poljakot
hello world
- 20 октомври 2010
- 148
- 98
Или, под услов да не си импулсивен инвеститор, коцкар, и сакаш сам да раководиш со парите, направи сметка на Trading212 или Interactive Brokers, и со малку истражување инвестирај ги сам(доколку барем две години не би ти требале парите, член 12 став 1 точка 39-а од ЗДЛД) да не би платил данок на добивка.Едно прашање, имам наследено 20 иљади евра, на сметка ми се во НЛБ-Тутунска и се мислам што да правам со нив:
1. Да ги орочам на 13 месеци и да земам камата
2. Да ги подигнам и да ги орочам во друга банка која ќе ми даде повисока камата ради нов корисник и слично или
3. Да потпишам договор со НЛБ тие да ги оперираат преку нивните инвестициски фондови (ме убедуваа дека тоа би било најдобра опција пошто на крајот од секоја година мојата добивка би била изнад нивната каматна стапка)....
Дали некој имал слично искуство или да сподели тука некој совет, однапред благодарам
Позитивности на овој пристап се помали фиксни трошоци за разлика од колку и да наплаќа НЛБ и полесен пристап до глобалниот пазар.
Негативности би биле да не диверзифицираш доволно ако почнеш да купуваш само индивидуални акции, и импулсивност во тргување.
Затоа, пожелно е поголемиот дел да ти е во ETFs или индекс фондови, што би ги купил сам, околу 70%, и остатокот во повеќе компании во различни индустрии.
П.С. Не купувај курсеви за инвестирање од кочански бизнис гуруа, се што ти треба ќе најдеш на YT.
П.П.С. Јас не сум финансиски советник, ова се мои лични убедувања. Должен си на себе да направиш повеќе истражување сам.