Апсолутно се слагам со тебе. А нарочито за 7-ца. На мене ми е криво шо НВИДИА прекина подршка за 3Д стереоскопик, а поновите интелови матични не подржуваат 7ца.Никој не рече воопшто да не апдејтираме. Имам 100 пати пишувано за ова, и тоа во истава тема. Проблемот не се апдејтите, проблемот е како Windows се справува со самите апдејти на веќе постоечки систем.
Обично правам апдејт на секоја major верзија 21H1 -> 21H2 (за пример).
Под апдејт, правам чиста реинсталација од тазе симнато ISO.
Сум имал еден куп проблеми со драјвери/лиценци/програми, од ресетирани сетинзи, до BSOD за кои исто така имам пишувано во оваа или Windows 10 темата.
P.S да имаше можност и компатибилност за 7-ца со новиве софтвери/игри, ден денес немаше да сум мрднат.
Моето мислење е лично засебно, не ми мешај баби-жаби со софтверски компании. За таму си има Enterprise верзија каде што има само security апдејти, а feature апдејтите се одложани во споредба со обичната раја. Згора на се таму си има daily/weekly backup и има некој задолжен и платен за тоа да го прави.
Гејминг во 3Д е нешто прекрасно. Каков реј трејсинг, какви бакрачи. Баш ме чуде шо нема тема таква тема.