• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Ваши искуства со Сетек

borcep

Practice makes perfect
12 септември 2013
965
1,483
Скопје
Типувам на графички или големи ссд-а за чиа мајнинг, имаше и овде тема што мистериозно ја снема за проверен огласувач што на резервирана/ платена цена бараше доплата откако му стигнале истите.
 
BigBull

Gaining Experience
20 март 2013
9
53
Сега почнаа да измислуваат дека производите биле расипани, затоа сакале пари да ми вратат, а сабајле ми јавија да доплатам и да ги земам по регуларна цена...
 
Sharlovski

Unstoppable
28 јануари 2017
1,310
2,980
Ресен
Сега почнаа да измислуваат дека производите биле расипани, затоа сакале пари да ми вратат, а сабајле ми јавија да доплатам и да ги земам по регуларна цена...
А мислиш дека не може да се расипат во меѓувреме, сите 4....
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
7,777
11,084
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
Дечки ми треба ваше мислење и искуство со вакви ситуации.
Пред некој ден купив производ од сетек, при купувањето беше напоменато дека производот е со намалена цена. Го платив производот ми беше издадена фискална и ми рекоа дека ќе ми јават за неколку дена да го подигнам производот од продажниот салон(производот и стоел во магацин во моментот на продажбата).

Денес добивам повик од сетек и ми рекоа дека намалената цена не важи и за да го добијам производот мора да ја исплатам целосната сума или во спротивно ако сакам да ми ги вратат парите.

Попустот беше ептен добар и јас сакам да го добијам производот со намалената цена. Имаат право вака да менуваат, кога јас веќе го имам платено производот? Тоа си е нивна грешка, што не знаат што прават. Да се консултирам со ОПМ?
Сметководствено гледано постапуваат правилно. Немаат обврска да ти заменат со друг производ по таа цена, но само доколку имаат сметководствено правилно евидентирано.

Претпоставувам дека производот ти е даден со попуст бидејќи е користен или има козметичко оштетување. Во тој случај они мора да направат записник, да го прогласат производот (количината) за оштетен или користен и да го чуваат во посебен сметководствен магацин што се вика баш така: Магацин за оштетена роба. При продажбата кон тебе имаат обврска да ти наведат дека се работи за оштетен или користен производ и ти со купувањето на производот се сложуваш со истото.

Е сега, тој производ тебе ти се расипал. Тие имаат обврска да го поправат или да го заменат со ИСТ ТАКОВ!! Ако немаат на залиха оштетен или користен таков производ тогаш можат да ти понудат пари назад или да си доплатиш за друг производ (односно нов некористен, по редовна цена но земен од нормална залиха на неоштетена или некористена роба). Користениот и новиот производ не се едначат како ист производ. Така да, ако они се чисти и имале записник направено и книжено сметководствено пред да ти го продадат производот се сосем во право и пазарна инспекција не им може ништо. Ако се работело за ограничен попуст само на тие 4 парчиња и тоа било назначено исто така немаат обврска да ти дадат нов. Ако е активен попустот сеуште тогаш мораат да ти дадат нов производ по цената по која си го платил.

Кај тебе конкретно како стои ситуацијата?
 
Последна промена:

Gaston

Unstoppable
9 февруари 2011
1,635
2,887
Gaston's setup  
Audio
AR
Сега почнаа да измислуваат дека производите биле расипани, затоа сакале пари да ми вратат, а сабајле ми јавија да доплатам и да ги земам по регуларна цена...
А за што производ се работи? - еве и јас да го повторам прашањето.

Можни се повеќе сценарија
- да се зезнале што не ставиле клаузула - само по еден примерок по лице, па сеа си помислиле дека ти можда ќе препродаваш и ќе ќариш на нивни грб
- да им имат снемано, односно да ги обеќале на некој познат па сеа сакаат да те пишманат со повисока цена или им се има расипано
- да се попишманиле со попустот - еј претеравме, многу ефтино ова бре
итн.

Но во секој случај, очигледно ја следат темава, тоа е сигурно :)

И уште еднаш - ЗА КОЈ ПРОИЗВОД СЕ РАБОТИ? Дај линк да видиме што е тоа со толку саглам попуст во Македонијава?
 
fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,687
2,932
Можни се повеќе сценарија
- да се зезнале што не ставиле клаузула - само по еден примерок по лице, па сеа си помислиле дека ти можда ќе препродаваш и ќе ќариш на нивни грб
- да им имат снемано, односно да ги обеќале на некој познат па сеа сакаат да те пишманат со повисока цена или им се има расипано
- да се попишманиле со попустот - еј претеравме, многу ефтино ова бре
итн.
Кое и да е, со тоа што го наплатиле производот и издале фискална сметка, имаат обврска да го испорачаат во онаква состојба каква што била прикажана кога @BigBull го платил производот.

И мене муабетов ми мириса на тоа дека нашле начин да ги земат и тие 120,000 денари што ги дале како попуст, ама издадената фискална мислам дека ја носи работата на страна на купувачот.

@Astro што станува ако на фискалната стои дека го продале производот како нов, некористен, со наведениот попуст? Ваљда имаат обврска да испорачаат нов некористен производ, не? Или да го заменат за таков ако all of a sudden се расипал производот. Пошто кај Анхоч, на пример, на сајтот јасно стои ако некој производ е од outlet, има друга цена и шифра, и на фискална оди како друг производ, веројатно водејќи се по твојов муабет.
 
Borsa

On your way to fame
10 октомври 2011
1,050
781
Скопје
Borsa's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 AM4
Motherboard
B450M-HDV R4.0
Storage
500MB HDD + 256GB M.2 SSD
PSU
Cooler master GX 550W
RAM
16GB DDR 4 3200Мhz
Video card
Radeon RX580 4GB
Case
XIGMATEK
Mouse
AULA NOMAD
Keyboard
AULA ASSAULT
Audio
SPEAKER DLS 2115
Monitor
Benq GW2470
OS
Windows 10
Препоставувам дека се работи за ТВ SONY KD85XH ?
 
FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,558
14,536
Секој полу-писмен адвокат ќе ви објасни дека нема зезање со капар. Ни кога земаш ни кога даваш.
Без разлика дали има или нема пишан договор законите за капар си важат. (оние тн. „позитивни законски одредби“)

Она погоре е земање на капар и во најмала рака човекот има право или на дупло од капарот или на сумата од производот.
Адвокат ќе си каже за ова.

Ама во пракса, пошто сме вукојебина, терањето на правда нема да заврши добро за муштеријата.

[edit]
Затоа многу ретко некој од трговците се одлучува да земе капар.
 
BigBull

Gaining Experience
20 март 2013
9
53
Да ви одговорам на прашањето што е производот.
Производот е графички картички, rog strix rtx 3070.
Цената им беше 98.XXX денари кога јас решив да ги купам.
Си ставив пари во џеб за да ги купам по нормална цена, дека јас не знаев дека имаат попуст.
Одам во Сетек им велам колку графички имате на залиха и ми рекоа дека имаат 4.
Им велам во ред тогаш ќе ги земам, на што следеше прашање, знаеш колку им е цената?
Така вработениот ми кажа за попустот и дека истата графичка во моментот изнесува 65.000 денари(иако попустот не ми изгледаше реален, ама си реков штом вработениот ми го кажа тоа, go for it). Си реков топ, убав попуст зошто да не.
Исто така ми спомна дека пред некој ден дошол исто така друг муштерија да купи, му рекле и него дека е на попуст и тој си земал графичка исто така.
Си платив јас се уредно по цена од 65.000 денари за графичка, ми издадоа фискална за четирите графички и ми рекоа во понеделник ќе ти се јавиме да дојдеш да ги земеш од салон.

Сабајле ми се јавуваат и ми кажаа дека има грешка во цената, како демек последни четири биле овие и не можело по таа цена да ми ги продадат. Решението било или да ги вратат парите или да доплатам и да си ги земам графичките по регуларна цена, на што не се согласив.
Наредно ми јавија дека поради нивна грешка со цената, сега ми даваат попуст од 6000 за графичка и дека една графичка би изнесувала околу 92.000 денари, но јас пак не се согласив.
Следно беше што се консултирав со ОПМ им ја објаснив ситуацијата и ми рекоа да пријавам во ДПИ.
Јас се јавив во Сетек и им го кажав истото дека случајот ќе биде пријавен во ДПИ.

Кога го слушнаа зборот ДПИ, кој ли не ми се јави од Сетек, вработени, шефови на салони...
Следна приказна што ми ја кажаа било како демек графичките биле расипани и затоа не можеле да ми ги продадат, не им било за парите, ни за попустот и пак ми нудеа да ми ги вратат парите.

Му има логика муабетот на некој? Секој што ми се јави на телефон различна приказна ми кажа за графичките.
 
Ќе да ја зезнал работата вработениот. Во секој случај, по муабетов треба да добиеш четири RTX 3070 графички за цената по која си ги платил, нови (освен ако вработениот не ти кажал дека нешто не чини со нив).

Чим те барал кој ќе стигне од Сетек, значи се во damage control и гледаат да не ги изгубат тие 120 илјади. Терај си со ДПИ, јас би рекол дека си во право и дека треба да ти ги испорачаат графичките, нови.
 
Nightwalker

Gaining Experience
18 ноември 2007
147
170
Nightwalker's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-10700KF & be quiet! Shadow Rock 3
Motherboard
MSI B460M MORTAR
Storage
Kingston A400 Series 240GB & 1TB Western Digital SATA3 64MB Caviar Blue
PSU
Gigabyte P650B
RAM
XPG GAMMIX D10 DDR4 (2x8GB) @ 3000
Video card
GIGABYTE RTX 3060 Ti Gaming OC 8G
Case
Genesis Irid 503 ARGB
Mouse
Glorious Model O
Keyboard
Glorious GMMK PRO
Audio
Onboard
Monitor
BenQ GL2580
OS
Windows 10 Pro x64
Немам коментар за Сетек... што се' немам прочитано овде, а и мене убаво ме „испердашија“ за Tower Air Cooler пред некои 2-3 месеци... испаѓа дека нема човек кој отишол таму, а барем еднаш не наседнал.

Со среќа, @BigBull. Ако се' е вака како што пиша, ти си во право и идеално би било да ја тераш работата до крај.
 
goce03

Practice makes perfect
20 јануари 2015
1,077
1,839
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
Gigabyte H81M-DS2
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
Philips 226V4LAB
OS
Win 7 64 bit
Пријави во ДПИ (поднеси писмена претставка убаво образложена со копии од фискални во прилог), види што ќе ти кажат, тоа нема да биде одма, најмалку 15 дена.
ДПИ потенцијално можат да изречат глоба доколку утврдат дека има прекршувње на Закон за потрошувачи (ова ми делува малце специфичен случај, пошто не е даден капар, како погоре што се дискутира, платен е цел износ), меѓутоа ДПИ неможе со ,,сила" да ги натера да ти ги испорачаат графичките без доплата. Можно е да те упатат на судски спор, а тоа дали се исплати , разговарај со адвокат пријател, (не било кој, зошто ќе добиеш одговор секако,100% добиваш на суд, како и од секоја продавачка во бутик дека нешто многу убаво ти стои :) ), па сам одлучи.
 
Последна промена:

DemoUser

On your way to fame
27 април 2010
1,037
950
Скопје / Автокоманда
DemoUser's setup  
Mouse
Logitech G305
Keyboard
Logitech MX Keys
Monitor
ASUS ROG PG258Q 24" 240hz
OS
Windows 10 Pro
Да имаше правда во оваа држава некој сега длабоко на усните ќе го јадеше.
Но бидејќи нема освен некој ЈАК АДВОКАТ да најдеш да ги изгори да се договориш однапред со него со процент да си земе и да се нафати сам да го брка случајот а не ти пари да му даваш така најмногу ќе ти се исплати.
Се друго ти е џабе и можно е на крај да испадне ни тие пари што си ги дал да не ти ги вратат онака магично.
Ова ти е НОРТ МАЦЕДОНИА ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА каде што најголемиот криминалец е во право , а ти ни крив ни дужен ќе го јадеш длабоко на усните и не заборавајте го ова затоа што ова уште наредните 300 до 1000 години ќе си биде вака кај нас дур не дојде некој да не избрише скрос од мапа.
 
Вајкинг

Practice makes perfect
9 јуни 2015
1,079
1,277
Скопје
момци не знам зошто се силите и кревате толку фама. Сигурен сум дека грешката е на вработениот што ти го кажал попустот.
Замисли целиот попуст да оди на трошок на 1 вработен (што многу веројатно е нов/неискусен). Си требало да си ги платиш по 92.000 и готово.
Не треба да сте толку себични и лакоми.
 
[email protected]

Gaining Experience
21 мај 2016
568
454
момци не знам зошто се силите и кревате толку фама. Сигурен сум дека грешката е на вработениот што ти го кажал попустот.
Замисли целиот попуст да оди на трошок на 1 вработен (што многу веројатно е нов/неискусен). Си требало да си ги платиш по 92.000 и готово.
Не треба да сте толку себични и лакоми.
+1
 
  • Налутен/а
Реакции: Avid

Nikola100

Gaining Experience
30 септември 2019
354
230

A што мислиш - кога еден мој близок вработен во Анхоч врати многу повеќе кусур на муштерија - кој ги надокнади парите ? Мислиш на муштеријата око му трепна и ги врати ? СЕКОЈ си е одоворен за своите грешки и така треба да биде.
 
kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,430
3,745

Ма дај. ДОГОВОР. ПОТПИШАН. ПЛАТЕН. Ако сакаат купувачот (едната страна да се повлече) бујрум нека преговараат. Или да си испорачаат. Апашишта можат само да помислуваат еднострано да се повлечат од договор и плус другата страна да им доплати. За оваа сума се исплатува да се оди на суд. Колку е годишната казнена камата? 19? 13? Еве и да не дојде до тоа - само би сакал да видам 4.000 евра (или 5.000 евра е глобата според Законот за облигациони односи или е во Закон за заштита на потрошувачи) да ги репнат. Абе за една вага небаждарена или за продавање на хартијата по иста цена како производот се огромни казните, не па за ова.

А и да ги видам како ќе му наплатат толку пари на вработен. Како смеела касата да издаде таква сметка? Кој му дозволил да дава толкав попуст? Тој нека плати. Плус ако вработениот направи ќар од 100% не добива 100% проценти од ќарот, така? Исто и за загубата.
 
SiPy`

Unbeatable
23 јуни 2015
2,731
4,622
У строК центар!
Да ви одговорам на прашањето што е производот.
Производот е графички картички, rog strix rtx 3070.
Цената им беше 98.XXX денари кога јас решив да ги купам.
Си ставив пари во џеб за да ги купам по нормална цена, дека јас не знаев дека имаат попуст.
Одам во Сетек им велам колку графички имате на залиха и ми рекоа дека имаат 4.
Им велам во ред тогаш ќе ги земам, на што следеше прашање, знаеш колку им е цената?
Така вработениот ми кажа за попустот и дека истата графичка во моментот изнесува 65.000 денари(иако попустот не ми изгледаше реален, ама си реков штом вработениот ми го кажа тоа, go for it). Си реков топ, убав попуст зошто да не.
Исто така ми спомна дека пред некој ден дошол исто така друг муштерија да купи, му рекле и него дека е на попуст и тој си земал графичка исто така.
Си платив јас се уредно по цена од 65.000 денари за графичка, ми издадоа фискална за четирите графички и ми рекоа во понеделник ќе ти се јавиме да дојдеш да ги земеш од салон.

Сабајле ми се јавуваат и ми кажаа дека има грешка во цената, како демек последни четири биле овие и не можело по таа цена да ми ги продадат. Решението било или да ги вратат парите или да доплатам и да си ги земам графичките по регуларна цена, на што не се согласив.
Наредно ми јавија дека поради нивна грешка со цената, сега ми даваат попуст од 6000 за графичка и дека една графичка би изнесувала околу 92.000 денари, но јас пак не се согласив.
Следно беше што се консултирав со ОПМ им ја објаснив ситуацијата и ми рекоа да пријавам во ДПИ.
Јас се јавив во Сетек и им го кажав истото дека случајот ќе биде пријавен во ДПИ.

Кога го слушнаа зборот ДПИ, кој ли не ми се јави од Сетек, вработени, шефови на салони...
Следна приказна што ми ја кажаа било како демек графичките биле расипани и затоа не можеле да ми ги продадат, не им било за парите, ни за попустот и пак ми нудеа да ми ги вратат парите.

Му има логика муабетот на некој? Секој што ми се јави на телефон различна приказна ми кажа за графичките.
Дефинитивно е грешка на некој вработен или грешка во системот, со сила неможеш да ги земеш графичките без разлика дали си платил за нив. Како правно лице Сетек се обврзани да ти испорачаат роба во рок од Х денови или да ти ги вратат парите. ДПИ ќе интервенираат само доколку не сакаат да ти ги вратат парите, правното лице има право да одбие испорака на производи. Нема зошто да ти се правдаат дека производите се навистина со недостаток.
 
FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,558
14,536
Уосталом и 6000 денари по карта не е за занемарување.
Јас лично би ги зел без да лакомам.
 
Nikola100

Gaining Experience
30 септември 2019
354
230
Skopje
Дефинитивно е грешка на некој вработен или грешка во системот, со сила неможеш да ги земеш графичките без разлика дали си платил за нив. Како правно лице Сетек се обврзани да ти испорачаат роба во рок од Х денови или да ти ги вратат парите. ДПИ ќе интервенираат само доколку не сакаат да ти ги вратат парите, правното лице има право да одбие испорака на производи. Нема зошто да ти се правдаат дека производите се навистина со недостаток.
Ако им помине ова - бујрум -продавам 3090-ка за 30 000. сакаш 10 парчиња ? Дај ми 300 000 за недела дена ке ти ги дадам картиците . Значи јас имам недела дена што сакам право да правам со кешот - и после ке ти речам - Се расипаа - гром ги удри - НЕМА.. Еве ти ги назад 300 000. Може ?

Што се однесува до дечкото што си платил - не се обесхрабрувај - само поднеси се по прописи во ДПИ и чекај одговор од нив !
 
Последна промена:

NecrotoX

Unbeatable
4 март 2013
3,960
4,232
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 970 EVO Plus 250 GB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
16GB Kingston HyperX FURY DDR4 @ 3200 MHz
Video card
GIGABYTE GeForce GTX 960 4GB Windforce x2 OC Edition
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Genesis Xenon 210
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro + Philips 222EL1SB 22"
OS
Windows 10 Home x64
момци не знам зошто се силите и кревате толку фама. Сигурен сум дека грешката е на вработениот што ти го кажал попустот.
Замисли целиот попуст да оди на трошок на 1 вработен (што многу веројатно е нов/неискусен). Си требало да си ги платиш по 92.000 и готово.
Не треба да сте толку себични и лакоми.
Па тој вработен не му ги дал од под тезга на пазарче графичките, тоа поминало низ системот, фискална има човекот. Значи таа била цената во моментот кога ги платил и во тој момент ако биле тамо он ќе си ги однел дома по таа цена. После ќе му се јавуваа да ги доплаќа?
 
kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,430
3,745
Скопје
Дефинитивно е грешка на некој вработен или грешка во системот, со сила неможеш да ги земеш графичките без разлика дали си платил за нив. Како правно лице Сетек се обврзани да ти испорачаат роба во рок од Х денови или да ти ги вратат парите. ДПИ ќе интервенираат само доколку не сакаат да ти ги вратат парите, правното лице има право да одбие испорака на производи. Нема зошто да ти се правдаат дека производите се навистина со недостаток.
Close but no cigar. ПЛАТЕНО Е. Ако бил капар - дупло нека го вратат. Значи покушааваат да се извадат. Ама тешко. Само фирми што израснале на шверцување процесори во мантили може да измислуваат триста чуда. Се надевам потрошувачот ги снима па да ги објави после да се смееме.

Ако им помине ова - бујрум -продавам 3090-ка за 30 000. сакаш 10 парчиња ? Дај ми 300 000 за недела дена ке ти ги дадам картиците . Значи јас имам недела дена што сакам право да правам со кешот - и после ке ти речам - Се расипаа - гром ги удри - НЕМА.. Еве ти ги назад 300 000. Може ?
Зависно од договорот. Ако пишува во него експлицитно дека купувачот се откажува од камата или казна или ова или она - тогаш никому ништо. Он платил за да ги добие без никакви писмени договори (или да ги видиме). Значи важи законот за облигациони.

И то. Ќе раскажува членот...
 
Вајкинг

Practice makes perfect
9 јуни 2015
1,079
1,277
Скопје
A што мислиш - кога еден мој близок вработен во Анхоч врати многу повеќе кусур на муштерија - кој ги надокнади парите ? Мислиш на муштеријата око му трепна и ги врати ? СЕКОЈ си е одоворен за своите грешки и така треба да биде.
Едно е 1000, 2000, 3000 грешка во кусурот а друго е 4 пати по 30.000. Тоа се најмалку 5 месеци работење за НИШТО.

Не ми се верува колку алчно и себично размислувате. Одвратно! Воопшто не ја земате во обзир другата страна. Иако сум вработен во конкурентна фирма, и Сетек воопшто не ги сметам за коректна фирма, I feel for the guy.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,742
Мислења
856,576
Членови
29,747
Најнов член
Mitra1987
На врв Дно