Chicco69
lurker
- 21 април 2016
- 648
- 3.080
Со температурите ... ништо ново. Не дека не го знаевме тоа. На ниски температури 440-460F (227-238C), вејпањето е "милина".Пак за формалдехидот. Деновиве некој направил уште поаматерски ескперимент со детектор за формалдехид на модови и течности што си ги користи, значи најреални услови што може, иако не лабораториски прецизни.
Резултатите изгледаат опасно, нели?
Погледнете го атачментот 63584
Но кога ќе се споредат со аналогна...
Погледнете го атачментот 63585
Податоците за аналогната ги зел од некое официјално истражување. Не најдов дали користел ароми во течностите, мислам дека не.
Мене ми е друга работа поинтересна од првата слика, додавање на 10% вода било во чист ВГ или во 50/50 (не можел да тестира со 90% ПГ, му течело) драстично го намалува емитувањето на формалдехид на највисоките температури. Претпоставуваат дека водата ги стабилизира ПГ-то и ВГ-то и не им дава да оксидираат. Ете уште една причина зошто се додава вода.
Резултатите за 100% ВГ и во комбинација со вода се доста интересни. Ако се земе во предвид колку многу вејпери имаат проблем со ПГ-то (иритација на грло, алергија, дехидратација), ова само по себе охрабрува да се муќкаат течности со повеќе ВГ. Јас секако сум на 60-70% ВГ во зимскиот период, 70-80% во летниот. Со температурата исто така не сум 'проблематичен', еве цело утро го терам кајфунот на 205C. :hay:
Ова со температуриве е голема варијабила: зависи од типот на атомајзер, греач (дебелина, материјал, број на намотки). Многу е важно и на која собна температура ќе се заклучи греачот за ТЦ.
Секако колега!Ова со водава доста интересно, не ни очекував дека ќе има толку удел. Баш ме интересира со вкусот како ќе оди, немам пробано 10%, ќе се фрлиме на тестирање тогаш.
За течноста да ми биде употреблива, морав да ставам никотинска база и арома. Бидејќи базата ми е со ПГ основа, аромите исто така се мешани во ПГ, дојдов до следниов сооднос или состав:
Тргнувам од логиката на овој форумџија, заради кого е направен тестот со 10% дестилирана вода. Бидејќи имам ставено 9% (ПГ) база и 3% арома, тие 12% или 12 мл на 100 мл не морам да ги компензирам со вода. Затоа ставив само 7%. Далеку сум од оригиналниот тест (90:10), ама ова е нешто што има употребна вредност, ќе може да се користи.
Од аромите ставам 2.5, 2.6%, сега лупнав округло 3%, за да не чекам предолго на експериментот.
@MikickoHC
Сум правел течности со и без вода. Дури и ова погоре го имам муќкано, ама со малку + ПГ и помалку вода (3-5%). Со и без вода не ми значело подобро или полошо. Се прават добри манџи и така и вака. Ако веќе треба да бидам супер критичен, би рекол дека течностите со малку вода некако поубаво ми "клизат" на грло/плуќа.
Како и да се гледа, прво е многу субјективно, второ секој може да смуќка две различни варијанти и да тестира. 90% од вејперите не би осетиле разлика и не би знаеле дали во течноста има малку вода или не, ако не им кажеш претходно.