1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Windows 10 генерална дискусија

Дискусија во форумот 'Microsoft Windows' започната од Alucard, 21 Август 2014.

  1. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    1,007
    713
    1 Јуни 2016
    Некој да не пробал W10 1903 v18362.53 ?
    Симнувам торент моментално, ќе го пробам деновиве.
     
  2. Rukfash

    Rukfash
    Gaining Experience

    466
    280
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    Од мојто закачување на рансомвер, а у меџувременом бев закачил и настинка така да практично му доџе мрсолвер :D испадна една добра ствар. Си ослободив добри 600 гигабајта на хардиско :)
    И на крају опет доџемо до: Свако зло за неко добро ;)
     
  3. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    1,007
    713
    1 Јуни 2016
    Инсталиран 1903 v18362.53 чисто за проба.
    Побрзо работи од претходниот и тоа многу.
    Него ме зачудија .. смениле позадина беее :D

    [​IMG]
     
    На shifty му/ѝ се допаѓа ова.
  4. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,832
    2,675
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    @Rukfash како успеваш да фаќаш рансомвери така лагано?

    Иначе го инсталирав мајскиов апдејт и јас сега. Running smoothly. Прва промена што ја приметив е што го одвоиле Search од Cortana. A со Cortana не можеш да се допишуваш него кога ќе кликнеш на иконката одма се активира говорна команда. Така да goodbye Cortana, иако не дека и претходно нешто многу ја користев, само за пребарување, али сега нема да ми служи за ништо.
     
  5. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    1,007
    713
    1 Јуни 2016
    Истата верзија? Бидејќи е Insider preview build.
     
  6. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,832
    2,675
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Не, прописно си го апдејтнав преку Windows Update Assistant, верзија 1903 18362.116
     
  7. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    1,007
    713
    1 Јуни 2016
    Microsoft releases Windows 10 Insider build 18362.116
    Хм, чудно. Океј.
     
  8. Rukfash

    Rukfash
    Gaining Experience

    466
    280
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    Па не ги фаќам баш така лагано, туку зорле си ги тражам, симињајки кракове, макове, чит треинери за игри, и инсталирајки сумњиви програми, при тоа свесно деактивирајки го антивирусо откако ке реагира :)
    Иначе ја веке пред 2-3 месеца фино лепо си се вратив на Њиндоњс 7 и си уживам :)
     
    Последна промена: 23 Мај 2019
  9. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    1,007
    713
    1 Јуни 2016
    Тие што сакате десетче 1903, бујрум линкче.
    Истото исо е од мајкрософт сајтот (за симнување од сајтот треба да се помачите малце :D ). Симнато од двете места, проверено.
     
  10. joe_te

    joe_te
    Intern

    7
    9
    18 ноември 2015
    Машко
    прашање до поупатените , на лап топ HP со 32 гб ssd i 500 HD , при инсталација на Win 10 , и после тоа во disk management , едниот диск не ми го покажува односно оној SSD , имал некој некогаш ваков проблем ?
     
  11. Kazaam

    Kazaam
    Gaining Experience

    129
    80
    20 Септември 2013
    Машко
    Џое, тоа е хибиден диск така наречен sshd (ssd + hdd), така што немаш никаков проблем.
    Тој не можеш да го користиш ти, ни да го видиш, тој се користи само од системот за кеширање на податоци. Може да одбереш (во биос) дали оперативниот систем да го користи за кеширање или не. Ако мислеше да инсталираш ОС на него, нема да можеш.
     
    На joe_te му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kazaam

    Kazaam
    Gaining Experience

    129
    80
    20 Септември 2013
    Машко
    Зошто синмуваш торенти и Insider build.
    Го има кој сака да си го симен на официјалната страна на МС: Download Windows 10, со одбирање на download tool може да си симнеш оригинално .isо, или со горниот ассистен да го надградиш. Заборавете торенти со win 10, барем за тековни верзии
     
    На goranzoran и bxxxn им се допаѓа ова.
  13. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    1,007
    713
    1 Јуни 2016
    Пред 8 дена го немаше. Сеа го има и го симнав.
    За торенти, симнувам од generation2 веќе некои 4 - 5 години, и никогаш со ништо не сум имал проблем од нив.
     
    На zirkach му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MasteR_#0

    MasteR_#0
    Unstoppable

    2,708
    2,298
    14 Декември 2010
    Машко
    Некој има проблем на 1903 со рандом аудио лаг/крчење на YouTube или во MPC HC (т.е. генерално при гледање видеа)?

    На нет не можам ништо да најдам, проблемот го немав на 1809, ист хардвер/софтвер.
     
  15. Foldalot

    Foldalot
    Intern

    52
    42
    19 Март 2014
    Машко
    Windows после секој поголем апдејт прави и апдејт на драјвери. Мене еден ми прави сличен проблем ко твојот и rollback му правам.
    Провери ако имаш некои нови драјвери, кај мене AMD Sata мислам беше проблемот.
     
  16. MasteR_#0

    MasteR_#0
    Unstoppable

    2,708
    2,298
    14 Декември 2010
    Машко
    Чиста инсталација е, едино не пробав други аудио драјвери да ставам, ако воопшто има понови.

    Инаку најдов 1-2 поста на Reddit со истиот проблем, пак чиста инсталација, наводно во исто време кога се случува проблемот, sysmain (процесот за SuperFetch) зема нешто повисок % CPU usage од обично, и потоа се враќа на нормала. На HardForum пак кај еден корисник истиот процес го успорува цел систем, само не знам дали се работи за апгрејд или нова инсталација.
     
  17. BilboBaggins

    BilboBaggins
    Intern

    3
    0
    7 Мај 2019
    Машко
    Да се пробам овде, пред да отворам посебна тема :)

    Пред едно месец дена ми се случи тотално закочување на лаптопот, проследено со звуци на стартување и стопирање на претпоставувам некој од вентилаторите или дисковите. Рестартирав неколку пати, буквално ништо друго не превзедов и тераше океј.

    Деновиве, почна исто така да ми се случува или преголемо лагирање или тотален фриз на Виндоусот, а често и при самото уклучување, рестартирање и уклучување од sleep mode. Кочењето е толку големо, што не можам ни таск менаџер често да отворам, а на двата пати кога успеав, дискот беше на 100% поради Виндоус процеси. Кога го палам лаптопот, буквално како коцка да фрлам дали ќе можам нормално да работам или пак ќе се замрзне дали на логин скрин дали по 2 минути од логирање. Исклучив автоматски поврзување на ви-фи и почне мааалку поретко да ми се случува „лошото“ уклучување. Избришав непотребни програми, потсредив нешто минимално, али немаше ефект. Се случува и при „добро“ стартување да се соочам со кочење и буквално чувство како да работам на XP. Единствено нешто ново што успеав да најдам е да исклучам fast startup опција, што вечерва и утре ќе го пробам.

    Од каде воопшто да почнам да дијагностицирам што е проблемот и дали е хардверски или софтверски? Да избришам последни апдејти за Виндоусот? Програмче за тестирање на хард диск? Дефрагментација? Било што?

    upload_2019-5-30_1-36-54.png

    upload_2019-5-30_1-37-51.png

    Доколку се потребни други информации, побарајте :)
     
  18. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,300
    11,408
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Целерончето ти е ужасно споро и имаш малку РАМ, XP би било подобро за него.
     
  19. BilboBaggins

    BilboBaggins
    Intern

    3
    0
    7 Мај 2019
    Машко
    Свесен сум за тоа каква машина имам и што можам да барам од нејзе. Иако и Скајрим имам пример играно или имам работено со 15 таба во Хром, музика, офис и попат уште нешто, сега не можам ни таск менаџер да отворам.

    Работата е што од никаде ми се појави „проблемов“, без никакви знаци на wear&tear или пак постепено намалување на перформансите. Еве моментално куцкам од лаптопот, се си функционира океј, а на претходното палење ниту старт не ми отвораше. Што тоа точно би можело да се случува кога не сака да работи прописно?
     
  20. DeJaVu

    DeJaVu
    On your way to fame

    541
    666
    21 ноември 2010
    Машко
    Најверојатно хардот ти е на смртна постела.
    Симни HD Tune и провери го health табот, сигурно се напукале пуно бед сектори(realocated event count).
    Не треба да имаш жолти или црвени полиња ако е се во ред со дискот.
     
    На BilboBaggins му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Kazaam

    Kazaam
    Gaining Experience

    129
    80
    20 Септември 2013
    Машко
    Најважна работа во целава ситуација, што хард диск имаш. Според конфигурацијата и проблемот, претпоставувам класичен ротирачки диск, а не ссд.
    Слабата конфигурација со Win 10 -64bit, во комбинација со 5 месечни апдејти на ОС во мај, резултатот е тој што го имаш. fast boot ако исклучиш, нема да имаш некое подобрување, може само уште поспоро да ти се стартува лаптопот.

    Исклучи го superfatch/SysMain процесот во services. Друго со што би го убрзал е да си купиш ссд, барем тоа не е веќе скапо како на времето, ново е ~1400 - 2000 ден.
    Провери во таск менаџер кој/и процес/и заземаат најмногу ресурси од дискот. Ако е system процесот, со гасење на сервисот што го пишав ќе се релаксира прилично многу, но ако е Windows Modules Installer, тогаш те гушат апдејтите и најдобар спас ти е ссд диск.
    И уште нешто, ако почнал да прави апдејт најдобро да не го гасиш насилно компјутерот, сум имал повеќе вакви случаеви кога во тој момент успеваш да имаш компјутер и да ссработиш што ти треба, но потоа вади рандом 300 грешки и единствен спас му е ресет или свежа инсталација.
     
    На PC_GAMER му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Rukfash

    Rukfash
    Gaining Experience

    466
    280
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    Ја незнам зашо продавниците инсталираат 10ка на на вакви тапа процесори! У сетек мој другар и го вракја лаптопо и им вика дека несака 8-ца, не ја сакам (тоа време ја немаѓе уште десетката) они упорно подобро било, ке заштедел 2-3 гига у Ц партиција.
    Друже најубаво инсталирај си 7-ца, со неа раат ке си чинеш, па макар и да е хадрверски проблемо.
     
  23. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    3,955
    3,572
    5 Декември 2009
    Машко
    Мометално сум со 1809, синоќа реков да го апдејтувам преку Windows Update Tool от, но ми дава ерор дека наводно системот не поддржувал нешто и не можело да се инсталира. Не дава дека некој софтвер е проблематичен, туку само онака, ерор.
    Искрено не ми е битно да правам предвремена инсталација бидејќи читав дека не е сеуште среден, но онака за проба преку него... Можеби со чиста инсталација ке сака, но не би сакал да праам бекапи...
    Некој друг имал проблем вака или?
     
  24. MartinK_2

    MartinK_2
    Intern

    44
    4
    8 Декември 2011
    Машко
    Пробај уште еднаш...
     
  25. architect

    architect
    Unstoppable

    1,924
    2,284
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    Среден е, мене едина работа што ми сјеба беше драјвер за графичка т.е. сетинзите. Среќа нареден ден нвидиа извадија нови драјвери и се среди одма проблемот.

    Испратено од VTR-L09 преку IT.mk форум апликација
     

Сподели

Вчитување...