Истово и се деси и на сопругата, на истиот телефон, на истиот оперативен систем, околу 20 сесии има по 15 денари. Приметив уште првиот ден, ама мислев дека има активирано некоја опција, после вториот ден кога видов дека повторно и наплаќа и кажав да го исклучи телефонот. Кога се врати ги проверив опциите, Data mobile исклучено, интернет во Roaming исклучено. Поднесов приговор, ама не очекувам да одговорат позитивно.Mi A1 8.0
Неможе да е до телефонот друже, со истиот бев во бугарија во февруари ни денар роаминг. Они какви сака рекорди нека си имаат ме заболе мене искрено.
Фантомски трошоци за кои они имаат "докази"
Право лоповство. Со чист образ да наплаќа 10 денари за 0кб. Џабе губиме нерви реално којзнае колку луѓе исто им се случува.
Да не има некоја опција плус што треба да се исклучи?!