• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Македонски Пошти- општа дискусија

Како сте задоволни од услугите на Македонски Пошти?

  • Вкупно гласале
    401

TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,206
2,003
Посље привиатизацијими тракингот че го биде на уќинат со секрет од дрејтори.
 
Necromancer

Unstoppable
24 февруари 2012
3,371
3,897
Скопје
Денес подигнав пратка нарачана на 16 јануари 2020 :oops:

Јас сум генерално задоволен од поштава, не се скапи услугите, малку подобра организација им треба и ќе биде океј.
 
TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,206
2,003
Ke ima nekakva razlika ako postava se privatizira?
Da ne treba poveke da se plaka za postarina carina itd
Да, најголема разлика ќе се осети во тоа што ќе ги зголемат царините, акцизите и ќе го намалат прагот на царинење од 90 на 1 евро. Последен пат кога проверив, според закон - директорот на пошта одредува царински стапки, така да ако ја купи приватник ќе го еб**е ежот. NOT!

Зависи од тоа кој ќе ја купи - ако ја купим Гзим Поштари од Врапчиште сигурно дека ќе биде полошо. Доколку пример Deutsche Post ги купи или некоја друга развиена пошта, сметам дека ќе се подобри услугата. Не знам дали си информиран во 2009 Canada Post требала да ја купи нашата пошта, но во последен момент нашата влада се откажа од продажбата. Така да, не не може да знаеме ништо додека некој не ја купи поштата.

Еве на пример, Македонска Пошта има изгубено еден цел сегмент од пазарот со тоа што карго експрес и слични фирми го имаат целиот бизнис за достава на пратки нарачани преку интернет. Така да кога ќе дојде приватник, можеби Македонски пошти ќе почнат да доминираат во тој сегмент. Ќевидие.

А за царини, одлучува државата, не одлучува пошта.
 
Enquito

On your way to fame
8 август 2017
1,426
850
Најголемата разлика ќе биде достапноста на поштата, неодамна гледав на Јутубе Џон Оливер и емисијата беше за Американската пошта и една од главните причини за национална пошта е можноста да биде достапна и во најнеразвиените региони за иста цена, додека на приватњаците не им е исплатливо да ги одржува овие места, па поверојатно е да ги затвори. Пример поштата во Цапари е 7313, ако не му е исплатливо да држи пошта таму веројатно е да ја затвори па локалците да си одат во Битола 7002 за рандом глупост од Алија.
 
Значи не се работи за целосна приватизација, се работи за јавно-приватно партрнерство. Каде што поштата ќе биде 49% сопственост на државата и сеуште ќе биде субвенционирана, но мнозинството на акции ќе биде во приватна сопственост. Но, отворена е владата и за целосна приватизација.

Проблемот е многу длабок, затоа што Македонска пошта си има огромни проблеми, што технички што со кадрите. Најверојатно приватизацијата ќе е за да се исчисти дел од одредени проблеми што ги има поштата. Неколку од проблемите:

1) 10 милиони евра загуба. Моменталната менаџмент структура си нудела бонуси, иако биле во загуба.
2) Нуделе попуст на услуги за одредени фирми. Додека знам за неколку e-comerce фирми што биле одбиени за попуст. Поентата ми е, поштата губи многу пари затоа што бизнисот со онлајн пратки внатре во државата го имаат други фирми.
3) Има огромен процент на рамковен кадар што е вработен колку да се пополни процентот.
4) Многу често биле ограбувани (се шпекулира дека менаџментот на пошта е вмешан во тоа). Односно дека се работи за осигурителна измама.
5) Снемување на пратки.
6) Неуспешна либерализација веќе 12 години по ред.

Така да, аргументот е дека со ова ќе се подобрат услугите. *НО* и тоа големо *НО* може е само и начин моменталната структура да си ги откупи сите акции. Затоа викам, треба да следиме што ќе се случува.

Инаку, со либерализацијата на поштенски услуги, најверојатно и други фирми ќе можат да испорачуваат препорачани пратки, не само државната пошта - така да, на пример во Цапари или Долно Дупени или Шоидаедупени локална фирма би можела да ги испорачува тие пратки. Прочитај за либерализација на поштенските услуги.
 
Да но сега таа услуга е бесплатна, а не знам дали и ќе остане бесплатна, пример ако порачаш маска за телефон од Алија за 5€ не доплаќаш ништо во поштата, додека со приватните Брзи Пратки, Нова Пошта се доплаќа за доставата.
 
flashgordon007

On your way to fame
15 септември 2012
696
704
Најголемата разлика ќе биде достапноста на поштата, неодамна гледав на Јутубе Џон Оливер и емисијата беше за Американската пошта и една од главните причини за национална пошта е можноста да биде достапна и во најнеразвиените региони за иста цена, додека на приватњаците не им е исплатливо да ги одржува овие места, па поверојатно е да ги затвори. Пример поштата во Цапари е 7313, ако не му е исплатливо да држи пошта таму веројатно е да ја затвори па локалците да си одат во Битола 7002 за рандом глупост од Алија.
Се сомневам дека новиот ќе затвара пошти по оддалечените места во МК заради неисплативост. Наредниот (што и да е) ќе бде обврзан со концесиски договор да ја одржува мрежата на пошти. Најверојатно, во дел од просторот ќе понуди и други услуги на други слични корисници, за да биде исплативо одржувањето на просторот. Цената на услугата ќе поскапи (во телеком пред приватизација, просечниот месечен прилив по активен телефонски број беше меѓу 250 и 280 денари, а денес нема сметка помала од 1500 денари). Може да се очекува да кај чичко ти Али во Кина одбереш да ти се достави нарачката со Македонска пошта или кај нејзината сопственичка фирма... наместо со холанска, кинеска, белгиска, литванска...

Да бидеме среќни ако дојде еснафски купувач и да го развие бизнисот. Знаејќи го апашкиот менталитет на секој (само- или од нас) избран лик, се сомневам дека поштата ќе заврши во прави еснафски раце. Ќе дојдат белосветски апаши, консултанти, инвестициски фондови, осигурителни и какви ли ликови, само да раскрчмат, украдат и брзо заработат. Всушност што беше дефиницијата за бомбона бизнис?
 
Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1,108
1,206
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
OS
Windows 10 Pro
Проери си, не се надевај многу дека ќе ти донесит картонче. Ама не значи дека одма ќе ти ја дадат, кога-како сум имал различни искуства, нешто процесирале, едино ако сто „за испорака на шалтер“ (или така нешто), тогаш можеш да си ја подигниш, а некогаш се дешава поштарот да не го донеси картончето.
Ми го донесоа во вторникот на врата за чудо :)
 
TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,206
2,003
Да но сега таа услуга е бесплатна, а не знам дали и ќе остане бесплатна, пример ако порачаш маска за телефон од Алија за 5€ не доплаќаш ништо во поштата, додека со приватните Брзи Пратки, Нова Пошта се доплаќа за доставата.
Нема, национална пошта не смее тоа да го прави. Поштатарината веќе е платена во Кина, патем, си има цел систем спроведен од UN како треба да фунцкионира поштенскиот систем во цел свет. Од тука нема отстапки. :)

Едиснтевено нешто што може да се случи е да ни накалемат да плаќаме шпедиција како кај брзиве пошти. Што не мора да значи дека ќе кошта толку скапо. Друго не верувам.

Инаку, @flashgordon007 цените на нашата пошта се ненормално високи. Не за џабе сите праќаат со Карго Ескпрес, Delco и слични фирми. Единствена локана фирма што праќа по Македонски пошти се Југотон, барем така им стои на сајтот. Другите фирми или си имаат своја логистика или иде преку локалниве курири.
 
flashgordon007

On your way to fame
15 септември 2012
696
704
Да но сега таа услуга е бесплатна, а не знам дали и ќе остане бесплатна, пример ако порачаш маска за телефон од Алија за 5€ не доплаќаш ништо во поштата, додека со приватните Брзи Пратки, Нова Пошта се доплаќа за доставата.
Тоа е дефинирано со правила за меѓународните пратки и ако сакаш да си член на меѓународната поштанска унија - мораш да им ги почитуваш правилата.
А, што ќее се случи ако на нашите иселеници почнат во америката да им наплаќаат за секое писмо од овде? Во 2003 - 2010 најмногу се праќаа цигарии тоа количини се праќаа...
За локалните пратки е башибозук.
Мислењето е автоматски споено:

Инаку, @flashgordon007 цените на нашата пошта се ненормално високи. Не за џабе сите праќаат со Карго Ескпрес, Delco и слични фирми. Единствена локана фирма што праќа по Македонски пошти се Југотон, барем така им стои на сајтот. Другите фирми или си имаат своја логистика или иде преку локалниве курири.
Светски поштенски сојуз, специјализирана агенција на Обединетите нации. Знаев дека е во Швицарска, ама незнаев дека е формирана од ОН.

Не би се сложил дека се ненормално високи цените на услугите на Македонска Пошта. Освен ако на цената ги додадеш нервите што ќе ги искинеш, ама пак тоа и кај другите ќе те задеси...

Цена за обична пратка до 50 грама е 25 денари во МП? Кај приватнине, колку е? 80+ денари?
Препорачана е 79? Кај приватнине има таква услуга? со број за следење на пратката?

Кај МП ти ја доставуваат до назначената адреса. Кај приватните треба да се доплати за достава до адреса. Ако не, оди барај ја во собирен центар. А посебна приказна се тие што доставуваат. Појма немаат од адреси. Ова последново го кажувам од лично искуство од онаа несреќата битолска приватна пошта.

Праќав по ЕМС пратка од Скопје до Струга со тежина од 800 грама хартија. До локалната пошта растојанието ми е 150 метри и цаеата изнесуваше 180 денари за достава утре во одредено време. До локалниот приватен поштански приватен оператор на сајмиште или кај фас 11 октомври, 10 км растојание со кола и цена од 312 денари за достава утре на врата, не во нивниот магацин. 10км превоз со своја кола со двапати поминување низ центар ме чинеше 2 литри гориво = 150 денари.

Не би рекол дека приватните се поевтини од државната пошта.

BTW, МП имаат услуга за превземање на пратки од канцеларија на испраќачот - ликот што ги подига пратките во мојот регион е крајно експедитивен и ми се случило да ако на реонот за достава во Скопје нема моментално поштар - он лично ја носи пратката, со месечно фактурирање на услугата....

Не е само Југотон. Сите судови, адвокати, нотари, извршители, вештаци, банките, сите поголеми компании се корисници, ЕВН, Телеком, А1...
 
Последна промена:

TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,206
2,003
А, што ќее се случи ако на нашите иселеници почнат во америката да им наплаќаат за секое писмо од овде?
Во Америка USPS е независна иституција со 100% државна сопственост, плус, си постои и закон со кои поштата се обрзвуа да ги служи сите американци по унифицирани цени без разлика на нивната географска одалеченост.

На пример во Германија, 20% од акциите на Deutsche Post се на државната банка за обонова и развој (KfW), останатите се приватни. Ако не се лажам ист процент на акции има Германската влада и во Deutsche Telekom.

Во суштина, мислам дека ЕУ ни налага на приватизација на пошата за да се задоволи некој од парамтерите за заштитување конкуренцијата. Тезата е дека ако некоја фирма е субвенционирана целосно од државата, таа може да нуди многу добри цени, а притоа да работи без или со минимален профит, а притоа да исфрли други for-profit фирми од конкуренција...
Мислењето е автоматски споено:

Цена за обична пратка до 50 грама е 25 денари во МП? Кај приватнине, колку е? 80+ денари?
Препорачана е 79? Кај приватнине има таква услуга? со број за следење на пратката?
Додека не се изврши либерализација на поштенските услуги, ниту една пошта не смее да нуди registered mail освен државната пошта. Мислам дека и обичните пратки кои содржат писма исто така барем на папир смеат да бидат испорачани исклучиво со локална пошта.

Па не баш, на пример Карго за книга да пратиш до друг град ќе наплатат рецимо 50-60 денари. Додека МП ќе наплатат многу повеќе. На пример, доколку во книгата има посвета, автоматски се рачуна како тешко писмо (а не како пакет) и цената е ненормално висока - ова знам од пријателка што е авторка и сакаше да испрати книга преку МП. Можеби сега е сменето ова.

Да, ама нели приватниве фирми би праќале по МП ако цените стварно се поветини. Не за џабе нивиот избор е Delco, Карго и ред други. Ти викам, од сите онајл продавницни само Југотон испраќа по ЕМС.
 
Последна промена:

damil

On your way to fame
2 јануари 2015
820
863
Браво за дискусијава, до сега темата се сведуваше на: "ми пишува на Али дека е стигната, а немам картонче"

Иначе се повеќе ги користам ЕМС брза пошта, немам сретнато попрофесионална и поекспедитивна служба. Најчесто стигаат во рок од 10 мин од јавувањето.... невероватно.
Цените почнуваат од 190 денари, а пакет од пример 5кг е 230 денари, багатела. Ем се ептен услужни и љубезни, топла препорака од мене.

Карго, Делко и слични се 3 нивоа пониско, само што цените им се за нијанса пониски.

Што се однесува до приватизација на поштата, ептен е потребна, ама да не се сведе на тоа да ја земе некоја од локалниве пошти и да се распродаде имотот, да се избркаат вработени (од кои 80% заслужуваат) и на крај да функционира како селска задруга.
 
flashgordon007

On your way to fame
15 септември 2012
696
704
Па не баш, на пример Карго за книга да пратиш до друг град ќе наплатат рецимо 50-60 денари. Додека МП ќе наплатат многу повеќе. На пример, доколку во книгата има посвета, автоматски се рачуна како тешко писмо (а не како пакет) и цената е ненормално висока - ова знам од пријателка што е авторка и сакаше да испрати книга преку МП. Можеби сега е сменето ова.
Еве ти го ценовникот на Македонска пошта.https://www.posta.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/cenovnik-2020.pdf
Цените се 1 и 2 денари...

Да, ама нели приватниве фирми би праќале по МП ако цените стварно се поветини. Не за џабе нивиот избор е Delco, Карго и ред други. Ти викам, од сите онајл продавницни само Југотон испраќа по ЕМС.
Се изгореле од Југотон со карго - комбето оваа недела нема да оди во Пехчево, кој го е*е нарачувачот нека чека... А, МП одат секој ден до таму...

Има други причини зошто ги користат другите приватни пошти. Ама цената не е таа причина. Најчесто е незнаење и незадоволство од некогашна лоша услуга.
Еве ти ги цените на Македонска пошта. Јавно се објавени. Бидејќи не веруваш на моите примери, сам спореди си ги цените.

На пример, јас сум изгорен од надлажувањето од приватнана битолска пошта:
1. те кај си, каде е тоа, па не беше на таа адреса - дојдов и те барав, па ај чекај ме кај сити мол, па не на таа страна на сити мол, а ликот со комбето всушност е виден во Визбегово во моментот на надлажување (покасно и сам си призна).
2. многу важна пратка (10 листа хартија за комплетирање на проект од 8.000 евра) - пратени пари на испраќачот со јасна назнака да ги испрати по Македонска Пошта оти таму е најавено доаѓање на вредносна пратка... ликот за да заштеди ги прати по поштана што има уличен магацин кај скопски саем. Е, тука почна надлажувањето од недела дена, да тука е, па не е пратен, па го има, па го нема, за на крај по дигната паника, караници, расправии, да го најдеме ковертот како подметач на маусот...
3. отидов со кола до битола за да лично си завршам работа.

Да не бидам погрешно разбран. И јас имав проблеми со достава на пратки со МП. Од поштата во Карпош 3 до фирма во трговски центар Буњаковец, пратка патуваше 15 дена и го пропушти рокот за достава, се испичкаравме со сите знајни и незнајни јунаци од МП и малку недостасуваше да заработам казна од судот заради неажурност. Генерално во тој регион од Буњаковец до ул Иво Лола Рибар нема поштар (и шефовите за тоа столи ги бојко) и доставата е на сила и викотници и претења.
 
Не бе, само дискутираме. Ни ја не ги сакам приватните пошти.

Утепан сум од замор, ќе прочитам утре се на линковите. Ми се свиѓа дискусијава!
 
moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,598
2,939
Па не баш, на пример Карго за книга да пратиш до друг град ќе наплатат рецимо 50-60 денари. Додека МП ќе наплатат многу повеќе. На пример, доколку во книгата има посвета, автоматски се рачуна како тешко писмо (а не како пакет) и цената е ненормално висока - ова знам од пријателка што е авторка и сакаше да испрати книга преку МП. Можеби сега е сменето ова.

Да, ама нели приватниве фирми би праќале по МП ако цените стварно се поветини. Не за џабе нивиот избор е Delco, Карго и ред други. Ти викам, од сите онајл продавницни само Југотон испраќа по ЕМС.
За обична книга е под 10 денари. Тоа спаѓа во печатени материјали. Книга со посвета или со разни додатоци не се смета за печатен материјал.

1603008230352.png
Еве го ценовникот од пошта за печатени работи за домашен сообраќај.

54 денари е доплата за препорачано или модерно кажано регистрирана пратка со тракинг.

Пошта нуди уште многу услуги.
Има доплати за вредносна пратка (осигурување во случај да се изгуби или оштети), за испорака лично на рака (не во сандуче, не на тој што ќе отвори врата дома), за итна пратка со испорака за еден работен ден (постои многу порано од амазон некстдеј деливери), за повратница (да добиеш картичка потпишана од примателот дека ја добил пратката) итн.

Проблемот е што пошта не прави ништо да ги претстави тие услуги. Ниту па вработените на шалтер за прием особено по локалните пошти ги препорачуваат овие услуги, дали од незнаење дали од незаинтересираност не можам да кажам.

За приватниве немам коментар. Како да не слушнале за навигација или мапа. Помалку време ќе потрошам да отидам до пошта со картонче и да си ја подигнам пратката, отколку да му објаснам на тој што ги разнесува пратките од приватниве каде треба да дојде.
 
TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,206
2,003
Се изгореле од Југотон со карго - комбето оваа недела нема да оди во Пехчево, кој го е*е нарачувачот нека чека... А, МП одат секој ден до таму...
Тука сосема си во право. Треба да се прочепка убаво и да видиме зашто приватните фирми во суштина почесто користат приватни пошти наместо МП. Инетесно е, што стварно цениве се смешни.

Инаку, од SportVision нарачка, пратена од кај нив од Outlet-от што е на 1КМ од мене некад им треба цела недела да стигне. Не се сеќавам кој курир го користат.

За приватниве немам коментар. Како да не слушнале за навигација или мапа. Помалку време ќе потрошам да отидам до пошта со картонче и да си ја подигнам пратката, отколку да му објаснам на тој што ги разнесува пратките од приватниве каде треба да дојде.
Инаку од карго секогаш настојуваат на им објасниш кај си. Никад не прифаќаат GoogleMaps координати. :)
 
mikii

Intern
27 септември 2010
11
0
Zdravo moze li da mi kazete kade e mojata pratka i dali treba da kliknam na open dispute za da mi gi vratat parite vi blagodaram CQ313243256DEScreenshot_20201019-114052_AliExpress.jpg
 
Excalibur

Gaining Experience
18 октомври 2019
601
338
Zdravo moze li da mi kazete kade e mojata pratka i dali treba da kliknam na open dispute za da mi gi vratat parite vi blagodaram CQ313243256DEПогледнете го атачментот 92429
Sep 11, 2020 08:43

North Macedonia Post

Pratkata e stavena vo vre (a (Izlez)
DE330

Зависи до кога ти трае заштитата. Имаш и 30 дена по истекот на крајниот предвиден рок. Се уште не е појавена кај нас.
Претпоставувам дека е од eBay.
 
mikii

Intern
27 септември 2010
11
0
Sep 11, 2020 08:43

North Macedonia Post

Pratkata e stavena vo vre (a (Izlez)
DE330

Зависи до кога ти трае заштитата. Имаш и 30 дена по истекот на крајниот предвиден рок. Се уште не е појавена кај нас.
Претпоставувам дека е од eBay.
Od aliexpres e plativ i shipping 1100 denari od ceska da ja pratat od 5 do 8 dena ama nisto od toa a i ne se razbiram mnogu
 
Excalibur

Gaining Experience
18 октомври 2019
601
338
Уште колку дена ти одбројува саатчето кај пратката и колку ти е времето на заштитата? Дали заштитата ти е 90 дена како кај останатите методи на испорака?
Немам искуство со вака скап шипинг.
 
mikii

Intern
27 септември 2010
11
0
Уште колку дена ти одбројува саатчето кај пратката и колку ти е времето на заштитата? Дали заштитата ти е 90 дена како кај останатите методи на испорака?
Немам искуство со вака скап шипинг.
Па сега кога пробав повторно да купам пишува 90 дена протектион а кога ја купив порано не се сеќавам Screenshot_20201019-171538_AliExpress.jpg
 
Excalibur

Gaining Experience
18 октомври 2019
601
338
Па сега кога пробав повторно да купам пишува 90 дена протектион а кога ја купив порано не се сеќавам Погледнете го атачментот 92435
Имаш 2 опции. Можеш да отвориш диспјут еден ден пред истекот. Ќе ти одговорат дека не е валиден во првиот ден меѓутоа ќе ти кажат да почекаш 2-3 дена.
Втората опција е да бараш продолжување за 15 дена. Можеш и подолго.

Проблемот е ако стигне во тие неколку дена дена од првата опција а производот е дефектен, нема да можеш да отвориш повторно диспјут со друга ставка. Ако има некој друго искуство нека ти предложи.
 
mmarko

Gaining Experience
1 март 2013
117
77
mmarko's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-4770K
Motherboard
Asus Gryphon Z87
Storage
Samsung 840 Pro 256GB, Samsung 860 Evo 500GB
PSU
Seasonic M12II Bronze 750W
RAM
Kingston HyperX Beast 2x8GB 1600MHz
Video card
Asus Dual GTX 1060 3GB OC
Case
SilverStone TJ08-E
Mouse
Logitech G302 Daedalus Prime
Keyboard
Cooler Master MasterKeys Pro M (MX Brown)
Audio
Sennheiser HD 569
Monitor
Dell UltraSharp U2518D + Dell UltraSharp U2412M
OS
Windows 10
Мене при крај на август, ми стигна во Македонија 11 дена после тој статусот дека е ставена во вреќа во Германија.

Со тоа што беше поголем пакет, па отиде на царина и чекав уште 2 недели додека искочи од таму :).

Јас би побарал да продолжат рок, кај и да е ќе стигне најверојатно. Ако не го направиш ова или ако не видат на време и сл., пак не мораш да отвориш dispute веднаш пред да истече времето. Како што ти пишува таму, имаш време уште 15 дена по истекот на рокот. Така што можеш да почекаш уште некој ден, само води сметка кога истекуваат тие 15 дена, нема да ти стигне нотификација за тоа.

Испратено од Redmi Note 4 преку IT.mk форум апликација
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,653
Мислења
822,546
Членови
28,294
Најнов член
silverCM
На врв Дно