасни некои работи кои ги немав размислено. Фала за објаснувањето.
Немам посебен DAC, го користам излезот од матичната и звукот на Windows го ставам на 100/100, да нема ограничувања.
Да, тоа ми е планот.
Колку омски ти се DT770? Читав некаде дека витканиот кабел кај 250 Ω верзијата ги прави дополнително потешки и заради тоа биле понеудобни. Иначе баш наоѓам пофални зборови за комфортот. На кој како ќе му клапне изгледа.
Немам посебен DAC, го користам излезот од матичната и звукот на Windows го ставам на 100/100, да нема ограничувања.
Колку омски ти се DT770?
Пробував со Equalizer APO да направам подесување ама поради некоја причина нејќе да работи ко што треба на мојов Windows. Што и да подесувам од параметри, нема никаква промена во звукот. Подетално имам пишано за проблемот овде. Уште не сум нашол решение. Ама ме инспирираше сега да му најдам решение, можеби ќе ги видам слушалкиве во друго светло. :vHint: За да излечеш поголемо уживање на AKG K712 Pro пробај во HeSuVi со опцијата за EQ од Sennheiser HE 60 IF (IF е според Innerfidelity мерењата за Harman таргетот). Јас лично го користам тоа поддесување кога сакам на AKG K702 да чујам подлабок звук. Не се откажувај од AKG K712 си вредат слушалките за сите пари, и преку вакви софтверски алатки особено за користење на компјутер имаат огромен потенцијал за промена на звукот во насока во која сака слушателот. На пример кај мене на HD660S нема толку големи измени како кај AKG K702.
На сликата е графата за HE 60 IF, HeSuVi плагин-от те ја олеснува селекцијата на различни таргeти лесно да менуваш како ти одговара за било која слушалка што ја имаш, инаку во EQ APO можеш истото да го направиш само треба еднаш рачно да ги внесеш вредностите за секоја фреквенција и да си го снимиш фајлот, а вака не треба да го мислиш плус изборот е огромен.
Погледнете го атачментот 102991
Истотака за Topping L30 провери си го серискиот број, ако ти е од првите серии тие имаа големи проблеми на многу луѓе им изгореа слушалки со него.
Topping recall
Може излезот на матичната да е многу слаб. Што често се случува и затоа да ти звучи се потивко.
Па да, ама затоа е појачалото тука нели. Ко што знам DAC-от нема да направи разлика во јачина пошо нема во себе појачало, не?
Пробував со Equalizer APO да направам подесување ама поради некоја причина нејќе да работи ко што треба на мојов Windows. Што и да подесувам од параметри, нема никаква промена во звукот. Подетално имам пишано за проблемот овде. Уште не сум нашол решение. Ама ме инспирираше сега да му најдам решение, можеби ќе ги видам слушалкиве во друго светло. :v
Ко што знам DAC-от нема да направи разлика во јачина пошо нема во себе појачало, не?
побарај си замена ако сеуште важи акцијата, не ти мења ова на звукот ништо инаку, само има некоја лоша конекција што може да ти ги спржи слушалките при статичко празнење . Во функција на уредот нема да имаш разлики и сл. Ќе ти пратат нов без адаптер заменски. Зависи од каде си го нарачал.wtf??? Јас сум со 2010 серија...
Појачалото ти е поврзано на Line out од матичната?Пробував со Equalizer APO да направам подесување ама поради некоја причина нејќе да работи ко што треба на мојов Windows. Што и да подесувам од параметри, нема никаква промена во звукот. Подетално имам пишано за проблемот овде. Уште не сум нашол решение. Ама ме инспирираше сега да му најдам решение, можеби ќе ги видам слушалкиве во друго светло. :v
wtf??? Јас сум со 2010 серија...
Па да, ама затоа е појачалото тука нели. Ко што знам DAC-от нема да направи разлика во јачина пошо нема во себе појачало, не?
Пробај инсталирај ги APO драјверите како SFX/EFX (Experimental).![]()
Sent from my SM-G988B using Tapatalk
Од Aliexpress го нарачав. Не верувам преку нив да можам замена да побарам ама ќе пробам.побарај си замена ако сеуште важи акцијата, не ти мења ова на звукот ништо инаку, само има некоја лоша конекција што може да ти ги спржи слушалките при статичко празнење . Во функција на уредот нема да имаш разлики и сл. Ќе ти пратат нов без адаптер заменски. Зависи од каде си го нарачал.
Dac-от има пред-засилувач. Ако тој предзаслувач не е како што треба, може и тоа да се случува. А некогаш е и до софтверот. Расчепкај по сетинзите и драјверите дали имаш да го подесиш како line out или нешто слично.
Појачалото ти е поврзано на Line out од матичната?
Од мое искуство кај мене имаше солиден скок во квалитетот на звукот кога прејдов и од USB Аудио Интерфејс на посебен DAC како извори на звук што го хранеа појачалото. Немам пробано од излезите на матичната директно во појачало да видам како би бил така звукот, но за моите потреби замислен беше целиот систем да оди преку екстерен DAC во појачало ради елеминирање на шум и приклучување и на дополнителни извори на музика.
Да прашаш во Pix+ ако сакаат да ти излезат во пресрет, да го однесеш појачалото и слушалките кај нив да го преслушаш на некој од демо уредите за да видиш дали ќе ти направи разлика доколку го приклучиш на посебен DAC, сега они носат Toping, SMSL и Gustard и има колку толку некаков избор на уреди.
Не ми се верува, преку ова Configuration Editor има ефект подесувањето. И тоа има ефект и на звучниците и на слушалките, без разлика кој уред ми е избран во Device. Ич не ми е јасно шо се дешава, ама работи. До сега подесував преку Peace шо е GUI за APO ама ништо не функционираше од таму. Едино што овде ми изгледа многу понапредно (покомплицирано) за подесување, ама ќе се снаоѓам.А за EQ-APO пробај преку Configuration editor да си ги внесеш вреднсотите, и на тој начин ќе провериш дали ти е инсталиран за тој уред што го користиш дека ќе ти јави pop-up на почеток да те праша дали на некој уред треба да се инсталира ако не бил претходно инсталиран.
Кај мене се отприлика вака поддесени Parametric филтрите за HD 660S, за дополнително „неутрализирање“ на слушалките според Harman таргетот, само што во моментов се исклучени, за овој уред (Onyx Artist 1-2 е USB Audio интерфејсот). Во твојот случај кај Device би требало да стои Realtek Digital/HD Audio/Output зависно од кој излез ќе го користиш. Една од причините зошто го препорачувам HeSuVi е дека полесно е за избирање на разни параметрички филтри како овој подоле што се веќе преконфигурирани од разните бази на податоци (Inerfidelity, Crinacle и сл.) и селекцијата на разните уреди е по user friendly како на помалата слика.
Погледнете го атачментот 103018 Погледнете го атачментот 103019
А и се ти е на дофат ако треба да чепкаш со влезни/излезни уреди од APO.
Погледнете го атачментот 103020
Нема везе (едино селерот да ти прави проблем), мене од Али ми го заменија без проблем, само линк до пост-от што ти го пратија предходно со нивната декларација дека вршат замени, и слика од серискиот број на твојот уред ќе му пратиш. Во мојот случај одма си прифати и испрати замена без никакви прашања што зашто.Од Aliexpress го нарачав. Не верувам преку нив да можам замена да побарам ама ќе пробам.
Бесплатна достава
COOLERS CASE FAN 120mm ARCTIC P12 Pro PST LN, Low-Noise PWM, 450-2000 RPM, BLACK, ACFAN00343A
740,00 ден
Бесплатна достава
CABLES NET PATCH FTP CAT5e 15m Gray Secomp, 21.99.0115-25
395,00 ден
Бесплатна достава
CABLES MONITOR HDMI M-M 3M Secomp, 11.99.5543-10
230,00 ден
Бесплатна достава
MICROPHONE WIRELESS SYSTEM BOYA LINK 3-01, 2xMIC, USB-C, Lightning, 3.5mm, Black, BOYA LINK 3-01
8.200,00 ден
Бесплатна достава
KEYBOARD WIRELESS MECHANICAL KEYCHRON Q5 MAX QMK/VIA RGB Al. body, HS Gateron Jupiter Brown, 2.4 GHz & BT, Carbon Black, w/knob, Q5M-M3
15.200,00 ден
Бесплатна достава
COOLERS CPU ARCTIC Freezer 36-S (SINGLE FAN) Intel LGA1700, LGA1851/AMD AM5, AM4, ACFRE00194A
1.590,00 ден