Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Еко Логистик (ELS)

chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
После х време повторно почнаа од АлиЕкспрес да ми праќаат пратки преку ЕЛС. Пратката стигната во Скопје пред 10 дена, 10 дена ги нема да ја достават.

Им праќам меил пред 2 дена, ми враќаат дека најбрзо ќе ја достави курирот. Им праќам меил денес, повторно ЕЛС со лаги дека ќе ме контактираат за кратко да ми ја достават пратката.

Од карго фирмиве мислам дека овие се најнесериозна фирма, сите пратки ми каснат по минимум недела дена откако ќе ги примат, една не ми ја ни доставија, имаше статус дека е примена кај нив па го избришаа, и доаѓаат со коли од 90та година како да дилаат недозволени работи наместо со означени возила што ќе ги препознаеш на улица.

Јас не знам како може да се реагира до АлиЕкспрес повеќе да не испраќаат со оваа фирма, освен да маваат диспјут на се што не ми доставуваат па можеби ќе си реагираат они самите.
 
Titanium

hello world
1 март 2024
350
193
Карго експрес, за 3 дена ја примија пратката, ја процесираа, ја дадоа на курир за достава и ја доставија. Во овие 3 дена е вклучен и викенд. Ѕверови!
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Дали знае некој дали постои во државава некаде каде може да се пријави правно лице, во случајов ЕЛС за недоставување на пратка?

Имам меилови од разговорите со нив каде ме лажат дека ќе ја достават, ќе ми се јават веднаш, и еве веќе 2 недели направи праткава како е кај нив, не сакаат да ја достават и секоја комуникација со нив се сведува на лажење.

Веќе ми се јавува сомнеж дека пратката или ја имаат оштетено или ја "изгубиле" како и што беше со претходната пратка, и се надеваат дека ќе прекинам да ја барам пратката која и не е така евтина.
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје

Titanium

hello world
1 март 2024
350
193
Фала ти. Ми пукна филмот со нив, сум видел македонски менталитет на работење ама овие се пример за студирање.
Само ако не ти ги вратат парите од таму каде што е порачана, односно ако ти го одбијат диспјутот.
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Само ако не ти ги вратат парите од таму каде што е порачана, односно ако ти го одбијат диспјутот.
АлиЕкспрес ми го одби диспјутот со причина дека пратката е доставена до ЕЛС, бидејќи јасно се гледа на тракингот дека веќе 2 недели е кај нив пратката и си ја ставаат за достава, па во магацин.

Пробав да објаснам дека одбиваат да ја испорачаат, џабе, гледаат дека е во државава и одбиваат.

Јас веќе се мислам дали да продолжам да нарачувам од АлиЕкспрес ако одат пратките преку нив, секоја пратка ќе биде патешествие, немаат ни 30% капацитет за работата која ја превземале.
 
И тоа не е во ред. Пратката не е испратена до нив, испратена е до тебе. Се додека ти не ја примиш, таа не е во твоја сопственост. По правило треба да ти ги вратат парите а тие да си бркаат понатаму.

Од друга страна сега е твое право да бркаш понатаму според кажаното од @kirev, со оглед на тоа што пратката не си ја примил а парите ти се официјално задржани.
 
Steff_92

hello world
28 јули 2017
293
210
Куманово

За ова мора да те корегирам.
При царинење на пратки има Паритет кој што одредува кој до каде гарантира за стоката.
Ама мислам дека ретко кој знае како ги евидентираат при царинење.
Нај simple дијаграм.
 
Атачменти

  • IMG_1859.png
    IMG_1859.png
    1,1 MB · Прегледи: 40

cipiripi

hello world
7 септември 2010
334
321
АлиЕкспрес ми го одби диспјутот со причина дека пратката е доставена до ЕЛС, бидејќи јасно се гледа на тракингот дека веќе 2 недели е кај нив пратката и си ја ставаат за достава, па во магацин.

Пробав да објаснам дека одбиваат да ја испорачаат, џабе, гледаат дека е во државава и одбиваат.

Јас веќе се мислам дали да продолжам да нарачувам од АлиЕкспрес ако одат пратките преку нив, секоја пратка ќе биде патешествие, немаат ни 30% капацитет за работата која ја превземале.
Мене исто ми направија од Али т.е. ми одбија "диспјут" за пратка вредна 85 УСД, со образложение дека е кај локален доставувач и да сум ја барал од таму.
Што е најиронично, од ЕЛС ја имаа означено како за враќање назад до испраќачот и како доказ на Али им доставив тракинг инфо од повеќе апликации (на англиски) и пак џабе.

А за пратката од ЕЛС воопшто ме немаат контактирано, само "рандом" си кликале статуси. Имам стекнато впечаток дека вработени од ЕЛС ги крадат пратките, збаејќи дека нема да имаат последици.

За друга пратка од Али, во вредност од 30усд, овие од ЕЛС ја препратиле во погрешен град во МК, па вработен "ТАЛАТ" си кликнал дека и ја доставил во погрешниот град, иако реагирав на маил, во контакт центарот на ЕЛС 3 пати да ја вратат ви Куманово и пак ништо.

Најдов број и од еден менаџер на ЕЛС, дечкото ме обвини дека лажам за двете пратки, со образложение дека ЕЛС носеле пратки само до 25усд вредност :)
Подоцна као се нафати да реши нешто и реши НИШТО.

П.С.
Денес примив пратка Алиекспрес преку ВИА Пост и мислам дека го имаат решено крадењето на куририте, па ако продолжат така ќе превземат од ЕЛС сѐ.
За да му ја прифатат како доставена пратка на курирот треба да го скенира бар кодот на пратката, НО И ДА ВНЕСЕ КОД КОЈ САМО НА МЕНЕ МИ ИМА СТИГНАТО НА ВИБЕР.
Може да не почнаа добро, но ми делува дека знаат што треба да се направи за да бидат посупешни, да го елиминараат крадењето и да земаат сѐ поголем колач од пазарот на пошти.

Sent from my SM-S908N using Tapatalk
 
Последна промена:

kirev

senior
31 мај 2010
9.034
7.705
Банките гарантираат дека парите ќе се вратат ако пратката не е испорачана. Процедурата се вика chargeback. Побарајте формулари за да ги протестирате трошоците. Некои банки наплаќаат ако барањето е одбиено. Банките ќе си ги земат парите од продавачот, они од ЕЛС.
(Скоро спомнав дека за $5 направив chargeback во Шпаркасе. Успешно)
линк chargeback & Mastercard Chargeback Time Limits: The 2025 Guide
 
Последна промена:

sostius

hello world
16 јануари 2017
339
796
Кочани
sostius's setup  
Processor & Cooler
Intel 13700K
Motherboard
Gigabyte Z790 Aero G
Storage
2x2TB kingston KC3000 2x 8TB WD Red
PSU
Corsair H850i
RAM
64GB ddr5 Corsair Vengance
Video card
3070 rtx
Case
Fractal North wh
Mouse
G305, MX master 3
Keyboard
FL ESPORTS FL750
Audio
Focusrite Solo MK2, B&W LM1 on Nobsound amp, Langsdom FA890 and Samson SR850
Monitor
Asus PG279q
OS
Win 10
П.С.
Денес примив пратка Алиекспрес преку ВИА Пост и мислам дека го имаат решено крадењето на куририте, па ако продолжат така ќе превземат од ЕЛС сѐ.
За да му ја прифатат како доставена пратка на курирот треба да го скенира бар кодот на пратката, НО И ДА ВНЕСЕ КОД КОЈ САМО НА МЕНЕ МИ ИМА СТИГНАТО НА ВИБЕР.
Може да не почнаа добро, но ми делува дека знаат што треба да се направи за да бидат посупешни, да го елиминараат крадењето и да земаат сѐ поголем колач од пазарот на пошти.

Sent from my SM-S908N using Tapatalk

И кај ЕЛС почнаа да скенираат бар код при достава, добиваш код на смс и ја земаш пратката.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
 
kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859
Дали знае некој дали постои во државава некаде каде може да се пријави правно лице, во случајов ЕЛС за недоставување на пратка?

Имам меилови од разговорите со нив каде ме лажат дека ќе ја достават, ќе ми се јават веднаш, и еве веќе 2 недели направи праткава како е кај нив, не сакаат да ја достават и секоја комуникација со нив се сведува на лажење.

Веќе ми се јавува сомнеж дека пратката или ја имаат оштетено или ја "изгубиле" како и што беше со претходната пратка, и се надеваат дека ќе прекинам да ја барам пратката која и не е така евтина.
Агенција за пошти. Јас веќе поднесов приговор.
Ајде поднесете сите кои имате проблеми, ако сакаме да се помрдне работата!
Мјаукање тука е безначајно и не менува ништо!
 
Titanium

hello world
1 март 2024
350
193
За ова мора да те корегирам.
При царинење на пратки има Паритет кој што одредува кој до каде гарантира за стоката.
Ама мислам дека ретко кој знае како ги евидентираат при царинење.
Нај simple дијаграм.
Дијаграмот е во ред, меѓутоа купувачот нема никаква контрола врз институциите и гаранциите. Ти си и платил на платформата (продавачот) и треба да бркаш процедури за нешто што се уште не е во твоја сопственост. Прашањето е зошто тогаш Тему гарантира поврат на средства ако пратката нема промена на статус повеќе од 15 дена, осносно ако не е доставена. Убаво би било да слушнеме ако некој има слично искуство со пратка од Тему.
Мене исто ми направија од Али т.е. ми одбија "диспјут" за пратка вредна 85 УСД, со образложение дека е кај локален доставувач и да сум ја барал од таму.
Што е најиронично, од ЕЛС ја имаа означено како за враќање назад до испраќачот и како доказ на Али им доставив тракинг инфо од повеќе апликации (на англиски) и пак џабе.

А за пратката од ЕЛС воопшто ме немаат контактирано, само "рандом" си кликале статуси. Имам стекнато впечаток дека вработени од ЕЛС ги крадат пратките, збаејќи дека нема да имаат последици.

За друга пратка од Али, во вредност од 30усд, овие од ЕЛС ја препратиле во погрешен град во МК, па вработен "ТАЛАТ" си кликнал дека и ја доставил во погрешниот град, иако реагирав на маил, во контакт центарот на ЕЛС 3 пати да ја вратат ви Куманово и пак ништо.

Најдов број и од еден менаџер на ЕЛС, дечкото ме обвини дека лажам за двете пратки, со образложение дека ЕЛС носеле пратки само до 25усд вредност :)
Подоцна као се нафати да реши нешто и реши НИШТО.

П.С.
Денес примив пратка Алиекспрес преку ВИА Пост и мислам дека го имаат решено крадењето на куририте, па ако продолжат така ќе превземат од ЕЛС сѐ.
За да му ја прифатат како доставена пратка на курирот треба да го скенира бар кодот на пратката, НО И ДА ВНЕСЕ КОД КОЈ САМО НА МЕНЕ МИ ИМА СТИГНАТО НА ВИБЕР.
Може да не почнаа добро, но ми делува дека знаат што треба да се направи за да бидат посупешни, да го елиминараат крадењето и да земаат сѐ поголем колач од пазарот на пошти.

Sent from my SM-S908N using Tapatalk
Изгледа дека вакви ситуации се јавуваат најчесто со пратки од Али. И јас имам слично искуство.

Останува @chroot да се обрати до АП и да не информира што му одговориле за конкретниот случај. Барем секој ќе знае колкав процент на ризик ќе си вкалкулира при нарачката.
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Агенција за пошти. Јас веќе поднесов приговор.
Ајде поднесете сите кои имате проблеми, ако сакаме да се помрдне работата!
Мјаукање тука е безначајно и не менува ништо!
Јас денес ќе поднесам приговор. Доста други луѓе што ги знам имаат исто искуство со ЕЛС, очигледно фирмата постои за да работи скандалозно и без почитување на законите, за што се надевам дека ќе добие соодветна казна ама не сум голем оптимиста.
 
nixxa

hello world
16 јуни 2017
111
60

ova sepak nemozhe da e globalno mislenje, jas do sega sum nemal nikakov problem so ELS.
 
Gligorov

hello world
25 февруари 2021
113
127
ova sepak nemozhe da e globalno mislenje, jas do sega sum nemal nikakov problem so ELS.
Тамам работа сите ако имале проблем!
Ако сите имаат проблем значи ЕЛС не работи, не постои.
Мене лично не ми загубиле ништо, ама ми возеле кружно пратки по цел месец, што за мене е проблем.
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Саботата им пратив меил со опомена дека ако не ја достават пратката, следува пријава.

Сабајлево добив повик од нив и пратката веќе е во мои раце, ја доставија за 20 минути.

Очигледно мора да се поттикне работата понекогаш, за да функционира како што треба.
 
psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.500
31.940
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Саботата им пратив меил со опомена дека ако не ја достават пратката, следува пријава.

Сабајлево добив повик од нив и пратката веќе е во мои раце, ја доставија за 20 минути.

Очигледно мора да се поттикне работата понекогаш, за да функционира како што треба.

Или тоа или е рандом
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно