Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Aliexpress

Enquito

poweruser
8 август 2017
2.633
1.798
За 13 дена од нарачката пратката е стигната ја имаат превземено но на стрницата не стои сума за откуп, па не знам како оди тоа
Кај мене пишува, и ми праќаат на Вибер код со цена, а после тоа и извештај за платена царина во мое име.
 
Атачменти

  • Screenshot_2026-07-30-20-43-55-633_com.android.chrome-edit.jpg
    Screenshot_2026-07-30-20-43-55-633_com.android.chrome-edit.jpg
    100,2 KB · Прегледи: 24

Indigo44

read-only
3 февруари 2026
24
6
Кај мене пишува, и ми праќаат на Вибер код со цена, а после тоа и извештај за платена царина во мое име.
Чудно, кај мене стои дека е превземена од нив, а на страницата не стои ништо за откуп и не стигна никаква порака на Вибер, сеедно ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Ти благодарам многу за одговорите
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.096
14.206

Зависи од пошта до пошта. Последна нарачка имаше статус ослободена од царина. Нареден ден ми ја донесоа, наплатија давачки, па ми стигна порака на вибер со пресметка.

Но генерално наплатуваат само данок, најчесто 18% на вкупната сума која си ја платил вклучително и шипингот.
 
Indigo44

read-only
3 февруари 2026
24
6
Зависи од пошта до пошта. Последна нарачка имаше статус ослободена од царина. Нареден ден ми ја донесоа, наплатија давачки, па ми стигна порака на вибер со пресметка.

Но генерално наплатуваат само данок, најчесто 18% на вкупната сума која си ја платил вклучително и шипингот.
Ај ќе видам баш што ќе направет и ќе споделам искуство
 
Manis

hello world
14 јануари 2026
155
62
Од прилика колку ќе ми наплатат царина/ддв и сл. за пратка од 228 евра ? Не знам дали ми се исплаќа да порачам пратка од 228 евра.
Мислењето е автоматски споено:

Зависи од пошта до пошта. Последна нарачка имаше статус ослободена од царина. Нареден ден ми ја донесоа, наплатија давачки, па ми стигна порака на вибер со пресметка.

Но генерално наплатуваат само данок, најчесто 18% на вкупната сума која си ја платил вклучително и шипингот.
Како наплатуват само данок? А за тие пратки по скапо од 90 евра ? Знам дека и наплаќаа и некој вид чудна-скапа "шпедиција" за пратките по скапи од 90 евра.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.096
14.206
Ништо против но зошто шипингот станува дел од тој 18%?
Колку што знам така се даночат и фирмите кои увезуваат. Данокот е на целата вредност со сите поврзани трошоци до наша царина. На пакетчето што го праќа кинезот стои целата сума што си ја платил. Не е оддвоен шипингот.

Од прилика колку ќе ми наплатат царина/ддв и сл. за пратка од 228 евра ? Не знам дали ми се исплаќа да порачам пратка од 228 евра.
Мислењето е автоматски споено:

Како наплатуват само данок? А за тие пратки по скапо од 90 евра ? Знам дека и наплаќаа и некој вид чудна-скапа "шпедиција" за пратките по скапи од 90 евра.

Ќе пишат искусните зашто јас сум немал толку скапа нарачка поодамна. Шпедиција и лежарина се плаќа само ако доаѓа преку брза пошта (ДХЛ, УПС итн.). Ако е со обична пошта се плаќа 18% ДДВ а дали ќе наплатат и царина зависи дали тој конкретен производ е ослободен од плаќање на царина.
 
Manis

hello world
14 јануари 2026
155
62
Ќе пишат искусните зашто јас сум немал толку скапа нарачка поодамна. Шпедиција и лежарина се плаќа само ако доаѓа преку брза пошта (ДХЛ, УПС итн.). Ако е со обична пошта се плаќа 18% ДДВ а дали ќе наплатат и царина зависи дали тој конкретен производ е ослободен од плаќање на царина.
Мислам дека и ЕЛС наплаќаа одредена сума во смисла на "шпедиција" зошто последен пат ми наплатија ЦАРИНА/ДДВ 3800 денара(што е навистина висока сума за таква вредност) за пратка во вредност од 130 евра.

Вчера порачав пратка од 225 евра, па ќе известам колку ќе ми наплатат трошоци од ЕЛС.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.096
14.206
Мислам дека и ЕЛС наплаќаа одредена сума во смисла на "шпедиција" зошто последен пат ми наплатија ЦАРИНА/ДДВ 3800 денара(што е навистина висока сума за таква вредност) за пратка во вредност од 130 евра.

Вчера порачав пратка од 225 евра, па ќе известам колку ќе ми наплатат трошоци од ЕЛС.

Да, тоа е навистина висок износ. Можеби за производ кој подлежи и на плаќање на царина, има дополнителни трошоци поврзани со самото царинење независно која пошта го доставува.

Ќе пише некој поискусен. Зашто јас лично одамна не сум нарачувал производ кој освен данок подлежи и на плаќање на царина.
 
Indigo44

read-only
3 февруари 2026
24
6
Да, тоа е навистина висок износ. Можеби за производ кој подлежи и на плаќање на царина, има дополнителни трошоци поврзани со самото царинење независно која пошта го доставува.

Ќе пише некој поискусен. Зашто јас лично одамна не сум нарачувал производ кој освен данок подлежи и на плаќање на царина.
Мислам во овој случај е друго случено, цариникот има право ако оцени дека вредноста на производот не одговара со декларираната самиот да ја утврди “вистинската“ вредност и секогаш ставаат многу повисоки основици за царинење, се фаќаат за вакви ситни работи, а како што видовме огромните трговци на големо си декларирале некои смешни суми и се им врвело така, најавуваја гонење одговорности и се заврши на тоа,никој не одговараше се заборави цела работа.
 
Нема врска. Истата цена(вредност) ми ја пишуваше на пакетот.
 
Indigo44

read-only
3 февруари 2026
24
6
Не беше отворен. На етикетата залепена врз пакетот ја пишаваше истата цена која сум ја платил од AliX.
Епа и царини да пресметвеле и ДДВ до таа сума што си ја платил ни оддалеку не се доаѓа, твојов случај покажува дека е ризично купувањето, овие овде си правет весела математика во пресметувањето на давачките, си репет како ќе му дојди
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.096
14.206
Не беше отворен. На етикетата залепена врз пакетот ја пишаваше истата цена која сум ја платил од AliX.

Освен ако не е некоја акцизна стока па да има и други дополнителни давачки, можно е да е грешка.

Порано не даваа објаснување на писмено. Евентуално си можел да го одбиеш приемот од курир. Па да си побараш спецификација на трошоците што ти ги наплаќаат од дирекција на поштата пред да платиш и да ја подигнеш. Но нејси.
 
Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.673
13.728
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Враќање на дефектен производ од Алиекспрес

За очигледно неисправен производ од 14 долари ми понудија само 4 долари поврат. Ме фати инат и снимав видеа дека е неупотреблив и на крај понудија да го вратам во Кина, а они ќе ја платат поштарината (со store credit). Се мислев, но веќе немаше друга опција освен да се откажам од жалбата.

Праќањето со нашата пошта е друга приказна, поминав 3 пошти и 2 пати го пакував додека не го пратија. За чудо, стигна нормално (нешто помалку од месец) и ми ги вратија парите.

Но, никаде немаше опција да ја побарам поштарината. Пишав во истиот тикет и експресно ми го одбија и го затворија. По 4 бота (4 пати се рестартираше и прашуваше со што може да ми помогне откако веќе бев пишал неколку реченици) конечно стигнав до човек. Беше релативно културна, веднаш сфати за што се работи, но демек морала да ескалира и од тогаш комуницирав по мејл. Ми се чини дека беа луѓе, но ептен роботски одговори даваа: немаш доставено коректна потврда за шипинг (беше слика од фискална и од онаа жутата уплатница за царина, вкупно 513 денари). Четири дена, четири мејла, четири варијации на роботскиот одговор. Џабе објаснував дека наша пошта не дава друго, ги прашував што би била коректна потврда... Ништо не помогна.

И така, на крај завршив со истите 4 долари „ќар“. Не знам дали само случајно се погоди така, ама моето време никој нема да ми го врати.

Едит: Го заборавив и платеното ДДВ, и тоа никој нема да ми го врати.
 
Последна промена:

Manis

hello world
14 јануари 2026
155
62
Освен ако не е некоја акцизна стока па да има и други дополнителни давачки, можно е да е грешка.

Порано не даваа објаснување на писмено. Евентуално си можел да го одбиеш приемот од курир. Па да си побараш спецификација на трошоците што ти ги наплаќаат од дирекција на поштата пред да платиш и да ја подигнеш. Но нејси.
Не е никаква акциска стока. Таа е регуларната цена. Едноставно плус и наплаќат дополнително шпедиција за царина на тие пратки по скапии од 90 евра. Порано сме пишувале за тоа во преходните страни. Типичен рекет.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.096
14.206
Враќање на дефектен производ од Алиекспрес

За очигледно неисправен производ од 14 долари ми понудија само 4 долари поврат. Ме фати инат и снимав видеа дека е неупотреблив и на крај понудија да го вратам во Кина, а они ќе ја платат поштарината (со store credit). Се мислев, но веќе немаше друга опција освен да се откажам од жалбата.

Праќањето со нашата пошта е друга приказна, поминав 3 пошти и 2 пати го пакував додека не го пратија. За чудо, стигна нормално (нешто помалку од месец) и ми ги вратија парите.

Но, никаде немаше опција да ја побарам поштарината. Пишав во истиот тикет и експресно ми го одбија и го затворија. По 4 бота (4 пати се рестартираше и прашуваше со што може да ми помогне откако веќе бев пишал неколку реченици) конечно стигнав до човек. Беше релативно културна, веднаш сфати за што се работи, но демек морала да ескалира и од тогаш комуницирав по мејл. Ми се чини дека беа луѓе, но ептен роботски одговори даваа: немаш доставено коректна потврда за шипинг (беше слика од фискална и од онаа жутата уплатница за царина, вкупно 513 денари). Четири дена, четири мејла, четири варијации на роботскиот одговор. Џабе објаснував дека наша пошта не дава друго, ги прашував што би била коректна потврда... Ништо не помогна.

И така, на крај завршив со истите 4 долари „ќар“. Не знам дали само случајно се погоди така, ама моето време никој нема да ми го врати.

Едит: Го заборавив и платеното ДДВ, и тоа никој нема да ми го врати.

Благодарам што сподели. Претпоставував дека враќање на пратка е патешествие. Сите треба да бидеме издржливи во барањата како тебе. Но искрено јас би се простил од парите ако не се решат да ми ги вратат во целост на база на фотографии или видео. Едноставно нарачувањето од кинескиве сајтови малку го подразбирам како коцка. Ако се погоди добро е.

Не е никаква акциска стока. Таа е регуларната цена. Едноставно плус и наплаќат дополнително шпедиција за царина на тие пратки по скапии од 90 евра. Порано сме пишувале за тоа во преходните страни. Типичен рекет.

Убаво да се знае. До пред неколку години имав нарачки на слушалки и засилувачи кои беа над 90 евра. Плаќав нешто ама не беше толку висока цена. Од тогаш наваму сум имал само тастатура некаде до кај прагот од 90 евра но не платив толку.

Како и да е добро да се знае. Со толку висока стапка на давачки нема да ми текне да нарачувам ништо над 90 евра освен ако немам друга опција.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.075
7.762
Враќање на дефектен производ од Алиекспрес

За очигледно неисправен производ од 14 долари ми понудија само 4 долари поврат. ...

И така, на крај завршив со истите 4 долари „ќар“. Не знам дали само случајно се погоди така, ама моето време никој нема да ми го врати.

Едит: Го заборавив и платеното ДДВ, и тоа никој нема да ми го врати.

Еднаш ми дадоа 7 евра после три пати праќање на погрешен адаптер (за англиски пазар). Сега последно пратија некои тракатанци (буквално, како за мали деца да прават ланчиња) место кабел за слушалките. „Доказ дека не стигнале“ абе џабе сликите... Арно ама после со вонредна жалба ми ги вратија. Некако беше преку ХЕЛП-от. Пробај ја среќата.
(ги избегнувам ама морално беше за тоа кабелчето, после го најдов мислам на ибеј)
 
Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.673
13.728
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Некако беше преку ХЕЛП-от. Пробај ја среќата.
Па преку ХЕЛП-от стигнав до ботовите, па после до човек. А пред ботовите имаше онакви листи да избереш што ти е проблемот. Барав на многу места, само од таму се стигаше до Support.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Офтопик

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно