Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Препорака апарат за заварување?

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Нешто што го има во нашиве продавници и со кое ќе може да научам да заварувам.

Читав дека е МИГ без боца е најдобро за почетници ама не знам кој апарат да го земам. Гледав некои Мак Стерн во МК произведени дека има, некои Rem Power во хрвстска, некои руски модели и многу кинески модели со имиња кои звучат германски или англиски…

Да не преминува 500 еур со сета опрема што ќе ми треба.
 
gdamjan

poweruser
3 април 2008
4.058
3.502
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
things have escalated :D

баш пиши како ти идело учењето
 
FiC DoGG

user
17 април 2007
1.042
1.098
www.behance.net
FiC DoGG's setup  
Processor & Cooler
i7 2600k Noctua NH D14
Motherboard
Asus Sabertooth P67
Storage
840 pro 128GB + 500GB HDD + 1000GB HDD
PSU
CM Real Power 550W
RAM
2x4GB DDR3 1333
Video card
Gigabyte GTX 760 2GB
Case
CM Centurion 5
Mouse
A4tech X7
Monitor
2x Dell U2412m
OS
Windows 8.1 Pro
За по дома земи си инвертер stick welder. MIG/MAG само со боца што за по дома е оверкил. Јас во короната навлегов во овие води за да правам power rack и клупа за вежбање. На крај земав rem power stick welder, и сум прилично задоволен, добра регулација има за амперажата со екранче така да до ампер можеш да наштелаш. Прилично мало уредче е дури со појас за преку рамо доаѓа да можеш на шашави места да се качуваш да заваруваш.
Техника ќе мора да повежбаш пред да правиш неш. Најбитно е да ја наштелаш амперажата на неколку тест парчиња од иста дебелина како тоа што планираш да го заваруваш и после само штанцаш електроди.
Најдов едно двд на интернет со многу добро објаснување и демонстрација за заварување во сите положби, можам да го побарам ако си заинтересиран.

ПС. Welding table е супер прв проект за вежбање.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.565
19.253
Не знам за апарат ама еве ти супер канал ако не го знаеш
Мене рандом ми се појавува, го гледам чисто од љубопитност.

Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.300
11.842
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro
Каков апарат и да земаш, никако, ама никако да не вариш без маска, тоа да ти е правило број еден. И не само наочари, туку маска за да ти го заштити цело лице. На два три пати во сред ноќ ме носеле на клинички од она "ај само ова да го пецнам набрзинка, не ми треба маска" и искуството е ужасно најблаго речено, ти шприцаат анестетици и масти во очи и неколку денови одиш со наочари за сонце дури и навечер и дома, затоа што секаква светлина смета неверојатно.

Што се однесува до апарат, инвертерче некое за почеток додека се учиш ќе ти врши доста работа, а можеби и понатаму.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Благодарам на инфо. Пред да гледам за апарат нормално прво проверив видеа за заварување и најдов заштитна опрема кандидати.

Имено маска:

IMG_7622.jpeg

како и ракавици, престилка, филтер маска за на лице, чевли, комбилизон, ракави итн.

Се слагам дека мала маса за заварување е добар прв проект.

За делот околу МИГ вс ММА сакам комбиниран апарат пошо сакам евентуално да ги научам и двете техники ама би почнал со жица без боца (полна жица, жица со јадро со flux) затоа што тоа било лесно да се научи.

Денес (моментално) ова е апаратот кој се мислам да го земам:

IMG_7621.png

Словенска фирма биле Варстрој купена од јапонска фирма Даихен. Има 2 години гаранција шо е добро и најбитно има доста видеа и тестови на јутуб (од Срби претежно).

Како бонус можело да работи на електроди (ММА), жица (со или без боца) и дури и ТИГ. И има фини подесувања.

Мислења?
 
kikomir

hello world
30 јуни 2015
192
220
Што ти е крајната цел, професионално да се бавиш со заварување (во иднина) или чисто онака како хоби?

Daihen Varstroj се одлични апарати, нема грешка тука.

Мој совет е фокусирај се на заварување со електрода најпрво (има неколку типа електроди...базични, рутилни, целулозни) за да ги совладаш основите и техниката и заварување во различни позиции бидејќи е "најлесна" постапка.

За TIG ти треба прилично посериозна вештина, а и боца со Аргон. И тука некаде е границата на буџетен уред бидејќи за MIG/MAG ти треба далеку поскапа и посериозна опрема...ефтините уреди едноставно немаат доволно јачина. MIG/MAG со слаба машина и згора на тоа без боца заштитен гас (у превод FCAW) не може да даде добар завар или во превод не можеш баш онака добро да го совладаш како техника.
 
Целта ми е за домашни потреби/поправки. Ко шо гледав за до 5-6мм челик Варстројов е добар без разлика дали миг или електроди.

Тоа ми е потребата и сакам да ги имам опциите но пред се сакам да завршам работа коа ќе ми треба а секаф коа ќе имам слободно време да усовршувам техника.

Значи ко шо гледав за електроди треба повеќе вежбање и skill за добар вар отколку за со жица (миг).

Е сеа дали ќе набавам и ЦО2 гас за да користам поевтина жица и да избегнам згура од полна жица која е и поскапа уште не сум решил.

Ама идејата ми е таа - за почеток да научам (брзо и лесно се надевам) да заварувам со пиштол со жица и да завршам работи низ дома а во иднина да научам и со електроди.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Благодарам на инфо. Пред да гледам за апарат нормално прво проверив видеа за заварување и најдов заштитна опрема кандидати.

Имено маска:

Погледнете го атачментот 152756

како и ракавици, престилка, филтер маска за на лице, чевли, комбилизон, ракави итн.
Се слагам дека мала маса за заварување е добар прв проект.

За делот околу МИГ вс ММА сакам комбиниран апарат пошо сакам евентуално да ги научам и двете техники ама би почнал со жица без боца (полна жица, жица со јадро со flux) затоа што тоа било лесно да се научи.

Денес (моментално) ова е апаратот кој се мислам да го земам:

Погледнете го атачментот 152757

Словенска фирма биле Варстрој купена од јапонска фирма Даихен. Има 2 години гаранција шо е добро и најбитно има доста видеа и тестови на јутуб (од Срби претежно).

Како бонус можело да работи на електроди (ММА), жица (со или без боца) и дури и ТИГ. И има фини подесувања.

Мислења?
Не.

Варстрој AC апаратите биле закон во друга ера, сега има далеку подобри DC (инвертор) опции. Стариот имаше пред 10 години, прегреваше после 20мин работа со 2.5мм електроди, и на крај рикна а не беше ни којзнае колку користен (10-на пати за поситни работи).

Инаку хаха баш само што влегувам дома од заварување, менуваме ограда па заварував профили за метални плочки зацементирани во цирклаж. Сопругата вели што не платиш некој, не разбира колку забавна е целата работа. :)

Вака, мои совети како од нуб на иден нуб.

Апарат, буџетот одредува како и што. СО2 веќе не е толку скапо како на времето, арно ама: секако е поскапо, апарати има од разни класи а тие поевтините (релативно поевтини) по моќност се соодветни повеќе како за лимови и тенкозидни профили. Што секако е примарен фокус на хоби заварување но... Ќе има ситуации да треба да се завари нешто дебелозидно и полно железо/челик. Така да јас лично мислам дека подобро е да почнеш од електролачно или како што велат америте stick заварување, со електроди обвиени со обвивка која кога гори генерира заштитен гас (штити од оксидација, и овозможува квалитетн вар).
Потешко е заварувањето со ММА, ама тоа кога ќе го научиш после СО2 или ТИГ (Аргон) е песна. Така барем велат, јас не сум стигнат таму. :D

Од аспект на класични апарати, имаш разни брендови кои вообичаено се со пренапумпани цени. Разгледај во Маквелд (запамти го името за електроди).
Но мој совет е да земеш нешто од Ингко/Тотал. Не од Wadfow што е од истата фирма пониска класа а ингко/тотал секако се економи класа.
Што да пазиш: да е накај 200 aмпери апаратот, што не е неточна спецификации но рачунај дека на таа стуја дека минута работи 5 минути апаратот одмара (се шалам, ама така некако е табелата). Таков апарат рачунај дека слободно можеш со 3.2 мм електроди да работиш, попрво ти ќе се умориш отколку што апаратот ќе влезе во заштита (ладење). Инаку најчесто се работи со 2.5мм електроди, а треба да имаш и 2мм во репертоар за баш тенкозидни профили.

Сега малтене сите посаглам апрати имаат корисни гимици како „нелепење“, на почеток без твоја контрола пушта појака струја за да не ти се залепи електродата. А ќе се лепи. И ќе пцуеш. Ќе разбереш кога ќе почнеш. :)
Пази на ова.

Електроди. Земи добри, ако се поскапи. Има мајсторски турски/грчки електроди по железарииве, и генерално вршат работа. Но во Маквелд имаш ESAB електроди. Јас на акција ги начекав, земав 10-ина кила и рутилни и базични електроди. За лим и тенкоѕидни профили се користат рутилни. Имат помала пенетрација и послаба јачина вар, ама па многу помалку има шанса да пробиеш дупка во профилот, и полесно се вари. Базични се за конструкции, ситуации каде се бара јачина на варот. Овде хобисти и викенд мајстори ги игнорираат пошто се нешто потешки за научување. Но генерално и со двата вида електроди ќе видиш проблеми и срања додека да ги научи основите (и да ги разбереш на дело сите моменти што сега несомено ги гледаш на видеа за заварување).
Нарачав од Тему и целулозни 6011 електроди, тие се за голема пенетрација и варење многу р`ѓосани материјали без чистење. Уште не сум ги пробал.

Од видеа за заварување. Спомнатиот Кригер не е лош. Јас повеќе го гледам за забава, за учење конкретни гледам неколку руски канали. За теорија има неколку американски канали. И еден Грег кој е топ и за пракса и за теорија. Но ништо не заменува пракса. Пракса и многу пракса.

Така да крајно, прво MMA апарат. После ако видиш дека имаш потреба СО2/ТИГ. СО2 апарати има и со достапна цена, ама рачунај дека СО2 боцата е релативен проблем. Кај нас можеш да ја полниш во Технички Гасови, ама они се незгодни со побарување за разни сертификации и атести на боците, па ако помине доволно долго време на секое наредно дополнување пак бараат атест. А ти ќе трошиш една боца на... којзнае колку долго време, пошто хоби ќе работиш. Па надвор како денес на ветер СО2 може да има проблеми, MMA (stick, eлектролачно) е многу поотпорно на ветер.

Сега има и апарати на жица како СО2, што не бараат С02. Во жицата во јадрото има внатрешен слој како што на stick електродите надворешната обвивка е заштитниот слој. Има и евтини Парксајд апарти што работат со овие жици. Рачунај дека повеќе се за тенкоѕидни работи и лимови. Интересно е да се има како додатен апарат во колекцијата, кога ќе има во Лидл планирам да земам.

Што се тиче Лидл, црната серија Парксајд ММА апарати се добри. По цена/перформанси подобри од Ингко/Тотал. Кригер има фалено разни апарати по каналот, рачунај дека не се лоши ама дека реклама им прави. Во Србија ги фалат некои Хенг/менг (така нешто името), може да не е лоша опција со поврат на данок ама не сум истражувал многу.
Сега да имам избор би земал Парксајд црна серија ММА комбиниран со ТИГ. Ретко искачаат на продажба. Да имам пари за фрлање, ESAB Rogue! :)
Мислењето е автоматски споено:

Маска што подобра, но за почеток ете и тоа што си го линкал ќе заврши работа ако има самозатемнување. Проблемот не е во заштитата на очите, туку во ергономија/удобност на главата. Ракавици/престилка имаш било каде, ете во Евтинија на пример (каде држат и Ингко/Тотал/Вадфов).
Мислењето е автоматски споено:

Е и ова... Ако земеш СО2/Аргон... Полесно за заварување ама ќе имаш за учење и куп поврзувања цевки со гасовите, регулации на пуштање притисок, куп такви работи. Таму електродите не се трошат, ама додека да научиш да ги користиш и тоа како ќе ги трошиш. :)
Па добрите електроди имаат Ториум, и забранети се во Европа. Тие без Ториум се демек „побезбедни“ ама имаат заебанции.

