Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Финтек - новости, услуги, развој

kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
860
Со оглед дека последниве денови ова поле почна сериозно да се раздвижува и допрва ќе се раздвижува уште повеќе, еве тема за сите нови услуги, компании, информации... за генерална дискусија, а за секоја услуга засебно може да се креира наменска тема.

Еве најново од денеска:


Искрено, пресреќен сум што конечно дојде време воопшто да креираме ваква тема. Полека да почнеме и ние да влегуваме во 21 век. Редно е на прагот на четвртата декада... :rolleyes:
 
Последна промена:

kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
860

Особено ова:

„За издавање електронски пари се подготвува и компанијата МКПЕЈ, од каде уште во минатата година најавија дека ќе го воведат првиот македонски електронски паричник за онлајн плаќања и трансфер на електронски пари, преку кој платежните трансакции ќе се извршуваат моментално, без физички ограничувања во однос на денот и времето.“
 

kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
860
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.527
2.981
Звучи интересно и корисно (од аспект на брзина).
Не најдов цена, колку ќе се наплаќа?
 

kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
860
Исклучително корисно и long overdue, ама јас сѐ се плашам дека ова постои само „на хартија“. Касис се докажаа неколку пати изминатиов период како склони да си објавуваат непостоечки услуги...

Не наоѓам кај банките ваква услуга сѐ уште. Јас сум во Комерцијална и ќе пишам еден мејл да прашам, ајде пишете кој е во другите банки, да видиме дали пак Касис само имаат „влажни соништа“ или навистина конечно стигнуваме во 2025 и ние.
 

noc32

hello world
21 март 2016
357
313
Има ли некој приметено денес проблеми со cPay можеби?

Се обидувам да направам плаќање на три различни места но не успевам. Внесувам картица и останати информации и потврдувам и наредниот екран е празен, сиво нема ништо. Не ме редиректира на екранот каде што ми кажува да потврдам плаќање преку 3DS.

Можеби е и НЛБ проблем...
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

ИТ маркет

На врв Дно