Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

LED - EDC лампи, батерии, полначи - генерална дискусија

krema

OG
24 јуни 2009
15.726
15.818
youtu.be
Не ја користам на точак (мада имам еден држач за неа), ја користам онака по дома и надвор од рака.

Морам да го пофалам и оваа sвере, ептен ми прави мерак. Во многу ситуации ми било при рака и од корист, моја огромна препорака.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
у-ве ? не знам мене за што би ми се нашло освен за у-ве лепак, што не го користам :)
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
@bicikle ako сакаш конкретен совет, и ако веќе буџетот ти е 10тина долари... Растегни го буџетот уште за пар долари и земи го ова:
Convoy S2 LED Flashlight U6 - 4B 4500 - 4700K-$12.82 Online Shopping| GearBest.com
или ова:
Convoy S2 LED Flashlight U6 - 3A 5000 - 5200K-$12.66 Online Shopping| GearBest.com

Првото е неутрално бело 4500К, второто е побело бело 5200К (поладен тинт).

Знам дека си викаш „забегуваат овие а јас сакам поевтино да поминам“, ама има солидна разлика во квалитет меѓу тие лампи што ги гледаш и Конвојов што ти го препорачувам. Разлика во квалитет ќе имаш почнувајќи од диодата па до електрониката (драјверот), ладењето, и изработката на телото и количината на алуминиум што е употребена. Плус и поголемиот број на лумени, и квалитетот на светлото кое го дава лампата (CRI) се додатен бонус.
Но како и да е што и да се решиш да пазариш, со здравје да го користиш. :)
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Не бе другар, таман работа да ве мислев забегани, ич муабет не прајв, нели секој си има разни фетиши, јас сум фрлал пари на едни работи друг на други и така, битно зулум да не правиш, инаку другото е мерак и не гледам ништо тука не нормлно или забегано.
Инаку мене ми влезе рогот во ик ем ел 2, не знам оти, нај веројатно бев импресиониран од копијата која за прв пат во живо видов толку јака светлина од рачна светилка. Додуша имав порано една жичана сијалица со гооолемо сочило(рефлектор), светеше далеку, ама многу арч на батерии правеше.
Инаку за мене исто ми гледаат конвојот и ултрафајарот, и тие од 3 долари, и тие од 30, едино о чипот ги раликувам, друго ништо, па би те замолил да ми ја кажиш разликата. Не за друго, ама ете некако интересно ми стана па сакам да знам, инаку најверојатно ќе оди конвојот. Патем конвојот гледам носи хпл чип, све мислев дека цела поента е до чипот, ама ете не било.
Гледав во предходните постови имабте силикон вадено ради флукс, имам(случајно) извадено силикон од лед од блиц од мобилен, али потоа светеше плаво диодата.
Исто за чистење контатктите смоле мислам спомна некоја киселина (оцет). Корозија добро се чисти со лимунтус, 1 пакетче на 60 милилитри, ама ако е некој галванизиран материјал може да го зезне. Подоба варијанта е авакс батрум, помали се шансите дека нешто ќе олупи, а нај безбедно и нај сигурно е вд-40, само треба дело што се чисти да се стави во некој сад и да се покисни во ве-де и потоа да се поклопи со лабав поклопец, да може да испарува ведето. Барем за кола за многу многу контакти ведето прошло одлично. Исто има добар контакт спреј во црц (не можам да најдам вбсајт :( ), али овие спрејчиња се за чистење но не и за заштита. Во вурт и во црц би требало да има и добри заштити од оксидација, ама не ми потребале па не сум прашал...
Ти благодарам уште еднаш Локван.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Разликата (како што веќе напишав), е во квалитетот на изработката, квалитетот на светлото кое го дава лампата, и секако - квалитетот на доживувањето при користење. Страње лампа = никакво доживување, на пример при возење точак дури може и да ти се десат лоши работи заради немање добро осветлување.

Нормално, секогаш има еден фактор кој се нарекува „пари/перформанси“. Тие најевтините лампи имаат низок пари/перформанси фактор, коштаат малку ама даваат уште помалку. Можеш да купиш и лампа од 300 долари, и истата иако добра лампа да има низок пари/перформанси фактор, пошто иако си добил квалитет за тој квалитет си дал (пре)многу пари.

Тој посочениот Конвој има убав пари/перформанси фактор. За не многу пари добиваш солидни перформанси. Ама и за ова како и за многу работи, човек некако најдобро се учи од сопствено искуство. Земи си прво најевтина лампа, потоа ако некогаш се решиш за подобра лампа ќе можеш и сам да ги воочиш разликите.

А најевтината лампа, колку и да е евтина секако дава солидно силна светлина за рандом намени за по дома, по кола, за повремено играње на мали деца (со надгледување, сепак внатре има литиум-јонска батерија).
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Ете, јас сум живеел во заблуда, едини репер ми беше чипот. Инаку да, сопственото искуство и доживување е најценето, ама во никој случај не би го засенил искуство и совет/препораки од луѓе што потрошиле пари време и енергија на одредена проблематика, во случајов сијалици. Не рекле попусто "прашај паталец, не гаталец".На папир и на око и тоа како има разлика. Всушност затоа и побарав мислења, овие ефтиниве 1000 метри домет, толку и лумени(на линкот) -wow. Кога ќе стигне најверојатно ништо од тоа. Разликата во цена гледам е од прилика дупло, а во квалитет сигурно многу повеќе, ќе одам на конвојот, па здравје за натака.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
И најевтините лампи се корисни и си имаат намена, на пример да не ти е жал да ја замастиш кога ќе треба навечер да чепнеш нешто под хауба на аутото (поздрав до Боби и Метеорот :) ). Така да, за цена пониска од 200денари зошто да не си ја нарачаш и најевтината лампа која работи со 18650 батерии?
Гарантирано ќе си најде примена за сенешто, а како бонус ќе можеш да ја споредиш со Конвојот.
 

alek99

hello world
28 јануари 2008
476
398
@Lokvan гледам дека има за долар пoвеќе модел S2+ од Convoy моделите што ги препорачуваш. Што е главната разлика меѓу S2 и S2+, и што би препорачал за долар плус, резервно копче или S2+? (клик на сите линкови на S2+ различни се)
 

borcep

user
12 септември 2013
1.038
1.844
Скопје
Барав нешто за на шлем па ми налета ова како солиден избор. Често користам, ама сакам нешто посолидно. Доколку некој има подобра идеја, нека ја сподели, би бил благодарен. Инаку генерална намена гледање во ормар со електроника во фабрика, гледање каде одиш повремено во темно, без качувања по планини и други екстреми.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
@Lokvan гледам дека има за долар пoвеќе модел S2+ од Convoy моделите што ги препорачуваш. Што е главната разлика меѓу S2 и S2+, и што би препорачал за долар плус, резервно копче или S2+? (клик на сите линкови на S2+ различни се)
Разликите меѓу разните S2+ модели пред се се во температурата на светлината, и во драјверот - дали е ориентиран на подолготрајно и поштедливо светење, или посветло ама пократкотрајно светење.
на пример 7135 x 8 посветло ќе свети од 7135 x 4, ама вториов ќе свети подолго време. Или можеш да направиш компромис и да одбереш 7135 x 6.
Нека ме дополни/поправи некој од поискусните овде, ако има потреба, електроника не ми е најјака страна.

За температурата на светлото, за таква EDC лампа како што е S2+ јас лично преферирам потопла светлина, и затоа ја одбрав t6 4c варијантата.

Инаку не те разбирам што прашуваш за резервното копче?
Една од предностите на Конвој е што имаат стандардизирани делови и развиена заедница за модифицирање, лесно можеш да најдеш заменски делови, на пример драјвер, различни диоди, рефлектори, итн. Има многу луѓе кои уживаат да ги модифицираат лампите. За ова некои од другиве момци овде, би можеле да објаснат повеќе.


Запамтете само дека S2+ е flooder тип на светло.
За thrower модел од Convoy, препораката би била S8:
Convoy C8 CREE XML2 T6 3B LED Flashlight Mid Size -$18.29 Online Shopping| GearBest.com



Барав нешто за на шлем па ми налета ова како солиден избор. Често користам, ама сакам нешто посолидно. Доколку некој има подобра идеја, нека ја сподели, би бил благодарен. Инаку генерална намена гледање во ормар со електроника во фабрика, гледање каде одиш повремено во темно, без качувања по планини и други екстреми.
Повеќе години имам Petzl Tikka XP 2, и сметам дека е фино мало и корисно светло за секаква намена.

Од друга страна ако веќе имаш класична лампа, тогаш можеби и вакво нешто ќе ти заврши работа:
SKU203340c.jpg


Тој од фотграфијата е од БангГуд, и го нема лагер, ама еве алтернатива:
Ultralight Nylon Flashlight Tape 22 30mm Head Strap Outdoor Camping Flashlight Headlight Belt Tape Hiking Fishing Lamp Headband-in Bicycle Light from Sports & Entertainment on Aliexpress.com | Alibaba Group

едит: И ова изгледа интересно:
$2.02 Headlight Mounting Strap for 18650 Flashlight - for 22mm to 25mm diameter sized flashlights at FastTech - Worldwide Free Shipping
 
Последна промена:

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Ова значи throw/flood ќе му дојде како кратки долки кај колата. Мислев дека со тоа зумот ќе може да се регулира, ама ете грешка сум бил. Значи оваа (+ држач) ќе ми брка работа или...?
Нема да ти брка работа ни оваа, ни тие првите. Оваа има преголем домет. Настрана што ќе им пречи на сите кои ти доаѓаат отспротива. Исто е како да возиш низ град кола со вклучени долги светла. За на точак ти треба да е осветлено 10-15 метри пред тебе, не ти треба лампата да осветлува на 100+ метри. Ако ја симнеш надолу да свети, прејака е за толку блиску, но уште поважно кругот што го осветлува е тесен.
Со зум воопшто не ги гледај, затоа што од вибрации при возење, зумот ќе се движи, ќе ти застане во најфокусираната точка и ништо нема да ти осветлува пред тебе. Ќе треба постојано да го враќаш назад, а тоа не е добро.
Од сите досега предложени, convoy s2 ти е најдобар избор. Таа моментално и ја користам, а ги имав сите погоре предложени плус уште некои.
Мала е, широко свети. Јас ја користам на најслаба или на средна јачина, на максимум ми е прејака. Во потполна темница и повеќе од доволно ја осветлува целата патека пред тебе за навреме да видиш било каква препрека колку брзо и да возиш и да видиш од каде да ја избегнеш.

Разгледај ги и лампите од овој тип, специјални модели за на точак и можеби најдобар избор од сите предлози.
Лично мене не ми се практични затоа што напојувањето им е надворешно, а тоа подразбира уште еден држач и уште една работа која што треба да ја вадам/ставам кога точакот го оставам некаде. Или се со вградена батерија која што се полни преку усб, што подразбира ќе ја заборавам да ја наполнам или ќе ја заборавам на полнач ако излезам денски и ќе останам без светло.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Релативна работа е изборот на flooder или thrower тип на светло.
Илустрација за тие што можеби не им се познати термините:
7a81876a3ca7d05ed071140134af9b31.jpg


За возење низ град, по кеј, и итн секаква спора вожња, flooder како S2+ е добар избор. Од друга страна за побрзо симнување од Водно, или друга outdoor вожња, thrower тип на светло е подобар избор затоа што едноставно препреките се гледаат од подалеку. На тие отспротива ќе им смета повеќе thrower тип на светло, но тоа е компромис кој некогаш е потребен.

Друг момент е она што се нарекува „ноќен вид“, односно прилагодувањето на очите да гледаат во услови на многу слабо светло (ноќе, со светло од месечина, градското светлосно загадување, итн). Кога се користи flooder тип на светло, во непосредна околина се оддава голема количина на светло и очите ја губат осетливоста на слабо светло, ефективно смалувајќи го гледањето на оддалечените работи. Практично, тоа што е блиску се гледа одлично, но се друго практично и не се гледа.
Од друга страна, со thrower тип на светло, осветлени се подалечните предменти а непосредната околина е доволно осветлена (од spilloff-от на светлото).

Eве едно видео за илустрација, првиот дел е светло од flooder лампа, а некаде од 50-та секунда се демонстрира thrower тип на светло. Светлото од првиот дел (flooder) јако осветлува СЕ во непосредна близина, во вториот дел непосредната близина е послабо осветлена ама па објектите во далечина се многу поосветлени.
View: http://www.youtube.com/watch?v=l-JRd2LMs4Q


Заклучок би бил дека и flooder и thrower тип на светла си имаат специфични намени. Од стилот (и локацијата) на возењето точак, би зависел и изборот меѓу flooder или thrower. Јас лично сметам дека човек треба да ги има и двата вида на лампи, потребни се секако и едниот и другиот стил на светло.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.077
6.013
За точак имам направено една самоправска SK98 земена за долар-два заради куќиштето.

Земено Nichia 219c на бакарна плочка.

И драјверот прелемена едната жичка на третиот контакт.

Со држаче за точак од ебај.


Тој комплет дава преубав резултат за мене на одзумирано дава многу рамномерно кругче кое е баш убаво за да може да се насочи.

За мене стварно ми е оптимален избор за буџетарска ламба. Мислам дека под 500 денари ме кошташе се на се.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Знчи најарно ќе ми биде да пуштам срце и да земам "оригинал" за наточак? Со кратко и долго?
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Си мислев дека ќе најдам солидно светло, ако ти текина како функционира H4 наспроти H1/H7 кај колите е сега јас се надевев на H4, нели тоа е една сијалица и кога ќе ја пуштиш истовремено е и кратко и долго, нели има како носечки зрак на среде што осветлува долго и отстрана се "распрскува" светлина како кратко т.е. фулдед, али гледам дека овде си има башка филозофија.
Така да најверојатно ќе оди некое по саглам светло. Што е и фулдед о трол
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Да не ме ваѓаат од ендек? Па затоа се одлучув да пуштам срце....
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Не ендек. Мост. Легендите велат дека тие таму под мостови престојуваат, и на патниците им наплаќаат патарина (или ги јадат). Незгодна работа, прилично незгодна. И мрачна работа - па сходно на тоа, им требаат добри лампи.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
од предложените Ѕ2+, едната е 200-500 лумени, другата е 500-1000 лумени, тоа значи оваја 200-500 лумени повеќе ќе го расширува зракот?(фул)
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Си ја нарачав оваа S2+. Се надевам дека е flood модел, не можам да најдам во описот?
Сите S2+ се flood лампи, T6-4C која си ја одбрал е истата која и јас ја имам (и исто црвена боја). Има 8х 7135 и според спецификации може да повлече 2.8A, температурата на светлото е релативно топла и (за мене) дава прилично пријатно осветлување. Пробај некогаш спореди ја со бело-плавото светло што ја даваат најевтините лампи со фејк кри диоди. Секако напиши ни инпресии после кога ќе ти стигне лампата. :)

Еве инаку мапа со топлината на светлото од разните варијанти од кри диодите:
big_Color-bins-ansiwhite.jpg


T6-4C е тука некаде под 4500К, топло светло со малку жолтеникав но пријатен тинт.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно