Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Што е DDoS напад?

ContentBot

Робот (content unit)
12 ноември 2021
300
1.068
www.IT.mk

Последнава недела, IT.mk, како и други македонски популарни сајтови и системи (засега јавно се произнесоа од KlikniJadi.mk) се соочуваат со DDoS напади. Со цел појаснување на овој сајбер напад на пошироката јавност, како и споделување на нашето искуство со митигација на DDoS нападот – го започнуваме овој серијал од текстови.​

DDoS или Distributed Denial-of-service (превод: Дистрибуирано одбивање на пристап) се тип на сајбер напади преку кои практично имаат цел да ја онеспособат мрежната инфраструктура, на начин што таргетираниот сајт, систем или сервер да бидат преплавни со барања со што не би можеле да извршат нормални функции, односно нема да бидат воопшто достапни за корисниците, ќе бидат успорени или пак дел од клучните сервиси нема да им функционираат. Нападите се прилично ефикасни, особено ако не е поставен никаков сервис за заштита или митигација, а се извршуваат преку компромитирани системи и уреди.

Прочитај повеќе @ Што е DDoS напад? [серијал] ⋆ IT.mk
 

Blagojcebt

hello world
1 септември 2009
219
94
Како би знаел ако мој уред (клима, камера, лаптоп и слично) се користи за DDoS напад некаде ?
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.328
Скопје
androgaming.com
Norsecorp имаше мапа што наводно ги исцртуваше векторите на напад користејќи "super secret darkweb data", барем така викаа.

Кога го повикаа генералниот директор да даде оставка (повеќе овде), цел Norsecorp згасна. Изгледа си осигурал човекот работа.

Сега има разноразни мапи ама не е тоа тоа. Fortinet е мислам најдобра од нив, за следење напади. Баш ме интересира кога ќе има нова тура дали ќе го покаже.

 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно