Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
Позитивни искуства со продажба на хардвер/предмети ( од членови на It.com.mk)
Многу позитивно искуство со @olikomerc. Ми излезе во пресрет за на работа, и ме почека додека се реализира плаќањето со деловите. Ако не ме пцуе, би соработувал повторно
Исто така поздрав и до @Jedah за рамот. Работи одлично.
Индиректен поздрав и до @Sephiroth преку кого стапив во контакт (иако не се видовНе) за таблет Н7 2013 за еден колега, веќе си го користи сопругата му.
Огромно позитивно искуство со UWEMI! Ми го даде неговото PSU на доверба на почек, а јас нему моето 700W да не биде без ПСУ додека му го платам.Право другарско позитивно искуство.
Позитивно искуство со Aowek. Земав графичка за другарче од младичот. Требаше да ја провериме кај него но не беше во можност кога се видовме, без проблем ни ја даде графичката да ја провериме без да му платиме. Секоја чест за довербата према луѓе кои прв пат ги гледа. Графичката проверена и работи како што треба, графичката платена и довербата оправдана
Моја препорака за соработка со @nikigo , се како што беше договорено, иако мораше да ме почека да дојдам од Битола.Нареден пат пиво мора да пиеме, сега лошо време беше.