Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

10+ години по ред како наставниците и родителите мака мачат со е-дневникот

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.565
19.253
ама ваљда не се влошил до толку да не е функционален.
До толку е..

Жена ми е професор и..до толку е.
Редовно внесува, не чека до последен момент итн.

Компјутерите ни се, фала Богу, одлични. Брзината на интернетот исто така.
Пред некој ден имаа совети и присутните даскали вртеле палци затоа што 80% од нив немале внесено оценки.

Во текот на годината, што е интересно, дневникот паѓа во петок(!) како и насекаде по администрациитте (здравство и сл.)
Не знам како е кај вас но, ете.


Не пробувајте да браните нешто што е неодбранливо. Ако пак почнам да „призивам“ сеќавања за он-лајн наставата и матурата ќе биде комедии.
Да не го растресуваме осилото сега, ве молам!
 

TheGamerTeacher

hello world
9 декември 2016
451
555
Скопје, Ѓорче Петров
www.twitch.tv
До толку е..

Жена ми е професор и..до толку е.
Редовно внесува, не чека до последен момент итн.

Компјутерите ни се, фала Богу, одлични. Брзината на интернетот исто така.
Пред некој ден имаа совети и присутните даскали вртеле палци затоа што 80% од нив немале внесено оценки.

Во текот на годината, што е интересно, дневникот паѓа во петок(!) како и насекаде по администрациитте (здравство и сл.)
Не знам како е кај вас но, ете.


Не пробувајте да браните нешто што е неодбранливо. Ако пак почнам да „призивам“ сеќавања за он-лајн наставата и матурата ќе биде комедии.
Да не го растресуваме осилото сега, ве молам!
Јас само го споделувам искуството шо го имав. Оти имам еден принцип до кој се држам а то е, да не серам по нешто ако правилно го користам. Она шо го гледав околу мене беше дека везе немаа даскаливе од користење на е-дневник. Не велам дека е за бранење, и не велам дека е квалитетно сработен. Само дека не е еднострана вината. За во петок хинт* се внесуваат сите часови од претходната недела оти понеделнички се дешава службите да исконтролираат, that's all. И да, жена ти си ја брка работата, ама 90% од тие шо го користат, не го прат то, и таа ги трпи негативните последици.

На крај на ден, сум видел професори шо од рурална средина во ПЕТОК се организираат со возило да појдат до соседно село/град за да искористат некој компјутер/интернет и да внесат. Не сте свесни дека има училишта кај шо нема струја, вц, вода... Ама то не е муабет за на форумов, ваљда. Поентата ми е, тие шо немаат услови, се неодговорни или не знаат како да работат се далеку побројни од тие што си ја бркаат работата. И дека бар дел од вината лежи во нив.

И друго, оценките се внесуваат после совет (бар тие шо треба да се крајните) оти треба советот да ги утврди. Тие шо не се крајни оценки за полугодие/крај, можат да се внесат претходно оти се тромесечни/оценки за тестови/усно.
 

Heruvin

Баниран/a
5 ноември 2010
156
112
Не се виновни ни наставниците ни родителите..за нешто кое од почеток е промашена и паушално направена работа,всушност како што е се во оваа дупка на мафијата која си игра држава,виновен(по правило во законита држава)е секогаш творецот на некоја работа,проект..
Образовниот исстем систематски е уништуван и ќе го доуништат само за да се урне територијата со нејзиниот народ,а потоа се може полесно да се контролира..
И овде ,(како секогаш),се прави некоја работа колку за популизам,а потоа се фрла на... за сите да почнат да си муабетат,да делат совети,да исправаат криви патишта..
П.С.Искуство од држава како се работат такви работи(Швајцарија,времето и примерот кога овде се правеше некаква си програма за он-лајн настава и тоа од кадри на финки)..таму некаде,таква голема работа се припрема извесен период и додека не помине тест период за решавање на сите работи не се пушта во институција..а видовме овде што направија..само лапнаа пари и толку..потоа се користеше,Мајкрософт тимс...
 

Xbibox06

read-only
20 август 2024
2
0
До каде е со изработка на новиот електронски дневник? За 10 дена започнува школската година но никој ништо не спомнува
 

dipsyy

read-only
23 април 2023
11
1
До каде е со изработка на новиот електронски дневник? За 10 дена започнува школската година но никој ништо не спомнува
Добро прашање, бидејќи и оваа година како и претходната од МОН велат дека е во фаза на тестирање. Некој од сферата на образование да сподели до каде е, дали имаат добиено некави информации.
 

null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
1.046
1.132
Куманово
штурци што ќе кажат..
како и секој друг дел од предузече што нема саглам (а нема ни да има!) стабилен ит систем - па и тука не очекувам да се среди.
си имаат научено луѓето на хартија и тоа е (трпи све, неможе да се хакне, се пали кога ќе снема простор етц..)
 

Xbibox06

read-only
20 август 2024
2
0
Изгледа и оваа година ќе останеме со стариот дневник , како што гледам се уште нема ни трага ни глас од МОН а училиштата почнуваат со работа од понеделник.
 
Последна промена:

null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
1.046
1.132
Куманово
штурци што ќе кажат..
како и секој друг дел од предузече што нема саглам (а нема ни да има!) стабилен ит систем - па и тука не очекувам да се среди.
си имаат научено луѓето на хартија и тоа е (трпи све, неможе да се хакне, се пали кога ќе снема простор етц..)

да се самоцитирам колку сум у право и колку ме вади од такт..
некој да имал ваков проблем и решение кај да се обратам?
од школо викаат “пробај пак подоцна, ние не знаеме“
ват д екшаул фак :mad:

за контекст добиен емаил со лозинка од едневник и пробано да се ресетира лозинката = ист резултат

@FLEGMA спомна имаш професор дома, дали имаат пристап до панел кај што може да видат родители, штиклираат, банираат етц?

IMG_0236.jpeg
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.495
Скопје
да се самоцитирам колку сум у право и колку ме вади од такт..
некој да имал ваков проблем и решение кај да се обратам?
од школо викаат “пробај пак подоцна, ние не знаеме“
ват д екшаул фак :mad:

за контекст добиен емаил со лозинка од едневник и пробано да се ресетира лозинката = ист резултат

@FLEGMA спомна имаш професор дома, дали имаат пристап до панел кај што може да видат родители, штиклираат, банираат етц?

Погледнете го атачментот 143209
Има таков дел ама не може да те банираат.
Кажи и на класната во делот за родители да внесе втор родител, и некој друг твој меил.

Иначе од школо треба да се обратат до Emis(at)mon.gov.mk ама колку брзо ќе решат е знак прашалник. Мислам дека ќе профункционира со другово.
 
Последна промена:

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.745
3.891
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.745
3.891
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Тoлку е осигуран од напади Дневников со "ИТ експерти" вработени
 

aleksandarmio

hello world
1 ноември 2023
67
65
Наставничка го оставила е дневникот отворен на компјутер во училница и излегла, па учениците си "играле". Добро е да се прочита цела вест, а не само насловот на новинари кои бараат сензационализам, па после тоа да се коментира.
И да дополнам претпоставувам дека барањето за промена на лозинките е поради тоа што од второ полугодие ќе се воведува нов систем за работа на е дневникот
 

ContentBot

Робот (content unit)
12 ноември 2021
300
1.068
www.IT.mk
Генерално, истиве фрустрации си тераат од година на година. На овој проект фрливме реален поглед во 2021-ва година, тогаш сајтот и беше хакиран со некој кинески malware. Во 2022-ра пак зборувавме за тоа како Е-дневникот ја отежна учебната година и им направи проблем на наставниците, учениците и родителите. На барање на родителите кои немаат каде да прашаат, напишавме и упатства за родителите (едно генерално и за потпишување на евидентен лист), а во 2023-та одбележавме јубилеј од проектот со текст насловен 10 години по ред како наставниците и родителите мака мачат со е-дневникот. Во 2024-та во мај пишувавме како воопшто не работеше е-дневникот по пролетниот распуст… И… никому ништо. Нити сајтот е сменет, нити системот и неговата стабилност подобрена. Гарант во МОН се тера стандардната македонска политика во која сме олимписки шампиoни – политичко префрлање на топка и не презимање на одговорност.

 
18 август 2019
1.224
1.199
Ништо ново. Пред повеќе од 50 години ученици добиле пристап до дневникот и си ги поправиле оценките.
Сега историјата се повторува, модерен дневник, модерни ученици...
 

kolesk

lurker
6 февруари 2016
765
1.186
Ништо ново. Пред повеќе од 50 години ученици добиле пристап до дневникот и си ги поправиле оценките.
Сега историјата се повторува, модерен дневник, модерни ученици...
Ти се правел тоа? Дееее бе.
Со молив пишуваш, дека ученикот Паланчански е отсутен заради куроболка, и те нема првите 2 часа. После бришевме со гума, и ајт.
 
  • wow
Реакции: Avid

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно