Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Safe City - Камерите за казнување

Titanium

hello world
1 март 2024
359
196

@kirev
Член 57
(2) Непосредно пред крстосница и на крстосница, возачот смее да престигнува:
  • возило што свртува налево, а се престигнува од десната страна (член 51 став (2) од овој закон),
  • возило што свртува надесно, но притоа со своето возило не преминува на делот од коловозот наменет за сообраќај на возилата од спротивната насока,
- возило што се движи по пат со првенство на минување, но притоа со своето возило да не преминува на делот од коловозот наменет за сообраќај на возила од спротивна насока

(3) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.
 
Последна промена:
18 август 2019
1.219
1.193
Тие што на тендери подметнуваат боја која што не одговара на стандардите (најдете ги, Македонија ги има прифатено европските IeC IEN не знам кој број) и тие што, од како некој муфљуз ќе го добие тендерот, не проверуваат што е испорачано, треба да одговараат заедно со мотоциклистот затоа што му спасија 300 евра и најмалку три месеци одземање на дозвола. Ова е члено од Закон ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПАТИШТАТА:

Член 58
(1) Возачот не смее да престигнува друго возило кое се приближува кон обележан пешачки премин, кое преминува пешачки премин или кое застанало заради пропуштање на пешаци на тој премин.
(2) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од три до 12 месеци, под услови и постапка утврдени со закон.
Се обидов ова да го објаснам, па ме обвинија дека го бранам моторџијата. Затоа кренав раце.
Инаку моторџијата секако нема да му избега казна, заради тоа што по повеќе основи е крив и заради тоа што очигледно е некое рандом копито без некои врски.
Кои „повеќе основи“? Нема (видлив) пешачки премин, нема сообраќаен знак, нема полна линија... На крај, ако најде добар адвокат целата вина ќе падне на детето.
 
Titanium

hello world
1 март 2024
359
196
Кои „повеќе основи“? Нема (видлив) пешачки премин, нема сообраќаен знак, нема полна линија... На крај, ако најде добар адвокат целата вина ќе падне на детето.

Повелете експерту:

Класично претекнување на возило (и тоа колона на возила) во движење на крстосница, со преминување во спротивна лента.

Исто така нема никаков видлив знак дека улицава има првенство на премин, а нема ниту дека улицата од десна страна е со помала важност. Следствено од ситуацијата произлегува дека двете улици имаат еднаква важност, па може да се смета дека се работи за класична крстосница на патишта со еднаква важност. Толку од твоето толкување ,,нема знаци, нема пешачки и нема полна линија". Епа нема ни друго.
 
Атачменти

  • 1743828607117.png.png
    1743828607117.png.png
    1,8 MB · Прегледи: 32
18 август 2019
1.219
1.193
Класично претекнување на возило (и тоа колона на возила) во движење на крстосница, со преминување во спротивна лента.
Како прво не е престинување, туку заобиколување на возило. Како второ не е колона на возила туку едно возило. Како трето не е преминување на другата лента затоа што нема полна или испрекината линија. Целата твоја теорија паѓа во вода.

А тоа што не ти се допаѓа поинакво мислење не е мој проблем.
 
Titanium

hello world
1 март 2024
359
196
Како прво не е престинување, туку заобиколување на возило. Како второ не е колона на возила туку едно возило. Како трето не е преминување на другата лента затоа што нема полна или испрекината линија. Целата твоја теорија паѓа вода.
:ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:
Читаш ли ти закони друже?
Член 57
- возило што се движи по пат со првенство на минување, но притоа со своето возило да не преминува на делот од коловозот наменет за сообраќај на возила од спротивна насока.
Дај да возиме сите по улициве каде што нема лента во спротивна насока. Не е престигнување, туку заобиколување. И не, се важи само последното возило, наредните не се колона. Легенда :D

Јак пример даваш, нема ленти, нема знаци, газете се пред себе. Аки вие не ги згазите, друг ќе ги згази. Јако ти е мислењево, секоја чест. Ама воопшто не е твој проблем, проблемот е на некој што ќе остане инвалид или ќе ,,отиде". Битно адвокатот ќе заврши работа.
 
Ако веќе цитираш закони, научи се и да ги толкуваш правилно.

Си поставил слика дека била колона, ама во моментот на несреќата не постои колона. Или за тебе е колона ако возилата се на 20-30 метри растојание, а последното не е во движење?

Од моја страна толку, не умеам поубаво од ова да ти објаснам. Остани си со своето убедување дека си во право, јас останувам со моето убедување кое го напишав во првата порака (впрочем подоцна го корегирав со додавање на уште еден виновник).
 
Titanium

hello world
1 март 2024
359
196
1.Не нафрај паушални изјави, објасни што конкретно не е според тебе правилно протолкувано од законот во ставот дека не смееш да претекнеш возило доколку твоето возило притоа преминува во спротивна лента. И возилото кое ќе застане во случајов зафаќа дел од спротивната лента. На раскрсница.
2. Погледни си ја снимката и ќе видиш дека моторот почнува со претекнување додека возилото се уште е во движење.
3. Не знам дали си возач, ама те молам ако налеташ на мене во град, или што е уште полошо на отворен пат, свирни ми за да успорам и не забрзувам кога пред мене има возила, за да евентуално не ја нарушам твојата дефиниција за колона на возила и да те пуштам да влезеш пред мене. А се надевам дека не си, зошто со овие способности да процениш ситуација на пат и вакво однесување, дефинитивно никој не е сигурен додека си во возило.

Завршив со дискусијата.
 
Titanium

hello world
1 март 2024
359
196
Темава е дефиниција за тетки од женски домаќински муабети (бившо на чешма) или чичковци со пиво во кладилница (бившо кооперација).
Се додека не те собере некоја од тетките зад волан која гледа само право на пешачки (бившо зебра) поради наводна спондилоза или чичкото кој мислел дека пивото исклучиво делува на волуменот на желудецот.
 
Последна промена:

kirev

senior
31 мај 2010
9.049
7.724
Од каде ова? Незначителен е бројот на жените. А очигледно чичковците и нивните синови прават 90% од убијците позади волан.
 
Titanium

hello world
1 март 2024
359
196
Од каде ова? Незначителен е бројот на жените..
Од лична статистика која вели дека жените се многу подисциплинирани кога се работи за почитување на брзината на возење, меѓутоа не и при застанување на пешачки. Или во превод, колку од нив ми прошле пред стапала кога поминувам на пешачки воопшто не свртувајќи ниту поглед, ниту глава. За среќа не возат толку брзо како што кажав претходно, а ни јас не сум од тие кои поминуваат на пешачки со телефон во раце или со поглед во небо. Секоја чест на исклучоци.
 
JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.711
3.835
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO

mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.771
4.493
Неготино
Може вакви закони треба и кај нас:
Kaj нас возач почетник не може да вози тој период, 2 - 3 години. Така да го има тоа кај нас.
 
18 август 2019
1.219
1.193
Kaj нас возач почетник не може да вози тој период, 2 - 3 години. Така да го има тоа кај нас.
Ама кај нас нема затворска казна. (Или има?)

Возач почетник кај нас се смета 2 години. Исто имаме ограничување на снагата на моторот за почетници.

Не знам сега дали може да се полага со 17 години. Некогаш одамна со 17 години се почнуваше авто-школа, но возачка не можеше да се добие пред 18 години (во случај ако положи пред тоа).
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Ми се допаѓа ова со затворската казна... Нема можност некој да „толкува“ олеснителни околности: Те фатат ли право идеш месец дена во затвор. Па ти повели ризикувај.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.049
7.724
Така е и ако убиеш човек на пешачки. Ама на пр. тоа не важеше за водителката/пеачката... Или одземање на дозвола најмалку на три месеци ако претекнуваш на пешачки додека друго возило стои за да пропушти пешаци. Сте чуле некому да одземале за тоа? А пишува во Законот за безбедност во сообраќајот со децении наназад
 
JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.711
3.835
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Баш ме интересира како би го извеле ова. Нели автомобилот е приватна сопственост?
 
18 август 2019
1.219
1.193
Баш ме интересира како би го извеле ова. Нели автомобилот е приватна сопственост?
За изведување, изводливо е. Предмети со кои се врши кривично дело подлежат на одземање. Но ме интересира како ќе го спроведат тоа кога се во прашање заштитените бели мечки.
 
Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.298
11.835
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro
Сите знаеме дека имало и ќе има бели мечки, ете ги сите со мемориран број од некој роднина или пријател што е на висока позиција, прави прекршоци без око да му трепне и знае дека ќе се извлече. Од кога зачестија полициските контроли се виде дека голем број од населението сеуште си вози по свои правила, не знам еве уште малку некој процент сега ќе се воздржат, ама ќе останат оние недопирливите заради кои не ми се излегува да возам освен ако не сум приморан.

Ми свират, ми блиндираат, пцујат затоа што возам 50км на час, ме заобиколуваат бесно и ставаат најмалку 5-6 возила во опасност. Денес од релација Карпош-Мавровка-Бутел-Карпош најмалку 10 пати ми се случи тоа. Сите со некои џипови или слични бесни возила. Двајца приметив позади мене на црвено што си пројдоа лагано. Пешаци пред влада исто на црвено, гледа дека само што престанало зеленото и се вклучило црвено, ама не бе, ајде уште ја да пројдам и ок ќе биде, а во меѓувреме тргаат коли на зелено и немаат каде да продолжат од пешаци што избезумено бегаат, некои кај криви па уште пцујат и се дерат. Се створи застој од глупост. Искрено се срамам од тоа каде живеам. Цел Балкан го имам превозено надолж и попреку, никаде го нема ова како кај нас.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346

Никаде. Само Албанија и наводно Турција( каде не сум возел) веројатно се вози полошо отколку тука. К*р ми е, двор ми е, шо сакам ќе прам. Ете тоа ни се дешава во сообраќајот буквално од сите учесници.
 
Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Последно што се запрепастив (позитивно) како се вози е во Атина лани.
Од Солун возат 3 пати подобро, а од Скопје - десетина.

И тоа фатив прв училишен ден.
 
kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859
Сите знаеме дека имало и ќе има бели мечки, ете ги сите со мемориран број од некој роднина или пријател што е на висока позиција, прави прекршоци без око да му трепне и знае дека ќе се извлече. Од кога зачестија полициските контроли се виде дека голем број од населението сеуште си вози по свои правила, не знам еве уште малку некој процент сега ќе се воздржат, ама ќе останат оние недопирливите заради кои не ми се излегува да возам освен ако не сум приморан.

Ми свират, ми блиндираат, пцујат затоа што возам 50км на час, ме заобиколуваат бесно и ставаат најмалку 5-6 возила во опасност. Денес од релација Карпош-Мавровка-Бутел-Карпош најмалку 10 пати ми се случи тоа. Сите со некои џипови или слични бесни возила. Двајца приметив позади мене на црвено што си пројдоа лагано. Пешаци пред влада исто на црвено, гледа дека само што престанало зеленото и се вклучило црвено, ама не бе, ајде уште ја да пројдам и ок ќе биде, а во меѓувреме тргаат коли на зелено и немаат каде да продолжат од пешаци што избезумено бегаат, некои кај криви па уште пцујат и се дерат. Се створи застој од глупост. Искрено се срамам од тоа каде живеам. Цел Балкан го имам превозено надолж и попреку, никаде го нема ова како кај нас.
Па, ова ти што го изнарече, тоа не се бели мечки - тоа се сите учесници во сообраќајот во Скопје...
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно