Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Совет за бела техника-очајни домаќинки

18 септември 2020
926
865
Македонија
Однесена машината, поправката би чинела повеќе отколку нова, така да машината оди во аут.
Сега сум на мисла дали да фрлам 125 евра за Беко машина за еспресо или пак нешто друго.
Fuego земи од Нептун ако имаш поголем буџет, само што по еден месец - секој месец пуштај ја празна на кратко да изврти, така ни кажа мајсторот што ни ја поправаше машината, за да се исчисти.
Ќе ти брка работа белким
 
Perdita_Durango

hello world
13 декември 2020
104
69
Однесена машината, поправката би чинела повеќе отколку нова, така да машината оди во аут.
Сега сум на мисла дали да фрлам 125 евра за Беко машина за еспресо или пак нешто друго.

Јас оваа веќе некое време ја меркам, од 2 места ми ја фалат иако и двата извори не ми се баш сигурни и меродавни. Дали можеби имал искуство некој од тука?
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.761
4.480
Неготино
Fuego земи од Нептун ако имаш поголем буџет, само што по еден месец - секој месец пуштај ја празна на кратко да изврти, така ни кажа мајсторот што ни ја поправаше машината, за да се исчисти.
Ќе ти брка работа белким

Јас оваа веќе некое време ја меркам, од 2 места ми ја фалат иако и двата извори не ми се баш сигурни и меродавни. Дали можеби имал искуство некој од тука?
Фуего и кафемат некако не ми одат во иста реченица. Делимано може да се погоди, може не. Не знам какво кафе би правела, а исто и се мислев.
Се одлучивме со невестата за оваа: Апарат за еспресо BEKO CEP 5304 X, 1628W, 1.1L. Ќе одам утре да ја земам. Не дека Беко е поим за апарати де ама сепак делови има и во Силбо за неа.
@VerGer не ми дадоа part number, само ја видоа и кажаа што е проблемот.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.284
5.256
Скопје
hackitfree.github.io

Јас оваа веќе некое време ја меркам, од 2 места ми ја фалат иако и двата извори не ми се баш сигурни и меродавни. Дали можеби имал искуство некој од тука?
Само 100е ? Вреди ! (y)
 
acikaaa

user
22 октомври 2018
1.188
1.190
Скопје
Се одлучивме со невестата за оваа: Апарат за еспресо BEKO CEP 5304 X, 1628W, 1.1L. Ќе одам утре да ја земам. Не дека Беко е поим за апарати де ама сепак делови има и во Силбо за неа.
Убаво изгледа, до сеа го немам видено.
Јас се мислев таа филипсот од тинекс со купони за 16.499, не го знаев моделот и им пишав на инстаграм кој модел е, и некако не ми се совпаѓаше моделот што ми го пишаа (Philips EP2225/10) со тој што го видов на лице место (Philips EP0820/00) и се откажав
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.761
4.480
Неготино
Фуего и кафемат некако не ми одат во иста реченица. Делимано може да се погоди, може не. Не знам какво кафе би правела, а исто и се мислев.
Се одлучивме со невестата за оваа: Апарат за еспресо BEKO CEP 5304 X, 1628W, 1.1L. Ќе одам утре да ја земам. Не дека Беко е поим за апарати де ама сепак делови има и во Силбо за неа.
@VerGer не ми дадоа part number, само ја видоа и кажаа што е проблемот.
После 3 години и нешто кусур користење KRUPS XP320830, се зема машинчево на Беко.
Можам да кажам дека прави предобро кафе, со оглед на тоа што јас купувам зрна и си ги мелам дома. Вкусот е многу различен отколку претходно со Крупс-от.
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.026
1.841
Скопје
После 3 години и нешто кусур користење KRUPS XP320830, се зема машинчево на Беко.
Можам да кажам дека прави предобро кафе, со оглед на тоа што јас купувам зрна и си ги мелам дома. Вкусот е многу различен отколку претходно со Крупс-от.
види си што вика за одржување и знаеш сигурно никако скопска вода :D
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.481
2.928
После 3 години и нешто кусур користење KRUPS XP320830, се зема машинчево на Беко.
Можам да кажам дека прави предобро кафе, со оглед на тоа што јас купувам зрна и си ги мелам дома. Вкусот е многу различен отколку претходно со Крупс-от.
Со здравје да го конзумираш!
Кажи ми, што мелница користиш за зрната?
Дали е онаа т.н. „бурова мелница“, што е изработена по принципот на мелнички камења (два „камења“ го мелат зрното со вртејќи во спротивен правец)?
Пред неколку години истражував нешто околу кафематот што го имав тогај, па испадна не било погодно за кафето да се мели со обичните мелници што мн.често ги има во некои комплети со миксерите, како тој што е на пр. за мелење шеќер, со ножиња.
Па купив засебна мелница (DeLongi ваква ќе да беше, од Elipso во Скопје ќе да ја зедов)
DeLonghi grinder1.jpg

Никако вода таква, строго Горска/Изворска/Ладна од туба директ.
Паметно, и јас користам исклучиво купечка вода, по тој распоред ко тебе.
Но сепак машината сака чистење (descalling).
Сегашниов кафемат го имам веројатно нешто повеќе од година, до сега го имам чистено еднаш со течност за чистење наменета за него (мислам август ќе да беше?), ама од пред неколку дена пак се запале сијаличето за чистење.
Сеуште дозволува да си напраам кафе, и покрај сијаличето, ама после некое време очекувам целосно да престани да ме слуша како летово, се додека не го поминам процесот со чистење.
Иначе, најголема мака е да се најди средствово за чистење (го немаат на лагер од лани ни во сетек, ни во нептун, иако ги продаваат кафематите).
Јас имав среќа, ми го дојсоја од странство средствово, шише од пола литро (за 5 употреби по 100 мл), пошто локално не успеав нигде да лоцирам :)

На здравје кафе :)
 
Последна промена:

acikaaa

user
22 октомври 2018
1.188
1.190
Скопје
После 3 години и нешто кусур користење KRUPS XP320830, се зема машинчево на Беко.
Можам да кажам дека прави предобро кафе, со оглед на тоа што јас купувам зрна и си ги мелам дома. Вкусот е многу различен отколку претходно со Крупс-от.
Со здравје да си користите :)
А за чистење во 7грама што е во сити мол наспроти маркетот Рамстор имате и за чистење и од каменец едно средство а и за бактериски чистење и не беа скапи
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.761
4.480
Неготино
Со здравје да си користите :)
А за чистење во 7грама што е во сити мол наспроти маркетот Рамстор имате и за чистење и од каменец едно средство а и за бактериски чистење и не беа скапи
Да, го имам купено тоа и го користев. Брка работа.
Со здравје да го конзумираш!
Кажи ми, што мелница користиш за зрната?
Дали е онаа т.н. „бурова мелница“, што е изработена по принципот на мелнички камења (два „камења“ го мелат зрното со вртејќи во спротивен правец)?
Пред неколку години истражував нешто околу кафематот што го имав тогај, па испадна не било погодно за кафето да се мели со обичните мелници што мн.често ги има во некои комплети со миксерите, како тој што е на пр. за мелење шеќер, со ножиња.
Па купив засебна мелница (DeLongi ваква ќе да беше, од Elipso во Скопје ќе да ја зедов)

Паметно, и јас користам исклучиво купечка вода, по тој распоред ко тебе.
Но сепак машината сака чистење (descalling).
Сегашниов кафемат го имам веројатно нешто повеќе од година, до сега го имам чистено еднаш со течност за чистење наменета за него (мислам август ќе да беше?), ама од пред неколку дена пак се запале сијаличето за чистење.
Сеуште дозволува да си напраам кафе, и покрај сијаличето, ама после некое време очекувам целосно да престани да ме слуша како летово, се додека не го поминам процесот со чистење.
Иначе, најголема мака е да се најди средствово за чистење (го немаат на лагер од лани ни во сетек, ни во нептун, иако ги продаваат кафематите).
Јас имав среќа, ми го дојсоја од странство средствово, шише од пола литро (за 5 употреби по 100 мл), пошто локално не успеав нигде да лоцирам :)

На здравје кафе :)
Мелницата што ја имам е оваа: Малница за кафе BOSCH TSM6A013B. Го мелам кафето точно 25 секунди, но со оваа машина ќе пробам 27 па да видам дали ќе е појако на вкус.
За descalling, има самата машина (новава) копче и кога првпат ја пуштивме, бараше да се притисне тоа. Е сега, читав во упатството дека за нормален descalling, траело и до 15 минути.
Кога некогаш ќе светне, ќе видиме колку стварно трае.

Инаку не гледам зошто такви мелници не се погодни за кафе. Еве веќе 2 години ја користам оваа мелница со 2 ножа внатре, преку 15кг кафе имам сомелено до сега.
 
Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.164
3.213
Струмица
И јас се фурав со специјализирани descaling течности еден период.
Сега ставам една кеса лимонтус од 10 грама во 1Л дестилирана вода и нема потреба од скапи течности. Главната состојка на сите тие течности е лимонска киселина. (citric acid)

Бев скоро три години на Неспресо капсули и од ова лето се префрлив на:

Тогаш беше 25К ден. а ја земав за 21К. Гледам Нептун ја имаат по одлична цена во моментов, така да кој се мисли за безболно и практично решение без мелници и други зезалици, моја препорака.
 
Проблемот е што малку се overpriced кај нас, не знам зошто. Истава (или слична на Krups) машина ја гледаше сестра ми во Бугарија, е 14500 денари, додека кај нас ја има во техномаркет и е 21500 денари.
Ненормална работа.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.481
2.928
И јас се фурав со специјализирани descaling течности еден период.
Сега ставам една кеса лимонтус од 10 грама во 1Л дестилирана вода и нема потреба од скапи течности. Главната состојка на сите тие течности е лимонска киселина. (citric acid)
И мене то ми беше како план БЕ, ако не се најдеше ова од план А :)
Мислењето е автоматски споено:

Со здравје да си користите :)
А за чистење во 7грама што е во сити мол наспроти маркетот Рамстор имате и за чистење и од каменец едно средство а и за бактериски чистење и не беа скапи
Ми беше шубе да не ја зафркнам, дека нов кафематот...па ради тоа повеќе сакав со препорачаните (и скапи и недостапни) средства да ја чистам...
А не сум знаел за ова дуќанче, ќе го имам во предвид.
Малце несекојдневно име, 7 грама?! (ерррммм, малце „дилерско“ името)
:)
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.761
4.480
Неготино
Малце несекојдневно име, 7 грама?! (ерррммм, малце „дилерско“ името)
:)
:D
Инаку ги има во сити мол и во рамстор, спроти Тудорс. Купував кафе од кај нив во зрна, ама многу им се намали количината.
Ова го земав јас.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.481
2.928

389mk

hello world
16 јануари 2020
280
306
Можеби е глупаво прашање, и уште поглупава претпоставка дека имаат поврзаност помеѓу себе, но во тек на минатата недела ни прегореа три различни фрижидери во период од неколку дена, на три различни локации. Дали има теоретски механизам како овие би можеле да бидат поврзани? Промени во струја, временски услови?
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.465
SK

Интересно... Тоа „три различни фрижидери на три различни локации“ некако исклучува технички моменти како линии/провајдер и слично. Баш да напишеш followup aко некогаш дојдеш до некаков заклучок.
 
TATA_MATA

poweruser
25 март 2013
2.147
3.019

Имаш нешто нагазено
 
389mk

hello world
16 јануари 2020
280
306
Интересно... Тоа „три различни фрижидери на три различни локации“ некако исклучува технички моменти како линии/провајдер и слично. Баш да напишеш followup aко некогаш дојдеш до некаков заклучок.
Едниот фрижидер е поправен. Објаснувањето беше дека било нешто затнато.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.465
SK
Oдводот за кондезатот веројатно... Тоа можеш и сам да го проверуваш и средуваш, има дупче долу на задниот ѕид кое преку цевче води до кадичка позади. Оттаму истекува водата што се кондензира на задниот ѕид, и тоа цевче некогаш се затнува. Само треба со нешто да го прочистиш и тоа е тоа.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно