jocoklavulanski
hello world
- 25 јануари 2025
- 134
- 190
Погледнете го атачментот 159734
Се плеша Death Stranding: Directors Cut.
8/15 епизоди завршени, скоро 50 и кусур саати вложени во изигравање карго сервис и шалабајзање.
Slow burn е играта, али никад не сум играл ништо ни наблизу слично.
Dualsense т.е. adaptive trigger-ите овде се веројатно најсоодветно имплементирани, топла прекпорака за играње со Dualsense.
Приказната (до сега) и општо целата игра ги има оние класични Kojima идиосинкразии, малце препотентно али со шарм.
Кадрите/кинематографијата се одлични како и секогаш кај Kojima.
Гејмплејот не е за сите, интересен е од аспект на слободата шо ја имаш за да си испланираш рута и огромниот број опции на како ќе го изведиш истото.
Напорен е гејмплејот на истиот начин на кој шо е напорно планинарење/пешачење во реалноста.
Но слично чувство на задоволство ти дава исто како во реалноста кога ќе искачиш некој врв со многу мака.
Има некој релаксирачки квалитет шо ретко го среќаваш во ААА игра, си чилаш си шеташ во природата, па од негде ќе се избаци добра трака у позадина.
Има сегменти кај шо мораш да играш некој вид на sneaking, хорор елементи се присутни но како шо тера играта се помалку се страшни.
Имено истите се третираат ко да си заглавил у калта со кола т.е. ко пречка на патот него ли нешто многу клучно.
Чудно игриче, али вреди да се проба.
И со тоа играта е комплетирана.
Би додал дека приказната иако делува некохерентно дур ја искусуваш, крајот и цел метанаратив се на врвот на storytelling во овој медиум.
Растот на главниот лик е исто одличен, контрастот со главниот негативец е on point.. Т.е. борбата помеѓу две страни на истата паричка.
Во овој случај паричката е нихилизам, двете страни се јажето и стапот.
Приказната е многу амбициозна, на моменти прави престап али никогаш не паѓа во долина.
Hallmark на Kojima игра е дека секогаш е неколку чекори напред со наративот према нашата реалност, давајќи му некој Нострадамус статус.
Тие шо сте ја играле MGS2 или MGS4 јасно ви е, истово важи и за оваа игра.
Како и да е, сега се плеша Death Stranding 2: On the Beach
Последна промена: