Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Aliexpress

Titanium

hello world
1 март 2024
350
193
гледам и Али става сега некои подалечни рокови за достава. Треба да чекам до 22ри јуни пред да мавнам рефунд ако не ми стигне.
Друже ќути, аман. Ќе прочита некој што не треба, ќе ги чекаме 4 месеци минимун.
 
Manis

hello world
14 јануари 2026
144
57
гледам и Али става сега некои подалечни рокови за достава. Треба да чекам до 22ри јуни пред да мавнам рефунд ако не ми стигне.
Од 29 март 2026 година во 02:00 часот почнува летното сметање на време. Кад је лето, Сунце пече, овцете ќутат, тражат сенка каде да пасат, и повторно верруват а држава отишла на одмор.
 
skymax

read-only
7 јануари 2018
3
1
Имам паралелна пратка преку Тему, за 3 дена помина царина. Проблематични се само праткиве преку Али.
 
denko55

hello world
8 ноември 2025
55
55
Па ќе си бараме рифунд, следува не, 3 месеца пратка да чекаме и уште ДДВ да им плаќаме. Па каде го има тоа? Ниту во Тонгузија го нема тоа....

Немам јас бугарски пасош Што да правам? Кој име бугарски пасош на коњо е качен, јас сиротиња немам.

Во бугарија по бугарски пасоши од "економски причини"...Во бугарија да се лечеме, Сите соседи кој може помага ни во кризни случаеви донира смилува се како за држава од социјален ментално заболен случај, Во бугарија децата од кочани ги носеа, во Бугарја тоа, во Бугарија она....Сега уште фали за обични чинески пратки во Бугарија да ги подигаме.... Па што сме ние? Држава имаме ли? Ако не спуштајте ролетните, гасите светлото и ај со здравје, бирајте нека не делат помеѓу соседите Бугарија, Грција, Србија, Албанија. И тоа е тоа. Со сила убавина не бидува.

Никој не го дупе кинезот...Заштитени се они, ако не стигне пратката на време алиекспрес им дава оштета. Јас ги следам правилата на алиекспрес. Согласно дадениот поминат рок мене ме следува рифунд законски поради не доставената пратка. АлиЕкспрес ќе си бара оштета од ЕЛС/СРМ-Пошти-Царина и така на тој начин ќе го обештете кинезот зошто пратката која ја испорачал не стигнала на време.
Погледнете го атачментот 160006
Разбирам нервоза за чекање и ДДВ, никој не сака да чека 3 месеци за пратка. И нормално е да си бараш рефунд кога рокот е поминат. Тоа воопшто не е спорно. Ама има две работи што ги мешаш.

Прво, тоа дека Али ги обештетува продавачите па никој не губи не е точно. Во најголем дел од случаите кога ќе добиеш рефунд за недоставена пратка, парите одат од продавачот. Платформата може да пресече спор, ама не оди после да си наплати од нашата пошта или царина. Тие институции немаат таков договор со Али. Затоа продавачите си го калкулираат ризикот и затоа за некои земји ставаат подолги рокови или воопшто не испорачуваат.

Второ, ако сите почнеме да гледаме на доцнењето како шанса да ќариме, тоа краткорочно можеби изгледа супер, ама долгорочно директно си пукаме во нога. Повеќе рефунди значи поголем ризик за продавачите, а тоа значи или повисоки цени, или поскапа достава, или едноставно нема да праќаат кај нас. Тоа веќе се случува, не е теорија.

За делот со Бугарија и слично, тоа е друга тема и разбирлива фрустрација, ама не го менува фактот како функционира ова. Проблемот не се решава така што ќе се радуваме на нефункционален систем, туку така што ќе бараме да функционира. Инаку на крај остануваме со помал избор, повисоки трошоци и уште поголема нервоза. Значи да, барај рефунд кога следува. Ама ако тоа ни стане стратегија наместо исклучок, последиците пак ние ќе ги плаќаме. Затоа не е лошо да ја продолжуваме заштитата наместо да аплицираме за поврат на средствата.
 
Последна промена:

Јас не сум хуманитарен случај. Сурови Капитализам сме. Понуда и Понудувачка.

Јас колку пати се јавив насекаде да прашам до каде ми се пратките, и се беше безуспешно, ми кажуваа дека ништо не знаеле....Треба да се жалите сите кај ЕЛС/КАРГО/ПОШТА зошто пратките доцнат по 5 месеца..Тоа не е нормално и го нема никаде во светот. Јас како потрошувач мене ме следува да побарам рифунд после поминатото време за достава. ..

Сите сакаме да ни стигне пратката брзо. Во интерес на сите е пратката да ни стигне во нормален период од 20-25-30 денови но за жал тоа не се случува, и ние потрошувачите не сме виновни. Него ЕЛС/КАРГО/ПОШТА/АЛИЕКСПРЕС се виновни за тоа.....

А за тоа дека парите нема да си ги врати продавачот зошто пратката не стигнала на време нема си врска....јас сум зборил со тие кинески продавачи и ми кажуваа дека без проблем алиекспрес ги обештетувала ако нешто се случи со проблем.
 
Mar tiN

lurker
2 јануари 2014
877
633
Mar tiN's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-12400F
Motherboard
ASUS PRIME B660M-A D4
Storage
SAMSUNG 500GB SSD 970 EVO Plus M.2 + Western Digital 4TB
PSU
Cooler Master B500 ver.2
RAM
Kingston HyperX FURY™ 64GB
Video card
ASUS Dual GeForce RTX™ 3050 OC Edition 8GB
Case
Cooler Master K350
OS
Windows 11 Pro x64
Абе збори си ти со кинезите , ама погледни и шипингот како со зголемува а и колку продавници веќе не испорачиваат кај нас (продавници од кој претходни имам нарачувано) па ќе правиме муабет .
 
-ECT-

read-only
25 септември 2017
26
25
Абе збори си ти со кинезите , ама погледни и шипингот како со зголемува а и колку продавници веќе не испорачиваат кај нас (продавници од кој претходни имам нарачувано) па ќе правиме муабет .
А шо треба да му оставиме така парите ко на дрво да растат на пратки не стигнати 90 дена ? Јас денес му побарав на 4 пратки рефундирање кој ги тркала

Sent from my SM-A256B using Tapatalk
 
Едноставно не порачувај кога знаеш дека има проблем.
 
Manis

hello world
14 јануари 2026
144
57
Абе збори си ти со кинезите , ама погледни и шипингот како со зголемува а и колку продавници веќе не испорачиваат кај нас (продавници од кој претходни имам нарачувано) па ќе правиме муабет .
Ти можеби фрижидер си сакал да порачаш па немало опција достава.
Кој не испорачува кај нас ? Сите 99% испорачуват на алиекспрес. Све што ти треба има кај кинезите. Цела плата ја даваме на нив....
За шипингот точно малку е поскапен, ама тоа е поради инфалцијата....И зошто променија од маџарска пошта во некоја си нова SpeedDaf што е сега многу полошо од предходно....
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.604
1.765
Овие Speedaf се доста ефикасни и навремено пуштаат маил за тракинг, но штета што кога ќе влезе пратката во царина, не излегува за брзо од таму. Царината останува тешка пречка за брза достава.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.222
2.656
Овие Speedaf се доста ефикасни и навремено пуштаат маил за тракинг, но штета што кога ќе влезе пратката во царина, не излегува за брзо од таму. Царината останува тешка пречка за брза достава.

имате добиено некој од овие пратка? Имам една од нив, гледам преку ЕЛС иде, тракингот иначе не работи на друго место како track17
 
Titanium

hello world
1 март 2024
350
193
Мењам 2 пратки од СпидАв за една од Тему. :D
Мене целава работа ми личи дека Тему е поопасен со роковиве. Овие од Али нека лежат, кога ќе дојде при крај рокот тогаш ќе ги хендламе.
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.604
1.765
Дали некој има добиено промена на статус на пратките RE-NL од крајот на декември, почеток на јануари?
 
alekso550

read-only
15 јуни 2023
31
12
Мењам 2 пратки од СпидАв за една од Тему. :D
Мене целава работа ми личи дека Тему е поопасен со роковиве. Овие од Али нека лежат, кога ќе дојде при крај рокот тогаш ќе ги хендламе.
Незнам и не ми е јасно што прави алиекспрес за да го реши проблемот со пратките. Прават каша попара две пратки ми пуштија преку спидаф (по прецизно слоуаф), една преку пошта (со број ув..уз), нарачани 18.02. Нема абер ни од двете.
Малце барем да се загледаат од Тему, да случат договор со саглам некои "носачи". Ако не се лажам, Тему ги царини на контејнер па потоа се сортираат? Како и да е, Тему ни две години оперира кај нас, ефективно си ја решија таа проблематика, а алиекспрес преку десет години...
Дали немаат математика да продаваат кај нас па не се замараат да изнајдат решение?
 
Ма ништо не мрда. Ни МК/R препорачаниве. Customs Clearance Started и завршува приказната до недоглед. Којзнае која црна царина ги прегледува. Или стварно буквално clearance им прават.
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.710
15.805
youtu.be
Е арно де, сите пратки од али се праќат од физичко ливе, така да до 22 ојра нема ддв. :D
 
beret

read-only
28 септември 2008
22
25
Зборував за пратка која требаше да стигне во ЕЛС, не за пратка во пошта. Не сум нарачувал мобилни телефони, меѓутоа до сега од еден куп пратки преку пошта, само една ситница ми била маркирана како доставена а не сум ја добил.

А и не мора се од аспект на политика да се гледа. Ако е некој ,,бандит", припаѓањето на оваа, онаа или неприпаѓањето на политичка партија нема да му го смени менталниот склоп.
Факт е дека во сите партии има бандити меѓутоа на оваа тема во врска со пратките од Кина мора да знае народот дека ДУИ испаднаа најголеми бандити затоа што токму нивни кадри ја држеа поштата, тоа ми беше поентата
 
Последна промена:

kirev

senior
31 мај 2010
9.034
7.705
Факт е дека во сите партии има бандити меѓутоа на оваа тема во врска со пратките од Кина мора да знае народот дека ДУИ испаднаа најголеми бандити затоа што токму нивни кадри ја држеа поштата, тоа ми беше поентата
Факт е и дека за сѐ излезе така а они се најгласни дека не ја бива Македонија и сѐ македонско. А за да може неписмен рамковно да се вработи мораше сите критериуми да се намалат па добивме дури и премиер со IQ33 меѓу другите…
 
Manis

hello world
14 јануари 2026
144
57
Старите пратки ги нема ни под земја, ни над небо....
За новата пратка: Ева мене ова ми се пијави, како иде од прилика за пратка од 123 евра. Многу скапа царина ми побараа..... Пратката е порачана на 27 Февруари. На алиекспрес уште стои последен tracking статус: Import customs clearance started Mar 20, 19:55 (GMT+2) Но денес гледам се појави на ЕЛС со откуп од 3800 денара за ДДВ/ЦАРИНА....Ни помалку ни повеќе него аборномални 3800 денара...... Пишува: Јавено на курир за прием.... За колку денови/месеци/години ќе ја прими курирот за достава кој знае.....
Screenshot 2026-04-02 112029.png
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно