• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Паметни часовници

krema

Professor
24 јуни 2009
12,078
11,458
youtu.be
Па ако не мери точно пулс зошто тогаш да му троши ресурси од батеријата, и јас би го исклучил тоа следење.
 
Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1,246
1,344
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Би требало барем часовникот да е точен? :)
 
Mr.Jack

Gaining Experience
9 февруари 2008
686
432
Ако константно мериш пулс со саатот барем можеш да приметиш разлика на пулс пред 10 дена или од едно вежбање до друго, колку и да не е точен пулсот, разликата ќе биде точна. За да приметите дали ви се намалува пулсот при вежбање на иста вежба повеќе пати или resting heart rate и слично
 
moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,739
3,108
Јас имам мибанд 5, батеријата трае 15-20 дена, вклучено сѐ што користам. Известувања за повици, пораки, пошта и сѐ останато, плус аларми. Мери и пулс, на секои 2 часа при мирување или постојано кога ќе се вклучи активност (така го подесив). Не сум забележал отстапки во однос на рачното мерење на пулсот. И броењето на чекорите е прилично прецизно. Знае некојпат мафтање со раце или некои слични активности да го изброи како чекор, но при нормално одење е точен.

Што се однесува на играње фудбал, повеќе би му верувал на ова, отколку на некој евтин гпс уред. Во ситуација каде има постојано трчање напред-назад, не сум баш уверен дека со тој гпс точно ќе се измери пројдениот пат.
 
Juve_fanatic

Gaining Experience
4 март 2018
144
120
@krema Другар,бидна. Хаваито 4ката го зедов. Корисник сум долго време на Хуавеи производи, ги сакам и знам апликацијата да им ја работам па за него се одлучив. Иначе, вечерва бевме на фудбал со кумов, и со опцијата "Outdoor Run" му прикажа 5,2 километри дека истрчал, што е тука така негде. Можеби 1км повеќе ако измерило пошто друг пат 4 или 4 и нешто трчал. Задоволително ако се земе предви дека е без ГПС вристбандов. Интересен е. Битно му купив на кумот поклон, а тој е пресреќен со гаџетов. 97% батерија имаше кога го уклучивме гаџетов така да ќе постирам искуство со тоа. Му го исклучив константното следење на пулс, тоа да напоменам. Иначе, кога му ѕвонав на телефон, му покажа со име дека сум јас, значи ги учитува контактите ама изгледа не може да одговори со вристбандот само може да види кој го бара и да спушти, ама тоа 100% утре ќе го провериме. За други искуства ќе постирам деновиве. Има уште една работа што сакам да ја споделам со вас во однос на Хуавеи, една многу занимлива и важна цака и информација. Прво да се искапам, испотен сум од трчање :)
 
Juve_fanatic

Gaining Experience
4 март 2018
144
120
Дечки, можда ќе е подолг постов, не знам. Имено, кога го отворивме гаџетов, нормално застанав да му го спојам со телефонот. За Хуавеи гаџети, Хуавеи си имаат една апликација "Huawei Health" тоа сигурно го знаете. Е сега, кумов има постар Самсунг, S6, и јас отидов на Плеј Стор и му ја спуштив апликацијата. Ама наидов на проблем, во опцијата "Wristbands" кога сакав Pairing да направам не можев да го најдам моделов на гаџетов. Имаше опција нешто како "Update list of models" ама кога и да кликнев на неа ми кажуваше "Unable to connect, no internet connection" а телефонов поврзан на Ви Фи. Пробав на еден телефон, на телефонот од жена му, па после пробав и на телефонот од жена ми, истото се случуваше, не можеше да ја апдејтира листата. Пробав на крај на мојот телефон, Хуавеи П20 Про, истото ми го викаше, ама после неколку обиди, се апдејтира листата. Не ми беше јасно шо е проблемот. Препотев од нервоза, филмот ми се скрши, си реков треба понов телефон да имаш. Па читав на интернет, гледав видеа на Јутјуб, пак ништо, не можев да најдам што е проблемот. На крај, случајно најдов на интернет, на некој форум или нешто каде што еден корисник имаше напишано дека можно е да се јавува овој проблем поради тоа што верзијата на Huawei Health од на Плеј Стор шо можеш да ја спутиш не е најновата поради тоа што Хуавеи се повлекле од на Плеј Стор и се префрлиле на нивното Huawei App Galery и дека најновата верзија може само од таму да се спушти, фактички прекинале да праќаат апдејти преку Плеј Стор. Па на Самсунгот негов, преку Гугл Хром ја спуштив некако Huawei App Galery и преку неа ја спуштив наново Huawei Health апликација. И вистина, кога споредив, на Плеј Стор верзијата беше 10.1 и некои други бројки, а преку нивното Huawei App Store верзијата беше 11.5 и нешто. Ја отворив апликацијата, отидов во Add Wristband, и исто, не можев да го најдам моделов, кликнав Update List и исто ми кажуваше дека нема интернет конекција, но после неколку обиди, на мое огромно задоволство, се апдејтира листата и конечно ми излезе моделот и успеав да го спојам со телефонот од кумов.

Патешествиево траеше едно 40 минути, препотев од нервоза и ми се слоши од разочаривањето што го осеќав, но на крај го средив.

Затоа реков да го споделам тука ова, можеби на некој ќе му помогне, баш интересна ситуација е ова.
Извинете за долгиов пост.
 
Daniel86

Guru
28 мај 2013
2,826
7,426
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i7 3770 & Cooler Master Hyper 612 V2
Motherboard
Asus P8Z77-V PRO
Storage
Samsung 860 EVO 250GB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Cooler Master-Silent Pro Gold 600W
RAM
Geil 2x8GB
Video card
Asus R7 250 2GDDR5 & Intel HD 4000
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
Logitech MX1000
Keyboard
Verbatim KU-0725
Audio
Realtek ALC887 & Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Philips 222EL
OS
Windows 7 Ultimate SP1 x64 И НЕ ГО МЕЊАМ!!!

NecrotoX

Unstoppable
4 март 2013
3,579
3,735
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 970 EVO Plus 250 GB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
16GB Kingston HyperX FURY DDR4 @ 3200 MHz
Video card
GIGABYTE GeForce GTX 960 4GB Windforce x2 OC Edition
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Genesis Xenon 210
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro + Philips 222EL1SB 22"
OS
Windows 10 Home x64
Дечки, можда ќе е подолг постов, не знам. Имено, кога го отворивме гаџетов, нормално застанав да му го спојам со телефонот. За Хуавеи гаџети, Хуавеи си имаат една апликација "Huawei Health" тоа сигурно го знаете. Е сега, кумов има постар Самсунг, S6, и јас отидов на Плеј Стор и му ја спуштив апликацијата. Ама наидов на проблем, во опцијата "Wristbands" кога сакав Pairing да направам не можев да го најдам моделов на гаџетов. Имаше опција нешто како "Update list of models" ама кога и да кликнев на неа ми кажуваше "Unable to connect, no internet connection" а телефонов поврзан на Ви Фи. Пробав на еден телефон, на телефонот од жена му, па после пробав и на телефонот од жена ми, истото се случуваше, не можеше да ја апдејтира листата. Пробав на крај на мојот телефон, Хуавеи П20 Про, истото ми го викаше, ама после неколку обиди, се апдејтира листата. Не ми беше јасно шо е проблемот. Препотев од нервоза, филмот ми се скрши, си реков треба понов телефон да имаш. Па читав на интернет, гледав видеа на Јутјуб, пак ништо, не можев да најдам што е проблемот. На крај, случајно најдов на интернет, на некој форум или нешто каде што еден корисник имаше напишано дека можно е да се јавува овој проблем поради тоа што верзијата на Huawei Health од на Плеј Стор шо можеш да ја спутиш не е најновата поради тоа што Хуавеи се повлекле од на Плеј Стор и се префрлиле на нивното Huawei App Galery и дека најновата верзија може само од таму да се спушти, фактички прекинале да праќаат апдејти преку Плеј Стор. Па на Самсунгот негов, преку Гугл Хром ја спуштив некако Huawei App Galery и преку неа ја спуштив наново Huawei Health апликација. И вистина, кога споредив, на Плеј Стор верзијата беше 10.1 и некои други бројки, а преку нивното Huawei App Store верзијата беше 11.5 и нешто. Ја отворив апликацијата, отидов во Add Wristband, и исто, не можев да го најдам моделов, кликнав Update List и исто ми кажуваше дека нема интернет конекција, но после неколку обиди, на мое огромно задоволство, се апдејтира листата и конечно ми излезе моделот и успеав да го спојам со телефонот од кумов.

Патешествиево траеше едно 40 минути, препотев од нервоза и ми се слоши од разочаривањето што го осеќав, но на крај го средив.

Затоа реков да го споделам тука ова, можеби на некој ќе му помогне, баш интересна ситуација е ова.
Извинете за долгиов пост.
Трамп е крив :)
 
Avid

Guru
21 јануари 2009
5,460
8,584

Кај за Јуве навиваш, уште ова ти фалеше...
 
dddragan

Gaining Experience
12 август 2014
312
371
Доколку сакате точно HR мерење при физичка активност, само со chest strap. На зглоб и малце да се запотите знае сензорот грешни резултати да даде.
 
CyberKid

Intern
4 јануари 2021
1
0
Што мислите за Samsung Smartwatch сакам да земам еден од овие три модели: Gear S3‚ Galaxy Watch, Galaxy Watch 3 ако некој има било кој од овие може да сподели и искуство.
*Нов сум на форумот ако не е соодветен постов во топиков може да го тргнете*
 
Маша

Practice makes perfect
24 април 2007
430
1,095
Деновиве се прешалтав од Honor Band 4 на Huawei Watch Fit. Му влегов мислиш за у Navy SEALs се спремам, да ги истрошам чоколадите од Коледе што морав сама да ги изедам :oops:

Не сум некој спортист, освен пешачење/планинарење, точак, базен, нешто јога истегнување и core/abs вежби, ништо посебно не правам, па не ми требаше некој кујзна каков. Округлите не ми се допаѓаат, како и оние со дупка измеѓу каишот и диплејот.

Овој има AMOLED дисплеј со две нивоа на brightness и еден auto. Солидно се гледа надвор, ама не знам како ќе биде во лето, со појака директна светлина. Големината ми е таман. Не е гломазен, а сепак подобра видливост. Прилично е лесен на рака, со replaceable straps и еден куп watch faces за избор.

Магнетскиот полнач ми е малку килав. На мало поместување некако лесно ми се мрда. Брзо се полни. За 5 мин доаѓа од 4% до 50% што добро ми доаѓа, ако треба да излегувам или како што обично ми текнува пред спиење дека треба да го полнам, а ако немам sleep data сабајле, ќе патам :D Со сѐ уклучено (TruSleep, Continuous heart rate monitoring, Automatic stress test, Auto track GPS) ми трае негде околу 5-6 дена.

Споредено со бендот, овој има вграден GPS, SpO2, и демек стрес монитор на кој не му верувам. И ПМС пројдов и интервју со Заев пуштив он пак Average Relaxed или Normal. :mad:

Освен стандардните опции за find phone, remote shutter, timer, stopwatch, Flashlight опцијата ми брка ептен работа за навечер кога се шуњам во мрак. Исто и опцијата за контрола на музика е надградба во однос на Honor бендот.

Преку 90 модови за вежбање и 12 анимирани курсеви за Fitness и Running. Малку се досадни, ама се надевам со некој следен апдејт ќе ги надополнат. Подобра аналитика на ефикасност има од бендот, со recovery time, со сите нишани. Само приметив ако одиш преку овие курсеви, не преку модовите на активности, не ми се апдејтираа во Huawei Health App, иако стојат во Workout record на самиот саат. Штом завршам, ако одма ги синкнам изгледа се ажурираат.

TLDR: За некој што не е фитнес фанатик, не му треба да одговара на повици, доволни му се само нотификациите, за таа цена е ептен солидно саатче. Raise to wake малку знае да ме зафркава како и реконектирањето со BT, ама можам да живеам со тоа ;)
 
Baraban

Intern
31 октомври 2012
38
5
Дечки се мислам помеѓу huawei gt2 и samsung gear s3 frontier. Дали може да ми кажете кој е поисплатлив според или па некој друг модел да препорачате до 12.000 13.000 ден.
 
mviktors

Practice makes perfect
25 октомври 2012
967
1,320
mviktors's setup  
Processor & Cooler
Intel i7 6700K & Noctua NH-D15
Motherboard
ASUS MAXIMUS VIII HERO
Storage
WD10EZEX 1TB+ SSD 500gb
PSU
CM Vanguard 750W
RAM
2x8GB Kingston HyperX Predator
Video card
ASUS Strix GTX 1070 8G GAMING
Case
CM Storm Scout 2
Mouse
A4Tech V7 Bloody
Keyboard
A4Tech B120 Bloody
Audio
JBL LSR305 & HyperX Cloud Pro
Monitor
LG 27GL850 & Dell U2412M
OS
Win 10 x64
Некој друг околу таа цена, од Xiaomi нешто?
За каква намена ти е саатот? Види го Galaxy Watch Active 2, S3 frontier е многу стар модел.
 
Juve_fanatic

Gaining Experience
4 март 2018
144
120
Некој друг околу таа цена, од Xiaomi нешто?
Ги имам и Галакси Актив 2 и Хуавеи ГТ2. Ако ти е за спортување, Галакси, ако ти е за носење општо онака, повеќе него ли за спортување, ондак ГТ2. ГТ2 е преелегантен, многу фина изработка, одличен изглед. Галакси Актив во однос на опции го јаде Хуавеито, зато е и поскап. Имс разлика меѓу двата часовника, Галакси Актив 2 има некое детаљи шти ГТ2 ги нема. Пример:
1. На Галакси Актив 2 можеш да одговараш на пораки, има пишување, на ГТ2 нема.
2. Кога ќе примиш порака, пример на некоја од социјалните мрежи, на Галакси актив ти излегува икончето од апликацијата, така да знаеш на која социјална мрежа ти пишале или од што ти е нотификацијата. На Хуавеито немаш тоа.
3. На ГТ2 имаш само 10 "favourites" контакти на кои можеш да им се јавиш од часовникот, на Галакси Актив 2 го имаш цел именик на саатот.
4. Батеријата на Хуавејто е феноменална, со сите можни штракатанции и мерења да ги држиш уклучени ма саатот, 6 дена ко ништо држи батеријата, на Актив 2 батеријата МАКС ако издржи 2 дена. Ова ќе видиш дрка знае да нервирам многу, да купиш саат за на рака, а да мораш да го полниш секој Божји ден.
5. ГПС-от на ГТ2ката при вежбање/трчање/спортување е катастрофа, тогално неточно мери, барем мојот, а Актив 2ката го нема тој проблем. Пример, на една рака кога бев на фудбал го имав ГТ2ката, а на друга Гармин часовник. Хуавеито ми измери 2,9км истрчани за 1 саат, Гарминот измери 4,3км. Секоја утакмица исто. За трчање, Актив 2ката е подобар.

Сума сумарум, ако сакаш да имаш гаџет со опции (кои реално нема да ги користиш многу, јас не памтам дали повеќе од 5 пати сум одговорил на порака преку Актив 2ката),и ако сметаш дека овие детаљи како икончињата што ги покажува од апликациите и слично кога некој ти пишажува, би ти биле битни, оди со Галакси Актив 2. Ако ти е да го имаш најдоброто од двата света, и саат елегантен и смарт воч, ондак дефинитивно ГТ2ката. Јас лично ГТ2ката не го слекувам од мене, тоа што трае батеријата до 10 дена е феноменално и изгледот, според мојот вкус, е фантастичен. . Актив 2ката го има жена ми.

Се надевам нешто помогнав, ако имаш прашања, пиши слободно. Поздрав.
 
imortel

Gaining Experience
18 февруари 2012
123
161
Скопје
Некој друг околу таа цена, од Xiaomi нешто?
Од Garmin Vivoactive 4, па на Huawei GT2 Pro, па на Galaxy Watch Active 2 и сега сум на Galaxy Watch 46mm постариот модел.
Го користам за јавување и зборење, бидејќи цело време сум на велосипед и не можам да вадам телефон секогаш, GPSот е перфектен, дури нема разлика со прецизноста на Garmin.
Huawei GT2 Pro е мислам перфекција од часовник во однос на квалитет и на изглед, но во однос на функционалност за мене е катастрофа од причини што:
- не можеш да вратиш на било која порака
- за да синхронизираш со Strava треба ептен да се помачиш и да чекаш со денови
Јас би ти препорачал да го погледнеш Tic Watch 3 GPS.
 
Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
43,120
Мислења
838,799
Членови
29,029
Најнов член
ivanaivaivana
На врв Дно