Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Оптички интернет во Македонија

DemoUser

Баниран/a
27 април 2010
1.457
1.632
Скопје / Автокоманда
@Miroslav Ilic нема да ти успее бидејќи тоа ти што го бараш е голем проект и они не можат да донесат за тебе специјално оптика само.
Ако носат носат за цел ресон и повеќе куќи со тоа што ако си во куќи шансите се поголеми да стават оптика ако собереш 50 100 души во околината што сакаат оптика од телеком и тогаш би им се исплатело, со тоа што би донеле оптика.
Е сега има бесмртници кои за рок од 1 ден им носат оптика садат 1230912309123091203912 бандери по потреба и се носи одма доводен кабел ако имаш такви врски ти кажувам дека одма ќе ти наместат.
 
spiritBreaker

LaravelMaster
27 октомври 2015
3.834
4.976
Писти Охту
Брзините на оптиката се симетрични и стабилни и кога би користел кабел од рутерот до пцто и ако пцто ти е топ стално ќе ја добиваш брзината спрема пакетот, али ова ти го кажувам за неотел или телеком ,
истово не важи за телекабел

а телекабел има да јаде ФУРНИ уште 20 години дур го стигне телеком и да има таква мрежа како телеком оптичка.
еве, јас сум на телекабел оптички, 150 со 150 константно имам. не сум имал никакви проблеми.
 
vavio

read-only
12 јануари 2008
35
76
Има ли некој успешно со молба добиено оптички кабел до место каде што немало претходно? Од Трубарево сум и нема покриеност овде од било кој оператор. Имам огромна потреба од оптика поради уплоад на поголеми видео фајлови секојдневно. Имате ли предлог што да правам, дали воопшто да се молам во телеком или останативе? 50/3 не ми врши работа моментално воопшто.
2-3 месеци Телеком ме убедуваа дека нема можност за оптика да ми донесат. Ко наместив WDSL интернет од кај нив, разбрав од монтерите дека наспроти мене имаат наместено оптика од пред година дена, па си се јавив во контакт центар и му реков „ако напроти мене има оптика, можи и кај мене да донесите оптика“. После 2 дена дојдоја и си наместија оптика без никаков проблем.
Види распрашај се некаде во близина дали има некој да користи оптика, оти очигледно не си ја знаат мрежата нивна со покриеност па треба вака сам да се замараш
 
Ab@ace

lurker
21 мај 2016
854
737
Додека цел свет отиде на оптика дури и оние банана држави веќе преминаа на оптика, кај нас уште неможат да изградат инфраструктура на оптика како треба се уште има улици и региони со неможност на оптика ?!?!
 
18 септември 2020
937
881
Македонија
Оптичкава инфраструктура досега требаше да биде распостранета насекаде низ нашава држава, макар да е и низ бандериве кои ја преносуваат струјата. Телеком сеуште користи бакар во Прилеп како што гледам кога ќе појдам по работа нешто, ама арно што сега повеќе се ангажира и поактивно ја проширува својата оптичка мрежа. Некако не ми е јасно тоа што Телеком носи до некои компании оптика по бандери што се малку понадвор од градот, а уште некои делови од градовите не се покриени со оптика?! Како што пишав погоре, макар и низ бандериве за струја што се надвор од населеното место, може да се носи оптика, видов баш таков пример од Телеком, ама до една компанија и бандерите плус тоа се циментирани, некаде ако се од дрвен материјал и поостарени тие може да ги замени ЕВН, оти некоја комбајна само малце да удри ќе снема струја едно цело место. @DemoUser дали доколку се соберат потписи потребни за пуштање на оптика од цело населено место, може да се побара еве пример од Телеком тие да изградат својата оптичка мрежа?
 
Mechanic

hello world
2 мај 2016
328
235
Има ли некој успешно со молба добиено оптички кабел до место каде што немало претходно? Од Трубарево сум и нема покриеност овде од било кој оператор. Имам огромна потреба од оптика поради уплоад на поголеми видео фајлови секојдневно. Имате ли предлог што да правам, дали воопшто да се молам во телеком или останативе? 50/3 не ми врши работа моментално воопшто.
Таму може да добиеш оптика само како бизнис корисник, т.е ќе направат увид и ќе ти дадат пресметка колку би те чинел пакет специфично за тебе и со специфични брзини (вака функционираат голем дел од фирмите).
Инаку е прилично скап процес и искрено да инвестираат големиве оператори треба: да имаат огромна мака со постојната мрежа, да им влезе некој од малите како конкурент (старите кабелски таму не постојат така да останува телекабел или овој од виница).
Мислењето е автоматски споено:

Додека цел свет отиде на оптика дури и оние банана држави веќе преминаа на оптика, кај нас уште неможат да изградат инфраструктура на оптика како треба се уште има улици и региони со неможност на оптика ?!?!
Далеку од тоа дека цел свет е на оптика, еве ти планови за гиганти земји до каде се.
Холандија е најизградена од европските, другите доправа ќе преминуваат.
 
Последна промена:

DemoUser

Баниран/a
27 април 2010
1.457
1.632
Скопје / Автокоманда
@Македонското момче можно е да донесат оптика за населено место да ама треба лична карта број и потис чива е куќата или станот.
Воедно мора некои од тие што ќе се потпишат да сакаат оптика и одма да се префрлат на оптика ако веќе се корисници на бакар.
Така е можно но мора тоа да биде лична карта број име презиме и потипис тој што е негова куќата местото или станот.
Што повеќе потписи тоа подобро , но пак зависи дали од тие луге кои се подпишале би користеле пакет од телеком.
Телеком си има своја математика и бизнис каде што на пример покрај телеком и а1 е во ќар и неотел.
Така да сите тие фирми кои ја изнајмуваат мрежата на телеком и они добиваат ќар да земат корисник од телеком кога би имало оптика на телеком.
Се е тука бизнис ова и јас не можам да ви помогнам али искрајно кажано телеком нема да ви стави оптика ако вие мислите да идете на неотел или а1,
ќе си чекате регуларно кога ќе ви дојде ред.
Тука престанувам со зборење дека има премногу шпиуни на форумов.
 
dev1ance

read-only
3 февруари 2020
13
8
Некој на Телекабел оптика може ли да ми прати speedtest до некој сервер во Франкфурт?
 
18 септември 2020
937
881
Македонија
@Македонското момче можно е да донесат оптика за населено место да ама треба лична карта број и потис чива е куќата или станот.
Воедно мора некои од тие што ќе се потпишат да сакаат оптика и одма да се префрлат на оптика ако веќе се корисници на бакар.
Така е можно но мора тоа да биде лична карта број име презиме и потипис тој што е негова куќата местото или станот.
Што повеќе потписи тоа подобро , но пак зависи дали од тие луге кои се подпишале би користеле пакет од телеком.
Телеком си има своја математика и бизнис каде што на пример покрај телеком и а1 е во ќар и неотел.
Така да сите тие фирми кои ја изнајмуваат мрежата на телеком и они добиваат ќар да земат корисник од телеком кога би имало оптика на телеком.
Се е тука бизнис ова и јас не можам да ви помогнам али искрајно кажано телеком нема да ви стави оптика ако вие мислите да идете на неотел или а1,
ќе си чекате регуларно кога ќе ви дојде ред.
Тука престанувам со зборење дека има премногу шпиуни на форумов.
Ти благодарам за дадениот одговор, сега многу нешта ми се појасни .
 
Gizmo_x

read-only
14 октомври 2009
23
3
Битола е катастрофа за подршка за оптика... има само на 3-4 мали делчина каде што има државна установа и тоа е се... Ако има човек срека да живее до училиште ќе добие, во обратно ќе сонва...
 
Godlike

lurker
11 октомври 2014
883
1.013

Во кој регион живееш во Битола?
Телекабел скоро сегде има поставено по бандери Оптика.
 
Gizmo_x

read-only
14 октомври 2009
23
3
Во кој регион живееш во Битола?
Телекабел скоро сегде има поставено по бандери Оптика.
Веро Јампо сум и пред неколку дена прашав техничка екипа од телекабелми кажаа дека имаат техничка можност но сепак требало барање да пуштам за официјално да ми потврдат. јас имав долги напори со телеком и неотел но не ми пуштија линија...
 
Godlike

lurker
11 октомври 2014
883
1.013
Веро Јампо сум и пред неколку дена прашав техничка екипа од телекабелми кажаа дека имаат техничка можност но сепак требало барање да пуштам за официјално да ми потврдат. јас имав долги напори со телеком и неотел но не ми пуштија линија...
Од Телеком и Неотел ќе треба долго да чекаш, пошто тие копаат и така спроведуваат оптика под земја. ( Ќе чекаш со години, ако си во горниот Џамбо )
Ако техничка екипа ти рекле дека има можност, подај си барање и ќе почекаш неколку дена или недели.
Се надевам телекабел ќе ти завршат работа.
 
acolazarov

read-only
14 мај 2010
12
1
Телеком кај мене ставаат на големо оптика низ градот (уџум, Виница), а слушам и низ другите градови. Ми ветија дека ќе ме приклучат следната недела. Не ми се верува, без најава ставија 2-3 бандери плус на улицата и пуштија кабел.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.313
5.309
Скопје
hackitfree.github.io

Ејјј...Главен фраер ќе бидеш у Виница :cool:
Сите момички ќе дојдат на кафе и на Спидтест :p
 
musicenthusiast

hello world
15 октомври 2021
187
266
Некој да сподели искуства со Телекабел vs Телеком оптички интернет во Струмица? Моментално сум на Кабелнет (кабелски интернет) и ич не сум задоволен па размислувам да се префрлам на оптички од нареден месец.

BTW, не знам дали на погрешни места барам но не можев да најдам никакви информации на сајтот на Телеком. Во документот за повеќе информации за интернет пакетите брзините не се симетрични, според тоа претпоставувам не е оптички (според моето слабо знаење за мрежи).

TIA
 
DemoUser

Баниран/a
27 април 2010
1.457
1.632
Скопје / Автокоманда
@musicenthusiast ако имаш во градот оптика од телеком земи си тестирај си 15 дена тест период имаш на пакет мислам расрашај се убаво немој да бидеш СЛЕП кај тетките во салонот со цицињата и убаво нашминканите.
Телекабел ти е без договор така да кај нив нема што да ти објаснувам си бираш тестираш не ти се свиѓа се гаснеш.
Телеком така не можеш но како што знам имаш тест период 15 дена и тоа се многу денови ако знаеш како да го тестираш интернетот во рок од 5 дена максимум ќе видиш која му е стабилноста и зависно за што ти треба дали ти одговара.
Ако не си сигурен земај си договори на неопределено време можно е за да се 100 200 денари поскапи ама на крај тебе повеќе ти одговара.
Треба да размислиш за што ти треба интернетот дали е поради стабилност дали е за гејмање дали е за работа и да видиш во твојот град и реон кој провајдер каква стабилност има.
Интернетот на телеком ако е на оптика зависно како е направена инсталацијата кај тебе дали е во зграда или куќа не може да има проблеми затоа што си има техничари и си бараат решение одма бидејќи оптика и бакар не се исто и на оптиката многу лесно се открива каде е проблемот ако постои.
Така да пак ќе пишам размисли си за што ќе го користиш интернетот и распрашај се УБАВО и кога ќе идеш кај тетките по салони не ги гледај во цицкињата гледај ги во очи или пак замижувај по малце и прашувај што повеќе :) , а не на слепо да оставаш потпис и после олелел мајкице.
 
Важи, ќе се распрашам фала ти, не знаев за 15 дена тест периодот. Секако ќе го правев тоа но сакав да видам дали има тука некој што ќе ми даде unbiased мислење.

Инаку за работа од дома и гејмање ми е - освен со директна употреба за тоа што ти треба, како би го тестирал ти?
 
DemoUser

Баниран/a
27 април 2010
1.457
1.632
Скопје / Автокоманда
Важи, ќе се распрашам фала ти, не знаев за 15 дена тест периодот. Секако ќе го правев тоа но сакав да видам дали има тука некој што ќе ми даде unbiased мислење.

Инаку за работа од дома и гејмање ми е - освен со директна употреба за тоа што ти треба, како би го тестирал ти?
Зависи дали си на кабел или на вифи повеќето од времето се си има свое.
Во врска со телеком каков и рутер да ти дадат на вифи нема да ти гаранатираат никаква стабилност.
Така да ако се решиш за телеком гледај ставај кабел одма директно од ЛАН 1 и тестирај што побрзо да видиш дали ќе ти врши така работа, затоа што на вифи се ќе ти биде варијабила и телеком ќе ти повторам СИ СЕ ПОВЛЕКУВА ВО ВРСКА КОГА СТАНУВА ВИФИТО ако работиш или играш на него, затоа што кај нас тука во ск има луге кои ги знам сеуште тераат инает играат на вифи и се мава од земја вика дека вифи е подобро од кабел.
 
Нормално етернет си е етернет, од директна врска нема подобро.

Се јавив денес во Телекабел, најверојатно преку прозор таман би ми дошло до компјутер па лесно ќе биде за поврзување. Моментално сум на вифи бидејќи потешко ќе беше да го ставам рутерот поблиску а не сакав жица од една во друга соба. Немале они пробен период како Телеком (ама може кога сакаш да го раскинеш договорот), па размислувам прво Телеком да пробам па Телекабел бидејќи кај нив е ем поскапо за 200, ем 100/100 D/U (а на телекабел 150/150 за 1000)
 
musicenthusiast

hello world
15 октомври 2021
187
266
Апдејт: вчера кога се јавив во Телеком ми рекоа можело 15 дена пробен период, денес во салон ми рекоа не можело. Се јавив од таму на нивниот контакт центар и од таму ми рекоа овој пат дека не може.

Сега се мислам дали да доплатам да не сум на договор, или да склучам договор на слепо со нив. Неколкуте луѓе кои ги познавам (од Струмица) кои се на Телекабел ми рекоа дека не се задоволни и дека постојано им бил бавен и нестабилен. Од друга страна, сите кои ги познавам кои се на Телеком го фалат.

Исто така кога се јавив кај Телеком на контакт центар цело време повторуваа дека нема да е брзината 100/100, туку колку што може поблиску до таа брзина. Сепак повеќе за накај нив сум моментално
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.313
5.309
Скопје
hackitfree.github.io
Нормално етернет си е етернет, од директна врска нема подобро.

Се јавив денес во Телекабел, најверојатно преку прозор таман би ми дошло до компјутер па лесно ќе биде за поврзување. Моментално сум на вифи бидејќи потешко ќе беше да го ставам рутерот поблиску а не сакав жица од една во друга соба. Немале они пробен период како Телеком (ама може кога сакаш да го раскинеш договорот), па размислувам прво Телеком да пробам па Телекабел бидејќи кај нив е ем поскапо за 200, ем 100/100 D/U (а на телекабел 150/150 за 1000)
Остај поскапо - Телекабел подобри услови и интернет и подршка имаш - помалку проблеми... Штознам - јас сум 100% задоволен од нив - а ти пробај си пак...
 
462 членови онлајн
1.042.106мислења
51.209теми
37.452членови

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно