Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Македонски Пошти - Општа Дискусија

Како сте задоволни од услугите на Македонски Пошти?

  • Вкупно гласале
    722

thrw

lurker
3 декември 2021
706
578
Кочани, Германија... иста работа. :ROFLMAO:
 
spiritfly

hello world
19 август 2011
134
178
А ако имаме проблем со задржана пратка на царина (преку Македонски Пошти) безпотребно 2-3 недели на кој да пријавиме?

Би сакал да споделам со вас поплака бидејки не знам со кој. И знам дека сите вие најдобро ќе ја разберете болката.

Имам стигнато пратка, board game Everdell - The complete collection. Пратката е порачана преку kickstarter кампања. Бидејќи имам доста развиен сајт за board games, ги замолив да ми ја испратат меѓу првите во замена на review. Оваа игра е доста популарна моментално и веќе се смета за модерна класика. После анализа на мојот сајт, се согласија да ја испратат. Од илјадници поддржувачи на нивната кампања, дечките ми ја испратија мене меѓу првите во светот. Јас, некој си од Македонија. Се разбира во замена за добра рецензија на мојот сајт, кој би им донел многу посети и реклама. Тоа исто така автоматски гарантира добра соработка за во иднина за секоја нивна нова игра. Уникатна возможност да се поврзам со еден од најдобрите издавачи во светот.

Пратката стигна од Германија до Македонија за 5 дена. Доаѓа во Македонски Пошти и оди директно на царина. Си викам ок, има внатре документи ќе помине за некој ден до два. Минаа 2 недели, штурци.. Пратката си седи никој жив. Ни смена во статус "Недостасува фактура" ништо. Имам секакви искуства со примање пратки така што знам и контакти кои си ја знаат работата. Пишувам мејл на таква личност. Ми одговараат немало фактура, било испратено известие. Сигурен сум дека ИМА фактура, а известие нема бидејки проверував секој ден и се јавував на локалниот поштар.

Пази чудо, наредниот ден ми стига известие! Веднаш пратив мејл со документите (ВО ПДФ) и се како што е ред. Шарнав и некоја линија текст таму да го искажам мојот револт дека пратката за 5 дена стигна од Германија до Македонија, но чека 2 недели на царина. И оп, пак штурци.. Два дена, нема промена на статус. Фаќа викенд со празник, значи ќе ме фати минумум 3 недели чекање. Илјадници порачки веќе се испратени со игрите, рецензии летаат на сите страни. Издавачот уште чека од мене рецензија. Јас игра немам. Чекам некој да се смилува на царина од мајка роден да му текне да проработи малце и да ја испрати пратката.

Цел мој проект граден со години кој вади пари и е сајт за почит од сериозни издавачи сега виси на конец. Кажете ми другари како јас да работам посветено на хоби проект кој е на пат да прерасне во гигант кога цел развој му зависи од некој лаклаци во царина кои незнаат да се организираат и да проработат ефикасно во интерес на народот кој всушност ги плаќа? Тие сопственото време не си го ценат не пак туѓото.

Се извинувам за "рантот", морав да ја споделам голготава некаде. Не ми е прв пат вакво нешто, даелку од тоа. Сум имал и полоши ситуации, но овој пат ја претераа. Значи наравоучение: ако почнувате каков било сајт/канал за рецензии, почнете го надвор од МК. Овде нема услови за такво нешто. Нема сметка пари, енергија и живци да се губат на вакви глупости. Наместо да си фокусиран на објавување и креирање содржина, јас пишувам мејлови и ви се жалам со долги четива вам драги читатели.

Благодарам за вниманието. Со Господ напред.
 
Последна промена:

Godlike

lurker
11 октомври 2014
881
1.012
На тракинг бројот што следиш, ако има упдејт и пишува недостасува фактура, тогаш тие пуштаат известие или по нивни каталог би те царинеле.
Е сега дека многумина незнаат, си требал предвреме да пуштиш во PDF сите документи што се потребни и така ќе беше пратката царинета навреме.
1666374038940.png
Да живеевме во нормална држава би те контактирал некој од царина на телефон за да се олесни работата.
Е сега ако ти се јави некој од царина сигурно ќе биди од ( UPS,Fedex,DHL и другите брзи пошти ) Тогаш следува друга процедура која ќе си платиш дебело ама ќе завршиш работа за нецела недела.
 
Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.659
13.706
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Ај поштарите штрајкуваат (имаат напишано на врата „штрајкуваме само за време на пауза“ :ROFLMAO:), ама и царинициве не се зафркаваат...

Clipboard01.jpg

Ама нема што да се бунам, си ги задржав парите што ги спремив за царинење (не ми ја оцаринија/оданочија). :cool:

Требаше само да ја издржам играта на нерви и да не пратам ПДФ предвреме. ;)
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.479
7.743
Скопје
www.facebook.com
Едно мое патештвесие...
Нарачав една машинка Delimano од топшоп во веро јамбо...
Ми рекоа ја немале на залиха али можеле да се нарачало и да ми ја пратат на домашна адреса кога ке му стигнела залихата.
Оставив податоци и све и си чекав едно месец дена, нарачкава сеуште ја нема...
Вртам броеви денеска, и во топшоп ми викаат па таа ви е во поштата, се јавувам во пошта па ми викаат ве барале за достава.
Му викам колку е доставата плус, ми кажуваат 205 денари е за достава, па му викам зашто не е доставена туку треба да идам да си ја земам од кај вас а на 100 метра од вас е топшоп и од таму е пратена и плус 205 денари на вас да ви плаќам за достава која што не ми е доставена туку треба сам да идам да си ја земам од кај вас. Значи наплаќаат за достава поштариве али не сакаат да доставаат до домашна адреса...
Клошарска работа и држава !
 
spiritfly

hello world
19 август 2011
134
178
На тракинг бројот што следиш, ако има упдејт и пишува недостасува фактура, тогаш тие пуштаат известие или по нивни каталог би те царинеле.
Е сега дека многумина незнаат, си требал предвреме да пуштиш во PDF сите документи што се потребни и така ќе беше пратката царинета навреме.
Погледнете го атачментот 118059
Да живеевме во нормална држава би те контактирал некој од царина на телефон за да се олесни работата.
Е сега ако ти се јави некој од царина сигурно ќе биди од ( UPS,Fedex,DHL и другите брзи пошти ) Тогаш следува друга процедура која ќе си платиш дебело ама ќе завршиш работа за нецела недела.

Знам дека треба да испратам ПДФ по емаил. Имам искуство со многу пратки и го следев статусот секој ден. Немаше апдејт "Недостасува фактура". Цело време стои дека е во царина. И сеуште не е сменето во Недостасува фактура, иако известување ми пратија дури денес.

chrome_k9efPQbEx0.png

Бидејки сум 100% убеден дека има документ внатре, не ни очекував да бараат фактура. Ми носеле порано така пратки и скапи и секакви преку ДХЛ Германија испратени кои ги хендла Македонска пошта. Директно дома и наплата за царина/ддв на врата.

Овој пат сум крајно разочаран. И не е прв пат да каснат и да треба да реагираш телефонски и по мејлови на одговорни лица за да мрднат.

Во право си, во нормална држава барем СМС ќе испратат. Има и телефон и мејл. Кај нас известие стига по пошта. Се губи ден два за џабе. А башка што некој треба да дојде и да го достави тоа писмо, кое патем може да се случи и да биде загубено и да си се врати пратката назад. Кој заостанат метод на известување во 21ви век, ерата на Web 3.0. Страшно!
 
Godlike

lurker
11 октомври 2014
881
1.012
Бидејки сум 100% убеден дека има документ внатре, не ни очекував да бараат фактура. Ми носеле порано така пратки и скапи и секакви преку ДХЛ Германија испратени кои ги хендла Македонска пошта. Директно дома и наплата за царина/ддв на врата.
ДХЛ Германија ги хендла Македонска пошта да, ама брзите пратки си ги хендлаат другите курири кои треба да платиш фиксен трошок плус царина, лежарина и други манипулативни трошоци.

DHL Deutsche Post и DHL Express се различни, Express е брза пошта која стига во курир во МК и нема врска Македонска пошта со нив.

Овој пат сум крајно разочаран. И не е прв пат да каснат и да треба да реагираш телефонски и по мејлови на одговорни лица за да мрднат.
Не си единствен, а кога ке добиеш пратка со брза пошта ќе бидиш уште толку многу разочаран во случај да се работи за продукт до 45е-90е
 
spiritfly

hello world
19 август 2011
134
178
ДХЛ Германија ги хендла Македонска пошта да, ама брзите пратки си ги хендлаат другите курири кои треба да платиш фиксен трошок плус царина, лежарина и други манипулативни трошоци.

DHL Deutsche Post и DHL Express се различни, Express е брза пошта која стига во курир во МК и нема врска Македонска пошта со нив.

Не си единствен, а кога ке добиеш пратка со брза пошта ќе бидиш уште толку многу разочаран во случај да се работи за продукт до 45е-90е

Во последните 20 години имам порачувано илјадници пратки. Ги имам пробано сите курири. Повеќе од јасно ми е како функционира. Имам поминато секакви глупости, многу полоши од ова. Но, сега ми зоври капачето. Баш поради тоа дека 20 години се нема ништо сменето. Цел свет прогресира, нашите методи се сеуште истите. Не гледам никаков тренд на иновативност.

Оваа пратка ми е од големо значење. Не се работи само за забавна игра туку личен проект кој ќе пропадне од нашата заостаната пракса и некадарност. Жално е ова што се случува.

И не се работи само за оваа пратка. Планирам да барам игри за рецензија од многу издавачи. Од особено значење е да биде навремено направена рецензијата и објавена. Инаку џабе е ако сите извадат пред тебе. Треба да се темпира со започнувањето на Kicstarter кампањата. Инаку џабе е. Така да, за ова да функционира во иднина треба да барам решенија преку друга држава. Друго чаре за жал нема. Жално е да пропадне цел мој(наш, имам и тим) труд поради вакви простотии.
 
Godlike

lurker
11 октомври 2014
881
1.012
Незнам што да кажам, кога знам дека се е пропаст овде. И приватните курири не се тоа што беа и тие каснат сега со пратки иако пратка стига од другиот крај на светот за 2 дена тука ќе седи 1 недела.
Се надевам ти и твојот тим ќе најдете начин во соседните држави кои се во ЕУ да ги користите за пратки.
Друго чаре за жал нема.
Мислам дека сум прочитал позитивни искуства со EMS, нашата пошта го практикува тоа.
Ако има некој искуство со ЕМС нека споделе.
View: https://www.youtube.com/watch?v=LCyJJusCwJs
 
Последна промена:

spiritfly

hello world
19 август 2011
134
178
Незнам што да кажам, кога знам дека се е пропаст овде. И приватните курири не се тоа што беа и тие каснат сега со пратки иако пратка стига од другиот крај на светот за 2 дена тука ќе седи 1 недела.
Се надевам ти и твојот тим ќе најдете начин во соседните држави кои се во ЕУ да ги користите за пратки.

Мислам дека сум прочитал позитивни искуства со EMS, нашата пошта го практикува тоа.
Ако има некој искуство со ЕМС нека споделе.
View: https://www.youtube.com/watch?v=LCyJJusCwJs

EMS треба да се добри. Исто ги хендла Македонска Пошта колку што знам. Но, попрофесионално и имаат друг третман. Како и да е, на царина ако оди пак истата процедура е.

За жал повеќето пати нема многу избор за како да ти ја испратат пратката, инаку за поголеми и важни пратки кои со сигурност ќе бидат оцаринети и треба навремено да стигнат би одбрал ДХЛ/УПС курир преку аеродромска царина. Поскапо ќе дојде само тоа што наплаќаат шпедиција, ама барем во најкраток можен рок ќе ја решат постапката.
 
ShootaBoy

read-only
25 октомври 2022
10
4
Здраво! Имам порачано графичка од ComputerUniverse (прв пат порачувам од странство). Од Германија преку DHL Deutsche Post пратката ја пуштија уште на 10.10.2022. и стаса кај нас на 14.10.2022. Од тогаш чекам и цело време проверувам на „tracking“, но нема никаков update. Денеска појдов в пошта Прилеп и тој што работи на шалтер провери со бројчето и ми рече дека сè уште пратката била на царина, и не знаел кога че ја пуштеле. Од 14 досега има поминато 11 дена, дали уште малку да почекам или да се јавам на бројот (или да пишам на емаил) како што кажа еден член погоре? Затоа што имам видено дека штрајкуваат нешто моментално, се плашам дека и че забораат на пратката. Не знам што да направам.
 
StefanPetrov

lurker
5 април 2016
525
910
StefanPetrov's setup  
Processor & Cooler
12700F / Arctic Liquid Freezer II 240
Motherboard
MSI PRO Z690-A DDR4
Storage
1TB Firecuda 520 SSD / 500GB Kioxia Exceria SSD / 1TB WD HDD
PSU
Asus ROG STRIX 750W
RAM
32GB G.Skill Aegis 3200 MHz
Video card
EVGA 3080 FTW3 Ultra 10GB
Case
Modecom Volcano Amirani White
Mouse
Razer Deathadder V2
Keyboard
Cooler Master MK730 Brown Switches
Monitor
LG 32" 165Hz QHD
OS
Windows 10 / Ubuntu
Здраво! Имам порачано графичка од ComputerUniverse (прв пат порачувам од странство). Од Германија преку DHL Deutsche Post пратката ја пуштија уште на 10.10.2022. и стаса кај нас на 14.10.2022. Од тогаш чекам и цело време проверувам на „tracking“, но нема никаков update. Денеска појдов в пошта Прилеп и тој што работи на шалтер провери со бројчето и ми рече дека сè уште пратката била на царина, и не знаел кога че ја пуштеле. Од 14 досега има поминато 11 дена, дали уште малку да почекам или да се јавам на бројот (или да пишам на емаил) како што кажа еден член погоре? Затоа што имам видено дека штрајкуваат нешто моментално, се плашам дека и че забораат на пратката. Не знам што да направам.
Пиши или јави се, не чекај. Ниту пари земат ако се јавиш ниту касаат. Ако не се јавев јас ко ми стигна графичката ќе ја добиев недела дена покасно ако не и поќе, оти известувањето дека ми стигнала пратка и да платам треба (и да пуштам докменти) ми стигна во Битола дури по недела дена од ко ми стигна графичката. Така да јави се во главната пошта во Скопје кај железничката, објасни му за шо ѕвониш и пушти му тракинг број ко ќе ти побарат.
 
Утре че се јавам отсабајле, че известам овде шо напрајв. Само се прашувам за каснењево дали причината е шо немаат фактура од мене како шо пишува неколку поста погоре.
 
ShootaBoy

read-only
25 октомври 2022
10
4
Во Скопје на царина стои.
10 дена не е малку, звони им најдобро.
Не знам зошто стои на царина. Да нè бараат дрога мејџу кулерите на графичката. Утре 12 дена не 10. Да му ѕвонам на бројот шо е погоре? 071 200 540?
 
Последни теми

Последни огласи

На врв Дно