Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
Бију Турци, ал бију и Срби :hay: (контра тужба со која се паузира забраната во државата Њујорк).
Најверојатно нема да смени многу, но можеби ќе создаде правен преседан (ако победат параџиите; судијата наредил тој што забранува да докаже дека аромите ги предизвикале заболувањата/смртните случаи кај ТХЦџиите)... Ќе видиме.
Во Масачусетс според тазе изгласаниот закон, ако те фатат да вејпаш е-цигара за која не си платил данок или е-цигара со некој вкус, можат да ти ја конфискуваат... колата?! :hay:
Текстот е малце (многу) сензационалистички и веројатно политички обоен, ама теоретски е во право.
↑
↑
Тоа уште е и супер, на Филипините почнале да апсат вејпери (без да има судска наредба или закон, само врз основа на усна наредба/желба/став од претседателот).
Доктор ги убедил властите во Италија да ги исклучат вејп-шоповите од забраната за работа со мерките против коронавирусот, односно барем да ги изедначат со трафиките (продавниците за тутунски производи) кои останале отворени.
Уште еден тежок напад врз електронските цигари во САД, забрана за пренесување по поштите. Под маска на заштита на децата и проверки на возраста на нарачателот, електронските цигари се ставаат во иста корпа со производите од канабис, како и се` што „чади“ а не ни содржи никотин, на пример. UPS и USPS веќе ја направија промената во правилниците, што треба да почне да се применува од март.
Ќе си речеш, не е страшно за нас, но некои од овие пошти испорачуваат и меѓународно, било да нарачуваш од САД или не, па можно е да ја прошират забраната меѓународно или и другите пошти да се угледаат на нив. Како Пејпал, за да си заштедат работа со проверки и слично, ќе забранат се` топтан...
Познавачите велат дека позадината на оваа хајка се намалените приходи од даноците за аналогни, кои пари сојузните држави од САД веќе ги потрошиле (примени или редовно ги примаат според спогодбата за отштета со тутунските компании).
Светската здравствена организација предлага да се забранат "отворени" електронски цигари?!
...и да останат само затворените, кај кои не можеш ништо да менуваш, чепкаш или додаваш (и само ќе им ги полниш џебовите на тутунските или фармацевтските компании).
Аргументот дека "корисникот може да додаде штетни материи" може да се примени и на секоја храна на пример, па ајде да не готвиме туку да купуваме само готови јадења.
Во Британија забрани и арачи. Од јуни 2025 се забрануваат еднократни (disposable) електронски цигари, а од октомври 2026 почнува да се наплаќа данок/акциза од 2,2 фунти на секои 10 милилитри никотинска течност (мислам и безникотинска).
На ова му претходеа месеци медиумско бомбардирање како е-цигарите се штетни и опасни за децата, со неименувани истражувања што ми е срам да ги објавам овде.
Ќе го дотолчат вејпингот. Изгледа дека ќе мора да се откажеме и од тоа целосно за година-две.
Да сме здрави и живи. Позитивно ќе биде што бар нема да трошам пари и на тоа веќе. На аналогни не се враќам никако. IQOS не знам. Можда до целосно откажување, ако нема друг избор. А како што гледам ионака тоа не е решение за подолг рок.