1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Каков монитор користите? (колку херци)

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од psyside, 18 oктомври 2017.

60 hz или повеќе?

Анкета затворена (на) 17 ноември 2017.
  1. 60Hz

    83.7%
  2. 120/120Hz+

    3.3%
  3. 120/120Hz + (ќе наведам колку) Gsync/Freesync

    5.9%
  4. 75Hz (оверклок или што и да е)

    11.8%
Дозволени се повеќе гласови.
  1. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    517
    373
    26 Март 2016
    Јуни оди на продажба во светски рамки. Сега самошто го пријавија на CES2020, а сегашниот модел не сум видел дали го има Грција. Можеби ќе се најди.
     
  2. krema

    krema
    Professor

    10,007
    9,644
    24 Јуни 2009
    Машко
    Тогаш чекај на лето, ептен ме бендисва телевизорот за гејмање. :)
     
  3. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    517
    373
    26 Март 2016
    Не ми се верува на времето 21 инчен кога купив асус монитор за гејмање си реков тоа е тоа врв. Ама никогаш не е доволно. Моментално сум на 27 инчен овој 34ката е ист во вертикала само од страна ќе биде поширок и позакривен. А има луѓе ко ќе видиш на 55 инчен монитор гејмаат. Е тоа веќе да го наречиш телевизор.
     
  4. krema

    krema
    Professor

    10,007
    9,644
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ејгиди :D
     
  5. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    517
    373
    26 Март 2016
    На krema и TheMarshal им се допаѓа ова.
  6. krema

    krema
    Professor

    10,007
    9,644
    24 Јуни 2009
    Машко
    Не го бива чим нема ергебе позадински амбиент. :D j/k

    Е ова е гејминг телевизор. :)
     
  7. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    517
    373
    26 Март 2016
    И тоа првиот ОЛЕД гејминг монитор/тв. True HDR. Ама burn-in-от тука е ако играш многу некоја игра со статично UI.
     
  8. krema

    krema
    Professor

    10,007
    9,644
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ќе пушташ и цртани од време на време за да нема burn-in. :)
     
  9. mkd

    mkd
    Gaining Experience

    253
    98
    5 Јуни 2007
    Машко
    Да не започнувам нова тема, би сакал да прочитам ваше мислење споредба помеѓу 29" и 34" монитори со иста резолуција, т.е. 2560x1080 (и двата flat screen, незакривени). Употребата е за office, browsing, малку фото едитирање, малку видео едитирање.

    Благодарам.
     
  10. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    517
    373
    26 Март 2016
    Ако сите параметри се сосема исти а разликата е во тоа што едниот е поширок, не можам да замислам сценарио ама во никаков случај каде ultra wide не би бил подобар. Јас работам дизајн, затоа менувам кон UltraWide, не сакам два монитори да имам на маса. Работам во две програми истовремено едната снепната лево другата десно, или програмата во која што моделирам ја проширувам со повеќе viewporta. За гејминг ако земаш во предност си во action и rts/rpg бидејќи гледаш повеќе од светот околу тебе. И FPS игри го ширав погледот околу тебе што допринесува кон поголема имерзија. Едитираш фото? можеш да зумираш и сепак да гледаш на периферија што се случува. Исто со видео.
     
    На mkd му/ѝ се допаѓа ова.
  11. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,405
    13,488
    23 Јануари 2008
    Манга
    Нов монитор LG Ultra Gear 34GK950G-B 34" 3440x1440 G-Sync Nano IPS 100Hz (OC 120Hz)

    Ваков ли е сегашниот модел?
     
  12. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    517
    373
    26 Март 2016
  13. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    517
    373
    26 Март 2016
    Ме интересира кој е подобар што сакаш да го земиш така имаше напишано во постот за продажба. На ум што ми доаѓаат се само два и тоа G-SYNC Ultimate DisplayHDR 1000 двата:

    Predator X35
    ROG SWIFT PG35VQ | Monitors | ASUS Global

    Двата се дупло поскапи.

    П.С. Кога велам подобри, да се знае дека се значителен апгрејд на карактеристиките што ги има 34GK950G-B. Не нешто минимално или пак различен тип на панел итн. итн.
     
    Последна промена: 11 Јануари 2020
  14. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,405
    13,488
    23 Јануари 2008
    Манга
    Гледав некои 4К 200Hz 32" комбинации од Asus, LG и AOC кои што треба да излезат. Но откако го сменив 32-ката со овој сплесканиов сватив дека за гејминг сплесканиов е боље варијанта. Искрено сега веќе не знам што е подобар избор. Јас и така немам време да работам/играм на машинава. Син ми генерално ја користи. Ваљда ќе треба по негова желба да направам избор.
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    517
    373
    26 Март 2016
    Треба да се најде малку време кога тогаш да се поужива во новите технолошки дострели. Чекам да зеам со HDR бидејќи бев запрепастен кога искусив таков. Овој што го продаваше за многу добра добра цена го даде. Му завидувам на среќниот добитник. Ќе аплицирав и јас ама фрлив око на нови технологии па си чекам.
     
  16. Gappo

    Gappo
    Gaining Experience

    75
    92
    20 Јануари 2016
    Машко
    Дали има во Македонија Lenovo монитори? Во потрагата по LG 27GL850 наидов на критики и коментари од луѓе кои го величат Lenovo Y27Q-20 како значително посупериорен од LG-то за пониска цена. Го користи скроз истиот екран како LG 27GL850 и LG 27GL83A со подобар контраст, подобар Quality Control и поподвижен... сталак (monitor stand како е на македонски?).
     
  17. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,057
    2,302
    19 Јули 2013
    Се наоѓа по нешто.
     
  18. Gappo

    Gappo
    Gaining Experience

    75
    92
    20 Јануари 2016
    Машко
    Прв пат слушам за INet. Интересно. За жал немаат ништо блиску до тоа шо барам.
     
  19. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    330
    436
    3 Јануари 2019
    Машко
    И они носат по нарачка. Пиши на
    [email protected] ќе ти кажат дали може да ти донесат.

    Можно е нешто вакво да ти пишат.
    Screenshot_20200119-125736_Gmail.jpg

    Се зезам, ова беше за Thinkpad со 10 генерација Intel процесори. За монитори ваљда имаат понормални рокови.
     
  20. Gappo

    Gappo
    Gaining Experience

    75
    92
    20 Јануари 2016
    Машко
    Ај ќе ги контактирам, фала на идејата. Патем, сигурно е ова нивниот мејл? ICS? На сајтот мејлот што го пишува е [email protected]
     
  21. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    330
    436
    3 Јануари 2019
    Машко
    Кога се јавив во Lenovo Store, ми рекоа да пишам на тој mail.
     
  22. Gappo

    Gappo
    Gaining Experience

    75
    92
    20 Јануари 2016
    Машко
    Се распрашав на повеќе места. Секаде го добив истиот одговор дека од тој монитор не може да се нарача само едно парче. Единствена шанса е lenovoonline.mk каде што ми рекоа дека можат да нарачаат, но минимум 4 парчиња. Да не случајно има уште 3ца од форумов што се заинтересирани?

    Иначе мониторов не е популарен колку што заслужува. Бев решен за LG 27GL850, ама после долго истражување сфатив дека Lenovo Y27Q-20 e моментално најквалитетен можен избор за 1440p/144Hz/IPS/Freesync, па еве да го хајпнам малку да се појави побарувачка. :)

    Коментари за Lenovo Y27Q-20 на Reddit

    Детална критика

     
  23. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,148
    4,859
    8 Април 2011
    Машко
    LG 34 ML500 p модел 2560х1080 34 инчен ултра вајд со фри сајнк и некој основен HDR 10 стандард и навистина интересно изгледаат игрите со хдр,ноќе небото свети магично. Можам да замислам некој поскап монитор со повисока резолуција и повисок степен на HDR kако би изгледало. Лепота е но некако и нереално, какви вевашите искуства со хдр? Јас far cry 5 ја тестирав и стварно е магично но нереално, боите се вивидни.
     
  24. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    330
    436
    3 Јануари 2019
    Машко
    Шо знам, ја и на двата монитора што ги имам повеќе е како gimmick него ли да има некоја осетна разлика. Претпоставуам тоа се дожи на фактот дека немаат wide color gamut, плус и познато е дека IPS екраните немаат и некој нарочито добар контраст и приказ на црна боја. Така да пробувам да не користам HDR.

    Единствена игра која можеби изгледала добро со HDR била Mass Effect: Andromeda и Gran Turismo Sport.

    Можеби ако имам монитор што подржува "вистински" (ако и може така да се каже) HDR, мислењето би ми било друго.
     
    На dejan_str му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    517
    373
    26 Март 2016
    True HDR 1000 --- G-Sync Ultimate монитор да ми ти опулат очињата ќе пејш друга песна. Tomb Raider најновата maxed out на таков ROG монитор ја имам видено. Ме запрепасти.

    p.S. ќе се зема на лето таков барам чоек бубрег шо купва, ако знај некој пишете.

    Predator X35
    ROG SWIFT PG35VQ | Monitors | ASUS Global

    еден од овие двата. ЦЕЛОСНО ист панел се до крај инаку. Нема од овие да земам, LG ќе имаат на понуда нешто слично. Инаку Acer имаат монитор со IPS и DisplayHDR1000 така што не губиш ништо.
     
    Последна промена: 23 Јануари 2020
    На dejan_str му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...