Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

389mk

hello world
16 јануари 2020
281
306
Не знам дали е и за ова темава. Едно другарче моментално се опоравува од тешка бронхопнеумонија која му се разви два месеца по целосно префрлање на вејп. Буквално го турна за неколку дена, лежеше на инфективна клиника во Скопје. Бактерија беше причинителот.

Менуваше повеќе фирми и нарачуваше од повеќе е продавници. Се разбира дека не е 100% докажано дека баш од е-цигарите му се случи тоа, ама индикативно е. Треба пазење, а и познато е дека се можен причинител на пневмонија.
 
Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.659
13.706
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Чудно, пропилен гликолот (компонента на е-цигарите) е силен бактерицид. И ВГ-то (растителен глицерин) е непогодно за развој на бактерии. Тие две работи се скоро 100% од волуменот на течноста.

Да не вејпал масла?

Инаку да, вејпингот носи за 30% зголемен ризик од белодробни заболувања во споредба со непушачи, но кај пушачите на аналогни тој е многу поголем.
 
Ace Lud

Баниран/a
7 април 2012
1.130
2.098
USA
PrivateLadyEscorts.com
Токму така, како со нож пресеков, инаку трошев за малку 3 кутии на ден.
Thanks
Честито нека е Крема. Истото и ја го направив, пресеков наеднаш од цигари на вејп. Наполнив 6.5 години без цигари но и 1.5 година без вејп. Доста е...

Sent from my Lenovo TB-X605L using Tapatalk
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.298
5.271
Скопје
hackitfree.github.io
Токму така, како со нож пресеков, инаку трошев за малку 3 кутии на ден.
Thanks
Јас намалив пред 2 год - по пола кутија на ден пушам - ама никако помалку неможам да смалам..
Ај те молам некој предлог за Вејп некој производ што би можел да користам да ми препорачаш .
Иначе мислиш без проблем ќе ми исчезне навиката за никотин - лесно се поминува тоа и брзо ?
Или станува збор за Ел. цигари што содржат никотин како во видеото на твојот профил ?

Благодарам однапред..(y)
 
Последна промена:
28 јануари 2017
2.063
4.726
Ресен

Со подовите слабо стојам и не знам што да ти препорачам, за обични цигари од кај нас би било вака:

Имам јас една Endura T22 нова, од првите 2 е дефинитивно подобра.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.298
5.271
Скопје
hackitfree.github.io
Со подовите слабо стојам и не знам што да ти препорачам, за обични цигари од кај нас би било вака:

Имам јас една Endura T22 нова, од првите 2 е дефинитивно подобра.
Фала многу - ај ќе чекам уште @krema да видам што ќе препорача па да си купам едно и да „цуцам„ :LOL:
Барем нема да морам да излегувам на тераса - смрзнав више :oops:
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.724
15.817
youtu.be
ај ќе чекам уште @krema да видам што ќе препорача
Генерално е тоа што го кажа колегата @Sharlovski, може на почеток да одиш со малку поголем процент на никотин и со тек на време да намалуваш (процентот на никотин би зависиели од тоа со каков сетап ќе почнеш), сепак на почетокот ќе имаш потреба од повеќе никотин бидејќи твојот организам е навикнат на таа количина.

Малку желба за откажување од цигари и ќе бидеш раат после. :)

едит:
Прочешлај малку по индексот и ел. цигари за почетници.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.298
5.271
Скопје
hackitfree.github.io
Прочешлај малку по индексот и ел. цигари за почетници.
Секоја чест на членот @Metuzalem за темиве. Буквално Се за електронските цигари.

Едит
А и доста други членови ги збогатиле темите така да има што да се чита пред да поставам некое нубско прашање.
 
Последна промена:

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.076
14.171
Благодарение на добрите познавачи на форумов, и јас пред скоро 5 години ги оставив цигарите. Успеав да навлезам до степен да можам да виткам, правам течности и се друго што ми е потребно.

Можам да кажам дека за сите сознанија апсолутно немав потреба да барам дополнителни информации од други извори. Тоа само уште еднаш говори колку капацитет и квантум на сознанија имаат членовите вејпери на форумот.

Од плејадата ќе ги споменам Метузалем како неприкосновен познавач на областа на различните модови, атомизери, жици, батерии и сета друга опрема поврзана со вејпот. Шарловски има фокус на течностите и аромите. Верувам дека од нив двајца не постојат поголеми познавачи на респективните области. Не само во земјава туку и пошироко во регионот. Но тоа не го минимизира придонесот на многу други членови во оваа секција.

Најважно од се е дека постои голема солидарност да се помогне. Не само со постови на форумов туку и преку кафе средби, позајмување на опрема додека некој се снајде и сл.

Мене ми е мака што имам помалку време да партиципирам. Но и да следам трендови. Не знам ништо за подовите, никотинските соли и сл. Сеуште сум со три istick power кои добро служат и после години. И два атомизери spica pro. Клонот од Coppervape на овој атомизер го тепам сеуште и не сум сменил ни една гумица до сега. Чудесија.

Поздрав до убавото друштво.
 
Optipro

lurker
5 мај 2021
618
465

Сакаш да кажеш дека успеа скрос да баталиш пушење?
Или остана 5години на вејп?
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.076
14.171
Сакаш да кажеш дека успеа скрос да баталиш пушење?
Или остана 5години на вејп?

Ги оставив обичните цигари. Сеуште вејпам. И немам намера да ги оставам електронските уште некое време. Строго MTL односно многу малку вовлекувам во белите дробови. Практично си пафкам, ете како некој ритуал.

Обични цигари запалив неколку во тек на летувањето оваа година. Не ја понесов со мене електронската. И не ми се допадна воопшто. Повторно почувствував колку смрдат, ме замелушуваат со никотинот, хемикалиите, и ми ја сушат устата. Електронските цигари, штом се навикнеш, се каде каде попријатна опција. Барем за мене.
 
Браво за тебе друже!
Инаку јас имам лошо искуство, баш нарочито тоа што на времето кога ги афирмираа, повеќе им беше рекламата дека ,,е цигарата помага за одкажување на цигарите и воопшто пушењето" бев меѓу првите што зедов Амбрела тогаш, и ништо, неделно тргав по 2шишенца со 25мг никотин (или како беа не се сеќавам)! И еднаш заборавив да ја наполнам, купив цигари и се навратив пак на цигарите и тоа дупло, (првата недела 3кутии денот тегнев)..
После тоа пробав пак со електронската и видов колку едноставно не чинела (течноста)
Сега не знам ни што течности има ни колку се океј.

Ама ме изненади по толку време дека има сеуште луѓе кој што користат е-цигара..
Сигурно нешто се подобрило?
 
Моето прво искуство ел цигара беше исто некоја цигара и течност од амбрела. Само после неколку павкања, прскање на жешка течност во уста, грда арома, ја баталив и се вратив на обични цигари.

Но после неколку месеци решив да променам тактика и да настапам со малку повеќе сознанија. На форумов ми ја препорачаа Endura. А Шароловски ме снабди со квалитетни течности. Веќе беше сосема друга приказна.

Како што напишав денес користам Spica Pro атомизер, кој има сува пареа и силен удар на грло дури и со малку никотин во течноста. Со тутунска арома ми е задоволство. Далеку од вкусот на обична цигара. Но за мене многу подобро и поприфатливо како вкус и начин на задоволување на потребата или ритуалот.
 
Ми фаќа око муабетов, искрено би зел повторно.. иако пред неколку месеци зедов Ајкос и го баталив по 2/3 недели
Каде се наоѓаат убави течности?
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.076
14.171
Ми фаќа око муабетов, искрено би зел повторно.. иако пред неколку месеци зедов Ајкос и го баталив по 2/3 недели
Каде се наоѓаат убави течности?

не сум во тек дали Шарловски сеуште продава течности. Доколку да, ти препорачувам да земеш по негова препорака. Малку за да пробаш. Но исто треба да се погоди атомизерот. Можеби да пробаш со Endura, да ја нарачаш од нет. Или ако имај некој кај нас да продава.

Има огромна разлика од атомизер до атомизер, како и од течност до течност. Ни една нема да го има филингот и миирисот на обична цигара. Затоа треба да си спремен да направиш компромис за помалку штетен начин на пушење. За потоа да ти стане поомилено од обична цигара без да се тешиш лажно.

Читни во темиве, има многу информации. Само ако дадеш шанса и навлезеш повеќе во проблематиката, ќе може да најдеш што е најпогодно за тебе. Најдобри се атомизери кои сам мора да ги намотуваш. Најдобри течности ќе бидат тие кои сам ќе ги дефинираш. Но за тоа треба и искуство. Затоа сака и малку посветеност.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.298
5.271
Скопје
hackitfree.github.io
Ги оставив обичните цигари. Сеуште вејпам. И немам намера да ги оставам електронските уште некое време. Строго MTL односно многу малку вовлекувам во белите дробови. Практично си пафкам, ете како некој ритуал.

Обични цигари запалив неколку во тек на летувањето оваа година. Не ја понесов со мене електронската. И не ми се допадна воопшто. Повторно почувствував колку смрдат, ме замелушуваат со никотинот, хемикалиите, и ми ја сушат устата. Електронските цигари, штом се навикнеш, се каде каде попријатна опција. Барем за мене.
Ех кога пред 3 години успеав да прекинам со цигари еден месец . Колку подобро се осеќав. Поздраво и тоа се примети одма после неколку недели ( кондиција, нема задишаност) Ми сметаше здивот и мирисот на облеката на цигари кога се разминував со пушачи на улица (кои БТЊ не пушеа во моментот! ) . Неверојатно и вкусот на храната колку се подобри .
И што? Од досада - да запалам - „ај една две дневно„ - „добар сум сега - не пушам„.. - и пак пропушив. После пак пробав ама 2 дена и не успеав -многу бев нервозен - неможев ни да седам мирен а камо ли да завршам некоја работа...

Ја прелистувам темата за Ел Цигари сега - и сајтов Амбрела чии производи ми ги препорача членот @Sharlovski и гледам имаат понуда на најразновидни течности - и мислам да купам за некој ден. Па и да не ми одговара - барем ќе пробам за што станува збор па спрема тоа ќе си видам што ми одговара. Незначи и дека на еден едно ако не му одговарало - дека нема и на друг да му одговара.
Прашање едно само - би купил течност со арома на цигари било какви за почеток но незнам со кој процент никотин да почнам ? Пушам пола кутија дневно . 5мг? 10мг? 24мг ?

А сам сум си крив што сум заглавен во 20ти век со цигариве - ставот ми беше „Абе глупости се тоа - само пари да ти земат - нема врска тоа ..„ А сега читам дека луѓево не само што успеале да се откажат од
цигари туку и си уживаат и пафкаат со мерак - и пак не им штети ни 0.1% колку цигарите.
 
Potop

hello world
26 декември 2013
376
492
Со подовите слабо стојам и не знам што да ти препорачам, за обични цигари од кај нас би било вака:

Имам јас една Endura T22 нова, од првите 2 е дефинитивно подобра.

Јас ја земав последната опција.
Таа ми ја препорачаа и прво земав течност со арома на цигари, како најблиску до обичните.
Не знам од која причина неможев ниеден дим да повлечам а да не се закашлам. Па земав некои послаби со овошна арома малку подобро ама искрено чудно ми е како може да кашлам буквално после секој повлечен дим. Пушам 24 години моментално по скоро две кутии малборо црвено и не верувам дека толку кашлам од електронскиве.
Инаку пред некоја година пробав од пријател иста електронска и воопшто немав проблем со кашлањето.
Најверојатно е до мене и изборот на течност. Помош околу ова? Сакам скроз да се префрлам на ел. ама изгледа лош избор на течности или подесувања правам :)

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
 
Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.659
13.706
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
^ Премногу никотин или премногу ПГ. Барај друга течност, а за да ја спасиш оваа, види овде под 22.

Општо, за течности ситуацијава во моментов е уште потешка поради законот за тутунски производи, изгледа од тогаш го спроведуваат ригорозно и на најголемиот (и единствен) увозник Умрела не и` даваат да увезе течности во шишенца поголеми од 10 мл, како и бази (ај за нив добро) и ПГ/ВГ (што е глупост и го нема никаде во свет затоа што не содржат никотин).
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно