Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Закон за заштита на потрошувачи

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.551
19.224
Побарајте на Youtube "Потрошачки Саветник" да ги видите истите ситуации како овде.
Да видите дека сме исти г*мна, дека всушност стварно сме "Шупак космоса" како што пее Балашевиќ.

Ликот купува автомобил на царина а потоа му го земаат на граница пошто е краден..
 
igor_igor

poweruser
2 септември 2012
2.286
3.985
Скопје
igor_igor's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-14400F + Deepcool AG400 V2 ARGB White
Motherboard
ASrock B760M-HDV/M.2 White
Storage
SSD Kingston NV1 500GB M.2 / HDD Seagate BarraCuda 2TB (ST2000DM008)
PSU
Cooler Master V750 GOLD V2
RAM
2 x 16GB (32GB) Kingston HyperX FURY RGB 6000MHz DDR5
Video card
ASRock Phantom Gaming D RX 6800 16GB OC
Case
White Shark Bullet Gaming GCC-2303 White
Mouse
A4 X5 MAX Bloody Gaming Esports Stone Black
Keyboard
X7 A4tech G800 MU
Monitor
Cooler Master GM238-FFS 144hz IPS / AOC D2357Ph Led 3D
OS
Windows 11 Pro
Како да не му иде пулсот 200 кога некој едвај излегува на крај за плати и придонеси да плати, а притоа му дошле со намера да го казнат 5000-6000 евра и 30 дена забрана за вршење дејност по директива од ујп или пазарна која и да е.
Како беше она пиштење, вриштење, не беше многу одамна да заборавиме.
Ми доаѓаат сурија од 5 жени од пазарна и едната ми вика на декларацијата немаш телефон ставено од производителот, на декларација од производителот залепена на нивна амбалажа (домашна фирма).
Им викам јас ќе ставам не е проблем, ама би требало да отидете кај нив и таа забелешка нив да им ја предочите, затоа што знам дека јас ако им кажам (само јас) нема тоа да го направат, затоа што сум камче во мозаикот.
Ми викаат ако не сакаат тогаш ти нема да зимаш роба од нив, ајде јас нема да зимам роба од производител каде што 70 проценти од целиот мој промет ми е со нив, самоуништивајќи се, а при тоа другите (конкуренти) ќе зимаат од истата роба, ама кај нив нема проблем да има.
Мора да се фатат за нешто, ако не е за телефонот, тогаш за клима уредот дувал на лева страна,а по закон требало на десна да дува. :crazy:
Сум имал случки со такви бараби инспектори каде што ми дава клуч од негова кола ми покажува каде му е паркирана и ми кажува што треба да има внатре, се разбира како би немало проблеми во иднина.
И иди ти буни се барај правда овие ебани 11 години поминати да те видам, несмееш ни жалба да пишеш одма кажуваат од кого е и во фиока ја чуваат, затоа што ги знаат сите е*ени дупки во законот, намерно оставени за такви шутраци како нив.
Верувам дека во иднина нема да има вакви работи. :p
 
Ulrezaj

hello world
20 јуни 2012
438
706
Охрид
Ulrezaj's setup  
Processor & Cooler
Intel I9 - 9900k / NZXT Kraken X62
Motherboard
Gigabyte z390 Aorus Master
Storage
Samsung 860 Evo 250 GB / 3TB Toshiba
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB Kingston HyperX Predator 3200Mhz
Video card
ASUS ROG STRIX RTX 2070Super
Case
Asus TUF GT501
Mouse
Razer Mamba Tournament Edition
Keyboard
Razer Blackwidow Ultimate Stealth
Monitor
Alienware AW2518H
OS
Windows 10 64bit
Тоа што на секој производ треба да има декларација треба а истото важи и за упатства за употреба на самиот производ а ретко кој ги почитува овие правила.

Проблемот е што одма пишуваат високи глоби без притоа да опоменат. Ако по втор пат некој ја направи истата греша а претходно бил опоменат казната треба да е дупло поголема.

А во однос на тоа дека бараат мито, има решение. Пријател мој фино културно го пријави инспекторот и истиот си заработи кривична. Ако секој работи како што треба нема да има проблем со инспекција ама кога работи несовесно секој гледа да најде врски, да заобиколи закони, да подмити итн. Моментот кога ќе се одвикнеме дека „тоа е нормално“ или “така се работи“ ќе останеме заковани во 15-ти век.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.551
19.224
Ме интересира, чисто од љубопитност, дали со законот за заштита на потрошувачи се исто така опфатени и купувачите на возила кои истите ги купиле од фирма? Дали на тие возила има гаранција?
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.700
Како мислиш од фирма? Физичко лице купува од увозник? Да. Но има разлика до и над 2.500 евра. По нарачка или од салон...
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.551
19.224
Како мислиш од фирма? Физичко лице купува од увозник? Да. Но има разлика до и над 2.500 евра. По нарачка или од салон...
Одам на некој автоплац, кој е од фирма нели, и купувам автомобил. Имам ли права и(или) гаранција?
А што е разликата до и над 2500 евра?
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.700
Сигурно имаш права. Дали некој ги почитува е друго прашање. Најди го Законот. Јави се во ОПМ да ги прашаш, Мин. за Економија исто
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.551
19.224
Сигурно имаш права. Дали некој ги почитува е друго прашање. Најди го Законот. Јави се во ОПМ да ги прашаш, Мин. за Економија исто
Абе хипотетска ситуација е ова. За сега немам потреба да купувам кола од автоплац
Ние гиковите од форумов кога се спомне овој закон веднаш пред очи имаме мобилни, компјутери, клими... :)
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.148
16.234
Залепи им го на Сет на влезната врата, и пиши им: Абре... сетовци...
 
Не знам чива влада е, само знам што пишува во законот.

Па за законите и зборам де. Ќе се почитуваат и спроведуваат првите година дена, после тоа - разврат и блуд. Така било со секоја влада во последните 27 години, така ќе биде и сега. Затоа отворете им го чмарот на Сет дур имате време.
 
20 декември 2015
1.156
856
Skopje
steelseries's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 1700 w/Stock Cooler (Wraith Spire RGB)
Motherboard
Asus x370 Prime PRO
Storage
WD10EZEX Blue
PSU
Cooler Master Vanguard 750+ Gold
RAM
HyperX Predator 2x8GB // 3200Mhz
Video card
Asus GTX 1060 6GB
Mouse
SteelSeries Rival 310
Keyboard
Gigabyte K85 Mechanical RGB
Monitor
Benq RL2455HM
OS
Windows 10 Pro
Па за законите и зборам де. Ќе се почитуваат и спроведуваат првите година дена, после тоа - разврат и блуд. Така било со секоја влада во последните 27 години, така ќе биде и сега. Затоа отворете им го чмарот на Сет дур имате време.

легенда си ме пресмеа! :D :D :eek:h::eek:h::D:D

извинете што е надвор од тема мојов пост.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.148
16.234
Супер вака закони за толкување кој како сака. Утопија :D

Sent from my Redmi 3 using Tapatalk
 
pavlestyle

hello world
9 април 2016
95
104
Септември 2016 купив телефон од анхоч и јануари негде ми се расипа и наредниот месец добив нов уред.Дали имам нова гаранција од Февруари или старата останува?
 
Стефан_Т

hello world
22 јули 2017
52
92
Септември 2016 купив телефон од анхоч и јануари негде ми се расипа и наредниот месец добив нов уред.Дали имам нова гаранција од Февруари или старата останува?
Треба да добиеш нова. Јас имав ист таков случај и добив нова гаранција откако пријавив во дпи. Многу едноставна процедура: Одиш, пишуваш опис, фотокопија од фискална и гаранција, потврда од сервисот (се што имаш папири) и после 2 недели ти ѕвонат да си земеш нова гаранција.
Едит: Прочитав уше еднаш , сфатив вториот пат. Треба да ти важи ОД "негде наредниот месец", ако ти кажуваат спротивно, оди во дпи, би требало да завршиш работа. Дали на гаранцијата имаш сериски број, имеи број, и дали на листот од сервис ги пишува?
 
Altair

read-only
21 ноември 2015
5
3

Мислам дека доколку добиеш ист уред не следуваше нова гаранција си продолжува истата меѓутоа доколку добиеш целосно нов уред тогаш можеби ти следува нова гаранција. Мое мислење можеби грешам :)
 
Стефан_Т

hello world
22 јули 2017
52
92
Мислам дека доколку добиеш ист уред не следуваше нова гаранција си продолжува истата меѓутоа доколку добиеш целосно нов уред тогаш можеби ти следува нова гаранција. Мое мислење можеби грешам :)
Сигурен сум дека не е така, како што кажувам јас е :) Имам документи што го потврдуваат моето мислење.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.148
16.234
Мислам дека доколку добиеш ист уред не следуваше нова гаранција си продолжува истата меѓутоа доколку добиеш целосно нов уред тогаш можеби ти следува нова гаранција. Мое мислење можеби грешам :)
Точно. Нова гаранција следува само ако земаш друг производ односно се штампа нова фискална, тоест постои нова трансакција. Ако ти го заменат со ист таков уред не добиваш нова гаранција туку само ти ја продолжуваат гаранцијата за времето додека ти бил на сервис производот, на пример недела дена или две или колку и да е.
 
Во законот експлицитно стоеше дека ти следува нова гаранција. Но, некој (@krale ?) постираше дека има промени во Законот за да им се удоволи на операторите. Дали тоа без нова гаранција важи и за уреди кои не се со договор, не знам...
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.148
16.234
Во законот експлицитно стоеше дека ти следува нова гаранција. Но, некој (@krale ?) постираше дека има промени во Законот за да им се удоволи на операторите. Дали тоа без нова гаранција важи и за уреди кои не се со договор, не знам...

Го дискутиравме ова веќе, ајде да повториме.

Кога продуктот не може да се сервисира, купувачот има две опции:
1. Да побара замена на продуктот со нов ист таков
2. Да побара враќање на парите назад

Во првиот случај се добива нов продукт, нова гаранција не следува, затоа што продавачот ја обавил својата обврска за одстранување на недостаток, при што не е битно дали го сервисирал истиот или го заменил со друг. Значи обавил обврска, останува старата гаранција, тука нема нова продажба, нема нова фискална сметка или фактура.

Во вториот случај купувачот ги добива назад парите. Може да си оди дома со парите а може и веднаш да избере друг производ, но не може да го избере истиот што го купил само нов. Зошто ако имало на лагер од истиот производ продавачот ќе му го заменел и немало да дојде до враќање на пари. Во овој случај се работи за нова продажба, нов производ, нова фискална сметка/фактура, нов гарантен лист за нов различен продукт со нова гаранција од моментот па натаму. Тоа што делот со парите се прескокнува и се избира друг производ при што се доплаќа разликата во цена нека не ве буни дека следува нова гаранција. Тоа е нова продажба и нова трансакција и за неја повторно важи закон за облигациони односи дека ако другиот артикл подлежи под гаранција си следува гаранција за него. МОже да се случи и да нема гаранциај другиот производ, а може и да има гаранција со различно времетраење и различни гарантни услови, зошто се работи за друг производ.
 
Не можам....................
 
cipiripi

hello world
7 септември 2010
334
321
Ај да прашам, не сум имал до сега потреба за повикување на Закон за заштита на потрошувачи...

Производот е земен од Нептун на име на ПРАВНО ЛИЦЕ, а во Законот за заштита на потрошувачи, дефиниција за „потрошувач-е секое физичко лице кое купува прозиводи“......итн.

На што треба да се повикам, на кој закон, за да пријавам во ДПИ?
Моја логика беше дека потрошувач е било кое лице што купува прозиводи, физичко или парвно не знам што е битно.
Али Законот за ЗП правните лица ги исклучува....или не?
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно