Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
Статус
Затворена за нови мислења.

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.226
1.702
Скопје
Инаку сега пробуваме со Ego One па да видиме. Вика дека е подобро од Ендурата. Ај може ќе го бидне.

Па да опалам еден DNA75 :)
Знае да зажеже ендурата ако се задржи копчето пред влечење. Нека влече одма кога ќе го притисне, а дополнително може посилно да тргне за повеќе воздух да повлече да се олади подобро греачот. И мене ми се дешаваше понекој пат дур ја научам призмата.

Едит: И ударот на грло ќе се намали со појак цуг

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk
 
Tom Ford

hello world
20 декември 2017
157
386
Штом не си ме дефинирал како првиот на листата одлично е :) Јака е тетраткава. Jас идам на средбата кога ќе затопли или поскоро.

Инаку има нов развој на настаните. Мојава понежна половина се врати на аналогни :(. Ми најде изговор дека и доаѓало жешко при влечење, па удирало на грло многу и сл. Уствари си наоѓа изговор да си турли цигарчиња. Со сила арно не бидува. Ако веќе ми дојде ендурата назад кај мене тогаш не купувам мод зашто веќе имам два. За кајфунот мислам дека Istick 80W ќе биде добар. Ајде ќе видиме утре.

И со мојава беше апсолутно идентична ситуација - кажуваше гачки, ова - она не и чинело, изговори 300 и еден ...

Кога згрме свети Петар почнаа ѕидови да се тресат, заџитаруење цигариштата нејзини низ прозорец и трескање со тупаница на маса! Ете ја сеа, си ја цуцла електронската и ни А ни БЕ ;)

Ете уште 1 ПРОВЕРЕН И ДОКАЖАН начин за миграција од аналогни кон електронски, башка и повеќе ќе те почитува, што е многу битна работа.
 
28 јануари 2017
2.099
4.845
Ресен

Море ако те прочитат ќе видиш...
 
bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
Мене х-модот на 2 А ми грее, на пц/0.5а се полни без греење. На 2А полнач се полни за саат од прилика, така да не би се потпрел само на електрониката на модот. За ијстикот немам уште искуство, ми нема стигнато комплет. Полначите се добиени при купување на телефон. Према пресметките, батеријата е 2200 ах, за да се наполни за саат треба да "влече" 2А.
Се слагам со крема дека по не квалитетните полначи даваат помалце од напишаното, немаат заштити итн итн, а колку е тоа штетно забатеријата не знам.
Поскапите фирми си имаат "тежина", не го плаќаш само името.
Ова секако нели за интегрираните батерии, другите нели може да си ги полниш на посебен полнач.
Кај мобилните и тоа како е битно да се користи оригиналното кабле, а за модовите не знам сум немал искуство, за мојот х-мод не ни знам кој е оригиналниот кабел(ги имам измешано :) ) па може затоа грее.
Толку од моето искуство околу полнењето, сепак најдобро би било да се држиме према препораките од производителот и да користиме оригинални делови како полначи кабли итн.
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.756
15.845
youtu.be
Кога згрме свети Петар почнаа ѕидови да се тресат, заџитаруење цигариштата нејзини низ прозорец и трескање со тупаница на маса!
Е тоа е тоа, муж во вистинска смисла на зборот, не како нас другите како пу*ка под кошула. :D
Мој наклон! :)
 
Последна промена:

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.114
14.238
Мене х-модот на 2 А ми грее, на пц/0.5а се полни без греење. На 2А полнач се полни за саат од прилика, така да не би се потпрел само на електрониката на модот. За ијстикот немам уште искуство, ми нема стигнато комплет. Полначите се добиени при купување на телефон. Према пресметките, батеријата е 2200 ах, за да се наполни за саат треба да "влече" 2А.
Се слагам со крема дека по не квалитетните полначи даваат помалце од напишаното, немаат заштити итн итн, а колку е тоа штетно забатеријата не знам.
Поскапите фирми си имаат "тежина", не го плаќаш само името.
Ова секако нели за интегрираните батерии, другите нели може да си ги полниш на посебен полнач.
Кај мобилните и тоа како е битно да се користи оригиналното кабле, а за модовите не знам сум немал искуство, за мојот х-мод не ни знам кој е оригиналниот кабел(ги имам измешано :) ) па може затоа грее.
Толку од моето искуство околу полнењето, сепак најдобро би било да се држиме према препораките од производителот и да користиме оригинални делови како полначи кабли итн.

Кој ќе ги знае. Сигурно си е сигурно. Само што немам време да барам сега чарџери од 1А и не мислам да полнам на компјутер оти уште тој да ми рикне со некој недоквакан мод :).

Така што ќе возам со овој од мобилен што ми е 2А па ќе дознаете од вести ако тргнат работите на лошо. :)

Инаку ова ми е плус причина да се префрлам на екстерни батерии. Арно што ја има темава оти немаше да знам кај да ги трошам парите. Се друго изгустирав :)
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.756
15.845
youtu.be
Немај гајле со тој полнач + нема истиот да ти загрева, ќе си тера лабаво додека полни наспроти оној од 1А кој ќе загрева бидејќи ќе работи под полна пареа. :)
 
MikickoHC

user
26 февруари 2016
1.802
1.365
Скопје - Аеродром
Е тоа е тоа, муж во вистинска смисла на зборот, не како нас другите како пу*ка под кошула. :D
Кумац,на Стариот мој што не сетови му склапав,течности...ама ништо по 3 кутии накај 4 во ден. Седиме после ручек со зетко и стариот и си пуши нема гајле. Кога виде дека внук ми спие на 2метра од нас експресно гасење и згмечи кутијата и тхе енд. 2 месеца од тогаш. А го прашувам пушеше и ние кога бевме мали деца. Вика друго било тоа.

Sent from my SM-N910F using Tapatalk
 
По не штетно беше пасивното пушење, зато во сите институции имаше пепељари дури и по автобуси.
 
bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
гокица види за колку време ќе се наполни модот, лесна е пресметката, може електронината кај ајстикот да е поинаква, пресметај ќе видиш колку влече :)
Е Мики "тепани волци" сме по-стариве генерации, немаме гајле, јас пред малава избегавам и електронска цигара :)
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.226
1.702
Скопје
гокица види за колку време ќе се наполни модот, лесна е пресметката, може електронината кај ајстикот да е поинаква, пресметај ќе видиш колку влече :)
Е Мики "тепани волци" сме по-стариве генерации, немаме гајле, јас пред малава избегавам и електронска цигара :)
Неможе да се пресмета точно со таа метода, пошто литиумски батерии се полнат во 2 етапи.
1.Константна струја - влече колку што е подесена електрониката за полненње се додека не стигне до 4.2в.
2.Константна волтажа - ја одржува волтажата на 4.2в и постепено ја намалува струјата се додека не стигне до зададената вредност на терминација. Ова е обично 10% од струјата на полнење, пример ако полни со 1А терминира кога ќе падне на 100ма.
Колку време ќе трае вторава етапа зависи колку и е внатрешниот отпор (како старее батеријата отпорот и се зголемува).
За груба пресметка обично си додавам околу пола час + за да знам колку би се полнела, да речеме за батерија од 2000Мах би требало грубо околу 2 ипол часа да се наполни со 1А
 
bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
Да, не може да се пресмета точно, ама од прилика може. Ем во упатството пишува дека од скроз празен до скроз полн требаат 6,5 часа, значи ако велчи 2А ќе се наполни за одприлика упола време( околу 4 часа најмногу сосе завршната фаза која како што кажа може да потрае па затоа ги додадов тие 40-тичча минс).
Инаку пола амперскиот полнач не ми грее :)
Од поспоро полнење нема гајле батеријата, ако ти се чека 12 саати :) ( истекот 80w со пола ампер бисе полнел толку, немам пробано)
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.114
14.238
Сега ми текна дека имам Watt-meter. Пробано со два полначи еден 1.55А и друг 2.00А. Првиот работи на 5.2V а другиот на 5V. Додека полни Istick со првиот потрошувачката е 6W а со вториот 6-7W варира.

Значи нешто над 1А ама не оди до 2А (A=W/V). И плус има загуба во процесот така што тука е блиску до пропишаното. Добар е кинезов. Полнете без гајле и со појаки полначи.

Утре ќе пробам и на празна батерија ама не очекувам проблеми.

Инаку ватметерот работи одлично. Само што го врзав телефонот да полни и рипна на 11W.
 
Chaeld10_8

user
29 март 2011
1.064
926
6b35f129ebdd9f3e6f9d17d739b53de5.jpg

Испратено од SM-J330FN преку IT.mk форум апликација
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.114
14.238
Не знам што ја боде ендурава. Вчера сменив грејач. Денес цел ден плука течност. Се полни муштичето за крако и тече прелева. И многу течност како да оди. А добар е чадот.

Со минатиот грејач на 510 пинот протекла.

Шо да праам?
 
28 јануари 2017
2.099
4.845
Ресен
Гумиците смени ги на прво место, второ до греачот не ќе да е мада ако имаш смени го и него (чувај го овај).
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.226
1.702
Скопје
Ти диши негде, провери долниот дел да не е олабавен ко за почеток, може да се деси ако се потфати при отварање на горниот отвор за полнење.

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.114
14.238
Ти диши негде, провери долниот дел да не е олабавен ко за почеток, може да се деси ако се потфати при отварање на горниот отвор за полнење.

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk

Пробав тоа. Стегнато е добро.

Една стигна од мајка со лоши гумици, се сменија, капка нема на конекторот од тогаш.

Со новиов грејач денеска капка нема пуштено на пинот. Само со стариот (една недела возен) тоа се случи.
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.226
1.702
Скопје
Пробав тоа. Стегнато е добро.

Со новиов грејач денеска капка нема пуштено на пинот. Само со стариот (една недела возен) тоа се случи.

Нема многу варијанти за интервенција при потреба на атомизеров, дали е стегнат горе и доле, и евентуално мењање на гумица ако е оштетена.
И задња опција како што и си направил, мењање греач.
Сега малку детективска работа :). Oва што ти пуштил после една недела можно е да си го подзагорел памукот па да се истанчил "ѕидот" и да почнал да пушта повеќе течност, од ланчано влечење и/или предолго држење на копчето да се загреал атомизерот а со него и течноста(загреана се разретчува) па да прошло повеќе од стандардно и се поплавил па по капиларен ефект си продолжило со исто темпо(или со нормалното ама веќе поплавата се десила па само си се дополнувало кај греачот), од пресилно тегнење се створил негативен притисок во комората и повлекло повеќе течност, да бил некој од навоите олабавен одреден период, предолго оставен отворен при полнење...
Ова онака набрзина што ми текна, бирај што ти одговара :).
Ако не е загорен памукот, можеш евентуално да го истресеш убаво греачот и да повлечеш неколку пати на празен резервоар да се подзасуши внатре кај греачот. Ама внимателно со кратки интервали да не го изгориш памукот, и да го пробаш пак, можда ќе го спасиш.
Дали вреди да се замараш со ова последново, на тебе оставам да одлучиш.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно