InSides
lurker
- 21 февруари 2009
- 770
- 2.042
ДА НЕ СЕ ПРОВЕРУВА ВО ЖИВО!!!
Неможеш да го постигнеш тоа време. Ќе загинеш.
Ќе частиш ракиичка и салатка и во живо ќе ти кажам како се поминува тоа растојание за тоа време.
Немам јас ни капацитет ни можност за такво возење. Еднаш го имам претекнато @Oktar со +5кмч од дозволеното и после не можев три дена да си дојдам на себе.
Мислењето е автоматски споено:
Чувствувам (ама збор за на IT форум, нејсе) дека во голема мерка ја разбирам фрустрацијата на @xenon мада не познајем човека.
Повеќе од јасно е дека локацијата на камерите се порамнува со рекламниот притисок кој го врши МВР. Надежта е (ех, надеж) дека нема да остане на тоа, и дека ова е само еден чекор кон подобрување на општата ситуација, која, шокантно за многумина, е последица на директна одговорност и на граѓаните и на извршната власт.
Подеднаква.
Никој не спори, колку што успевам да видам, дека треба да се почитуваат поставените правила. Гужвата е околу небулозноста на тие правила.
А што се однесува до различното третирање на различни граѓани поради нивното порамнување со една или друга политичка опција, тука ама навистина нема што да се направи. Многумина тука (и на форумот, верувам и на темата) уживаат индиректни привилегии поради таквата поставеност на извршната власт.
Примарен инстикт ми е да дадам доверба некому што првпат го гледам, додека не ја прекрши. Прекршувањето се случувало доволно често за да се појави сомнеж во таквиот пристап.
Дали ќе престанам? Најверојатно не, ама ќе пристапувам многу повнимателно.
И за на крај на поракава - еден колега од пред многу години кој ретко кажуваше вредни работи излезе со еден бисер кој ми остана - не можеш да ги тестираш луѓето за било што додека прво не им овозможиш солидна и сигурна околина за да научат.
Последна промена: