D
Администратор
Немора кеш, ама зошто лојалните членови не добијат нешто од бенефициите како оние што сакаат да ја купат лојалноста?
Почетната точка од која што тргаш е многу, многу погрешна.
Лојалните членови добиваат опстојување на IT.mk - сега дури без банери и за нив. Ниту еден бенефит кој го имале не им е земен.
Оние што сакаат да пружат поддршка и да помогнат на IT.mk не само да опстане (full disclosure: годишни трошоци на IT.mk се околу 10к ЕУР годишно во просек), туку и да напредува и да понуди многу повеќе, може да го поддржат со премиум членство, и бидејќи сме свесни дека никој нема да даде пари туку така, нудиме дополнителни бенефити за тие што ќе платат, меѓутоа пак ќе кажам, регуларните членови го имаат тоа што отсекогаш го имаа, сега дури и без банери. А секако дека ако има и премиум членови ќе има повеќе ресурси и подобри содржини од кои пак бенефит ќе имаат оние што не плаќаат.
Дополнително, во план ни се иницијативи да доделуваме премиум членства на членови месечно - на најактивниот и сл, моментално работиме на концепт како да го изведеме тоа и да биде фер.