Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Aliexpress

Enquito

poweruser
8 август 2017
2.633
1.798
За 13 дена од нарачката пратката е стигната ја имаат превземено но на стрницата не стои сума за откуп, па не знам како оди тоа
Кај мене пишува, и ми праќаат на Вибер код со цена, а после тоа и извештај за платена царина во мое име.
 
Атачменти

  • Screenshot_2026-07-30-20-43-55-633_com.android.chrome-edit.jpg
    Screenshot_2026-07-30-20-43-55-633_com.android.chrome-edit.jpg
    100,2 KB · Прегледи: 24

Indigo44

read-only
3 февруари 2026
22
6
Кај мене пишува, и ми праќаат на Вибер код со цена, а после тоа и извештај за платена царина во мое име.
Чудно, кај мене стои дека е превземена од нив, а на страницата не стои ништо за откуп и не стигна никаква порака на Вибер, сеедно ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Ти благодарам многу за одговорите
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.094
14.205

Зависи од пошта до пошта. Последна нарачка имаше статус ослободена од царина. Нареден ден ми ја донесоа, наплатија давачки, па ми стигна порака на вибер со пресметка.

Но генерално наплатуваат само данок, најчесто 18% на вкупната сума која си ја платил вклучително и шипингот.
 
Indigo44

read-only
3 февруари 2026
22
6
Зависи од пошта до пошта. Последна нарачка имаше статус ослободена од царина. Нареден ден ми ја донесоа, наплатија давачки, па ми стигна порака на вибер со пресметка.

Но генерално наплатуваат само данок, најчесто 18% на вкупната сума која си ја платил вклучително и шипингот.
Ај ќе видам баш што ќе направет и ќе споделам искуство
 
Manis

hello world
14 јануари 2026
150
60
Од прилика колку ќе ми наплатат царина/ддв и сл. за пратка од 228 евра ? Не знам дали ми се исплаќа да порачам пратка од 228 евра.
Мислењето е автоматски споено:

Зависи од пошта до пошта. Последна нарачка имаше статус ослободена од царина. Нареден ден ми ја донесоа, наплатија давачки, па ми стигна порака на вибер со пресметка.

Но генерално наплатуваат само данок, најчесто 18% на вкупната сума која си ја платил вклучително и шипингот.
Како наплатуват само данок? А за тие пратки по скапо од 90 евра ? Знам дека и наплаќаа и некој вид чудна-скапа "шпедиција" за пратките по скапи од 90 евра.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.094
14.205
Ништо против но зошто шипингот станува дел од тој 18%?
Колку што знам така се даночат и фирмите кои увезуваат. Данокот е на целата вредност со сите поврзани трошоци до наша царина. На пакетчето што го праќа кинезот стои целата сума што си ја платил. Не е оддвоен шипингот.

Од прилика колку ќе ми наплатат царина/ддв и сл. за пратка од 228 евра ? Не знам дали ми се исплаќа да порачам пратка од 228 евра.
Мислењето е автоматски споено:

Како наплатуват само данок? А за тие пратки по скапо од 90 евра ? Знам дека и наплаќаа и некој вид чудна-скапа "шпедиција" за пратките по скапи од 90 евра.

Ќе пишат искусните зашто јас сум немал толку скапа нарачка поодамна. Шпедиција и лежарина се плаќа само ако доаѓа преку брза пошта (ДХЛ, УПС итн.). Ако е со обична пошта се плаќа 18% ДДВ а дали ќе наплатат и царина зависи дали тој конкретен производ е ослободен од плаќање на царина.
 
Manis

hello world
14 јануари 2026
150
60
Ќе пишат искусните зашто јас сум немал толку скапа нарачка поодамна. Шпедиција и лежарина се плаќа само ако доаѓа преку брза пошта (ДХЛ, УПС итн.). Ако е со обична пошта се плаќа 18% ДДВ а дали ќе наплатат и царина зависи дали тој конкретен производ е ослободен од плаќање на царина.
Мислам дека и ЕЛС наплаќаа одредена сума во смисла на "шпедиција" зошто последен пат ми наплатија ЦАРИНА/ДДВ 3800 денара(што е навистина висока сума за таква вредност) за пратка во вредност од 130 евра.

Вчера порачав пратка од 225 евра, па ќе известам колку ќе ми наплатат трошоци од ЕЛС.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.094
14.205
Мислам дека и ЕЛС наплаќаа одредена сума во смисла на "шпедиција" зошто последен пат ми наплатија ЦАРИНА/ДДВ 3800 денара(што е навистина висока сума за таква вредност) за пратка во вредност од 130 евра.

Вчера порачав пратка од 225 евра, па ќе известам колку ќе ми наплатат трошоци од ЕЛС.

Да, тоа е навистина висок износ. Можеби за производ кој подлежи и на плаќање на царина, има дополнителни трошоци поврзани со самото царинење независно која пошта го доставува.

Ќе пише некој поискусен. Зашто јас лично одамна не сум нарачувал производ кој освен данок подлежи и на плаќање на царина.
 
Indigo44

read-only
3 февруари 2026
22
6
Да, тоа е навистина висок износ. Можеби за производ кој подлежи и на плаќање на царина, има дополнителни трошоци поврзани со самото царинење независно која пошта го доставува.

Ќе пише некој поискусен. Зашто јас лично одамна не сум нарачувал производ кој освен данок подлежи и на плаќање на царина.
Мислам во овој случај е друго случено, цариникот има право ако оцени дека вредноста на производот не одговара со декларираната самиот да ја утврди “вистинската“ вредност и секогаш ставаат многу повисоки основици за царинење, се фаќаат за вакви ситни работи, а како што видовме огромните трговци на големо си декларирале некои смешни суми и се им врвело така, најавуваја гонење одговорности и се заврши на тоа,никој не одговараше се заборави цела работа.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Офтопик

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно