Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења во прв пост)

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.583
19.290
@FLEGMA
Исти не се кај fh25 и ln 25 разликата е очигледна.
Кај 35 и 50
На -10 степени види колку има поголем cop fh во однос на ЛН.
Колку поголем компресор во зафатнина со помало оптоварување дава поголем cop.
.
Ај сега и ти не биди ко Стрелец. -10 биле поладни во Битола отколку во Скопје (или нешто слично беше, ама битно излупета тој)

Не знам што гледате ама крајниот резултат мене ме интересира а тоа се добиените киловати. Што корист од COP-от ако при иста температура даваат иста снага (за овие две зборувам)
Потрошувачката е помала кај LN со исти резултати. Што не е јасно овдека?

Освен цената. Сега кога би земал повторно би зел Mitsubishi.

Фукнав 1500 евра за FH50 и ни најмалку не зажалив. True story!
 

zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
На fh 35 e 14cm3 a na Ln не е ни 10см3 комресорот многу е разлика
Посебно тоа се гледа кај лн 25 со 7.4см3 и fh 25 со 14cm3
Znaci kaj LN kaj modelot do -15 mitsu ima stedeno za razlika od toshiba daisikai9
Kaj Toshiba daisikai 9 vo odnos na kompresorite ne e stedeno.


Меѓутоа LN60 кога се споредува со FH50 гледаме „вртење кругови“ околу FH50. Па така FH50 има 4,5kW на Tbiv од -10 и a LN60 има 6kW.
FH50 на -15 има 5,2kW а LN60 има 6 kW

Па според @GGTT1 тие и треба да се споредуваат нели, пошто носат компресори со иста кубикажа 17cm3
MUZ-FH50VE => SNB172FEKMT(15-130RPS)
MUZ-LN60VG => SVB172FCKMT(10-130RPS)

Што ако го пренесеме на споредбата кај 13cm3 компресорите би требало да споредуваме FH35 со LN50
MUZ-FH35VE => SNB140FRUMT(15-107RPS)
MUZ-LN50VG => SVB130FBBMT(10-130RPS)

FH35 има дури 14cm3 компресор, (малку 1cm3) ама сепак поголем, а табелата горе со резултатите на -10 и -15 вика дека LN50 исто прави кругови околу FH35.
Мисљим.... ак споредваме по кубикажиии....
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.096
6.039
FH35 беше 58000 докај 62000 денари. LN35 е малку послаба, но нажалост и доста поскапа. Второво е проблем кај нас. Заради тоа Daikinot FTXF50 се препорачува толку често исто како што се препорачуваше FH35 претходниве години. Едноставно е многу добра во однос на цената. FH35 беше живо џабе за тоа што го нуди, живо џабе. Над 3 цоп на -10, со 3.6кв тоа другите клими го сањаат на 0 или на 3 надворешна, а не на -10.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.583
19.290
Па според @GGTT1 тие и треба да се споредуваат нели, пошто носат компресори со иста кубикажа 17cm3
MUZ-FH50VE => SNB172FEKMT(15-130RPS)
MUZ-LN60VG => SVB172FCKMT(10-130RPS)

Што ако го пренесеме на споредбата кај 13cm3 компресорите би требало да споредуваме FH35 со LN50
MUZ-FH35VE => SNB140FRUMT(15-107RPS)
MUZ-LN50VG => SVB130FBBMT(10-130RPS)

FH35 има дури 14cm3 компресор, (малку 1cm3) ама сепак поголем, а табелата горе со резултатите на -10 и -15 вика дека LN50 исто прави кругови околу FH35.
Мисљим.... ак споредваме по кубикажиии....
Држи место и ова твоево ама што правиме со цените?
 

GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Па според @GGTT1 тие и треба да се споредуваат нели, пошто носат компресори со иста кубикажа 17cm3
MUZ-FH50VE => SNB172FEKMT(15-130RPS)
MUZ-LN60VG => SVB172FCKMT(10-130RPS)

Што ако го пренесеме на споредбата кај 13cm3 компресорите би требало да споредуваме FH35 со LN50
MUZ-FH35VE => SNB140FRUMT(15-107RPS)
MUZ-LN50VG => SVB130FBBMT(10-130RPS)

FH35 има дури 14cm3 компресор, (малку 1cm3) ама сепак поголем, а табелата горе со резултатите на -10 и -15 вика дека LN50 исто прави кругови околу FH35.
Мисљим.... ак споредваме по кубикажиии....
Кубикажи ама за соодветни модели.
Изменувачи и фреон има поголеми кај 50ката во однос на 35ката.
Fh е појака клима од лн се гледа веднаш во цопот на -10 и -15
 

zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Држи место и ова твоево ама што правиме со цените?
Цените скоро x2... ако FH35 со 14cm3 компресор коштала 60k, сега LN50 со 13cm3 компресор кошта 100k
Пазарот ги прави цените, кој сака ќе си плати.

Мислам не e ни очекувано Мицу да би ја продавал LN35 за поефтино од FH35 поради тоа што носи помал компресор и можеби ја произвел за поевтина цена.
Придобивките од R32 не ги користат крајните корисници туку производителите!
 

GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
FH35 беше 58000 докај 62000 денари. LN35 е малку послаба, но нажалост и доста поскапа. Второво е проблем кај нас. Заради тоа Daikinot FTXF50 се препорачува толку често исто како што се препорачуваше FH35 претходниве години. Едноставно е многу добра во однос на цената. FH35 беше живо џабе за тоа што го нуди, живо џабе. Над 3 цоп на -10, со 3.6кв тоа другите клими го сањаат на 0 или на 3 надворешна, а не на -10.
До пред р32 една од најаките клими беше оваа .За 800евра од грчка
20160114_142222.jpg
 

roliver

hello world
7 јануари 2018
104
50
Aко некој знае што содржи QR кодот од WIFI модулот за клима (МАC адреса, или пак нешто друго). Имам модул ама немам QR код.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.583
19.290
Aко некој знае што содржи QR кодот од WIFI модулот за клима (МАC адреса, или пак нешто друго). Имам модул ама немам QR код.
Обично е линк кој води до апликацијата. Кај јапонските клими во еден дел од подесувањата со скенирање се внесуваат податоци во апликацијата.

Што модул и клима се во прашање?
 

roliver

hello world
7 јануари 2018
104
50
Vivax ACP-12СН35AUJI - AUX modul (дојде заедно со климата ама нема код).
Која андроид апликација е најдобра за WIFI?
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.583
19.290
@zlatko_ti412

Доаѓам до целта :)

01-11-2020 Overview - Home Assistant.png

За жал овој сензор, овој card (како тие го викаат) умее да собира по час, ден и месец.

Нурам да најдам скрипта која ќе отчитува по минута, да го складира во база и да исцрта графикон или во најмала рака да може да го експортира во .csv/.xls па рачно да се црта.

Моменталната потрошувачка ми е направена да прикажува на секои 5 секунди затоа што broadlink-ов жмига како лампион ако се подеси на 1 секунда.

Мислам дека (апликацијава?) Home Assistant-ов ќе биде од корист за сите дури и ако немаат Raspberry. Преку виртуелка
Маната е што бара нон стоп приклучен компјутер.
 

milepp

read-only
24 октомври 2016
20
5
ST TAC - 12INV32 WIFI SIBERIA

Дали знае некој со сигурност што компресор има и ако има некаде сервисно упатство.
 

Aowek

user
14 април 2012
1.213
1.170
Се префрлија одредени членови од 1 форум на друг само со псевдоними :alien::ROFLMAO::ROFLMAO:
 

GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
ST TAC - 12INV32 WIFI SIBERIA

Дали знае некој со сигурност што компресор има и ако има некаде сервисно упатство.
Тешко дека ќе најдеш .( таа клима ја прозведува некоја фирма и само налепница ставаат ст)
Треба да го споиш тој модел со тој што го произведува па да бараш сервисното.
Подобро земи си нешто проверено не преку втора рака.
Тие што беа со ознака мислам беше GAC беа грее.
 

DijanaElVi

read-only
27 февруари 2019
11
0
Здраво. Ме интересира мислење за инвертер клима Тесла. Дали греат добро. Поздрав.
 

Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Буразери, вчера конечно набавив и ми монтираа инвертер. Према ваште попрепораки за големината на мојата соба без изолацација и обични прозори ја земав Gree Fairy. Монтирана ми е на зид на тараса и тоа беше добра одлука затоа шо од другата страна на зидот кој е на друга соба надворешната единица кога работи пренесува зуење преку зидот кое не е пријатно.
Другим речима гадно бих се зајебао ако се монтираше до прозорот на мојата соба. Али сречом кај другар слушнав како неговата Hayer пренесува звук фино лепо си се одлучив на тараса. Затоа монтерите ми кажаа да си ставам едно туба за цревото од кое ќе истекува водата која се ствара од кондензација и баш сам се изненадио кога монтерот ми рече дека 5 литра дневно ке се пуни. Јас ставив 11 литра туба и будучи дека синоќа заспав со климата која работеше цела ноќ коа станав проверувам да видам дали и колку ќе има вода и коа гледам беше до пола пуна. o_O Ми рекоа дека колку повеќе кондензира тоа е знак дека добро работи климата.
Пошто сега е сеуште топло времето ќе ја уклучувам само по потреба.
Ми рекоа дека овај модел е еден од потивките и го забележав тоа кога ке стиснам на quite mode. Прв пат имам клима, па сега за сега не ми се јасни модовите , подесувањата, па би ве замолил за некој совет што и како да подесувам додека сум дома. Монтерите ми рекоа само дека на тројка ( на модело има од 1-5 прикажано како цртички на батерија, климата е најекономична, ама вероватно не и најтивка нарочито при спиење.
Танкју вер мач. Најстручен и најбрз савет очекувам од @FLEGMA :)
Има ногу стручњаци, знам, ама Флегма е име кое е прилично highlight
па зато и сам га поменуо :)
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.583
19.290
Ми рекоа дека колку повеќе кондензира тоа е знак дека добро работи климата.
Тоа е знак дека околниот воздух има влага, и пошто на греење надвор испарителот е ладен и фино лепо се кондензира вода која истекува. Во зима на минус таа иста вода наместо да истекува инстантно мрзне (влагата се трупа) и од време на време климата влегува во дефрост да го истопи насобраниот мраз за да има правилна размена затоа што мразот е изолатор.
Ти во текот на зимава не треба да видиш две работи:
- Натрупан мраз во многу дебел слој (еден прст да речеме) по цела површина и покрај тоа што се случувале дефрости.
- Не смееш да видиш испарител кој е до половина замрзнат (горната половина) што индицира дека нема доволно фреон.
Во првиот случај најчесто се работи за неисправна работа на вентил или капилара.
Монтерите ми рекоа само дека на тројка ( на модело има од 1-5 прикажано како цртички на батерија, климата е најекономична, ама вероватно не и најтивка нарочито при спиење.
И ова нема врска со врската. Брзината и комфорот ќе си ги одредиш сам врз основ на тоа како и колку загрева.
Ми рекоа дека овај модел е еден од потивките и го забележав тоа кога ке стиснам на quite mode.
Quiet mode обично значи намалена снага и на надворешниот компресор и со тоа намалено топлење/ладење.


Друго што да ти се каже. Со здравје да се служиш. Играј, чепкај, подесувај. Нема да се расипе.
Не прави глупи работи како што се употреба при надворешна температура од 22~24 степени, не шалтај низ режимите премногу брзо на пример во две-три секунди од топлење на ладење па сушење па повторно топлење.
Иако за ова климата има заштита и компресорот не почнува со работа мин. 3 минути после промена на режим.

Редовно чисти филтри и тоа е тоа.
Подоцна ќе кажеш впечатоци.

Кога ќе стегне извади ја цуцлата за да не се собира мраз внатре, стави нешто под неа и тоа е тоа. Малку ќе шлака но во зима ионака не се врзмаме по тераси.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно