Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Е-банкинг и банкарски апликации на македонските банки

toshex

the fool
18 септември 2013
6.597
8.243
Мелмак
Ме инспирираше активната тема за ТТК онлајн плаќање од член на форумот па баш ме интересира да прашам бидејќи во двоумење сум да сменам банка а е-банкарство и мобилна апликација се можеби најбитни параметри после цените и провизиите за услугите на банката нормално.


На КБ безбедносната имплементација е катастрофа според мене - апликацијата има токени ама токен системот е ужасно имплементиран од аспект на кориснички интерфејс. Треба да внесеш број (нула ако ти е за логирање во е-банкинг) и после ти генерира он токен. Воопшто не е ко 2ФА или други стандардизирани токени на кои сте навикнати.


Апликацијата ја редизајнираа пред некое време и сега е полична, ама пак не поддржува биометриска автентикација од телефонот. Се ова ја прави многу незгодна за користење.


Како се другиве банки со апликации? Дали може да сподерите мислења и можда некој скриншот без да се гледаат лични податоци нормално.


Од ова што гледам на App Store скриншоти како најдобри би ги рангирал апликациите на Шпаркасе и Про Кредит:
1787097116481.png 1787097145329.png
 
Последна промена:
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно