• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,378
2,217
Јас сметам за некои работи постои објективност во сите категории наброени.
Аудио и објективност не идат во иста реченица според мене. Па макар и да мислиш дека си објективен. И ја мислев дека сум објективен. Затоа велам, поентата на ова хоби е да сфатиш дека во него си да уживаш во музиката, а не во опремата.

На крајот на денот околу овој дел ти се слагам дека тука има голем маркетиншки пуш и продавање муда за бубрези, фак ако следиш дел од продуцентите, они кажуваат “иди слушај spotify и не го дркај многу многу“ :D ,а тука имаш и физички фаткор - твоето уво итн итн.
Не се согласувам. Spotify е наменето за слушање од мобилен, не е прозивод наменет за "аудиофили", па една од неговите предности е штедење на data transfer, па компресијата на Spotify е многу лоша. Јас го користам Spotify само додека сум во движење и поради добриот алгоритам за наоѓање нова музика. Но да, помеѓу добро MP3 и FLAC разликата би требало да не е толку осетна за просечното уво (како моето на пример).

Ја тврдам дека Tidal звучи многу подобро од Spotify, но дека некогаш официјалните MP3 изданија на одредени албуми (симнати со кодовите што идат со грамофонските плочи) звучат сосема добро.

Ова е нешто ново од AKG K371-BT | Over-ear, closed-back, foldable studio headphones with Bluetooth
Идеата е поагресивен влез во wireless маркетот, со веќе големо аудиофилско име како нив. Цената и на овие е одлична, дури 2 good 2 be true, затоа има не толку добар build quality и според мене најголем минус за тоа што го бркаат со овој продукт, no noise cancelling.
Не е нешто ново. Од чиста радозналост ги купив K371, ова е една од слушалките што добро личат на хартија и на мерења, но во суштина само се премногу хајпнат производ. DT770 се класи над нејзе, а се иста цена.
 
23 декември 2020
35
37
Одлично! Ретко има луѓе кои имаат долго искуство.

Што би препорачал, од лично искуство?
До каде си со буџетот? Што очекуваш од продуктот т.е. што сакаш? (wire/less, NC itn)
Мислењето е автоматски споено:

Аудио и објективност не идат во иста реченица според мене. Па макар и да мислиш дека си објективен. И ја мислев дека сум објективен. Затоа велам, поентата на ова хоби е да сфатиш дека во него си да уживаш во музиката, а не во опремата.

Не се согласувам. Spotify е наменето за слушање од мобилен, не е прозивод наменет за "аудиофили", па една од неговите предности е штедење на data transfer, па компресијата на Spotify е многу лоша. Јас го користам Spotify само додека сум во движење и поради добриот алгоритам за наоѓање нова музика. Но да, помеѓу добро MP3 и FLAC разликата би требало да не е толку осетна за просечното уво (како моето на пример).

Ја тврдам дека Tidal звучи многу подобро од Spotify, но дека некогаш официјалните MP3 изданија на одредени албуми (симнати со кодовите што идат со грамофонските плочи) звучат сосема добро.

Не е нешто ново. Од чиста радозналост ги купив K371, ова е една од слушалките што добро личат на хартија и на мерења, но во суштина само се премногу хајпнат производ. DT770 се класи над нејзе, а се иста цена.
Пак ќе ти одговарам по твоите параграфи :)

За ова ти викам 50-50 ти се слагам. Баш имаш луѓе (лично знам неколку такви) кои баш дел од уживањето е на колку скапа опрема ќе фрлат пари. Сега еден пријател се поднови со нови Меридијан пасивни звучници, и пола од процесот беше дркање на самиот бренд. Тоа е дел од нивното уживање :) Нејсе, секој нека си тера свој филм за своето хоби, ни ти ни јас не сме во право.

Никаде не кажав дека Spotify e подобро од Tidal. Али верувај Spotify веќе е далеку подобро од тоа ти како сега го престави. Пак ќе ти напоменам, они со нивната модерна компресија се страшно блиску до the real deal.
П.с. Кога сме кај грамофонските плочи, тука треба да се пазиш. Голем дел од новите грамофонски плочи се лепени од ЦД мастерите, не од студиските мастери што во превод значи си купил големо ЦД.

А за слушалките, јас со тие немам искуство. 770ките се студиски монитори/wired, што пак се повеќе според твојот вкус и АКГто во тој случај отпаѓа.
 
Последна промена:

InSides

On your way to fame
21 февруари 2009
341
793
До каде си со буџетот? Што очекуваш од продуктот т.е. што сакаш? (wire/less, NC itn)
Со кабел, не ми треба wireless, не ми треба NC.

Нешто што од твоето искуство ти се допаднало доволно за да го препорачаш?
 
TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,378
2,217
За ова ти викам 50-50 ти се слагам. Баш имаш луѓе (лично знам неколку такви) кои баш дел од уживањето е на колку скапа опрема ќе фрлат пари. Сега еден пријател се поднови со нови Меридијан пасивни звучници, и пола од процесот беше дркање на самиот бренд. Тоа е дел од нивното уживање :) Нејсе, секој нека си тера свој филм за своето хоби, ни ти ни јас не сме во право.
Ајде вака, може не се објаснив како што треба. Јас не велам дека не треба да се ужива и во опремата, туку напротив реков дека поголем дел од нас, аудиофилите, забегуваат и наместо да уживаат во музика, хобито прераснува во слушање на опремата. Па оттука, реков дека за мене дека поентата не ми е слушање на опремата, туку едноставно уживање во музиката. Но да, привчната поента зашто сите сме влегле во ова хоби е љубовта кон музиката. И пак се враќаме на субјективизмот, аудиото е субјективно хоби.

Што има везе, они не ги фрлиле парите, напротив, тоа ги прави нив среќни и купиле тоа. Не е наше да викаме дека фрлат пари - наше е да дискутираме за опремата и да споделуваме искуства.

Никаде не кажав дека Spotify e подобро од Tidal. Али верувај Spotify веќе е далеку подобро од тоа ти како сега го престави. Пак ќе ти напоменам, они со нивната модерна компресија се страшно блиску до the real deal.
Не знам, ај спореди добро MP3 наспроти Tidal - нема да осетиш разлика. Но, спореди го истото MP3 со Spotify се осеќа разлика. И нигде не реков дека Spotify е лошо, туку реков дека Spotify е најчесто наменет за труга таргет група. Односно, за слушање додека сме во движење и така натаму. Приоритетот на Spotify не е да ги задоволи потребите на нас будалите.

П.с. Кога сме кај грамофонските плочи, тука треба да се пазиш. Голем дел од новите грамофонски плочи се лепени од ЦД мастерите, не од студиските мастери што во превод значи си купил големо ЦД.
Ништо не ми менува тоа. Дали знаеш дека всушност многу албуми од доцни 70ти до крајот на 90ти се дигитално снимани? На пример едени од моите омилени албуми "Nothing Like the Sun" од Стинг и "Brothers in Arms" од Dire Straits се целосно дигитално снимани, па уште тогаш биле објавени на плочи. Зашто тогаш никој не се бунел?

Ако е прописен мастерот плочата ќе звучи добро, ако не е, нема да звучи добро. Поназад во темата пишував дека има албуми што звучат подобро на плоча, има други што звучат подобро дигитално, а има и албуми што звучат подеднакво добро и на двата формата. Јас не сум пурист, така да не ми менува тоа ништо. Јас сум навлезен во грамофонџиство поради други причини, а тоа се (1) едноставно некогаш сакам да слушам музика додека сите дигитални уреди ми се исклучени и (2) интересни ми се обврските што излегуваат со грамофонџиството, одлични се да ме држат зафатен во 2020. Again, субјективно е нели? :)

А за слушалките, јас со тие немам искуство. 770ките се студиски монитори/wired, што пак се повеќе според твојот вкус и АКГто во тој случај отпаѓа.
Пак ќе речам субјективно. Иначе, моментално ги поседувам DT 770, AKG K702, AKG K371 и Sennheiser 6xx. К371 има други проблеми, за кој дискутирав претходно во оваа тема, не би сакал повторно да ги набројувам. Јас како што знам и K371 се рекламира како студиска слушалка.
 
mviktors

Practice makes perfect
25 октомври 2012
970
1,324
mviktors's setup  
Processor & Cooler
Intel i7 6700K & Noctua NH-D15
Motherboard
ASUS MAXIMUS VIII HERO
Storage
WD10EZEX 1TB+ SSD 500gb
PSU
CM Vanguard 750W
RAM
2x8GB Kingston HyperX Predator
Video card
ASUS Strix GTX 1070 8G GAMING
Case
CM Storm Scout 2
Mouse
A4Tech V7 Bloody
Keyboard
A4Tech B120 Bloody
Audio
JBL LSR305 & HyperX Cloud Pro
Monitor
LG 27GL850 & Dell U2412M
OS
Win 10 x64
По долго време мерак по звучници, Дедо Мраз реши да ме изненади со LSR305 :) По читање на мислењата на форумов, во Логинг ми направија балансиран кабел со еден 3.5mm конектор и два 6.3mm конектори што ги имаше предложено @TheMarshal претходно во темава. Со ова го решив поврзувањето со компјутер, првично директно во матичната што ми е во потпис, за понатаму ќе размислам за некој DAC. Сакам да пробам да ги поврзам и во дневна со телевизорот (Samsung 50RU7400) кој што нема aux влез, туку само RCA - слики во прилог:
tv conectors.PNG tv conectors2.PNG
Кое би ми било најпаметното решение за кабли за поврзување на звучниците со телевизорот? Јас се мислев за поединечни XLR to RCA кабли ама не бев сигурен дека ќе ми завршат работа а и човекот што работеше у логинг не беше многу упатен околу ова.
 
VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1,205
1,181
Скопје

Погледнете го атачментот 95452Погледнете го атачментот 95453
Кое би ми било најпаметното решение за кабли за поврзување на звучниците со телевизорот? Јас се мислев за поединечни XLR to RCA кабли ама не бев сигурен дека ќе ми завршат работа а и човекот што работеше у логинг не беше многу упатен околу ова.
https://www.amazon.com/Monoprice-XLR-Male-RCA-Cable/dp/B001UJH0XU/?tag=holster345-20 можеш о на XLR и на TRS .. еве ти пример линк (има слика за поврзување), по ова може да ти направат во Логинг кабли покажи им ја само шемата пример. Исто можеш и како што ти е сега само место на едно 3.5мм да ти врзат два RCA конектори (два кабли посебни) до два 6.35мм

со оглед на изворот на сигнал само .. "the result will be an unbalanced signal." иако го поврзуваш нели со такви конектори.
 
mviktors

Practice makes perfect
25 октомври 2012
970
1,324
mviktors's setup  
Processor & Cooler
Intel i7 6700K & Noctua NH-D15
Motherboard
ASUS MAXIMUS VIII HERO
Storage
WD10EZEX 1TB+ SSD 500gb
PSU
CM Vanguard 750W
RAM
2x8GB Kingston HyperX Predator
Video card
ASUS Strix GTX 1070 8G GAMING
Case
CM Storm Scout 2
Mouse
A4Tech V7 Bloody
Keyboard
A4Tech B120 Bloody
Audio
JBL LSR305 & HyperX Cloud Pro
Monitor
LG 27GL850 & Dell U2412M
OS
Win 10 x64
https://www.amazon.com/Monoprice-XLR-Male-RCA-Cable/dp/B001UJH0XU/?tag=holster345-20 можеш о на XLR и на TRS .. еве ти пример линк (има слика за поврзување), по ова може да ти направат во Логинг кабли покажи им ја само шемата пример. Исто можеш и како што ти е сега само место на едно 3.5мм да ти врзат два RCA конектори (два кабли посебни) до два 6.35мм

со оглед на изворот на сигнал само .. "the result will be an unbalanced signal." иако го поврзуваш нели со такви конектори.
Фала за појаснувањето, ќе тркнам денес или утре пак до Логинг.
Колку што разбирам нема разлика во квалитетот на звук дали конекторот ќе биде XLR или TRS на кабелот во дадениов случај?
 
VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1,205
1,181
Скопје
Фала за појаснувањето, ќе тркнам денес или утре пак до Логинг.
Колку што разбирам нема разлика во квалитетот на звук дали конекторот ќе биде XLR или TRS на кабелот во дадениов случај?
не би знаел дал би правело разлика ако ти требаат подолги кабли пример. Према тоа што гледам кај овие што си ги земал, контролата за осетливост е независна од влезниот сигнал, така да тоа е добро i guess. Кај мене пример ако ставам XLR со тоа и осетливоста иде на high поставка. И пример во овој случај од rca извор потенцијално поголем шум и сл. Кај мене јасно се поделени или XLR на high +4dB или RCA на -10dB, зависно што ќе уштекам позади.
 
Последна промена:

TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,378
2,217
Јас се мислев за поединечни XLR to RCA кабли ама не бев сигурен дека ќе ми завршат работа а и човекот што работеше у логинг не беше многу упатен околу ова.
Ќе ти завршат работа. Јас од грамофонско претпојачало до мониторите влегувам со поединечни RCA to XLR и тоа баш во Логинг ми ги направија тие кабли.
Мислењето е автоматски споено:

Еј заборавив да ти честитам! Со среќа да ги слушаш и пиши ни импресии!
 
Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
147
303
Колку што разбирам нема разлика во квалитетот на звук дали конекторот ќе биде XLR или TRS на кабелот во дадениов случај?
Нема разлика во квалитетот на звукот. XLR и TRS конекторите се однесуваат идентично - обата се балансирани и се паралелно поврзани внатре во звучникот.
Но бидејќи изворот на сигналот е од TV, тоа е небалансиран сигнал па се губат предностите на балансираната врска, така што на крај ептен не е битно дали е XLR или TRS конектор.
 
Chicco69

Unstoppable
21 април 2016
614
2,825
Сакам да пробам да ги поврзам и во дневна со телевизорот (Samsung 50RU7400) кој што нема aux влез, туку само RCA - слики во прилог:
tv conectors.PNGtv conectors2.PNG
Кое би ми било најпаметното решение за кабли за поврзување на звучниците со телевизорот? Јас се мислев за поединечни XLR to RCA кабли ама не бев сигурен дека ќе ми завршат работа а и човекот што работеше у логинг не беше многу упатен околу ова.
Со среќа новите звучници и многу години да уживаш во нив. :)
Не фрлај пари на кабли, немаш можност да пуштиш аналогно аудио од ТВ-то до активните звучници (или до било кое аналогно појачало).

Тоа на првата слика е RGB (композитен) видео влез + аудио влез. Артефакт што во денешно време се помалку се користи. На втората слика имаш оптички излез и тоа ти е единствената 'аудио оuт' опција (на страна hdmi).

Фирмиве што произведуваат телевизори како по договор пред неколку години ги дилитнаа аналагните аудио излези, а Самсунг е као најдоследен во таа не-логика. Филипс и Панасоник одолеваат на тој тренд, евентуално и ТЦЛ...

Таман да си најдеш екстра оправдување и да си се подновиш со некој пристоен DAC. :)

Нема разлика во квалитетот на звукот. XLR и TRS конекторите се однесуваат идентично - обата се балансирани и се паралелно поврзани внатре во звучникот.
Но бидејќи изворот на сигналот е од TV, тоа е небалансиран сигнал па се губат предностите на балансираната врска, така што на крај ептен не е битно дали е XLR или TRS конектор.
Само да се надоврзам, аналогниот стерео сигнал од било кој ТВ е толку очаен што нема никаква логика да се инвестира во квалитетни кабли. Најевтините се доволно добри. ;)

~~~~~~~~~~
Да се вратам на курентната дискусија. :)
Стриминг сервиси не користам. Имав еден 'лош' период 2000-2010 кога повремено слушав мп3 музика... Ух, би платил дебели пари на некој психолог/психијатар да ми ги избрише тие сеќавања. :(

Да нема недоразбирање, главното слушање ми било на врвни ЦД плеери (Marantz CD-63 K.I. Signature ми беше 'најслабиот' во арсеналот), но сепак имаше моменти со мп3 од ПЦ со друштво, исполнување желби (знаете како оди тоа)...

Последниве десетина години сум скоро ексклузивно на дигитален звук од ПЦ + DAC и минимумот ми е 16-44.1 KHz и тоа за музика што ја нема во hi-res издание (нативно или врвен трансфер од оригинални мастер ленти).

Ако правам статистика за последнава година, највеќе сум слушал музика во DSD128 (5.6 MHz). 60 минути влечат 10 GB сториџ, но за мене вреди 'за сите пари'. За среќа најголемиот дел од музиката што ја слушам ми е достапна во сите hi-res варијанти и воопшто не сум ограничен во изборот (да е жив и здрав Рутракер). :)
dsd_size_chart.jpg
Тоа е тоа, секој со својата болеС. :love:
 
acekorg

Gaining Experience
5 октомври 2010
163
227
ми направија балансиран кабел со еден 3.5mm конектор и два 6.3mm конектори
Ваков балансиран кабел не постои.
Ова е сплитер, од стерео 3.5mm што влага во компјутер и два моно 6.3mm TS конектори. (пошто нема потреба од TRS)
Балансиран значи 2 сигнала по канал што значи мора да бидат два посебни кабли што нема да се спојат во еден.
RCA исто така е надвор од игра за балансирана врска.
(Теоретски изводливо е ако се спојат во еден TRRS ама ова ко стандард мислам дека не постои :LOL: )
 
mviktors

Practice makes perfect
25 октомври 2012
970
1,324
mviktors's setup  
Processor & Cooler
Intel i7 6700K & Noctua NH-D15
Motherboard
ASUS MAXIMUS VIII HERO
Storage
WD10EZEX 1TB+ SSD 500gb
PSU
CM Vanguard 750W
RAM
2x8GB Kingston HyperX Predator
Video card
ASUS Strix GTX 1070 8G GAMING
Case
CM Storm Scout 2
Mouse
A4Tech V7 Bloody
Keyboard
A4Tech B120 Bloody
Audio
JBL LSR305 & HyperX Cloud Pro
Monitor
LG 27GL850 & Dell U2412M
OS
Win 10 x64
Фала ви на сите
Ваков балансиран кабел не постои.
Ова е сплитер, од стерео 3.5mm што влага во компјутер и два моно 6.3mm TS конектори. (пошто нема потреба од TRS)
Балансиран значи 2 сигнала по канал што значи мора да бидат два посебни кабли што нема да се спојат во еден.
RCA исто така е надвор од игра за балансирана врска.
(Теоретски изводливо е ако се спојат во еден TRRS ама ова ко стандард мислам дека не постои :LOL: )
Многу веројатно дека ќе истресам пак нешто на темава, нуб сум околу аудио опрема ама со голема желба да научам :ROFLMAO:.

Со среќа новите звучници и многу години да уживаш во нив. :)
Не фрлај пари на кабли, немаш можност да пуштиш аналогно аудио од ТВ-то до активните звучници (или до било кое аналогно појачало).

Тоа на првата слика е RGB (композитен) видео влез + аудио влез. Артефакт што во денешно време се помалку се користи. На втората слика имаш оптички излез и тоа ти е единствената 'аудио оuт' опција (на страна hdmi).

Фирмиве што произведуваат телевизори како по договор пред неколку години ги дилитнаа аналагните аудио излези, а Самсунг е као најдоследен во таа не-логика. Филипс и Панасоник одолеваат на тој тренд, евентуално и ТЦЛ...

Таман да си најдеш екстра оправдување и да си се подновиш со некој пристоен DAC. :)
Мислам дека кратко ќе трае слушањето без DAC :) Првично другар ќе ми даде негов што не го користи, дур не се решам јас да инвестирам во подобра варијанта. Ама тоа ми е нов материјал за читање/учење :)

Фала на сите за честитките! Иако знаев отприлика каков звук да очекувам затоа што ги имав слушнато кај брат ми истите звучници, се изненадив колку инструменти не сум слушнал на песни што ги имам преслушано по милион пати.
 
VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1,205
1,181
Скопје
Со среќа новите звучници и многу години да уживаш во нив. :)
Не фрлај пари на кабли, немаш можност да пуштиш аналогно аудио од ТВ-то до активните звучници (или до било кое аналогно појачало).

Тоа на првата слика е RGB (композитен) видео влез + аудио влез. Артефакт што во денешно време се помалку се користи. На втората слика имаш оптички излез и тоа ти е единствената 'аудио оuт' опција (на страна hdmi).
мхм членот убаво си пиша влез дека е на телевизорот, јас искрено мислев дека е грешен термин и дека му се излези ..
 
TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,378
2,217
Тоа на првата слика е RGB (композитен) видео влез + аудио влез. Артефакт што во денешно време се помалку се користи. На втората слика имаш оптички излез и тоа ти е единствената 'аудио оuт' опција (на страна hdmi).
Нема потреба за почеток да купува таков тип на DAC, сосема доволно ќе бидат и најветините опции од Алиекспрес. Конверторите од $5-6 ќе му бидат доволни за почеток. Е30 ќе биде масивен оверкил сега за сега, односно, ако звучниците ги користи на компјутер, подобро е да се купи нешто од типот на Focusrite Scarlett Solo поради балансираниот излез.

Само да се надоврзам, аналогниот стерео сигнал од било кој ТВ е толку очаен што нема никаква логика да се инвестира во квалитетни кабли. Најевтините се доволно добри. ;)
Напротив, би рекол дека е одличен за почеток додека не може да се купи подобра опција. Имав можност да споредам разно-разни DAC-ови, разликата речиси е inaudible на entry-level setup. Единствена маана би било ако се користи излез за слушалки од телевизорот бидејќи не е линиски излез.

Не знам што подразбираме под добри кабли. Но, Tasker кабли со Rean/Neutrik конектори што има во Логинг не се нешто многу скапо, а се супер. Јас лично би избегнал да купам од најевтините кабли што може да се најдат.

Да се вратам на курентната дискусија. :)
Стриминг сервиси не користам. Имав еден 'лош' период 2000-2010 кога повремено слушав мп3 музика... Ух, би платил дебели пари на некој психолог/психијатар да ми ги избрише тие сеќавања. :(

Да нема недоразбирање, главното слушање ми било на врвни ЦД плеери (Marantz CD-63 K.I. Signature ми беше 'најслабиот' во арсеналот), но сепак имаше моменти со мп3 од ПЦ со друштво, исполнување желби (знаете како оди тоа)...

Последниве десетина години сум скоро ексклузивно на дигитален звук од ПЦ + DAC и минимумот ми е 16-44.1 KHz и тоа за музика што ја нема во hi-res издание (нативно или врвен трансфер од оригинални мастер ленти).

Ако правам статистика за последнава година, највеќе сум слушал музика во DSD128 (5.6 MHz). 60 минути влечат 10 GB сториџ, но за мене вреди 'за сите пари'. За среќа најголемиот дел од музиката што ја слушам ми е достапна во сите hi-res варијанти и воопшто не сум ограничен во изборот (да е жив и здрав Рутракер). :)
Зашто? На добар MP3 фајл од 320kbps ништо, ама баш ништо не му фали. Ги задоволува поголем дел од потребите. Имам направено директна сопредба помеѓу официјалните изданија на MP3 со FLAC од неколку албуми, и искрено, MP3-то верзиите знаат да звучат одлично. Но сум чул и MP3 што имаат друг тип на компресија и не звучат добро. Се зависи каков тип на конверзија се користи, кој е кодекот, каков е рипот и слично.

Пак ќе кажам, многу веројатно е DSD изданијата да имаат поразличен мастер бидејќи се работи за производ кој се пласира на аудиофили. А самиот тој мастер да ја прави музиката да звучи подобро. Правев детални споредби и приметив дека одредени песни збучат подобро на еден формат наспроти друг. :giggle:

Искрено, сметам дека најголем бенефит во почетнички сетап може да се добие од третман на собата (пасивен акустичен третман и корекција на собата), наспроти залетување по други формати и правење upgrade на опремата.
 
acekorg

Gaining Experience
5 октомври 2010
163
227
Фала за појаснувањето, ќе тркнам денес или утре пак до Логинг.
Колку што разбирам нема разлика во квалитетот на звук дали конекторот ќе биде XLR или TRS на кабелот во дадениов случај?
Нема разлика дали е XLR или TRS иначе... и двата се три-жичани кабли/конектори и иста функција вршат.
Ја преферирам XLR пошто кога ги укличуваш/исклучуваш не прават контакт погрешни пинови па да пуцка. Околу пуцкањето исто практикувај последни да ги уклучуваш звучниците (откако изворот на звук е вклучен) а први да ги гасиш (пред изворот на звук).

Свитчот држи го на -10dbV (пошто конзумерска електроника функционира на -10dbV) додека ако купиш интерфејс ќе прејдеш на 4dbu кој што се користи во про опрема и има помалце шум.

Исто што треба да знаеш е дека конзумерска електроника има најчесто небалансирани излези па немаш потреба за балансиран кабел туку тој што си го направил е сосема добар.
Имај во предвид дека доколку имаш бежични уреди во близина околу кабелот, особено и доколку е долг ќе му смета интерференција што не е случај со балансиран кабел.

Среќно слушање :)
 
TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,378
2,217
Имај во предвид дека доколку имаш бежични уреди во близина околу кабелот, особено и доколку е долг ќе му смета интерференција што не е случај со балансиран кабел.
Се согласувам! Ја имав проблем првично со ова, RCA каблите ми беа 4 метра, ги заменив со пократки кабли (од 2 метра) и ми се реши зуењето што го имав.
 
acekorg

Gaining Experience
5 октомври 2010
163
227
@TheMarshal А зошто пак си земал пократки кабли наместо балансирани ? Претпоставувам дека за твоите Mackie или Dynaudio кажуваш?

И јас го имам искусено и со Adam T7V у домашни услови, а и со EV ZLX15p со 7-8m кабли кај што е поприметливо заради моќноста...

А иначе мал офтопик, у про аудио ова го решаваат со DiBox... Пример на концерт, од небалансиран инструмент краток кабел у DiBox на сцена одма до инструментот. Па после од DiBox-от, кабел кон миксинг пултот кој може и на 30m растојание да биде. На толку долго растојание аудио конзолата ќе е далеку посреќна да добие балансиран сигнал на +4dbu со ниска импеданса, отколку небалансиран со висока импеданса кој прашање е што се ќе претрпи дур да ги пропатува тие 30м.
 
TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,378
2,217
А зошто пак си земал пократки кабли наместо балансирани ? Претпоставувам дека за твоите Mackie или Dynaudio кажуваш?
Ова беше пред една година, само што ги купив Dynaudio-то. Сеуште ги возев на onboard DAC-от. Моментално терам со балансирани кабли на нив. :) Чисто го спомнав ова за да го имаат предвид тие што се нови во хобиво.

Додека, во мојот секундарен сетап (таму кај што се Mackie-то) не користам балансирани кабли, но не ми се ни исплати сега за сега.
 
ivan88

Gaining Experience
22 февруари 2012
362
378
ivan88's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460| Deep Cool GAMMAX 400
Motherboard
Gigabyte GA-Z97 HD3
Storage
Samsung Evo 840 120GB| WD Blue 500GB
PSU
Deep Cool DA500-M Aurora 500w
RAM
Kingston Fury Red Series 8G
Case
Deep Cool Tesseract SW White
Mouse
Gigabyte Eco 600
Keyboard
Apple Wireless Keyboard
Audio
LLogitech x530
Monitor
Dell S2240L
OS
Mac OSX Yosemite| Windows 7
Додека стигнат деловите за стримерот, почнав да си играм со грамофонот. Денеска му купив каиш, глава shure M75 и игла. Стариот каиш беше распаднат па со разредувач и влажни марамици убаво ги исчистив. Под фурнирот е иверка, а тоа воопшто не ми се допаѓа. Некако ми се уврте да направ клон на дрвениот дел (телото) од масивно дрво, а внатре да го отворам идентично како што е сега. Тоа ќе бркам од утре. Порачана е вага од али (
US $7.8 35% OFF|Kostenloser versand Pcs Digitale Plattenspieler Stylus Kraft Skala Gauge Led Dzr Arm Last Meter Vesion Professionelle Für Tonarm Phono Warenkorb|Stecker & Verbinder| - AliExpress) за фино подесување на раката. Ќе пишам за апдејти.

П.с. Знам дека финансиски можеби е неисплатлив проект ама меракот е голем кога нешто свое ќе проработи. Плус грамофонот е пензионирам од мои 2 години...како дете сум ја скршил иглата

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
DarthJe5us

Practice makes perfect
2 јануари 2012
2,128
1,603
Не треба да има разлика меѓу балансиран и небалансиран кабел ако каблите се пократки од 3 метри.
 
gdamjan

Practice makes perfect
3 април 2008
2,630
1,081
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
што точно се „балансирани кабли“? знам што е „балансиран сигнал“ … ама каблите сами по себе не го прават сигналот. ELI-3та-етф
 
InSides

On your way to fame
21 февруари 2009
341
793
Под фурнирот е иверка, а тоа воопшто не ми се допаѓа.
Има зошто е иверка. Не е само поради заштеда, туку и поради стабилност на материјалот против деформирање и поради делумна можност за растурање на вибрациите (и внатрешни и надворешни).

Не би препорачал целосно дрвена (масивна) рамка затоа што има потенцијал за искривување (особено во овој формат).

Ако веќе не сакаш фурнир, MDF e солиден материјал, кој за разлика од иверката може и да се фарба.

Доколку сепак сакаш масивно дрво, препорачувам интензивно потпирање/појачување (bracing).

Секако, провери ја електрониката, особено електролити.

:p :)

Во овој контекст, кабел со два засебни изолирани проводници + ширм, како би можеле да спроведат (1) не-инвертиран сигнал, (2) инвертиран сигнал и (3) ground.
 
Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
147
303
Некако ми се уврте да направ клон на дрвениот дел (телото) од масивно дрво, а внатре да го отворам идентично како што е сега.
Тоа не е добра идеја - масивното дрво има изразени резонанции (на пример, ксилофонот е музички инструмент направен од парчиња масивно дрво)! Иверката или медијапанот се многу подобри материјали, бидејќи имаат пригушени сопствени резонанции. Освен тоа, многу се поотпорни на деформации од влагата.
Edit: @InSides ме претрка
 
ivan88

Gaining Experience
22 февруари 2012
362
378
ivan88's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460| Deep Cool GAMMAX 400
Motherboard
Gigabyte GA-Z97 HD3
Storage
Samsung Evo 840 120GB| WD Blue 500GB
PSU
Deep Cool DA500-M Aurora 500w
RAM
Kingston Fury Red Series 8G
Case
Deep Cool Tesseract SW White
Mouse
Gigabyte Eco 600
Keyboard
Apple Wireless Keyboard
Audio
LLogitech x530
Monitor
Dell S2240L
OS
Mac OSX Yosemite| Windows 7
Ќе биде медијапан. Многу ми е полесно зошто имам луѓе во фамилија што работат со тоа. Ќе биде неоплеменет за да може да го носам и на фарбање.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,524
Мислења
845,949
Членови
29,319
Најнов член
Busaco
На врв Дно