Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Кога би бил твој IT.mk....

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.549
1.046
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Ахххх, имало и полоши денови од овој.... Hold it together.....hold it together. . Aarrghh

Sent from my Redmi Note 9 Pro using Tapatalk
Да те корегирам со моето скромно знаење... Се цитира точно... Keep it together, keep it together... Ако инсинуираше на тоа...

Sent using Tapatalk
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.814
33.979
roka.mk
Креиран е нов потфорум LARAVEL Laravel. во договор со @spiritBreaker кој несебично го сподели своето знаење за да создаде низа корисни туторијали. Тој е поставен за модератор на тој потфорум, за кој се надевам дека во иднина ќе го збогатува форумов со уште корисни содржини.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.325
5.325
Скопје
hackitfree.github.io
Порано елита се стануваше со постирање, отварање теми, пишување рецензии и кредибилни дискусии....
Сега ко се корумпирано во државава - се купува со пари.
Ај размисли малку каде на друго место има вака добро оформен форум за беспари ? Мене ми е криво што не сум во состојба финансиски да им помогнам на дечките - а не пак да се лутам што некои содржини ми се недостапни.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.100
6.042
Прилично апокалиптични предвидувања за функционирање на интернетот во блиска и далечна иднина. :)
Времето ќе покаже како ќе се одржи целиот овој систем али генерално да, точно е дека социјалните мрежи зедоа огромен дел од маркетингот и целиот WWW отиде во одредена централизација. Големите играчи генерираат платформи кои се примамливи како за конзументите така и за продавачите.

Терајте со новиот концепт делува занимливо, што да речам, ајде не зборуваме за корупција, малу претерана изјава од моја страна меѓутоа јас и повеќето штом осетат одредени стеги и начин на ограничувања верувам дека нема да размислуваат двапати за наоѓање алтернативи.

Е да. Ако нешто треба да ставите позади Paywall тоа се ебанине огласи на форумов :) Знам, меч со две острици:
Од една страна форумот живее од креирање постови Купувам/Продавам. Да не се тие форумот ќе беше кај hardware.mk кај што е сега ;)

Ама па од друга ќе се креира дистинкција помеѓу ИТ маркет и ИТ дискусија.

Генерално имате лешинари кои исклучиво купуваат и продаваат овде поради јасната целна таргет група и некаква си квази-сигурност на затворена заедница со кревка доверба. Е тоа треба да се монетизира. Буквално бесплатно ви се шлепаат врз платформава и генерираат профит.

Незнам што корист имате од тоа?!- никаква... а ако некој сака да продаде 10 лаптопи и 5 графички во годината знаејќи дека потенцијално таргетира 30.000 членови тогаш тоа треба да си плати симболична чланарина. Тука е во прашање common interest и најлесно можете да приграбите ситен џепарош :p
Прекрасно. Оглас 100 динара, секоја измена на оглас 100 динара. И волкот сит и овците раат.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.325
5.325
Скопје
hackitfree.github.io
Прекрасно. Оглас 100 динара, секоја измена на оглас 100 динара. И волкот сит и овците раат.
Значи за да продадеш стар рутер од 1000ден - 200-400ден ќе треба да ја зголемиш цената на истиот - за предвиден трошок за огласување . А уште и ако не се продаде при 9-10 освежувања ќе отидеш у минус !
Ни волк сит ни овци на број
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.588
8.234
Мелмак
Би ги потсредил малце модерациите пошо ова веќе на ништо не личи:

1637782104599.png

1. Немаше никакво правило на форум прекршено ама некој му текнало дека не му се свиѓа постот па си земал за право да брише.
2. Не се знае кој избришал (тоа би требало да е вака јавно достапно па да можеме во боречки клуб да се разбереме)
3. Треба барем да се почитуваат правилата на форумот и да напише причина на кирилица со јасен правопис и правоговор МОЛИМТЕ
4. Треба да се референцира кое правило на форумот е прекршено со миселњето, и да биде поопширно и појасно објаснето зошто е избришано мислење.

Мислам дека повеќе пати се имале замерки за ова, порано имаше бришења и без никакви причини и сметам дека кога веќе сакате да форумов оди во подобра насока со оглед на промените и подобрувањата кои ги правите периодов треба малку и модераторите и процесот на модерирање да бидат подобрени.

ЕДИТ: И ете само шо беше избришано другото мислење без никакво објаснување. Катастрофа и срамота е дека се замислуваат некогаш модераториве дека се нешто над членовите.

Треба да се има усул кога нешто допринесува до забавна дискусија, пошо не гледам да сите мислења кои не се 100% до темата да бидат избришани. Се уште има зезанции оставено и со право - дискусијата ја прават поинтересна. Ама не вака некој ќе е судија и ќе кажува кое е поинтересно а кое е веќе вон граници? Пак ќе кажам средете си ги критериумите и процесот на модерирање и секако да биде потранспарентно.
 
psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.506
31.948
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Значи за да продадеш стар рутер од 1000ден - 200-400ден ќе треба да ја зголемиш цената на истиот - за предвиден трошок за огласување . А уште и ако не се продаде при 9-10 освежувања ќе отидеш у минус !
Ни волк сит ни овци на број

Таков рутер не се продава, него се фрла или подарува, аман со шпараџилукот.
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.814
33.979
roka.mk
Би ги потсредил малце модерациите пошо ова веќе на ништо не личи:

Погледнете го атачментот 106574

1. Немаше никакво правило на форум прекршено ама некој му текнало дека не му се свиѓа постот па си земал за право да брише.
2. Не се знае кој избришал (тоа би требало да е вака јавно достапно па да можеме во боречки клуб да се разбереме)
3. Треба барем да се почитуваат правилата на форумот и да напише причина на кирилица со јасен правопис и правоговор МОЛИМТЕ
4. Треба да се референцира кое правило на форумот е прекршено со миселњето, и да биде поопширно и појасно објаснето зошто е избришано мислење.

Мислам дека повеќе пати се имале замерки за ова, порано имаше бришења и без никакви причини и сметам дека кога веќе сакате да форумов оди во подобра насока со оглед на промените и подобрувањата кои ги правите периодов треба малку и модераторите и процесот на модерирање да бидат подобрени.
Ќе го ставам твоето барање на разгледувањње до надлежните, стварно ова на ништо не личи, да не може човек еден офтопик пост да објави а да не му биде избришан, имаш поддршка од мене целосна за ова, ќе ургирам.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.588
8.234
Мелмак
Ќе го ставам твоето барање на разгледувањње до надлежните, стварно ова на ништо не личи, да не може човек еден офтопик пост да објави а да не му биде избришан, имаш поддршка од мене целосна за ова, ќе ургирам.

Ако веќе едно офтопик мислење се брише треба сите. Немам против следење на правила ама сите знаеме дека доза офтопик се толерира секогаш. Ова не личи на ништо (дури и ако се зезаш, јас сум искрен) бидејќи не е 100% доследно - се уште има офтопик мислења во темата и затоа што е тотално неписмено објаснувањето за бришењето.

Немаше да имам никакви замерки ако беше избришано и пишуваше нешто као „Избришано од модераторот @PeroTrajko, причина: Правило 2, Офтопик мислење.“

Транспарентност и професионалност, правопис и одговорност се работите шо сметам дека може да ги подобрите.

Пошо ако веќе се брише секое офтопик мислење ќе си ја осакатите дискусијата на повеќето подфоруми, а плус ќе има можност да се знае кој бришел и да се ревидира.
Плус ќе може потоа да следите ако веќе има повеќе поплаки од одреден модератор да можат и они да сносат одговорност за неодговорно модерирање.

Сеедно, ко и секогаш стално се трудам да допринесам за форумов дали со мислења или со идеи, на крај на денот ваше е колку и дали ќе ги земете предвид.
Мислењето е автоматски споено:

Дополнителен предлог - темите од OffTopic да се појавуваат во последни теми и во нови мислења - или да има сетинг за тоа за кој сака (ако има некој сетинг за тоа се извинувам, посочете ми каде е пошо јас би сакал да ги гледам тие теми во последни и во нови мислења).
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.588
8.234
Мелмак
Сега гледам и дека коментари од форумов ги прикажувате како да се коментари на постови на ит.мк:

Лично ова не ми се допаѓа и не би сакал мојата содржина од форумот да се прикажува ко да е коментар на артикл. Има огромна разлика меѓу коментирање на тема тука и коментирање на статија напишана за истиот настан. Не е океј такво бустање на коментари од извор шо не е самиот артикл.

Би сакал опција за да можам да го исклучам тоа, и ако сакам да искоментирам на некоја ваша статија ќе идам во коментари на статијата и ќе си напишам таму коментар.

Дополнително ако веќе некои форумски дискусии мора да се врзани за артикли би требало тоа јасно да е наведено во првиот пост од форумската дискусија и дури би рекол насловот на дискусијата да има префикс дека се работи за дискусија за артикл на ИТ.мк

Во случајов форумската дискусија е отворена од член на форумот и нема никаква врска со „интервју со дечките кои победија“ артиклот, кој верувам е креиран доста покасно после дискусијава - значи коментарите кои ги прикажувате се постари од самото интервју.

ЕДИТ: сега проверив артиклот/статијата е од денес а нашите коментари се веќе 6 дена стари. тотално е апсурдно ова!
 
Последна промена:

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.837
5.536
Таков рутер не се продава, него се фрла или подарува, аман со шпараџилукот.
Смее да се продава само над 100еур и со претходна дозвола од тебе дали смее за таа цена. ОК.

Sent from Телефон using Tapatalk
 
D

Администратор
31 март 2007
4.109
4.317
www.aqtos.com
Сега гледам и дека коментари од форумов ги прикажувате како да се коментари на постови на ит.мк:

Лично ова не ми се допаѓа и не би сакал мојата содржина од форумот да се прикажува ко да е коментар на артикл. Има огромна разлика меѓу коментирање на тема тука и коментирање на статија напишана за истиот настан. Не е океј такво бустање на коментари од извор шо не е самиот артикл.

Би сакал опција за да можам да го исклучам тоа, и ако сакам да искоментирам на некоја ваша статија ќе идам во коментари на статијата и ќе си напишам таму коментар.

Дополнително ако веќе некои форумски дискусии мора да се врзани за артикли би требало тоа јасно да е наведено во првиот пост од форумската дискусија и дури би рекол насловот на дискусијата да има префикс дека се работи за дискусија за артикл на ИТ.мк

Во случајов форумската дискусија е отворена од член на форумот и нема никаква врска со „интервју со дечките кои победија“ артиклот, кој верувам е креиран доста покасно после дискусијава - значи коментарите кои ги прикажувате се постари од самото интервју.

ЕДИТ: сега проверив артиклот/статијата е од денес а нашите коментари се веќе 6 дена стари. тотално е апсурдно ова!

Бидејќи отвори нова тема за ова, дискусијата ја префрламе таму Теми од форум се користат како коментари во статии на Ит.мк порталот
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.588
8.234
Мелмак
Предлагам измена на огласите - огласи за дискови кои се користени - особено такви за ЧИА фармање да биде задолжително да секој диск се слика за да се види некој уникатен код кој може да се врзе за скриншот од HDTUNE или останати софтвери за проверка на HEALTH на дискот.

Инспирирано од огласов:

Цените не ми делуваат воопшто значително ниски, а 5 месеци на максимум имаат дисковиве р'мбано. Сметам дека е крајно неокеј некој понеискусен член да може да добие диск кој е пред умирање.
 
Немамe во план да преземаме таква одговорност на мониторирање и регулирање на огласите, како и проверување на веродостојноста на секој оглас. Секој кој огласува си е задолжен и одговорен за содржината, а дополнително и секоја трансакција или размена си е одговорност на тие што учествуваат во неа, не на IT.mk. IT.mk во случајот е само платформа за огласување.

Повеќе тука:
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.495
7.788
Скопје
www.facebook.com
Предлагам измена на огласите - огласи за дискови кои се користени - особено такви за ЧИА фармање да биде задолжително да секој диск се слика за да се види некој уникатен код кој може да се врзе за скриншот од HDTUNE или останати софтвери за проверка на HEALTH на дискот.

Инспирирано од огласов:

Цените не ми делуваат воопшто значително ниски, а 5 месеци на максимум имаат дисковиве р'мбано. Сметам дека е крајно неокеј некој понеискусен член да може да добие диск кој е пред умирање.
Тоше бе, не комплицирај. Ако не ти се земаат такви дискови. Трк у продавница по нов неотпакуван.
Тој што сака да пише дека е користен за фармање ок. Све е тоа ризик.
 
Jedah

user
6 ноември 2007
1.325
2.309
Jedah's setup  
Processor & Cooler
CPU AMD Ryzen 5 5500 6-Core 3.6GHz (4.2Ghz Turbo) & CoolerMaster Hyper H411R
Motherboard
ASUS PRIME B450M-K
Storage
SSD: M.2 Corsair NVMe MP510 240GB / HDD: SAMSUNG F1R HE103UJ 1TB / HDD TOSHIBA DT01ACA 1TB
PSU
Cooler Master MasterWatt Lite 700W, 230V, 80Plus, HDB fan, Active PFC
RAM
G.SKILL Ripjaws V Series F4-3200C15D-16GVR 16 GB (8 GB x 2) DDR4 3200 MHz CL15
Video card
ZOTAC GAMING GeForce RTX 3060 12GB GDDR6
Case
XIGMATEK MOON KNIGHT 4XRGB FAN MID-TOWER
Mouse
Logitech Optical M100 USB Black
Keyboard
E-YOOSO M-11 60% mechanical
Audio
Logitech S-220 2.1
Monitor
LG 24'' Full HD IPS Monitor with FreeSync™ (24MP60G-B)
OS
Windows 11
На "елитата" сте им дале неограничен edit на постови, фино фино... барем одштиклирајте го она членство на форум Не е за сите исто членстово.
Штознам може и пост лимит сте ставиле 10 поста дневно за џаболебарите.
Треба некој од смртнициве да зареди 10-15 постови во 24 часа. Може ќе го дочека Pop up прозорец
"Го достигнавте максимумот постови за денес, доколку сакате да продолжите со дискусија ве молиме претплатете се кај "Елитата" "

Додуша тоа не би било во ваш прилог. Во интерес ви е ние како корисници да ви генерираме содржина. Мада вака со подредени и надредени [цензурирано] содржина.
Незнам зошто воопшто би отварал теми кога како член си ставен во подредена позиција. за еден fuckin ебан едит. Ако утре ми текне да дополнам некој линк. Постот ми е заклучен. Елитистот има неограничено време за корекција на својот пост, а поготово за малверзации кај тоа огласите. Се надевам барем timestamp имате оставено кога правеле едит :)

Прво не неограничен едитот, 24 часа е. Второ има тајмстемп на последниот едит. Трето има кај нив у база вержн хистори, аоо ептен затреба.

Sent from Телефон using Tapatalk
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.588
8.234
Мелмак
Немамe во план да преземаме таква одговорност на мониторирање и регулирање на огласите, како и проверување на веродостојноста на секој оглас. Секој кој огласува си е задолжен и одговорен за содржината, а дополнително и секоја трансакција или размена си е одговорност на тие што учествуваат во неа, не на IT.mk. IT.mk во случајот е само платформа за огласување.

Повеќе тука:

Барем да се дозволени добронамерни прашања и коментари на огласи во таа насока.

Пример ако сеа прашам членот да стави слики од Health check на дисковите, ем шо нема пошо 10-15 диска продава ќе каже ме мрзи или нешто ем ќе ми биде избришан коментарот пошо не е во склад со правилата за коментирање на огласи.

Сметам дека треба некоја измена на правилата, барем за да се коментира со цел да се помогне на потенцијални купувачи со совети на што да внимаваат и слично.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: D

D

Администратор
31 март 2007
4.109
4.317
www.aqtos.com
На "елитата" сте им дале неограничен edit на постови, фино фино... барем одштиклирајте го она членство на форум Не е за сите исто членстово.
Штознам може и пост лимит сте ставиле 10 поста дневно за џаболебарите.
Треба некој од смртнициве да зареди 10-15 постови во 24 часа. Може ќе го дочека Pop up прозорец
"Го достигнавте максимумот постови за денес, доколку сакате да продолжите со дискусија ве молиме претплатете се кај "Елитата" "

Премногу непотребни фрустрации во еден пост...
IT.mk членовите кои ја користат бесплатната опција немаат ништо изгубено од тоа што го имаа и претходно. На премиум членството гледај како еден вид донација - која поради комерцијалната позадина, неможеме да кажеме донирај ни, мора да кажеме поддржи не - а за тоа еве контрауслуга (плус функционалности и бонуси...).

И да, грешиш дека едитот е неограничен.
Член со бесплатно членство има едит пермисии од 1 час.
Член со Basic членство има едит пермисии од 6 часа.
Член со 1337 членство има едит пермисии од 12 часа.

Притоа, секој едит е логиран и има верзија на постот со timestamps - ако нешто се сомневаш во манипулации, слободно пријави. И премиум членови може да бидат банирани и да имаат ограничен пристап, не се без правила.

Додуша тоа не би било во ваш прилог. Во интерес ви е ние како корисници да ви генерираме содржина.
Да. И ние имаме интерес од членовите, ама и членовите имаат од нас. Тоа се вика взаемна корист и треба да го почитуваме, веројатно почнувајќи од тоа да водиме дискусии без вулгарни зборови.

Мада вака со подредени и надредени [цензурирано] содржина.
Незнам зошто воопшто би отварал теми кога како член си ставен во подредена позиција. за еден fuckin ебан едит. Ако утре ми текне да дополнам некој линк. Постот ми е заклучен. Елитистот има неограничено време за корекција на својот пост, а поготово за малверзации кај тоа огласите. Се надевам барем timestamp имате оставено кога правеле едит :)

Го расчистиме тоа со пермисиите, а за тоа дека се чувствуваш подреден и мислиш дека има надредени - а не гледаш на нив како членови кои платиле и пружиле поддршка со тоа добиле дополнителни функционалности, тука не знам како би можеле да ти помогнеме. Секој има право на свое мислење, ако сметаш дека не треба да придонесуваш со содржина, не придонесувај. Ако сметаш дека треба, придонеси.

Твој избор, нема љутиш тука од наша страна и ќе почитуваме што и да одлучиш.
 
  • лол
Реакции: lynx

D

Администратор
31 март 2007
4.109
4.317
www.aqtos.com
Барем да се дозволени добронамерни прашања и коментари на огласи во таа насока.

Пример ако сеа прашам членот да стави слики од Health check на дисковите, ем шо нема пошо 10-15 диска продава ќе каже ме мрзи или нешто ем ќе ми биде избришан коментарот пошо не е во склад со правилата за коментирање на огласи.

Сметам дека треба некоја измена на правилата, барем за да се коментира со цел да се помогне на потенцијални купувачи со совети на што да внимаваат и слично.

Се ревидираат овие работи, ама одиме едно по едно, ќе ги разгледаме предлозиве.
 
Justice for All

hello world
10 септември 2010
405
251
Дали може во Продавам да се додадат субсекции:
  1. еден дел компјутери и компоненти и галантерија,
  2. друг дел мобилни и друго поврзано со нив
  3. се останато (гледам имаше столици, правосмукалки...) да си остане како што е во Продавам.
Би било корисно imho. Сега на пример сакам да купам нов телефон и сакам да видам само што се продава од телефони, не се живо и диво
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно