Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Алтернативен превоз (велосипеди, тротинети)

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.692
12.532
Skopje
www.wemaxa.com
Темава ја започнувам заради актуелните цени на горивата кои одат во плафон, моментално ближат накај 100 ден/л со проекции да одат до 150-200ден./л. во блиска иднина ако не се промени нешто на блиски исток.

Првенствено како предупредување, да не биде како рамот / графичките и општо хардвер, да оние кои немаат си обезбедат некакво средство за превоз што не зависи од фосилни горива затоа што освен цените што одат во неразумни граници постои и можност недостаток на горива.

Моментално сме во некоја пред-сезона (16 март) и маркетите кои дистрибуираат велосипеди/тротинети и сл. обично не проектираат лагер за криза и катаклизма на генералниот превоз туку за стандардна потрошувачка. Ако цената отиде над 100, ќе има навалица и нормално скалпирање со цени.

Освен ова, да се дискутираат најоптимални начини за превоз со алтернативни средства:
  • што користите
  • кои рути ги користите во кој временски период
  • дали велосипед/тротинет/е-скутер и сл. ви е главно или споредно превозно средство
итн.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.622
3.169
Ќе отвориш тема и за алтернативна храна?
Со оглед дека за храна ти треба ѓубриво а тоа се прави со плинот кој исто така е со енормен раст, па очекувај за 3 месеци интересни цени на пазарите. Лов и риболов или нешто друго?

Верувам дека ќе има бум за споделување превоз. Ако имам комшии со кои можам да споделам возење и намалам трошоци - зошто да не се возиме 4ца наместо секој сам? Ќе дојде и поефтино на месечно ниво.
Еве ви бесплатна идеја: Направете апликација за тоа, пред некој да направи фејсбук група која ќе биде запоседната од диви таксисти.
 

psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.500
31.939
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Храната т.е. нејзината цена е обратно пропорционална со нејзиниот ефект на здравјето, генерално колку поскапа, толку полоша.
 

Manis

hello world
14 јануари 2026
140
57
Има во ледиком хиоми тротинети за 18.000 ден. Мислам дека и по евтино може да се најде по огласи малце половно. А скутери електрични скапи се по 50.000+ ден.
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.692
12.532
Skopje
www.wemaxa.com
Xiaomi тротинет моделите се одличен секојдневен избор за превоз од А до Б, со брзини до 25км/ч (повеќе од доволно!), ок автономија, ергономија и доволно време се на пазарот за еден куп резервни и заменски делови до најмало штравче на многу локации.

Веќе имаме и неколку луѓе што работат доградби и надградби:
  • промена на постоечки батерии или замена со поголеми и сл.
  • додавање на мотор на оние со само 1 погонско тркало
  • замена на гуми со полни гуми (не сум некој љубител на ова, но барем нема смарање со дупнати гуми)
итн.
 

StefanPetrov

lurker
5 април 2016
525
910
StefanPetrov's setup  
Processor & Cooler
12700F / Arctic Liquid Freezer II 240
Motherboard
MSI PRO Z690-A DDR4
Storage
1TB Firecuda 520 SSD / 500GB Kioxia Exceria SSD / 1TB WD HDD
PSU
Asus ROG STRIX 750W
RAM
32GB G.Skill Aegis 3200 MHz
Video card
EVGA 3080 FTW3 Ultra 10GB
Case
Modecom Volcano Amirani White
Mouse
Razer Deathadder V2
Keyboard
Cooler Master MK730 Brown Switches
Monitor
LG 32" 165Hz QHD
OS
Windows 10 / Ubuntu
Јас почнав да се бањам со комшиката. Верувам дека заштедуваме некој процент на вода. :D
Must be nice, мене комшиите ми се дедо од 80 години и тип од 180 кила.

А на топикот, брат ми има тротинет од првите генерации Xiaomi едно 4-5 години сега, брка работа и добар е во Скопје ама во другите градови (Битола пример) тешко.

Единствена мана му се гумите. Ако е со обични гуми мнооогу често се дупат и се тешко да се сменат и извадат, па затоа му ставивме од оние тврдите пластичните и сега океј е ама многу вибрации има. Јбг нема сите убајни
 

The_Real_Vojvoda

poweruser
26 октомври 2012
2.151
3.443
Скопје
The_Real_Vojvoda's setup  
Processor & Cooler
i7 4790k @4.5ghz - 1.2v || Noctua D14
Motherboard
Asus z97-A
Storage
OCZ Vector 128gb (OS) + Samsung 840 pro 512gb + WD Blue 320gb + WD Blue (EZEX) 1TB
PSU
Antec TPC 650w 80+ Gold
RAM
2x8gb DDR3 G-Skill Sniper CL11 @2400mhz
Video card
XFX RX 580 GTS
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Logitech G502 Proteus Spectrum/Logitech G400S/Logitech mx310
Keyboard
Asus Strix Tactic Pro ( CherryMX Brown)
Audio
E-MU 0202 + Marantz sr5500 + DIY speakers + Eltax Atomic A 10 sub + SteelSeries 9h
Monitor
Dell U2414H 1080p @74hz
OS
Windows 10 Enterprise LTSB
Алтернативен превоз до каде ? До работа ? Шетање преку викенд ?

Јас лично на работам патувам пешки. Од спална до работна соба.

Инаку настрана тоа, се е склоп на можности.
Тротинет е супер опција aко си под 110-120кг, и ако има каде да го оставиш. Во услови кога повеќето ќе се свртат кон нив како алтернативно средство за превоз каде ќе го оставиш ?
Велосипед можеш каде сакаш да го врзеш, ама немаме добри услови. Чим стигне 27-28 степени надвор кога ќе стигнеш на работа си испотен лом и не е пријатно. Дополнително многу лесно може да ти го украдат велосипедот и да испадне многу поскапо од разликата во горивото.

Автобуси се ок опција, ама ако живееш меѓу максимум до 3-4 станици од почетната станица на линијата. Над тоа нема да можеш да влезеш и да сакаш ( зависно од линијата).

Делење на превоз со луѓе не функционира баш долгорочно, бидејќи не секој оди од дома на работа и пак до дома веднаш, некогаш постојат активности над типичното патување работа-дома, и тука е притисокот дека си со свое возило а си обврзан со други луѓе.

Разлика во гориво ?

Хипотетички ако патуваш еве 8 км во правец, значи 16км дневно, 22 дена во месецот со просечна потрошувачка во градски услови од 8 литри на 100, со старите цени од 71 мкд по литар за дизел, ти се точно 2000 денари за дизел месечно. При 50% ( сега сме на 30%) поскап дизел, тоа се дополнителни 1000 денари месечно.

Ќе компензираш едно идење во кафана помалце месечно, и ќе ти дојде идентично како и да не поскапело горивото.
Ќе си правиш сендвичи од дома наместо купување на храна на работа ќе ти дојде дури и значително поефтино.

Инаку овие вештачки пумпања на цени не се логично издржани и верувам дека ќе бидат краткорочни.

Бидејќи околу третина од вкупната нафта проаѓа низ тој теснец, и од целиот тој проток претежно се снабдува Азија за која што е отворен и функционира односно околу 40% патува кон Запад и Европа.

40% од 33% е 13.2% вкупно.

Зошто за 13.2% разлика во снабдување со нафта би имале долгорочно драстично повисоки цени, па дури и двојни ?

Еве ви еден интересен факт, до пред недела дена во утринските часови кога понежната половина ја носам на работа, по улицата која што се движам се создава колона што е речиси секогаш околу 1.4 километри. Од пред неколку дена таа е намалена на не повеќе од 300-400 метри. Што значи дека значителен број на луѓе веќе не ни користат автомобили за да патуваат на работа и го искористуваат сончевото време со алтернативни методи.

Верувам и дека во другите држави е така и тоа ќе резултира со намалена побарувачка на гориво и евентуално стабилизација на цените.

Мене повеќе ме плаши сајд ефектот што ова ќе го има ако трае подолго врз останатите производи (храна).
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.622
3.169
Инаку овие вештачки пумпања на цени не се логично издржани и верувам дека ќе бидат краткорочни.

Бидејќи околу третина од вкупната нафта проаѓа низ тој теснец, и од целиот тој проток претежно се снабдува Азија за која што е отворен и функционира односно околу 40% патува кон Запад и Европа.

40% од 33% е 13.2% вкупно.

Зошто за 13.2% разлика во снабдување со нафта би имале долгорочно драстично повисоки цени, па дури и двојни ?



Мене повеќе ме плаши сајд ефектот што ова ќе го има ако трае подолго врз останатите производи (храна).
Ако сите денес јадат по кило храна, а од утре ќе има по 870 грама за секого, сите ќе останат неухранети, или ќе се крене толку колку што ќе прифати пазарот. Некои ќе имаат 1100 грама, некои ќе престанат да јадат.
 

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.672
3.760
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Не е тротинет за деца:
 

LambertGolden

hello world
4 декември 2019
253
103
Xiaomi тротинет моделите се одличен секојдневен избор за превоз од А до Б, со брзини до 25км/ч (повеќе од доволно!), ок автономија, ергономија и доволно време се на пазарот за еден куп резервни и заменски делови до најмало штравче на многу локации.

Веќе имаме и неколку луѓе што работат доградби и надградби:
  • промена на постоечки батерии или замена со поголеми и сл.
  • додавање на мотор на оние со само 1 погонско тркало
  • замена на гуми со полни гуми (не сум некој љубител на ова, но барем нема смарање со дупнати гуми)
итн.
зопто не си љубител на замена на гуми со полни гуми, кој проблем се јавува?
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.692
12.532
Skopje
www.wemaxa.com
зопто не си љубител на замена на гуми со полни гуми, кој проблем се јавува?

1. Монтажата е неверојатно тешка
2. Ако не се монтира соодветно и ако не се стави соодветна полна гума, ќе пролизгува гумата врз бандажот т.е. ќе неможеш да закочиш.
3. Не реагираат добро на топлотни промени полните
4. Никаква амортизација, сите вибрации ги јаде рамот и телото
5. Без амортизација, најмали нерамнини дупки итн лесно знаат да влијаат на правецот на движење
6. Потешки се

Има и други причини. Имам едно Е-Twow тротинетче со полни гуми, ок е онака затоа што е многу компактно, ама го користам ретко..
Eве Џипити како сумира:

1773740124525.png
 
18 август 2019
1.210
1.176
Не е тротинет за деца:
На тротинет не смеат да се возат двајца.
На пешачки тротинетот се турка.
Тротинет не се вози по тротоар или пешачка патека.

Значи родителите се виновни, првин нека ги воспитаат децата, потоа нека им купуваат тротинет.

Ако добро забележувам и велосипедистот ги крши правилата.
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.782
33.887
roka.mk
Моментално пешки до 4км во правец, над тоа палам кола ради поѕрошеното време. Оваа алтернатива не ради цената на горивото туку зошто обожавам да пешачам, дур земам точак електричен потоа вероватно со точак и повеќе од 4км.
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
На тротинет не смеат да се возат двајца.
Не смеат.

На пешачки тротинетот се турка.
За разлика од велосипед, каде што е експлицитно наведено дека треба да се турка, за ел. тротинет не е. Не само што не е, туку законот вели ако нема велосипедска патека, тротинетот треба да се вози по пешачка патека, тротоар или друга површина за пешаци но со максимална брзина од 6 км/ч.

Од друга страна велосипедот треба да поминува коловоз преку велосипедски премин кој најчесто е над (по) пешачкиот и одвоен од него со квадрат над секој дел од зебрата - просторот каде што некаде е обоен црвено.
Тротинет не се вози по тротоар или пешачка патека
Се вози, ако нема велосипедска. За разлика од велосипед кој во случај да нема велосипедска треба да се вози покрај десниот раб од коловозот.


Додатно, возачите на тротинет мора да носат шлем, а навечер и рефлектирачки елек. Велосипедистите не.
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.692
12.532
Skopje
www.wemaxa.com
Според мене, СИТЕ треба да имаат навечер сигнализација. Не сме 1950-та па да треба динамо за да напојува волфрамова сијалица! Лед предни и задни светла за велосипеди има по 300 денари за пар. Тротинетите доаѓаат со предно/задно светло а во последно време и со трепкачи. Така да не е никакво оправдување учесник во сообраќај во 21ви век да биде неосветлен.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.622
3.169
Париз до Монако, 1300 км на моментално најдобриот ел. тротинет од Дуалтрон.

View: https://www.youtube.com/watch?v=_IGnd5-Y4gM


Инаку се работи за овој тротинет,
Глупаков се вози ко да е на точак. Има разлика во опрема на точак и мотор, затоа што различна им е брзината. Таа кацига е можеби супер, ако паднеш при брзина 20км/ч. Лудакот вози со 100, па при тој пад, без соодветна заштита би станал флека на патот.
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.692
12.532
Skopje
www.wemaxa.com
Глупаков се вози ко да е на точак. Има разлика во опрема на точак и мотор, затоа што различна им е брзината. Таа кацига е можеби супер, ако паднеш при брзина 20км/ч. Лудакот вози со 100, па при тој пад, без соодветна заштита би станал флека на патот.

Toa e тоа јадно ново време, за кликови и лајкови, или ќе те биде на овие платформи или ќе угинеш. Гладијаторство на денешницата. Овој нема ни возено претходно тротинет. Затоа го ставив, дека обична дилајла успева да се снајде и да преживее, не друго, инаку појма нема нит од подесување на тротинетот, нит од позиција на стоење соодветна, нит од начин на управување итн. Нит пак основен алат имаше за најобични поправки...
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.480
2.927
Не смеат.


За разлика од велосипед, каде што е експлицитно наведено дека треба да се турка, за ел. тротинет не е. Не само што не е, туку законот вели ако нема велосипедска патека, тротинетот треба да се вози по пешачка патека, тротоар или друга површина за пешаци но со максимална брзина од 6 км/ч.

Од друга страна велосипедот треба да поминува коловоз преку велосипедски премин кој најчесто е над (по) пешачкиот и одвоен од него со квадрат над секој дел од зебрата - просторот каде што некаде е обоен црвено.

Се вози, ако нема велосипедска. За разлика од велосипед кој во случај да нема велосипедска треба да се вози покрај десниот раб од коловозот.

Додатно, возачите на тротинет мора да носат шлем, а навечер и рефлектирачки елек.
Од кога е ова за тротинетов задолжително (односно мора)? Посебно ова за шлемот? Во кој закон?
Користам скоро секојдневно тротинет (без шлем), не те тролам, искрено сум љубопитен.
Велосипедистите не.
Хм, во сеќавање ми е дека пред неколку години баш и за оваа категорија се воведе задолжително носење шлем (не дека се носат, но...)
 
18 август 2019
1.210
1.176
Од кога е ова за тротинетов задолжително (односно мора)? Посебно ова за шлемот? Во кој закон?
Закон за безбедност во сообраќајот. Морав да го разгледам за да научам дека многу работи се сменети. Порано електричните тротинети не смееја да се движат по пешачка патека.

ПС
Ова е од 2020 година. Можеби има уште промени.
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.480
2.927
Закон за безбедност во сообраќајот. Морав да го разгледам за да научам дека многу работи се сменети. Порано електричните тротинети не смееја да се движат по пешачка патека.

ПС
Ова е од 2020 година. Можеби има уште промени.
Сне имале на форумов тема за ова со законов, уште во 2020:
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
Од кога е ова за тротинетов задолжително (односно мора)? Посебно ова за шлемот? Во кој закон?
Користам скоро секојдневно тротинет (без шлем), не те тролам, искрено сум љубопитен.

Хм, во сеќавање ми е дека пред неколку години баш и за оваа категорија се воведе задолжително носење шлем (не дека се носат, но...)
Закон за безбедност во сообраќајот, член 103. Ама сега гледам, исто е како за велосипед. само препорака е не е обврска. Задолжителен е само елекот преку ноќ, 50е казна за возење без елек.

Пред неколку години во предлог законот стоеше дека мора шлем, ама се побунија од здружението „На точак“ и некои други, приложија куп аргументи зошто не треба и им ги прифатија. И сменија од е должен во треба и се тргна ставот за казна.
Ама во јавноста останало сеќавањето дека мора.
 

TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.759
2.770
Скопје е супер за точак и имаме доволно добра велосипедска инфраструктура. Многу лесно може да се користи кејот како "вело-обиколница", и да се направат солидни излези, низ целиот град. Треба само да се направат добри рампи, да речеме на секои 500-600м. Сега се само неколку добро проектирани рампи.... И фали да се инвестира во поврзување на кејот со Партизанкса, Јане Сандески и слични големи булевари. Најчесто тие конекции веќе се и постоечки, само треба да се подобрат и да се направи "заштитена" велосипедистичка патека каде што не може бациња да ти паркираат кола.

Друго, има добри проекти што стварно може да заживеат алтернативен превоз:

- Градскиот воз. Планирани се три линнии. Релативно мала инвестиција е, заштоа што веќе имаме постоечка инфрасктуктура. Ако има добра фрекфенција, Илинден/Петровец/Драчево ќе ти се на 10-15 минути до Железничка.

- Железничка да се направи добра "раскрсница", каде што лесно може да се прекачиш на БРТ. Со тоа, многу брзо ќе може да стигнеш од крај до крај на Скопје.

- За да заживее ова, во сите приградски населби, направи мини општиснки јавни превозни претпријатија. Дај им флота од мини електрични автобуси што би биле "feeder" до железничките што се наоѓаат на тоа место. Внатре во Скопје, направи слични линии што би биле "feeder" до БРТ исто. Синхронизирај распоред на се.

Лично сметам дека поголемиот проблем ќе е да се натераат луѓето да ги користат алтернативите. Најлесниот дел е да се изведат.
 

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв