xenon
εικονοκλάστης
Една естетски фокусирана тема за споделување слики, лични или од нет во врска со дизајн на куќишта. Ова е тема на која може да оди до недоглед но заради визуелниот аспект вакви теми се секогаш интересни, барем за мене. При споделување наведете го и моделот на куќиштето, дали е сеуште актуелно или е модел од минатото (или концепт за во иднина) итн. Со текот на времето како се менува потребите и приликите, дизајнот претрпе значителни промени, почнувајќи од затворените бели/галички чудовишта од 3мм челик и едвај еден 80мм отвор за вентилација, до денешните дизајни каде веќе комплетно е исфрлена употребата на 5.25" експанзиони места и фокусот е на ргб осветлување, добра вентилација т.е. функционална естетика.
Jас ќе започнам со едно од првите посериозни куќишта што го земав некаде 2000/2001,
Сеуште чувам едно или две вакви во сива боја, Chieftec издание. Тоа време кај нас во малопродажба се наоѓаа обично мини-миди куќишта така да ѕверов беше импозантен. Направен е од 2-3мм челик, неспоредливо со тенеќето денешно време, единствена маана му беше вратичката односно зглобовите на истата. Дебелината на конструкцијата исто го правеше да е прилично тивко затоа што доста од вибрациите се апсорбираа од челикот.
Jас ќе започнам со едно од првите посериозни куќишта што го земав некаде 2000/2001,
Antec SX1030 / Chieftec CS-601