ММА од друга страна е потешко заварувањето, од аспект на манипулација на електродата. Ама е пали гаси, ставаш електрода, се местиш да ти е удобно, и вариш.
И електродите се евтини. Не дека жиците за СО2/Аргон се голема економска ставка, посебно колку што ќе вариш како за себе/хоби.
 
Последна промена:

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Сега има и апарати на жица како СО2, што не бараат С02. Во жицата во јадрото има внатрешен слој како што на stick електродите надворешната обвивка е заштитниот слој. Има и евтини Парксајд апарти што работат со овие жици. Рачунај дека повеќе се за тенкоѕидни работи и лимови. Интересно е да се има како додатен апарат во колекцијата, кога ќе има во Лидл планирам да земам.

Исцрпно и убаво напишано све фала за одвоеното време да споделиш. Иста е и мојата намена и став - што ќе се молам по мајстори кои веќе и ги нема дојден сум на став да морам да научам сам да си средам што треба да средам.

Заради цитираново баш и гледам одма да зеам солиден апарат кој има опција МИГ + Електроди. Ама изјаснив како планирам ја да учам. Но секако сакам и двете опции да ги имам. И нормално неколку пати потенцирав дека СЕКАКО нема да користам боца.

Не можам ко шо викаш да барам а-тестови и supplier за гасови. Значи дали со електрода или со полна жица (а најверојатно со двете) секако ќе се учам да заварувам со FLUX материјал. Значи има на маквелд жица со флукс, цената на добри електроди версус жица со флукс реално е споредлива и така.

Работава е да се научам и да ми потрае апаратот. Затоа неќам да зеам од најевтините, а ИНГКО и ТОТАЛ ги гледав ама нема добра опција со жица (миг) и електроди комбинирана.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Абе не е mission imposible со боците за гасови, само те предупредував дека има пимплање и губење време.

Ингко/Тотал се добра опција за ММА, јас имам 200А Ингко и ОК си работи. Ако сакаш побрзо да земеш нешто базично, тоа е тоа. За парите се навистина добар бренд, имам куп алат од нив дома и ништо не е шкарт.

За комбинирано СО2/ММА, види во Маквелд (скапа опција). Види тие што ги фалеа кинеските на Кригер/Зона Алата, исто се поскапи ама ги фалат дека се квалитетни. Само искрено Ингко/Тотал 200А за ~150 евра и тоа е тоа... Ако сакаш СО2 секако ќе треба да дадеш многу повеќе пари, а прашање е дали ти треба. Веројатно не ни знаеш (по себе тргам).

Или ако не ти се брза, следи понуди во Лидл.

Опција ти се и тие со полнета жица, не треба СО2. Само не се за внатре, испарувањата се се полоши од ММА.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Абе не е mission imposible со боците за гасови, само те предупредував дека има пимплање и губење време.

Ингко/Тотал се добра опција за ММА, јас имам 200А Ингко и ОК си работи. Ако сакаш побрзо да земеш нешто базично, тоа е тоа. За парите се навистина добар бренд, имам куп алат од нив дома и ништо не е шкарт.

Се разбираме, и многу слично и ја размислувам и купувам. И јас земав еден куп алат сеа баш од Тотал (батериски и рачен) и сум презадоволен. Прво како опција одма тоа гледам веќе секако хаха. Дури ете за некој ако му се најде ко инфо - лопати значи обични факин лопати земав од ТОТАЛ брендот и не знаете значи колку менува добра лопата која не мрда - а овие се дефинитивно такви. Значи прописно направен и добар алат за секоја работа е НЕЗАМЕНЛИВО НЕШТО!

Клешти еј, два пати купив сет клешти тотал пошо се ФЕНОМЕНАЛНИ! Овие конкретно:

1754659889650.png

Добар алат не само шо прави да не се фрустрираш заради алатот коа правиш нешто туку и ти убрзува работа!

За комбинирано СО2/ММА, види во Маквелд (скапа опција). Види тие што ги фалеа кинеските на Кригер/Зона Алата, исто се поскапи ама ги фалат дека се квалитетни. Само искрено Ингко/Тотал 200А за ~150 евра и тоа е тоа... Ако сакаш СО2 секако ќе треба да дадеш многу повеќе пари, а прашање е дали ти треба. Веројатно не ни знаеш (по себе тргам).

Или ако не ти се брза, следи понуди во Лидл.

Опција ти се и тие со полнета жица, не треба СО2. Само не се за внатре, испарувањата се се полоши од ММА.

Дап, маквелд и ја прво ги гледав а и овие МАК СТЕРН (шо произведуваат апарати за заварување) ама скапи се првите (исто и Девалт и Awelco се доста скапи за солиден мидрејнџ модел) а овие Мак Стерн ми делуваа добри ама еве овој Варстројов едноставно има повеќе опции и повеќе информации на интернет (практично користење, јутуб видеа и коментари) и морам да се потпирам на инфото кое го има. За МАК СТЕРН никакво инфо нема никаде иако сум сигурен дека се одлична опција ама не можам да купам нешто за кое нема еден јемени коментар на интернет од корисници.

И секако ако веќе е солиден модел ќе има он приклучок за гас, ама дали и кога ќе го користам (ако уопште некад у живот) ќе видиме хаха.

Како и да е за сите шо читаат:

ИНГКО ТОТАЛ па и ВАДФОУ и ЕМТОП - се одлични алати! И батериите им се компатибилни тие P20S - шо е најбитно кај батериски алат.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Рачунај и дека комбинираните ММА/ТИГ се поголеми и потешки апарати, а ќе треба и на скали да се качиш, например метална контрукција за стреа ако треба да правиш. Тогаш обично како торбица се става на рамо апаротот.

И секако ако веќе е солиден модел ќе има он приклучок за гас, ама дали и кога ќе го користам (ако уопште некад у живот) ќе видиме хаха.
Oва е критичниот момент. И дилемата ти е дали да даваш солидни пари за не толку солиден бренд само затоа што има функционалност која можеби ќе ја користиш ама нешто поверојатно е дека нема, од аспект на тоа дека повеќе ќе сакаш да идеш со СО2 отколку со Аргон како Варстројот што го гледаш.
Аргон е и поскап гас, поштетен за вдишување, итн.

Тогаш можеби подобро пукни ги парите на подобар чисто само ММА апарат, и на подобра заштитна маска... Чисто кажувам различен аспект на гледање. А ти со здравје да се служиш што и да одбереш, па да пишуваш искуства. :)
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Рачунај и дека комбинираните ММА/ТИГ се поголеми и потешки апарати, а ќе треба и на скали да се качиш, например метална контрукција за стреа ако треба да правиш. Тогаш обично како торбица се става на рамо апаротот.

Oва е критичниот момент. И дилемата ти е дали да даваш солидни пари за не толку солиден бренд само затоа што има функционалност која можеби ќе ја користиш ама нешто поверојатно е дека нема, од аспект на тоа дека повеќе ќе сакаш да идеш со СО2 отколку со Аргон како Варстројот што го гледаш.
Аргон е и поскап гас, поштетен за вдишување, итн.

Тогаш можеби подобро пукни ги парите на подобар чисто само ММА апарат, и на подобра заштитна маска... Чисто кажувам различен аспект на гледање. А ти со здравје да се служиш што и да одбереш, па да пишуваш искуства. :)

Убаво збориш ама ја веќе 2 недели тоа го мислев и дебатирав и пресеков дека мора да има за жица хаха. Е сеа тоа велам дека нема солидна опција за ММА + Жица без боца од понудиве која нема да прегрева на 2 минути, а сите солидни со жица имаат и приклучок за гас па тоа го глеам ко бонус.

А ова Варстројот многу добар контролен панел и автоматски пресети има шо за почетник ко мене и за електроди и за жица ќе помогне многу.

Еве видеата шо ги референцирам цело време од србинов:

View: https://youtu.be/kmeodLbuRWc

View: https://youtu.be/CjpZRAkJsNo

——

За останати заинтересирани тоа шо научив дека треба да се внимава:

  • Оптеретеност/циклуси на работа пред да треба пауза
  • Макс ампеража
  • Ако има жица да има метален систем за водење на жицата (а не пластичен)
  • Апарати кои примаат само мали котури жица (1кг) се обично шит

- Електроди се практични за на терен дека котурот жица ќе ти додаде на тежината на апаратот

- Инвертер дека се полесни за носење ко шо кажа @Lokvan

- Квалитетни електроди !!!!!!
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Нешто што е интересно, и посебно кога се бира апарата... Подобрите апарати со жица имаат полуавтоматски мод на работа, одлично за лимови, и за тенкоѕидни профили посебно кога има малку размак меѓу профилите.

Еве долу спредба на spot welding со мма и spot welding со полуавтомат.
Авторот има добри видеа за варење. Само намести титлови и се разбира доволно за следење на содржината.

View: https://youtu.be/V9DBK7oe1tY?t=548

Мислењето е автоматски споено:

Сум го гледал и ОК видеа има Србинот погоре, само повеќето му се ревјуа на апарати и автоматски за мене такви канали ги земам со резерва... Апаратот си изгледа сосема пристојно но погоре објаснив зошто јас лично не би земал Варстрој, немаме дома добро искуство со пост-ју производството.

Есаб-ов ако може да се најде некаде во Србија за слична цена како ова, рачунај дека има голема разлика во квалитетот на уредот:
 
Да ама Есабот е само за ММА а е 500 евра. Има и STANLEY модели кај нас па и ТОТАЛ има модел на заварувач кој е околу таа цена ама само за електроди, тоа е ептен веќе квалитет, моќ и се тоа.

Од сиве тука кај нас само овие Варстрој имаат 2 години гаранција шо е сосема океј. Другиве се 1 година гаранција. А и ко секој уред како ќе се погоди. Си има сервиси за среќа ете тие МАК СТЕРН поправаат (според нивната веб страна) секакви бакарни намотки во било какви алати и апарати. Значи и ако се деси нешто на батерискиов алат после гарантен период ќе барам некој таков сервис хаха.

А за делот со полуавтомат не знам дали е истото нешто шо го има и овој варстројот - има 2Т и 4Т режим - во 4Т режим еднаш притискаш на дугмето и заварува дури не го притиснеш пак. Исто така има автоматско (индукциско) подесување на брзина на излагање на жицата базирано на волтажа/ампеража која ќе ја избереш.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Доста ти се 160 ампери? Генерално сѐ доста, со тоа што максималната моќност кажува и за класата на компонентите.

Есабот има и тиг, но дилерот може да го ставил како опција. Стенли не се некое име во заварувањето, колку што знам. Никаде по нет не сум видел да ги спомнуваат во дискусии, вака изгледа дека само ремаркираат некој ОЕМ. Веројано преплаќање за името.

Србија не е лоша опција за купување, сметај и на поврат на данок.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
За жал не ми е во план/можност да идам за србија затоа. 160А и те како сметам дека ќе ми е доволно, во никој случај не гледам да заварувам нешто подебело од 5мм челик. А ако ми треба во иднина појако здрави живи да сме ќе позајмам или ќе купам.

Моделот 2005Д од истиве го има на лагер но не ми се дава уште 10 илјади за 200А, и ако веќе излезе да ги давам (а ко шо кажав сакам со 500е да поминам вклучително и заштитната опрема значи) - мислам дека пре би размислил овој за 33-36 илјади да го земам:

AWELCO Апарат за заварување INVERTOR MIG/TIG/MMA 200A

1754684432295.png

Овие се италијански и колку шо гледав доста реномирани.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Не можам да најдам ревјуа, инаку го имаш и на Ананас. Ќе се најде некое купонче ваљда.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.565
19.253
Научи да заваруваш алуминиум па да те пишиме во краљеви...
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Од тоа шо читам алуминиум со вакви послаби апарати најдобро е ТИГ варење. Дур да стигнам до ТИГ и алуминиум има леб за јадење...
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Изгледа го најдовме ОЕМ-от за Стенли. :p

Погледнете го атачментот 152791

Да и јас истото го најдов пред некоја минута. И искрено после твоите коментари за стенли а и со оглед на контролите пак сум назад на Варстрој како примарна опција хаха. Едноставно лесна е за почетник со сите опции, не е трофазна, доволна е за до 4мм со миг, со електрода може 5-6мм без проблем. Мислам дека ако ми потрае ќе ми заврши работа да научам доволно за да си вршам све шо ми треба.
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно