Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Совет за бела техника-очајни домаќинки

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.465
SK
Тоа и ја со денови им викам, шо праите на 28 степени. Ќе им кажам да пробат да намалат на 25 - 26 па да видиме.
Фала ви.
Види ти колку е реалната температура во просторијата при тоа сетирање со 28с... Ако климата е преслаба за просторот и топлотните загуби, џабе е на колку степени да ја подесуваат. И баш вака ќе се однесува климата, чести дефрост циклуси, гласна работа, итн.
 
stefan_mkd

lurker
18 март 2015
843
669
Тоа и ја со денови им викам, шо праите на 28 степени. Ќе им кажам да пробат да намалат на 25 - 26 па да видиме.
Фала ви.
Оптимална температура во зимо е 21, а во лето 23. Ама што знам јас, на факултет така не учеа
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.761
4.480
Неготино
Види ти колку е реалната температура во просторијата при тоа сетирање со 28с... Ако климата е преслаба за просторот и топлотните загуби, џабе е на колку степени да ја подесуваат. И баш вака ќе се однесува климата, чести дефрост циклуси, гласна работа, итн.
20 - 22 степени е во просторијата пред да пуштат клима. Греат 30 квадрати некаде со таа клима и пред да почне dF цикусот, во собата знае и до 25 да стигне.
Можеби сепак треба да пробаат на помала температура.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.465
SK
Греат 30 квадрати некаде со таа клима и пред да почне dF цикусот, во собата знае и до 25 да стигне.
Можеби сепак треба да пробаат на помала температура.
Значи не успева да постигне загревање над 25с?
Треба појака клима веројатно за таму.

20 - 22 степени е во просторијата пред да пуштат клима
Поисплатливо (и поудобно) е едноставно да ја остават климата да работи 24/7 отколку секој ден да ја исклучуваат и вклучуваат.
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.761
4.480
Неготино
Значи не успева да постигне загревање над 25с?
Треба појака клима веројатно за таму.

Поисплатливо (и поудобно) е едноставно да ја остават климата да работи 24/7 отколку секој ден да ја исклучуваат и вклучуваат.
Сепак се префрлија на печката на дрва + радијатори :D
 
Chiller

user
8 март 2012
1.542
1.139
Скопје Аеродром
Ај да искористиме црн петок :) .Предлог да не е помала од 8кг, Samsung-ов за 18.000 или некоја Beko до кај 20.000
Беко има 5 години гаранција, башка Самсунгов што си го посочил е во класа Д, повеќе струја троши и 2 години гаранција.

Одговорот е лесен, сите машини се расипуваат без разлика на бренд, кој повеќе понуди гаранција и енергетска класа тоа е изборот. :)

И да, немој да заборавиш на инвертор мотор директно е врзан без каиш на бубањот.
 
fis1976

lurker
15 март 2016
674
1.298
Скопје

И Самсунгот има 5 години гаранција (освен ако не е условена, така барем им стои на сајтот), а за инвертер моторите, нели и Бекото се со инвертер мотор?
 
Chiller

user
8 март 2012
1.542
1.139
Скопје Аеродром
И Самсунгот има 5 години гаранција (освен ако не е условена, така барем им стои на сајтот), а за инвертер моторите, нели и Бекото се со инвертер мотор?
Има разни модели некои не се со инвертор. Самсунг пишува 5 години со слика, ама во спецификации пишува 24 месеци.
 
fis1976

lurker
15 март 2016
674
1.298
Скопје
Ај кога веќе прашувам, некој искуство со шпоретов BEKO FSE67300GW ? Или дајте некој предлог и тоа до 20.000, гледам има по некое останато Горење за од прилика таа цена
Мислењето е автоматски споено:

Има разни модели некои не се со инвертор. Самсунг пишува 5 години со слика, ама во спецификации пишува 24 месеци.
Значи да се бара машина а да не е со инвертер мотор? Јас од Беко таква не видов, барем не во тој ценовен ранг
 
Chiller

user
8 март 2012
1.542
1.139
Скопје Аеродром
Ај кога веќе прашувам, некој искуство со шпоретов BEKO FSE67300GW ? Или дајте некој предлог и тоа до 20.000, гледам има по некое останато Горење за од прилика таа цена
Мислењето е автоматски споено:

Значи да се бара машина а да не е со инвертер мотор? Јас од Беко таква не видов, барем не во тој ценовен ранг
1732523722325.png

Имаш во пребарување напредна опција. И да инвертор мотор е подобра опција.
 
Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.164
3.213
Струмица
@fis1976 зимај го Самсунгот ако сакаш. Го купив истиот модел (8кг) за моите, лани мислам беше. Немам никакви замерки. Ако треба сега да зимам и за мене, би земал уште една ваква.

Има 5 години гаранција, само ќе треба да се регистрираш на сајтот:
Почнувајќи од 26.03.2024 год. за секој купен Samsung WW80T4020EE1LE добивате продолжена гаранција од 3 година. Продолжената гаранција започнува да важи по истекот на периодот од 2 години на редовната гаранција, при што вкупниот период на гаранција ќе изнесува 5 години гаранција на уредот. За да се стекнете со правото на 5 годишна гаранција задолжителна е регистрација на интернет страницата samsungprodolzenagarancija најдоцна 30 дена од датумот на купување Понудата е промотивна и трае до 31.12.2024 год.
 
fis1976

lurker
15 март 2016
674
1.298
Скопје
Решив да ве давам денес :) . Мислење од некој кој веќе ги има едниот или другиот модел за шпоретиве Beko FSE67300GW и Gorenje GEC6A41WC. На прва ми изгледаат горе доле идентични, двата модела се со 5 години гаранција, Горењето има поголема рерна, едната плоча е дупла (помала и поголема), вкупната моќност е поголема а и некако функциите ми се "поразбирливи". Бекото има тајмер, за него најдов видео, стаклата на вратата на рерната се вадат а и самата врата (не најдов дали се вадат стаклата и вратата на Горењето :rolleyes:) .
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.761
4.480
Неготино
Пробувам да ја опрамам машинава ама изгледа нема да можам.
Кога правиш кафе, тече од пластиката надоле и покрај тоа што прави кафе, добиваш цел филџан обична вода од капење.
Ја отворив и видов дека некаде од пластиката нагоре излегува вода кога почнува да тече.

Дали знаете дали ова се прави или некој човек што чепка вакви работи?

Tnx
 
Атачменти

  • IMG_20241210_153154.jpg
    IMG_20241210_153154.jpg
    3,4 MB · Прегледи: 58
  • IMG_20241210_153159.jpg
    IMG_20241210_153159.jpg
    4,1 MB · Прегледи: 57
  • IMG_20241210_155502.jpg
    IMG_20241210_155502.jpg
    3,9 MB · Прегледи: 57

VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.026
1.841
Скопје
Пробувам да ја опрамам машинава ама изгледа нема да можам.
Кога правиш кафе, тече од пластиката надоле и покрај тоа што прави кафе, добиваш цел филџан обична вода од капење.
Ја отворив и видов дека некаде од пластиката нагоре излегува вода кога почнува да тече.

Дали знаете дали ова се прави или некој човек што чепка вакви работи?

Tnx
сервис официјален кој е? да видиш дал имаат делови .. тоа е ваљда соленоид ко што контам? незнам дал descale би помогнал (да не има бигор негде да глави па да не заптива добро) ил е нешто истрошено.
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.761
4.480
Неготино
сервис официјален кој е? да видиш дал имаат делови .. тоа е ваљда соленоид ко што контам? незнам дал descale би помогнал (да не има бигор негде да глави па да не заптива добро) ил е нешто истрошено.
Го извадив скрос, тоа горе пластиката со 5те штрафа е тоа што пушта вода. Не се прави освен целосно тоа да се промени.
Мора да имаат делови бидејќи машината се продава во Нептун и 2 пати ја имам праќано на сервис во 2022. Не се сеќавам кој сервис беше, не ми е при рака гарантниот лист (можеби е и фрлен).

Едит: Про сервис центар е. Се јавив, ми рекоа донеси ја слободно.
 
Последна промена:

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.691
3.330
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Има некој тука што има вграден фрижидер со некои димензии на 54цм ширина и должина (висина небитна), го гледав овој и на еден романски сајт видов оценки дека бил гласен, е сега не знам колку е тоа гласно за некои.. Би сакал некој што има сличен вградлив со тие димензии да каже искуства, или па на крај да си барам некој друг... Други што ги имам во листа се ОВОЈ, и ОВОЈ ако активирам дополнителна гаранција, ама мислам овој вирпулов изгледа малце noname бренд за мене.
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.026
1.841
Скопје
Однесена машината, поправката би чинела повеќе отколку нова, така да машината оди во аут.
Сега сум на мисла дали да фрлам 125 евра за Беко машина за еспресо или пак нешто друго.
Ако ти дадоа part number да видиш по ебеј?
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно