Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Македонски Пошти - Општа Дискусија

Како сте задоволни од услугите на Македонски Пошти?

  • Вкупно гласале
    721

Bosko Buha Bombasa

hello world
20 август 2024
166
104
Yugoslavia
Здраво, разлистав низ oваа темa и во темата AliExpress и гледам различни пратки од AliExpress доаѓаат со различни пошти, RRxHU со ViaPost, UBxHU со Македонска Пошта, UYxCZ со Македонска Пошта, но не најдов податоци за пратки со тракинг бројче UDxLT. Имам две пратки порачано со SunYou shipping, двете се со статус Received by local delivery company но ги нема никаде. Дали и овие пратки доаѓаат преку Македонска Пошта?
 
Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.657
13.704
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Дали и овие пратки доаѓаат преку Македонска Пошта?
Доаѓаат.

Received by local delivery company
За Кинезите често локално значи некаде во Европа (во случајов Литванија). Но не мора да значи баш секогаш.

пратки со тракинг бројче UDxLT.
Во последно време овие стигнуваат побрзо од другите што почнуваат на U, но пак може да заглават во наша пошта.

Чекај.
 
hicuxx

hello world
10 ноември 2018
76
83
Skopje
Тоа да, имаат помал обрт на работа, ама сепак за мојот реон (Кисела вода) уште нема поштар а и немало да има во догледно време. Бев позади за да подигнам пратки, оставив ливче со tracking броеви уште ми немаат јавено да ги земам(пратки од пред неколку месеци што се стигнати во пошта).
Изгледа требаше да пишам тука за да се активира поштата. Сега ми се јави поштар дека ми доставил пратки дома. Исто така почнале со работа во реон 17 (кисела вода). Пратки од јануари се први.
 
janeswipez

read-only
26 јуни 2024
1
0
Сакам да ја споделам мојата фрустрација со македонски пошти и на кратко да ви објаснам како ми се уништи мојата YouTube кариера поради македонски пошти.

Лани почнав гејминг канал на YouTube кој навистина брзо напредуваше и добивав илљадници прегледи и субови на денвно ниво. Стигнав до партнерство во рок од еден месец - ми го одобрија каналот за партнерство, постанав YouTube партнер и следниот чекор беше да го потврдам Google AdSense акаунтот односно да ја потврдам адресата на живеење со тоа што Google AdSense ви испраќаат пратка до внесената адреса која содржи код кој треба да се внесе за да ви се потврди Google AdSense акаунтот. (без оваа потврда не ви е дозволено да внесете начин на исплата.)

Низ неколку форуми читав дека потребни се околу две до три недели за оваа пратка да пристигне до домашна адреса. За европските корисници пратката се испраќа од Австрија со "priority post". Чекав трпеливо а во меѓyвреме мојот youtube канал растеше се повеќе и повеќе и со тек на време стана популарен помеѓy луѓето кои ја играа играта која ја снимав. Често ми се случуваше додека играв и зборев во voice chat да бидам препознаен од другите играчи.

Поминаа недели, помина и месец, поминаа и два месеца а јас сеуште ја немав добиено пратката која требаше да биде пристигната за две до три недели. Каналот буквално ми експлодира во овој период, YouTube ме плаќаше околу $9 на 1000 прегледи и гледав како салдото во adsense постојано ми растеше а средствата никако не можев да ги извадам се додека не го потврдев акаунтот со кодот кој требаше да ми пристигне.

Google AdSense ви дава четири месеци да го потврдите вашиот акаунт со кодот кој ви го испраќаат а доколку не го потврдите во рок од четири месеци, ви ја гасат монетизацијата

После третиот месец отидов во општинската пошта каде што ме пренасочија да одам во главната пошта. Отидов во главната пошта, се упатив кон првиот слободен шалтер каде што имав потоешкотии да се разберам со вработениот кој едвај говореше македонски јазик и секоја реченица му беше "АБЕ ДАЈ МИ ГО КОД БЕ ДРУГАР". Немав ниту ливче со известување за пристигната пратка, ниту пак tracking код (Google AdSense не даваат tracking код). Додека вработениот го повишуваше тонот се повеќе и повеќе, се уфрли друг вработен коj ми кажа да одам во задниот дел на поштата каде што е одделот за пристигнати пратки. Отидов во задниот дел каде што имаше само еден шалтер и редици од луѓе кои го имаа истиот проблем. Кога дојдов на ред им ја објаснив истата приказна но ниту они не ме разбираа што говорам. Се обидов на секаков начин да им објаснам дека немам никаков код, ги молев да ја побараат пратката во преградата за мојот реон, им покажував слики како треба да изгледа, едниот од нив со раката само помина низ неколку купови пратки - "демек бара" и ми кажа дека немало ништо. Секој следен работен ден одев повторно и повторно и секој ден се погодуваа дрски луѓе кои едвај говореа македонски јазик и никој не сакаше да ми помогне. Одев и во други пошти да барам совет но не слушнав ништо ново, сите ми велеа дека "пратката да била стигната ќе сум добиел известување".

Дојде моментот каде ми се скрши сонот, моментот каде што ми заврши YouTube кариерата. Добив е-маил дека монетизацијата ми е изгасена поради неуспешна верификација на AdSense профилот. Рекламите на видеата ми беа целосно изгасени, по некој период и партнерството ми беше раскинато.

една година подоцна

Денеска случајно отидов да подигнам пратка од интернет нарачка и како за изненадување ми дадоа уште една пратка на која со големи букви пишуваше "Google AdSense".

- Пратката била пристигната уште од лани.
 
ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.327
Скопје
androgaming.com

Да претпоставиме дека е вистина целава ситуација.

1. Имаш екстензија на тие 4 месеци. Се што треба е да ги контактираш Гугл преку формата. Обајсни ја ситуацијата во една реченица (не да им праќаш есеи).

1724405143499.png

2. Информации за важни пратки не се бараат на шалтер кај рамковци. Не се бараат ни во пакетска служба (зошто си отишол таму?), него тука

1724405264690.png

3. Ако е така како што викаш, би требало да имаш солиден случај да поднесеш тужба и да побараш отштета. Секој асален адвокат би ти изготвил предмет, бидејќи тука се работи за финансиска отштета предизвикана од државна фирма (со приватно партнерство). Има многу строги закони кои го регулираат поштенскиот сообраќај. Остај го настрана хаосот со Алиекспрес, важни пратки од ЕУ и од САД немаат врска со ѓубрето од Кина. Со години примам деловни пакети и никогаш не доцнеле.

Дали си полнолетен/полнолетна?
 
Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.657
13.704
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Ново дно: Картонче добиено во петокот, со датум што почнува од сабота, во понеделник во 10:00 не можам да го подигнам, „уште не ни е обработено, немет луѓе“.

Во сабота не работеле, а во понеделник им ги донеле, ама го чекале „обработувачот“ (изгледа единствениот вработен во мојава пошта што знае да работи со пратки). Ќе биде накај 12-13 ч., ако биде.

Претходно дно беше кога пољубив врата во 9:15, работеле по летно работно време (во една смена) од 9:30. :oops: Заклучено, не сака да отклучи, не сака ни да збори, само покажува кон натписот на вратата. Немав време (а и друга работа) да чекам...

Уште пред тоа, сè во ред со картончето и сè друго, теткицата вика: „страв ми е да го пуштам компјутерот да не расипам нешто, дојди попладне кога е „обработувачот“ на смена. o_O
 
Последна промена:

kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.699

НИП Нова Македонија? Го јадев стапот пред некој месец ...
 
Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.657
13.704
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64

mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.761
4.480
Неготино
После 4 месеци не-порачување се одлучив да порачам нешто.
Нит пошта отвара, ни тракинг, не го додава ниту бројчето на екстензијата што е за тракинг, само врти.

Има друг мака со пошта страната? Ја неам 4 месеци отворено, неам блок сигурно.
 
Rilind

professional curtain replacer
26 февруари 2019
577
896
После 4 месеци не-порачување се одлучив да порачам нешто.
Нит пошта отвара, ни тракинг, не го додава ниту бројчето на екстензијата што е за тракинг, само врти.

Има друг мака со пошта страната? Ја неам 4 месеци отворено, неам блок сигурно.
Ако си порачал од Али и имаш RR HU тракинг, нема да ти се појави овде, тие веќе одат преку Виа/ЕЛС
 
Jordan223

read-only
26 октомври 2019
40
45
Друштво, само што добив tracking брок за пратка. RE-NL. Преку виа пост или преку пошта ќе стигне?
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно